Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. Николина01

    Николина01 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2024
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    48
    Пол:
    Женски
    :l:pisav fala vi
     
  2. Kir

    Kir Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми текнало да побарам совет од овој тип тука, секогаш бев своеглава и сама решавав проблеми.Да не должам многу, за време на факултетот се дружев со колешка која ми стана многу блиска и со која делевме и среќа и тага.Бевме многу различни во своите ставови и стил на живот но тоа не ми пречеше да ја ценам како другарка.Многу работи не и се допаѓале кај мене и мене кај нејзе но ниедно од тие не биле поврзани со нас лично, и веројатно затоа се дружевме толку години. Јас се преселив, се омажив, почнав да градам кариера надвор, после неколку години и таа.Во сосема друга држава, бевме пресреќни бидејќи додека студиравме, сонувавме за други светови и идеи. Јас се радував за неа и таа за мене.Во еден момент, почнува ладно да ми одговара на пораките, и неколку пати ја прашав дали е во ред ? Да да, се е во ред само не користам толку социјални мрежи, па не сум активна.Ок, како се ближеа испитиве наши во странство така се повеќе ја снемуваше..И ја нема, 2 години не враќа на пораки.Пред некој ден се сликала со другарка моја блиска во Мкд и ми прати другарка ми слика.Те поздравува ХХ и едвај чека да се видите:hai:
    Не знам што чувствувам, лутина, страв или среќа? Имам сега нејзин број, дали пак јас да и пишам и да расчистам зошто ја снема 2 години и нема прашано ниту за мене ниту за детето..

    Навистина ми била во најтешките моменти додека студиравме, во сите мои претходни врски и не знам сега како да изреагирам? И лута сум и и од друга страна имам разбирање зошто исчезнала одеднаш..
     
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.116
    Допаѓања:
    56.137
    Пол:
    Женски
    Понекогаш колку и да си бил близок со некој различните околности ќе направат некако да се оддалечите и изгубите контакт. Тоа не секогаш значи дека е лошо нешто.
    Можам да ти дадам личен пример. Во средно имав другарка блиска, со која после часови секогаш се дружевме (со неа и уште некои, но таа ми беше најблиска од нив) и споделувавме многу работи. Кога завршивме средно, таа замина Скопје на факс, а јас останав да студирам во истиот град од средно. Контактот и комуникацијата ни се намали, се видовме можеби уште еднаш двапати после средно и веќе не комунициравме, не се ни скаравме, едноставно на двете живот ни се случи (врски, други друштва, раскинувања, тежок период) и двете после не пробавме да reach out пак, иако не се заборавивме навистина.
    По сплет на околности пак се сретнавме и обновивме контакт. И разговаравме, дека сакаме да сме во контакт и да не се изгубиме пак повторно. Бидејќи буквално никогаш не сме кажале лош збор и не сме се скарале. Баш таа е од ретките во животот што навистина ме разбрале. Сега сме во контакт често, разговараме за сѐ, си кажуваме што ни лежи на душа. Јас немам многу пријатели, и со тие што ги имам не се гледам многу често. Ама таа е една од тие што се бројат на прстите од едната рака кои ми значат многу и си ги сакам и со кои мислам дека можам за сѐ да разговарам и да си бидам своја.

    Така да, мој совет е, разговарај со неа. Чим тука бараш совет значи дека не ти е сеедно, а верувам дека можеби и неа не ѝ е. Ако еднаш се изгубило контакт, не секогаш значи дека пријателството завршило официјално. Разговарај и кажи ѝ како се чувствуваш, дека ти значи и дека не сакаш пак да изгубите контакт. Ако ти била вистинска другарка ќе те сфати и таа ќе го сака истото.
    Со среќа, се надевам ќе обновите пак контакт. :l:
     
    На mickey18 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kir

    Kir Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2023
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам женска, ми значи и советот и одвоеното време.Навистина е така, ќе ја побарам и ќе исконтактирам, секако ништо повеќе не можам да изгубам. А ако навистина сум и значела нешто ќе посака пак да останеме во контакт. Ако не, ќе знам барем одговор зошто ја снемало и ќе тераме у животот како до сега без некоја посебна близина..
     
    На Amellie13 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. studygirl

    studygirl Нов член

    Се зачлени на:
    4 декември 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите,
    Би сакала да ве прашам на кратко да ми дадете совет ако имате некој околу темава.
    Проблемот е што од дома некако имам притисок околу пријателствата. Некако што и да направам никогаш не е како што треба. Зошто само со тие пријатели/ки, зошто на тоа место баш сум била излезена, зошто не сум се договарала почесто итн. Некако сето тоа ми создава стрес и притисок одозгора некои други проблеми кои сакам да ги решам и така се се струпува врз мене и не знам што да направам.
    Некако од дома знам дека ако зборам за ова ќе биде третирано како крајот на светот да е и дека сум сторила нешто незамисливо и лошо. Едноставно имам некаков страв или некој си одбранбен механизам кој ме спречува да разговарам слободно дома.
    Општо се чувствувам дека што и да сторам ќе бидам осудена за тоа. Јас не сум најодлучната личност па понекогаш е тешко да се одлучам што сакам, па ова сето додава уште притисок врз мене.
    Не знам како да се справам со сето ова. Уште маклу ќе сум на факултет и знам дека таму нема па да имам ни малку слободно време за дружба, но некако се чувсвтувам дека сето ова па не е ни моја кривица. Не велам дека немам удел во фактот што не сум најдружељубива, но сепак некако сите околу мене се пораснати на „балкански медиуми“ како да го речам, а јас како мала немав рестрикции за користење на интернет и добро го владеам англискиот па така се гледав на англиски.
    На кратко сакам само да прашам, дали има нешто што не е во ред со мене, дали грешам и како можам да се справам понатаму со ваквите чувства и мисли.
    Ви благодарам на сите читатели. Имајте убав ден и среќни празници на сите. Нека новата година ви биде среќна.
     
    На HappyMe123 и Bojjanna им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.902
    Допаѓања:
    5.738
    Пол:
    Машки
    Најверојатно си повлечена и не се дружиш многу, па затоа твоите инсистираат да се дружиш повеќе со другарки и да стекнуваш нови познанства. Јас не гледам лошо во тоа што ти го рекле.

    Распореди си ги работите во животот и направи простор за сите работи по малку. Не мора да е само на кафе. Излезете некаде прошетајте низ природа. Во дискотека и тн.

    Можеби твоите имаат страв да не останеш сама без пријателки.
     
  7. Ninnicka

    Ninnicka Нов член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво, ми треба совет околу ова.
    Се запознав со една колешка на факултет со која за брзо време доста се зближивме, се дружевме и надвор од факултет и на факултет постојано бевме заедно и си помагавме за се и сешто поврзано со факултет и неповрзано особено зашто повеќето колеги во нашата група не беа дружељубиви и отворени за запознавање. По некое време таа видела дека еден од нејзините омилени пеачи, кого и јас порано го имав слушано, ќе има настап во мк и она ме молеше да одиме истиот ден кога беше настапот, а ниту една од нас не беше од таму ниту пак познаваше некого од тој град кај што беше настапот. Јас и кажав дека не знам како би отишле само туку така и наредниот ден видов на стори дека сепак се договорила со некоја другарка и отишле а притоа мене не ми кажа ништо иако знаеше дека сакам да дојдам само ми беше малку страв зашто требаше да бидеме таму преку ноќ бидејќи настапот беше во ноќен клуб и не знаев како би се снашле за да си одиме после тоа. По ова кога се видовме на факултет се правев наудрена како да не било ништо, а и таа исто така. Инаку јас имав периоди кога бев малку повеќе нервозна поради факултетот зашто тоа не беше нешто што ме влечеше и што сакав да го учам туку се имав запишано од други причини и ми се случи еднаш кога бев понервозна малку да се истресам на неа, но не се скаравме само се извинив и средивме. По неколку дена имавме еден проблем поврзан со факултетот кој што не знаевме сами да го средиме па го прашавувавме асистентот за што тој беше тотално незаинтересиран. Таа се изнервира малку и кога тргнавме да си одиме накај автобуската постојка беше уште понервозна (збореше за асистентите како може да се такви, ќе барам консултации и сл. а јас бев скроз смирена), ми кажа да сме седнеле некаде заедно да средиме на што и реков ок и продолжи да го збори истото и мене ми се истресуваше, јас малку се изнервирав и и вратив нешто но воопшто не беше навреда или нешто сл. на што она ми врати „добро де што се нервираш chill„. Од тогаш ни збор не и реков и двете ќутевме до автобуската и кога и стигна бусот рече само чао. Јас попуштив и наредниот ден се однесував како да е се ок, но таа во полупразна училница седна во последните клупи (вообичаено седнуваше до мене или во близина ако не е слободно до мене), кога одевме на пауза со уште некои колеги ја викнав, но не сакаше да дојде. Истиот ден на следното предавање кога дојдов седнав каде што беше слободно, во текот на часот приметив дека била позади мене и пак ништо не кажа. Од тогаш ни збор не си кажавме, таа по некое време ме тргна од инста, а јас кога видов моментално изреагирав и ја блокирав. По неколку месеци не знам што ми текна ја одблокирав и видов дека таа мене ме блокирала. Ми треба совет многу ми фали дружењето со неа, сакам да и пишам или да и се јавам, ја ценев како другарка и не сакав вака да се однесуваме како мали деца, но од друга страна знам дека ништо не направив и не мислам дека за нешто треба да се извинам.
     
    Последна измена: 22 февруари 2025
  8. Peppermint28

    Peppermint28 Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2024
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    12
    Пол:
    Женски
    Секако мора некој да го "скрши мразот" и да направи чекор,јас би те советувала да и пишеш кога ќе биде во можност да те побара и понуди и да се видите.Најдобро би било да седнете на едно кафе и да си ги средите работите.Можеш да и кажеш дека би сакала да ја оставите на страна гордоста или што и да ве спречува да комуницирате и потенцирај и дека многу ти значи вашето пријателство и би сакала да продолжите да комуницирате,секако ако и таа го сака истото.Најважно е дека со овој чекор тебе ќе ти биде многу полесно и ќе си имаш мир дека си направила се што можеш за да го зачуваш вашето пријателство.Каков и да е исходот,знај дека вистинските пријатели остануваат,а додека за лажните не вреди да се грижиш и да си земаш при срце.Се надевам ти помогнав.
     
  9. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.839
    Допаѓања:
    17.693
    Пол:
    Женски

    Girl, what? Апсолутно ти си таа што згрешила и требало да се извиниш.

    Настапот не знам како е релевантен. Те прашала да одите, си ја одбила, отишла со други. Крај на приказна.

    Кога ти си била нервозна, викаш си се истресла на неа. Ама си се извинила и поминало.

    Кога се жалела од аистенти, ваљда сфаќаш што е venting? Сакала да седнете на кафе да се искаже и да се смири. Не очекувала да и се раздереш. До сега 2 пати веќе викаш си и се раздрала, така да ќе да имаш ти проблем со трпение и нервоза.

    Згора на тоа не си и се извинила. Реално, мора да се запрашаш што добива од пријателство со тебе, ако не можеш да го исполниш ни минимумот од тоа само да ја ислушаш.

    Извини и се во живо. Не затоа што сакаш пак да се дружите, туку зошто си млада и можеш да научиш од ова. Може нема да ти прости или ни да те сослуша, ама сега знаеш дека акциите имаат последици.
     
    Последна измена: 23 февруари 2025
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.901
    Допаѓања:
    171.556
    Пол:
    Женски
    @Ninnicka Ngl, ме интересира шо ѝ рече, шо не било навреда, ама толку да олади кон тебе.

    Како и да е, ако ти недостига мора да скршиш мразот. Да кажиш дека ти недостига дружењето со неа, да прашаш дали некако можи ја навреди и дали има начин да се реши то. Не знам како гледаш дека нема зошто да се извиниш, препорачувам детално да видиш шо се рече. Само ако чекаш - нема да се смени ништо.

    А, проблемите? Искрено ми личат на преувеличување. Навредена оти отишла со друга другарка од кога те молела да оди со тебе и ти ја одби? C'mon. Са оти тебе ти беше страв и та да не оди? Башка сите имаме поќе пријатели, не е ко да мора да сме сами себе и никој друг. После буквално збора за да ѝ олесни, ама ти се истураш на неа? И зошто та да трпи ако се истураш "на неа"? Зато и реков ме интересира шо ѝ рече. Пошто можам да се кладам дека не е толку невино и тука уствари "лежи" вистината.
     
    На Bezimenka90 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    3.507
    Пол:
    Машки
    Не разбирам, кој на кого, зошто треба да му се лути? :$
    Ви се свиѓа асистентот? :rofl: