Summerlover нема ништо лошо во тоа што таа си го купила фустанчето што ти се допага едноставно и се допагало и нејзе и си го купила...Сигурно не си го купила за инает ти да љубомориш помисли за џабе парли да фрла...Мислам дека нетреба да престане тоа пријателство сепак таа не мислела ништо лошо позз
опседната со комшивките значи како прво незнам темава дали постои,а ако постои бришете,и незнам баш дали тука треба да ја ставам,ако не е за тука преместете ја како второ не се работи за мене лично,туку за мојата нај добра пријателка вака пријателка ми мислам дека е опседната со две нејзини комшивки,и кога и да и речам аман само за нив ми зборуваш како по малку да и пајга незгодничко.значи типкиве се стварно типки и двете,и до некаде се стварно да се опседниш значи двете се убави,имаат едната 31 год,а другата не повејче од 35 год.имаат добро платена работа,возат убави коли имаат убави мажи ама и двајцата се малце теленца. ама пак да се опседни до толку со нив па не бре не вреди,незнам како да кажам,не се само споредува со нив туку некогаш мислам дека и ептен посакува де е баш на нивно место,незнам како да се изкажам,дали ме разбирате што сакам да кажам,дали е нормално да се опседниш со некоја друга личност,дали ви се има случено тоа,па боже пази да не се заљуби во нив .а и ова секогаш кога и да појдам кај незе дома одма ми отвара на Facebook да ми покажи слики од нив што си ги ставиле,или че ми пушти некоја песна и одма ми кажува е оваа песна соседкава ја стави денес на ФБ јас стварно незнам што да кажам,дај вие кажете ми што мислите што се случува овде,што е работава
опседната со комшивките па јас овака гледам на тоа...другаркати ги смета типките за жени со добар вкус и стил, дека имаат добар сенс за се, кои знаат што да одберат, што да направат едноставно бре она мисли дека се тие што ке направат е најдобро, остави ја нека им се диви ке и помине тоа со тек на време
Бившиот Здраво, можеби е чудно, но многу сум загрижена за блиска пријателка заради нејзиното повторно зближување со нејзиниот бивши. кажете ми некој совет како да и кажам дека премногу се промена со него и дека не ја препознавав, беше нервозна и само плачеше кога беше со него? не сакам повторно да ја видам таква, ја сакам премногу мн е срцка како лишнчност
Океј е тоа што сакаш да помогнеш но ако таа така одлучила ништо не можеш да смениш овде.Дај и подршка во сето ова
Би и дала поддршка ако тој беше добар спрема неа додека беа заедно, ама вака само ке наблидувам и ке молчам
Како себеси да се читам....Слична ваква работа ми се случи мене...јас и таа бевме половина живот заедно за на крај таа во мое отсуство да замине со муслиман и на да зборува од лошо полошо за мене и моето семејство... Оставија ! Баталија ! И воошто да не ти плаче срцето, не те заслужува! толку од мене
Пред да си фати дечко бевме неразделни, секогаш ме прашуваше за излегување, пораки си пишувавме стално, но сето тоа го нема бидејќи си фати дечко од истото друштво. Јас не сум и повеќе на прво место. Бидејќи 3 пати веќе правев муабет со нејзе на оваа тема, таа не признава дека е така. И несакам да правам муабет веќе на таа тема бидејќи завршуваат со караници. Сеуште комуницираме, меѓутоа сакам да и дадам до знаење дека нашето пријателство веќе нема да биде исто. Како да го направам тоа? Да види дека не е исто меѓу нас. И јас имам дечко меѓутоа никогаш не сум ја запоставила. Помогнете ми, ве молам. Како да се поставам спрема нејзе? Како да и дадам до знаење дека го уништува пријателство, но да не биде со муабет.
Проблем со другарка ми .. Се случува некогаш луѓето да го запостават друштвото поради новата љубов или занимација ко што би рекла јас.....од некоја страна ти не трееба да се напотресуваш до толку не ти е девојка па со толку љубомора да се поставуваш! Ако не успеало со муабет одалечисе малку од неа сама ќе свати дека те губи ко другарка и не е се како што ви било порано
А зошто пак таа да ти биде тебе на прво место во животот Таа има дечко, имаш и ти, нормално е дека дечковците (би требало) да ви се приоритет моментално. или пак си ти посесивна, и ствараш јад и и набиваш грижа на совест дека те запоставува. Немој, побогу таа има живот, имаш и ти. Уживај ти во твојот живот нека ужива и таа ако и е така подобро. Зошто на сила да ја тераш да поминува време со тебе кога и е подраго истото време да го поминува со дечко и? Крај краева, поминувај и ти со твојот наместо да и висиш и да ја молиш да се дружите како што сте се дружеле. Мене искрено никогаш другарка не ми била поважна од дечко. Се знае кога имам дечко дека фала Богу повеќе време со него сакам да поминувам. И тоа си е нормална работа. Фактички ти ја тераш другарка ти да мине време со тебе иако знаеш дека тоа време ќе седи на трње затоа што сака да прави други работи.
И да претпоставам, нон стоп е со дечкото 24/7 а? Баш ги „сакам“ таквите особи, ама ептен. Не можеш ништо да направиш. Тоа се такви типови на луѓе, ќе си фатат дечко и ништо друго повеќе за нив на светот не постои. И ако забележиш обично тоа се доста осамени луѓе кои и немаат многу пријатели. Имаат сезонски пријатели - оние од страната на дечкото. Ги знам, имам такви во животот односно баш и ги немам, пошто таквите ти се јавуваат само кога дечкото ќе ги откачи за да ти се пожалат, се разбира дека потоа ќе му простат и повеќе не се тука за тебе. Не дај Боже да раскинат со него, готово до умирачка стигнува работата, затоа што немаат ниту пријателки а ниту дечко. Така да батали. Таа има „нов“ живот и нови приоритети. Разбирливо е дека не може сега потполно да ти се посветува, разбери ја, но и ич да не ти се посветува не е убаво. Еден ден кога ќе и притребаш ќе се јави, верувај. А на тебе е дали ќе бидеш безрезервно покрај неа, или ќе и одржиш лекција за да знае дека не си и ти тука на закачалка секој пат кога нема да има време за неа дечко и. Се вели - ако некогаш изгубиш пријател во животот, тоа значи дека тој пријател никогаш не си го ни имал Како е можно јас после толку години и покрај толку врски и перипетии да ги имам сеуште пријателите од детството и раната младост? А некои да ми поминале низ животот како воз? Ти текнува? Така да ич нека не ти е ни криво
Фала на советот. Инаку, повеќе сум си лута и на себе што дозволив да ми бидат на прво место другарката и дечкото, а за нејзе не е така си ги отворив очите
Значи незнам што да правам имам(имав) најдобра другарка никогаш не се остававме на цедило во било каков и да е случај, но типкава пред неколку месеци си фати дечко ново друштво и заборави на се што правев за неа почна да ги гледа само своите интереси незнам зошто не ни сакаше да ме запознае со дечкото а јас сум во врска 2 год пред тоа и дозволував да биде пријателка со дечко ми сегде ја носев со нас кога немаше она со кој значи не ја запоставував а сега таа ми го заврти грбот цело лето ни трага ни глас од неа сега сме заедно бидејки заедно учиме.Се ближи мојот роденден денот кога ми одговара да го правам таа нема да може да присуствува.Дали да си терам по мое бидејки мислам дека се покажа таа колку ме цени мене па сега и со неа и без неа мислам дека би било исто не верувам веќе во нејзините зборови дека ми е најверна иако се обудува да биде повторно блиска со мене..Или пак да заборавам на сето тоа да го одложам роденденот за една недела подоцна само за да не биде навредена и да не ми се лути.Молам за мислење. Однапред благодарам
Јас мислам дека најпрво треба да седнеш и да разговараш со неа. Кажи и како се чуствуваш и што мислиш, зборете и најдете решение на проблемот. Понатаму ќе видиш како ќе се однесува спрема тебе дали ќе се промени на подобро или ќе биде пак по старо. А ако биде пак по старо јас мислам дека би требало да си бараш нова најверна другарка.
Сме разговарале одамна таа негира дека не е променета веднаш ми се обраќа со тоа ајде ќе се скарам со дечкото демек за да не сум се лутела јас ама на збор така- нормално.Значи мене ми е дали да ја почитувам да не и се одмаздувам за да не се ибрише цело наше минато или пак да и вратам со иста мера како таа со мене така јас со неа.Со неа неможе да се разговара на оваа тема таа само негира дека не е така и не е така Не ме бараше додека не и требав дека има потреба од мене и се обидува да биде блиска како некогаш.
Јас мислам дека нема потреба од одмаздување, со тоа не се решаваат работите. Чим не можете да зборувате јас мислам дека најубаво е да седнеш ти и да размислиш дали сакаш да продолжиш да се дружиш со неа или не?Бидејќи не ти треба некоја која ќе те дружи само кога ќе си и од корист. Ако е таква, воопшто не треба да си го трошиш времето со неа, најди си некоја друга другарка што ќе ти биде другарка во права смисла од зборот, а не ќе те дружи кога ќе и текне нејзе. Сепак не можеш ти цел живот да си го организираш околу неа, ако не ти одговара(или не сакаш) да го славиш роденденот кога нејзе и одговара тогаш немој,прави како ти мислиш и како ти сакаш. Така да јас би ти препорачала следниве денови да ја анализираш малку да видиш каква е спрема тебе ако пак не те рецка, тогаш батали ја. Се надевам барем малку ти помогнав, и пиши после што си направила.