1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Како да ја тргнам од мојот живот

    И тоа пробав, цел ден така терав, отпочеток тропа ли тропа, и си оди, за пола саат пак ќе дојде, и све така..другиот ден заборавив да заклучам, и замислете бре, си влезе без да тропне!! Па на што личи тоа бе луѓе?!? И реков, ***** на што личи ова, па може се облекувам...Е фала богу после тоа, имаше мало подобрување...Реков мало...Тропа и сама си отвара...:D Мрдната...Колку пати ми вика сакаш една вечер да останам кај тебе да си седиме на компјутер?? И јас и одговарам со насмевка од уво до уво- НЕ САКАМ ;) И пак по некое време ми го кажува истото и си тераме така...Леле, имам уште многу случки, ама ај да не ви досаѓам со неа веќе :D
    Хахахахаххаах :D :rofl: Добра идеја :P
    Не можам за жал, а многу пати сум посакала и сум се обидела...Си нема исав девојчето, еве сега ептен ќе почнам да ја одбегнувам, иако и до сега го правев тоа, па ќе видам дали ќе и текне |(
     
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.082
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Pumpkin а зошто мајка ти не поразговара со мајка и, (кога се веќе пријателки) да и објасни фино лепо дека ти немаш време цел ден на безделничиш?
    Кога девојчево не сфаќа, барем мајка и да сфати!
    Мада ја да сум на твое место би и кажала дека многу напнува и дека ми пречи нејзиното присуство, а и да ти се налути ич гајле да не ти е,зошто и сама кажуваш дека не ти е блиска!
    good luck!
     
  3. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Ете конечно и мајка ми сфати дека и таа теткица не е ко шо треба, па почнавме колективно дистанцирање, иако и кажував од порано дека двете се забегани, ама она викаше греота се така да им правиме...Ееепа и дојде преку глава, сега веќе ќе се дише...Како и да е, бисерите не изостануваат, осеќам ќе има јака дешавка деновиве :D Фала за советите, и ќе почнам веќе отворено да пројавувам агресивни стремежи кон неа и отворено и објавувам војна :D
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Кога таа нема култура - немај ни ти. Отворено кажи и несакам да ми доаѓаш, јас си имам живот и крај. Кога веќе на ниеден друг начин не се освестува мораш да бидеш груб.
     
  5. mila85

    mila85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    50
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Јас, искрено мислам дека нешто му фали на девојчето, зошто нормална личност би приметила дека ја напнува ситуацијата и треба сама да е свесна кога е доста и да прекине, плус кога гледа дека не зборувате, дека бегаш од неа, нормален човек би приметил. Психијатриски случај е, сега не е убаво вака што дефинирав, ама тоа е реалноста. Едноставно девојчето нема социјален живот, има некои проблеми, со никој не се дружи, и бега од реалноста кај тебе во соба и седи. Нема ни да сфати, бидејќи мислам дека и самата таа не е развиена како личност за своите години, можеби е со заостанат развој или има некое растројство, може е во депресија, и уште од дома ако ја запоставиле, ако не и обрнуваат внимание, доаѓа кај вас. Еве книга ПСИХИЈАТРИЈА, има се за психијатриски случаи ( девојчето може не е, ама по ова што си напишала.. ). Како и да е, кажи ја на мајка и.

    http://www.moh-hsmp.gov.mk/fileadmin/us ... atrija.pdf
     
  6. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Епа кога гледаш самата дека избегнувањето не дава резултати, тогаш смени тактика.
    Кога таа може да биде бесчувствителна и да ти дреме по цели денови кај тебе дома, тогаш и ти биди бесчувствителна и кажи и се во лице, дека конечно треба да престане да те замара по цели денови.
    На таквите луѓе треба се апла во фаца да им се каже за да сватат и да престанат да замараат.

    Ми текна една идеја, кога ќе дојде следен пат на гости кај тебе, пушти и ја оваа страница и прашај ја како може да постојат такви луѓе да замараат по цели денови, и нека го прочита твојот пост во кој што се жалиш од неа, па можеби ќе се пронајде во текстот и ќе свати дека замара.
     
  7. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    Совршено друштво.

    Вака бевме друштво од 10другарки но под притисок на една сите се разделивме. Многу ми недостасуваат три со кој бев најблиска. Па сакам пак со нив да бидам како што бев,но не знам како. Немам храброст ми е страв да не не ме примат. не знам. Помош!!
     
  8. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Совршено друштво.

    Немаш што тука многу да тактизираш ..... Ако вашето пријателство било убаво и не сте згрешиле една на друга сигурно и на нив им фалиш како и тие на тебе . Стапи во контакт со нив поразговарај отворено немој да изгледаш очајнички или преплашено како што ми изгледаш во моментов , прво добар нормален муабет види како ќе се постават спрема тебе предложи им да одите на кафе најубаво е да се видите искрено ќе си разговарате сега не ја знам цела ситуација ама почни со она стандарт каде запнавте и дека баш ти е жал што така испадна убаво сте поминувале итн.... Ќе видиш ако те примат добро ако не пак добро :) Ако не пробаш нема ни да дознаеш нели ? ;) Со среќааа
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Совршено друштво.

    Поимов од насловов, очигледно не постои. Особено вашето друштво никогаш не било совршено. Само замислата дека било такво, била доволна.
    Дружењето не е работа која треба да се идеализира.
    Дружењето не е нешто што може да се прекине со еден збор, особено од некој кој не бил ваш другар/ка.

    Јави се и разговарај. Можеби и тие истото го чекаат.
    Ако не испадне како што сакаш, барем ке знаеш дека си се потрудила.

    И да знаеш дека толкави друштва не опстојуваат. Ти можеш да имаш 9 другарки, но на неколку купчиња и да бидат од различни друштва. Нели ти е логично? Исто како што не можеш со девојките од еден клас да си исто со сите до една.
     
  10. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Совршено друштво.

    Фенси, на тие три кои ти недостасуваат јави им се.

    Инаку, делам мислење со Мерлинка дека совршено друштво од 10 души НЕ ПОСТОИ. Си знам од искуство. И да се дружите сите 10 не е возможно постојано да сте едногласни за се‘ и да не се потскарате воопшто. И секако дека дел од нив ќе ги сакаш повеќе од другите, тоа е нормално.
    Ваквите огромни друштва (кога сме убедени дека сите од друштвото ни се најверни другарки) само проблеми носат, ќе се јави љубомора, а ние, жени ко жени, кога сме љубоморни малце не мериме што правиме... затоа најдобро е да си имаш две-три најверни другарки, а сите други нека ти бидат друштво за забава. Ете така функционираат работите денес.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Совршено друштво.

    Вакви поголеми друштва постојат обично во средношколкскиот период или до почеток на студии за да потоа кога ќе дојде до крупни промени полека се раслојуваат и останат најмногу 3-4 другарки, некогаш и само една. И јас се согласувам дека не постои совршено друштво, кога ќе се сетам на моето друштво од средно се сеќавам на доста караници поради местата на излегување, фрустрации поради гардероба кај некои или нерамноправни финансиски средства за излегување и сл. да не навлегувам, поентата ми е таа големите друштва се или со тек на време стануваат дисфункционални. Секоја чест на исклучоците и сметам дека кај машките друштвата се потрајни и поотпорни на времето, меѓутоа и обврските и промените кои ги следат нив како пол, се поинакви, некој би се навредил ако речам поминорни, ама така е :) .
    Мој совет е да си стапиш во контакт со другарките со кои сметаш дека си била најблиска и ќе знаеш на што си и ти посакувам среќа.
     
  12. MoDeRnA

    MoDeRnA Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    50
    Совршено друштво.

    мислам дека нема потреба да се плашиш да им се јавиш и да ги викнеш да излезете ако предходно добро сте се дружеле и сте биле совршено друштво како што викаш ти, природно е со текот на времето да се одалечите некој ваму некој таму и кога ке тргнете на факс се тоа само си доага од себе но тие што ти биле најдобри ако ти биле и порано и сега ке ти бидат :) позз.
     
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Како да ја тргнам од мојот живот

    Мојот не е баш таков проблем, но сличен е. Имам една другарка, која што 22465454 пати на ден ме прашува дали сакам да одиме надвор и да се шетаме. Ај преку викенд, но преку работна недела јас си спијам поручек. Значи прво на фб ќе ме праша, после на мсн, па коа ќе заспијам некогаш и ќе почне да се дере од прозор и да ме вика, после ќе ја праша сестра ми од фб, па после со секоја другарка друга којашто ќе излезе ќе ме праша. И така секој божји ден. Или па таман ќе се вратиме од шетање, и ќе си легнам, и она ќе ми се јави на домашен да одиме до продавница нешто да си купела, па што правеше до сега? :^) Има добра душа се, но за ова некогаш ептен ме нервира. Башка некогаш кога сме надвор, ќе викнеме некоја другарка, и не искача, и после пола саат ми вика ајде да ја викаме, ооооо. :doh:
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.631
    Допаѓања:
    3.742
    Имам еден проблем за кој сакам еден совет од вас. Сите сме се запрашувале дали воопшто постои пријателството, да ме прашаа мене пред неполн месец со викање ќе речев ДА !.. Ако требаше и ќе исптепав некој кој бил против тоа !!...После месец дена како се немав видено со повеќето другарки меѓу кои и мојата најверна другарка, со која само едно спиење ме делеше (некогаш и тоа не беше пречка), со која немав тајни, за која бев секогаш тука за неа, и она за мене. Со која последното залче леб го делев, со која гладував неколку дена во друг град, само затоа што бевме среќни, бевме заедно!!.. 10 години не се мал период на дружба, ја сакам, ме сака(ше).. Пред некое време запозна еден дечко кој не е од нашата вера, морам да кажам дека е многу НАИВНА !.. И покрај сите карања и глупости што и ги изнакажав да не се гледа со него и да не се залетува, не ме послуша. Како што напоменав не бев во мојот град месец дена, за тоа време ТОЈ успеал да и го сврти паметот, успеал да ја придобие, успеал да ја измени, успеал да ја оддалечи од мене, сестрата која секогаш беше тука за тебе!!... Како последен кретен кого би го фрлила во Вардар без малку жал не и дозволува да мрдне ни лево ни десно, а мене само ме виде на 5 минути и замина со него, секако сега тој и е на прво место !! :@ Срцето ми плаче, не знам што да направам, и реков што зарем со него ќе одиш, ми рече те молам не ми се мешај и замина. Што е најтрагично тој има и друга и другарка ми многу добро знае за неа ама се вади дека ТОЈ морал да биде со неа! Ма ништо не се мора, девојко опамети се!..Не можам да ја гледам како пропаѓа и потпаѓа под негово влијание, ја сакам и не сакам да ја изгубам. Ве молам за помош :(
     
  15. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Пријателство

    Едноставно остави ја! Ти си го кажала своето,а таа на таков дрзок начин ти одвратила. :x Ќе се освести што прави и сама ќе те побара, (се надевам :?: ) Остави работите сами да течат.
    Знам дека не можеш само туку-така да ја заборавиш и да оставиш,ти значи и сакаш да и го покажеш вистинскиот пат (10 години пријателство не се малку,а особено за така добро пријателство како што кажуваш),ама кога таа можела така да те остави без да трепне,да речам,за човек кој вчера го запознала,тогаш можеш и ти. :!:

    Поздрав и секое добро!
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Пријателство

    џабе сега што и да и збориш она нема да те слуша, едноставно е заслепена од него.
    затоа мој совет е да оставиш работите сами од себе да се средат, после некое време она ќе свати дека ти си била во право и ќе си вика како можев да бидам таква глупача да не ја слушам другарка ми.
    останува на тебе дали ќе ја прифатиш тогаш или ќе биде касно.
     
    На salata и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Пријателство

    Верувај ми дека еден ден ќе се освести, ќе и стане јасно што правела...но за жал не те послушала.
    Љубовта ги заслепува луѓето, често правиме работи за кои пред тоа не сме ни помислувале, но тоа не и е никакво оправдување. Таа треба да знае дека ти и мислиш добро. 10 години пријателство не смеат да се занемарат, во никој случај.

    Ти своето си го направила, си и кажала и се си и ставила до знаење, следниот чекор е нејзин.
    Речиси 100% сум сигурна дека таа ќе те побара, ќе ти се извинува. Како што кажаа и пред мене, ти ќе избереш, дали ќе прифатиш или не.
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Пријателство

    Имав и јас сличен проблем како твојот.Значи тој постојано ја исмејуваше,и тоа пред мене,стори типот нешто и цел град збореше за неа како да е најголемата грешница.Еднаш цело друштво не заеба за излегување заради него а јас устата си ја запенив зборувајки и за него.Кога увидов дека не и влегува во тоа главчето и ја оставив.Самата си дојде на врата!
    И реков само дека ке ја примам ама дека од мене повеке нема да добие ниту еден совет зошто знам дека нема да го примени.За срека сфати дека таа губи,не јас.

    Остави ја,сама ке си дојде кога ке сфати што сторила.А тој нема секогаш да биде покрај неа :!: Не си го троши залудно времето.
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Пријателство

    Се гледа од авион дека се грижиш за другарка ти и дека и посакуваш се најдобро, поточно тоа што ти мислиш дека е најдобро за неа. 10 години е доста долго време за пријателство, за да дозволите разлики во разбирање да ве разделат сега. Па уште за машко да е! :x
    Еве запознала некој од друга вера, тебе ти пречи тоа што човекот е од друга вера и убаво си и се извикала на другарка ти за да ја свати твојата поента. Ама ете, можеби нејзе не и смета, нејзин избор, и покрај тоа што ја имаш убедувано дека е лошо за неа, затоа што така ти мислиш, таа избрала да има врска со него. Дека е нова љубов, многу јасно дека тој моментално ќе и е на прво место, а не ти, без разлика каков е, колкав е или во што верува. Се заљубила, сега на дечко мисли и не и треба моментално сестра. За жал не мисли дали таа ти треба тебе, ама таква е младата љубов. Тебе те немаше еден месец за неа, сега неа ја нема за тебе, дозволи и време за што и треба, ако таа бира да го помине тоа време со него. Па и ако не и пречи дека не е единствена, тоа си е нејзина лична работа, макар што е погрешно според речиси сечие мислење, како и одговара така смее да прави. Точно ти е рекла, не и се мешај.

    Како другарка те боли, што еве тоа што прави таа те тера тебе да се нервираш за нејзе. Ама верувај, ако продолжиш да и викаш, да ја убедуваш, ќе ја изгубиш поради тоа, а не поради некое таму машко. Другарките не се тука само за ние да им кажуваме дали се во право или не, непрашани да даваме мислења, да им солиме памет, туку треба да сме тука за нив и кога им требаме. Кога овој ќе ја откачи другарка ти, каде мислиш ќе се сврти? Кај тебе. Е тогаш ако сакаш може да ја тешиш, ама ако сакаш тогаш имаш право да и кажеш што сакаш за врската, за него каков е, за вашето другарство, за како ти си се осетила...а не сега.
     
  20. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Пријателство

    Кога некој упорно сака да згреши, остави го да згреши и да научи нешто од тоа. Очигледно е дека веќе си пробала да и’ укажеш дека сметаш дека направила лош избор и не го прифатила твојот совет. Повеќе од тоа не можеш да направиш. Биди тука за неа, пак викај ја на средби но немој упорно да настојуваш да зборуваш за нејзината врска. Не се мешај и не предвидувај задолжителен неуспех затоа што не можеш да знаеш каква е вистински нивната љубов. Остави ја, ако си во право кога-тогаш тоа ќе се покаже. Штом толку ја сакаш и ти значи, почитувај ја нејзината одлука и дружи се со неа без разлика на тоа каков дечко има. Не е твоја работа да ја опаметуваш и освестуваш.