Пријателство Ви благодарам на советите.. Еве само што дојдов од град и факултет, денот го поминав со неа. Убаво разговаравме и дадов до знаење дека повеќе нема да и се мешам за врската но ја замолив да пази што и како прави. И кажав дека јас тука сум секогаш за неа кога и да и затребам може да ме побара.. Решив да се борам за неа, па макар светот да се преврти, не ја оставам САМА !!... Тоа дека ми пречи што е од друга вера како што напомена Имелда, не е до толку. Океј секој има различно сфаќање за тоа, јас си живеам во свет каде што битен ми е карактерот на личноста, не која вера е, националност итн.. Секако не би и рекла оди избегај, земи се со него, но да беше човек кој ја цени и почитува немаше толку да и зборам. Сепак останува се на неа !
Пријателство Мило ми е што се трудиш да го задржиш пријателството и што сте нашле време една за друга да разговарате смирено. Не вреди да се расипе нешто толку вредно за нешто што можеби е толку минливо. За верата јас спомнав затоа што добив таков заклучок од прва, ама разбирам, дека ако го гледаш како човек со многу неморални вредности, не го прифаќаш како таков, и тешко е да ја гледаш другарка ти со него и да се плашиш дека е само манипулирана и користена, не можеш да си рамнодушна. Ама тоа е тоа, до неа е, ете си и кажала свое мислење и ако таа не сака да го тоа прифати друго не можеш освен како што кажа да бидеш тука ако и затребаш, и покрај стресот од оваа ситуација, тоа е непроценливата вредност на едно пријателство.
Како да се здружам(социјализирам)? Значи вака,Се преселив во нов град,за мене ништо познато,но сега како почнавме со школската година,бидејќи прв ден во средно ми беше,нормално дека не познавав никој од класот..не успеав да најдам другарка,еве веќе 2 дена поминаа од започнувањето на школската година и сеуште не успеав да си најдам другарче,онака сама седам . Гледам сите пред мене позади мене се здружија само јас не .Тие од класот сите другари и другарки од основно,сите заедно учелеи се се наместени кој по 2 кој по 4 од исто школо,само јас како да не се вклопувам .Ги прашувам по нешто се трудам на направам муабет,ама тие само избегнуваат разговор. .ве молам феминки помогнете ми кажете ми што да правам,како изгубена сум. Фала однапред Незнам дали ова спаѓа во оваа категорија,ама ајде..
Што кога дечкото на твојата бфф те мрази? Што би сториле и како ги реагирале кога дечкото на вашата најдобра пријателка ве мрази?!? ....значи јас ништо не сум му сторила, ниту сум го навредила, а тој не ме поднесува! Се обидувам да воспоставам колку-толку еден нормален однос, но не успева никако. Тие се пресни во врската, ама од порано се познаваат, а и јас се знам со него... Што би можеле да ме советувате? едит: Другарка ми е запозната со сето ова, но не реагира никако и не превзема ништо!
Остави го што сака нека праи,само кажи и на другарка ти,дека немаш никаква намера да ги скараш,дека проблемот не е во тебе туку во него е,нешто му смета,нека си го праша таа,сепак дечкото е минлив,а вистинското пријателство останува засекогаш.. Spoiler Дург проблем..дугарка ми се во слична ситоација со мојата оне нема дечко,не иде со никого,проблемот е во тоа што родителите мнгу ја малтретираат психички,и јас сум била во вакви ситуации,ја советувам за све,помала е од мене една година,заедно учиме..само сега сакам да идам до кај нејзините да направам со нив муабет незнам дали е во ред да се мешам,сепак тоа си е семејна работа,но неможам да ја гледам како се уништува заради нив,а они пет пари не даваат за неа,се нервира,незнам дали е добро да одам кај нив ако не со татко и со мајка и да разговарам,сепак мајка е би требало да разберит..како и е на керка си..стварно не ги разбирам ваквиве родители..сега се двоумам дали да идам кај нив дома или они нека си решат,ама ми е жал за другарка ми..Шо мислите?Да одам или воопшто да не се мешам,дан бидит полошто за неа? Што би направиле на мое место?
Нова сум на форумов и се надевам дека ке се дружиме... _____________________________________________________ Осмо оделение сум и не сакам да се карам со никој,но изгледа дека ке морам.До вчера во друштвото бевме 8 девојчиња но бевме поделени на 6 спрема 2(јас бев во тие 6).Кога се вратив од одмор излезе дека сме поделени на 4 спрема 4.Се каравме за глупости и не е важно сега тоа,се смиривме на 1 септември,ама јас знаев дека многу ме навредувале засто девојчињата со кој вчера бев најверна другарка сега ме одбегнуваат и мразат.Се сетив дека го знам пасвордот на една од другарките...И влегов во фб-то и читав пораки(ЗНАМ ДЕКА ТОА НЕ Е УБАВО ОД МОЈА СТРАНА АЛИ МОРАВ ДА ДОЗНААМ КОЈ Е ПРОБЛЕМОТ).Читам и неверувам...навреди,навреди колку сакате,а најмногу има за мене!ГУСКА,ГЛУПАЧА,СВИЊА,ДЕГЕНКА,ПОДОБРО НИКАД ДА НЕ СЕ РОДЕШЕ...има уште многу али неможам да пишувам зашто ме боли...И кажав на мајка ми за ова и таа ми каа да не плачам и ја да бидам како нив,ама ја неможам.Секој ден има се повеќе навреди а јас секој ден само си плачам. Ми треба помош,незнам што да правам прв пат ми се случува ова.ДАЛИ ДА СЕ КАРАМ ИЛИ ДА МОЛЧАМ КАКО НИШТО ДА НЕ ЗНАМ ?
Едноставно, не се дружи повеќе со нив. Најди си некоја пристојна другарка, немора да бидеш во кланот од прчли. *обично тие се групираа по еден куп во друштво*
би требало отворено да разговарас со дургарките и да им кажеш дека знаеш дека ти зборуваат зад грб,но на мирен начин
Ако почнам да зборувам за ова сигурно нема да можам да зборувам на мирен начин затоа што многу ме боли...
Значи да молчиш да се правиш како ништо да не знаеш и да им дозволиш да те навредуваат, тоа е најлоша опциија според мене, не мора да се караш и навредуваш тоа е само знак на некултура обиди се да дознаеш зошто така се однесуваат кон тебе и да разјасниш со тоа. Но како што и самата кажа тие се ,,поделени,, според мене тоа не е другарство ни самите не знаат што сакаат, на што се, па можеби утре ќе им текне да се ,,прегрупираат,, па на некој друг член од друштвото да им го прават истото. Во никој случај немој да плачеш и да им се понижуваш, пробај да се оддалечиш од нив и немора да сте толку ,,големо,, друштво, најди една или две другарки со кои ќе имаш заеднички јазик
Јас би ти рекла да се оттргнеш од ова друштво и како што рече офи да си најдеш пристојна другарка која нема да те навредува зад грб. Верувај ми не заслужуваат да им бидеш другарка, а плус немој да се залажуваш дека ќе станат подобри дека подоцна нема истото да ти го прават. Тие тебе не ти се другарки полека оддалечи се од нив. И да зборувај со нив само да им дадеш на знаење дека ти знаеш што збореле за тебе. Разјаснете зошто е тоа така но сепак немој да имаш доверба во нив тие после тоа неможе да ти бидат другарки верувај. Тие се обични лицемерки
Можеби имаш направено нешто што ги повредило, но сепак немаат право да ти упатуваат погрдни зборови. А никој не ги заслужува твоите солзи,па дури ни тие..Глава горе и барај другарки кои ќе ти одговараат на тебе, и учи на грешките (во овој случај во изборот на пријатели) и гледај да не се повтори истото. )
Јас секогаш викам кој сака да се дружи со мене, бујрум јас уште повеќе сакам со него/неа, кој не сака чао, пријатно! Ич не се замарај, ова не е ни проблем, какви се проблеми ќе видиш во животот ова не е ништо. Па ти си само 8 одделение пред тебе е животот, млада си допрва ќе си запознаеш прави другари и другарки кои што ќе знаат да го ценат пријателството со тебе. Кога ќе почнеш средно училиште кога ќе ја смениш средината и созреееш чекор даље ќе сватиш дека воопшто не вредело сега за што се нервираш. Луѓето кои се прави пријатели и знаат да ги ценат луѓето со кои се дружат не се занимаваат со зборови од типот како што ги пиша ти: ГУСКА,ГЛУПАЧА,СВИЊА,ДЕГЕНКА.....таквите луѓе не заслужуваат да им посветиш внимание, а уште помалку па ти заслужуваш да имаш такви малограѓански ''пријатели''. Дружи се со тие што те ценат. Не се секирај со тек на време ќе научиш да ги бираш луѓето кои ти одговараат за дружење, а со останатите да гледаш да имаш едно здраво. Не можеш да се дружиш со сите, со некој ќе бидеш на иста бранова должина со некои на различна.
Не вистинска другарка... Значи имам друштво 4 другарки сме, и мушки имаме...но сега поентава ми е дека едната другарка е мн дволична,себична и се!! немате претстава! Тек сега и го видовме вистинското лице. Мн работи имам за кажување...еве на пр. когабевме помали , на училиште мене ме пофалија како најдобрата во класот учеинчка..и после требаше една анкета да решиме и сега јас и викам ( а најдобра ми беше другарка) демек дај помогни ми да го решиме заедно..и таа ми враќа: аа па нелии си најдобра во класот ајде реши го сама сега“. И јас се зачудив и заминав. Значи ова е знак на љубомора. Друго: Кога излегуваме во чаршија сега на овие години значи...кога таа нема со кого да излезе ( кога не и се тука другарките од маало) нас ќе не моли да излеземе, ќе не моли да одиме во некој кафич а не ни се оди..и ако и речеме НЕ таа веднаш се лути. САКА СЕ ПО НЕЈЗИНО ДА Е! . А сега пак кога и се тука нејзините “другачки“ нас рецка не ни удира...ке ме праша само “ти ке излегуваш“. И јас веднаш сватив дека таа има со кого да излезе не сме и потребни ние! И кога и кажав дека сме биле излезени таа ништо не правеше. И кога еднаш одевме на кафе после школо таа беше со нејзината другарка и немаја каде да одат и дојдоја со нас, и во меѓувреме им се јави таа некоја си нивна другарка и тие веднаш неотпукаја и си заминаја! Еве и други работи кои страшно не нервираат: Нонстоп касни,кога одиме со такси НИ ЕДНАШ значи НИ ЕДНАШ не ни дала пари кога по пола плаќаме...ни 10 ден. Значи кога ке и позајми човек пари, а сто пати сум и позајмила таа ни 1 ден не ми вратила. ( ајде,не сум скржава па да и зборам за тоа). Мн работи имаааа...од кои навистина лудилоне ваќа, не знаеме што да правиме со неа! Се понаша како да е кралица на светот, се исмејава со нас,сака секој по газот да и иде, не е воопшто лик на една другарка, лоша е понекогаш!!! Сега почнавме и ние да ја избегнуваме, да не правиме се она шо ќе ни каже...но ве прашувам вас: што да направиме..сакаме да и кажеме и да завршиме со неа, но она трреба сама да го увиди тоа!!! не знам помогнете ми и ве молам не ми ја заклучувајте темава зашто навистина ми е битна! Ова преоѓа во ХАОС! И овде пишувајте ми!
Не вистинска другарка... Не е работата само лец ран авеј фром дис грл. Прочитав нешто дека сакате се да и кажете и да завршите со неа... Седнете и разговарајте буквално за се што ви смета, без да премолчите нешто. А понатаму останува на неа. Дали таа ќе се смени и ќе остане во ваше друштво или уште повеќе ќе го „дигне“ носот, ќе се налути и ќе се повлече од вас. Нема друго чаре. Освен ако не ти е толку добра другарка, ја сакаш и сакаш се да се среди помеѓу вас... Ако е така, тогаш биди упорна. Вреди да се бориш за луѓето кои ги сакаш, но доколку видиш едка нема абер, тогаш жал ми е ама пријателката си игра мајтап со сите вас и ве прави мајмуни. Со среќа нека ти е понатаму, па пиши што си направила. Се надевам ти помогнам барем малку.
Не вистинска другарка... Па да ти кажам и јас истово планирав да го направам. Само чекаме причина уште нешто да се деси! И да ти кажам веќе изгубив верност во неа и се чувствувам добро кога не е во мое присуство. КЕ и кажеме когаш-тогаш. И да секако ке пишам тука. Фала многу Cynthia !
Не вистинска другарка... Не знам, според мене тоа не е другарство. Да те исмејува, да е љубоморна, да доаѓа со вас само кога неа ќе и се посака, да не ви помага кога ви е тешко и сл. Порано бев во ваква ситуација и јас, 90% од работите кои ги имаш наведено ги правеше и она. Не е во ред, трпиш, трпиш долго време, ама ќе пукне кога тогаш. Мислам дека разговор нема тука ништо да помогне. Она си е таква и таква ќе остане. Ако и значиш ќе се однесува добро спрема тебе, ама ајде, пробај и тоа, види како ќе изреагира и што ќе ти рече. После тоа ќе знаеш на што си и дали вреди да ти биде другарка (иако до сега го има тоа докажано) или не вреди.
Најдобра другарка или не? Вака, значи пред некое време си бендисав едно слатко фустанче, и решив ќе штедам за да си го купам,но пред да успеам да го купам, ми се случи следново, мојата најдобра другарка, која живее во странство, си дојде, и беше поканета на свадба, така да иако знаеше дека јас го бендисував фустанчето, таа сепак го купи, јас веќе ја изгубив мислата за најдобра другарка, дали мислите дека треба едно другарство од 15 години, да го прекинам за едно фустанче?
Седите бе со пријателството.. Гледајте во Гостивар што пријателство го имаме http://www.youtube.com/watch?v=fy6JWGCc ... ture=share Како се слави за Македонија... Најубавиот Град
Vaka na drugarka mi e i rodenden i so decko i samame da i napravime iznenaduvanje t.e da mu pomognam mnogu raboti mi se vrtat vo glava ama mislam deka ne e toa toa zatoa ve molam za pomos