@boo3 @nextredstyle Благодарам на советите. Јас мислам дека ќе ме побара ама мислам дека кога ќе се видиме ќе биде awkward атмосфера па се мислам дали и тогаш да ја начнам темава… или да се правам како ништо да не се случило? Зошто таа можеби ќе ме побара да се видиме колку да ме откачи ама понатаму пак ова ќе се повтори следен пат и ништо не сме решиле…
@arwen93 јас би те советувала да ја повикаш на разгогор и искено да ја прашаш зошто те избегнува, сигурно има причина, дека веќе подолго време приметуваш ваква рекција од нејизна страна, зошто е тоа така итн... Да и раскажеш како се чувстуваш, од кога ова го чувстуваш, дури и дека не сакаш да се прекине ова пријателство, но овде треба да има интервенција и од двете страни. Сметам дека со добар, искрен разговор може се да се реши.
Секако дека заслужуваш одговор. Ако се деси да се видите, прашај ја директно. Но ако не се јави, нема зошто да се трудиш. Кој сака да се дружи ќе најде време, макар и само 5 до 30 минути.
Ако не може да се промени, батали ја. Не ти треба таква другарка/кума. Кумата треба да ти биде како фамилија, а не да не сака да те види.
Никогаш не сум барала совет за пријателство, сега би сакала да видам некое мислење. Имам пријателка со која се запознавме на работа и се дружиме и приватно, веќе 4 години. Не дека сме којзнае колку блиски, но сепак имаме пријателство. Никогаш не ми изгледала како некоја што може да е лицемерна, мислев дека е искрена спрема мене. Вчера дознав дека се сретнала со бившиот мој и кога тој и честитал за нејзиното бебе, му возвратила со: "Фала, да си исчекаш и ти ама со некоја што ќе ја заслужиш, а не со било која". Како да го сфатам ова? Значи јас за неа сум било која, некоја што нема вредност. Мислам дека е време да прекинам да излегувам и да се дружам со неа. Или преувеличувам?
Кол ми наив, ама да не мислела на тебе можеби? Или можеби сакала да звучи пољубезно... Таа ти кажа дека му рекла баш така или друг ти кажа?
Бившиот сам ми кажа. Нема поминато многу време откако се разделивме и знае одвреме навреме да ме "извести" кога некој ќе му каже нешто против мене. Ама тоа е веќе друга тема. Другаркава ја знаеше нашата приказна уште од сам старт, таа му даде поттик да ме запроси ама сепак нешто тргна наопаку, а таа никогаш не ми даде критика, дури и поддршка имав од неа. Мислев дека е на моја страна, ме изненади ова.
@Bitter-Sweet Според мене, Actually, мислам дека ова е баш проблемот. Проектираш подлабоки неразрешени чувства што ги имаш за бившиот врз моменталната ситуација со пријателката. Пријателството со неа можеби не е совршено, но очигледно е дека емотивниот центар на приказната е сè уште тој - тој сè уште има емоционална контрола врз тебе Односно, запрашај се зошто тој глуми messinger меѓу тебе и други луѓе? Воедно, зошто толку придаваш емотивно внимание на истото? Реченицата на другарката може да биде интерпретирана и дека тој не го ценел тоа што го имал, па следната девојка ќе треба да ја заслужи. А со оглед на тоа што тој ја пренесува пораката и очигледно секогаш наводно ти кажува кој што кажал против тебе, некако тешко е неговата верзија да се гледа објективно