Види ти поарно го познаваш каков е ама вака ми е малце морничаво како те вика дома, како некои задни намери да има
прашај го што има толку кај него? расипан му е болјерот ? нема струја? вода? пошо се праи наудрен, играј на иста карта и ти, ако почне да ти сере и да се мурти нешо кажи му вака и вака не планирам ништо да имам со другар, после 2-3 викања и одбивања од твоја страна редно е да сфати дека не сакаш ништо со него
Кажи супер ќе дојдам со х/у личност ( другарка/другар некој), ако на тоа ти каже дека сака сама да одиш, прашај зошто сама? Прави се малку као да не сфаќаш за што те бара. И ако ти каже што всушност сака, тогаш кажи дека ти го гледаш само како другар, и ништо повеќе.
ме изнасмеа ма не враќам од прееска и се мислам па мислев да му кажам третиот другар да го викнеме, демек the more the merrierX ама иначе @Munchmallow20 не ми е страв, цело време сум со машки, и они доаѓале кај мене и јас кај нив. Не ми е страв, не би ме повредил никако. Само неќам ете да дое до глупа ситуација, па да испаднам се праам важна или сакам да ме моли. Само неќам ништо несериозно со никој, најмалце со некој шо го глеам ко другар ја се дружам само со особи шо не ме привлекуваат, пошо знам дека од моја страна никад нема да има нешто
Љубезноста некои ја сфаќаат како пуштање. Да се плаши чоек да зборни, да се насмеј и да биди опуштен. Ако него не му е непријатно, нема зошто тебе да ти е. За да не испадни претпоставка дека те вика за нешто поќе од кафе (пошто не е директен), викни го негде надвор. Искрено, за мене тука би завршило пријателството, не можам да бидам пријател со некој шо знам каква намера има. А за објаснување, па не му должиш, едноставно не е не.
Typical male depravity. На твое место би го блокнала, и ако случајно ме праша, ќе му речам не користам повеќе социјални мрежи. Ако е гревче нека проверува по лажни профили. Ако после тоа воопшто би прашал нешто. Ама ова со одењево во стан, па и начинов на кој те убедува, ептен е кринџ. Леле, многу се нервирам кога ќе прочитам вакво нешто. Како си даваат за право толку да не почитуваат ништо бе.
Епа ја таква сум. Глупо ми е да речам ,,не'' као не у смисла дека не знам да речам, или не сакам, него ја да не испаднам лошата А јас секогаш сум поставувала граници и во моето понашање. И затоа ми е чудно. Нормално за здраво, чао се гушкам. Ама толку. А со тие шо мислам да праам нешто, имам друг однос, друг муабет, други прашања. Нема сигурно за коли и коњажа да зборам (не дека не зборам ама ме сфаќате шо сакам да кажам) имам доено во ситуација тип така после месеци дружење да проба да ме залапа, а сам викаше неќам нишо со тебе. И од тогаш буквално се тресам машко коа ќе ми се приближи поблиску од ,,комфор зоната'' (тоа со раката) и затоа неќам веќе да доаѓам во такви ситуации пошо следно може да игра ножот. Тоа шо сум добра и мила, е пошо заслужиле да сум добра и да ги почитувам, ама не значи дека сакам у кревет да легнам со нив. Не треба секоја добрина да се сфаќа за нешо поише
***ја дур се тресам не ми ни вратил сеа видов. Не отварав Снапчат од страв ама не ми дава дали има seen бидејќи ми стои нотификацијата дека сме ги изгубиле оганите. не можам да знам дали видел ај боље вака
@Feminka22 еј и ти ама се замараш безпотребно и се нервираш. Игнор само или пак собери храброст кажи му вака и вака како стојат работите и дека не сакаш ништо поише од пријателство, ако е добар и ако е човек кје те разбере ако не, скроз оддалечи се, блокирај го и ич да не му ја мислиш. Те читам по темите и ми делуваш на храбра и борбена, од овој ли се исплаши? Не зафркавај. Знаеш, некад добрината ја искористуваат толку многу што стварно не вреди да си трошиш нерви за такви особи. Нема со фино и убаво во тој случај, пресекуваш и готово е и сама рече дека воопшто не те привлекува, така да полесно е да го откачиш.
е да јас за ситници се замарам поготово вака у ПМС, све посензитивно сфаќам и драмам ја цел живот го иам тој проблем изглеа многу им оставам простор на луѓето, или сум добра превише, и коа ќе земат сила, ми е глупо, ама дур не се налутам. Е кога ќе се налутам нема ни со фино, или ќе се искарам сол ќе се напраам, или ги бпокнувам сегде па дури и у именик. Тоа се тие две паралели кај мене
Ја секогаш бирам да ги блокнам онака мирно и тивко и да не им се замарам уопште, па не знам кој да е, шо ги ебам, шо само кје се стресирам, само мене лошо кје ми биде после, затоа блок сегде и мирна глава, да видиш кое чувство на олеснување е тоа лепота. Треба секогаш себе на прво место да си се ставаме, зашо верувај на никого не му е гајле и се може без нив да се живее.
Кое другарство, па уше и срце, фин ово оно. Шо му се мислиш, мислиш него гајле му е за тебе, за другарка да не те смета, шо ти се понаша ко на да ми простиш курва на позив, го зачешал па ни три ни четри дои, па шо се фолираш, па сам сум... Нема ни шо да го блокираш, не му враќај на пораки, на seen остај го само, ќе видиш одма како ќе си го покаже лицето, ако уопште излезе уше еднаш со тебе у друштво. И да излезе, здраво, чао и толку. Тури му курот. Тука коа пишуваш јака си, али со дебили у живо треба да поработиш на случајот. Нишо лично, него као совет свати го.
Знаммм И у право си Затоа гледаш и барам совет Пошо ко мува без глава сум некад Го нема од прееска сигурни нема ни да врати Ама ако
Не му пишувај,ако звони не му кревај.Едноставно е ако го сретнеш некаде и те праша зошто не му креваш просто и едноставно несакам да си го расипеме другарството а за да не го расипеме подобро е воопшто да не комуницираме.Толку е кога ќе се видите здраво и секој шо свој пат не му се замарај.Според мене најдобро е така ем може ќе си кажете здраво кога ќе се сретнете а ако несака не ни мора.
Не знам дали е соодветна темата, ама сепак ќе пишам. Не знам веќе како да гледам на мојата "најдобра" другарка. Одсекогаш сум имала едноставен стил, и поради килограмите не ни следам мода, само гледам облеката да ми одговара на градбата на телото па затоа во школо кога одам со фармерки и некој оверсизе џемпер, ни сама не знам колку пати ми има речено пред други "што си се облекла вака, како баба пред нова година" или "шишките беа некогаш во мода, сега веќе не се". Заедно држиме диета и буквално пишува да се пофали за секој 100 грама што ги изгубила. А одкако симнав повеќе килограми од неа, зборела со другарка, демек како "јас сум се глупирала со гладување". Цело време збори за нејзините симпатии (друга вера се), а јас кога ќе и кажам за мојата (мак) ме игнорира и постојано го вреѓа. Пола одделение го оговара, само ми кажува кој, каков е, што направил за после тоа кога едно девојче ми кажа дека многу сум озборувала оваа да каже "во право е". Многу се фали, се однесува како светот да се врти околу неа, секогаш кога прашува за мислење, јас најотворено и кажувам, а потоа таа се лути и моите размислувања ги споделува (скриншотови од чет) со други и ги критикува. Сакам да и се скарам, ама стварно не знам. Совет?
Треба сама да сватиш дека таа не ти е другарка во ниеден случај. Затоа прекини секаков контакт со неа не да се скараш,едноставно веќе не и се јавувај,не и кревај,не и враќај на пораки и сама ќе си свати.И среќно со диетата не се откажувај младо девојче си само напред
И уште со сиот памет се дружиш ти со неа и и го праиш меракот? Абе батали ја одма шо ја трпиш ја не знам, другарка ли е ова? Вака другарка се понаша, којзнае она шо гомна ти јаде зад грб коа вака отворено пред тебе збори и си дава за право да суди за тоа што не треба и се меша кај шо не и место. Мој совет, откачи ја веднаш, не ти треба такво створење. А да, за диетата немој да си се откажала случајно, работи на случајот, храни се здраво и ако можеш вежбај, стегни се па нека пукне од љубомора она. Иако сето ова секако за твое добро си го праиш, а не за некој друг. Другарка била она оф мори мајко, таквите ко неа ги има со лопата да ги ринеш.
Ти благодарам за поддршката,, Иначе другарка што ми е исто така блиска кога се допишувала со неа, оваа и раскажувала глупости за симпатијата и другаркава ја откачила и плеснала се во лице. И Теона и рекла "јас не сум како Даниела така да ми правиш". Луѓе кога дозна дека сум ослабела 9 кг за 40 дена ме тераше да се сликам. И потоа ми вика "па не гледам разлика, не личиш за 70"
Девојче, не се замарај со небитни уопште, ти глеј си работа, ти најдобро си знаеш шо си постигнала и треба да бидеш горда. Очигледно е дека е љубоморна.