Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. wwwbella

    wwwbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    8
    Во право си нема потреба од одмаздрвање па така и постапив..размислував и одлучив нема веќе да бидам блиска со неа ќе бидам со неа другарка се разбира како таа со мене (корист) :)
     
  2. anadimova

    anadimova Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Помош !!!!

    Значи ... сакам да си најдам другарки кои што навистина ќе ме сватат .. имам неколку но мислам дека не се вистинските .. навистина ми треба ваша помош/совет :worried: Со едната другарка се дружевме си идевме си одевме од школо нашколо .. се дружевме едноставно .. испагавме .. Но таа почна веќе да ме игнорира .. не ми се јавува на телфон .. не ме вика за нашколо ... не ме поздравува ни ништо ... навистина сакам да ја знам причината за која таа се лути .. можеби сум ја навредина нешто ,но во последните денови не испагавме поради училишните обврски :| Другите другарки ми се само школски иако повеќето не живеат во мојот дел од градот .. но тие што живеат во моја населба никогаш не ме викаат да си идам/одам нашколо со нив... со школските почесто излегувам и барана сум во нивното друштво .. но зошто ме игнорираат на таков начин .. дали некаде грешам ? :(
     
  3. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Помош !!!!

    "имам неколку но мислам дека не се вистинскитe"

    А да си пробаш со нив?

    можеби невистинските ке станат вистински бидејки вистинските кој ги имаш се невистински ?
     
    На Sephora му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Не можеме да ти донесеме пријатели на послужавник.
    Ниту можеш да знаеш чисто онака кои ти се вистински, а кои не. Некогаш во животот ќе мораш да се изгориш и да сфатиш отприлика што и како стојат работите.

    Мене ми оставаш впечаток како да бараш само друштво за до дома и школо.
     
  5. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Вака- имам една другарка што ја познавам повеќе од 10 год. во последно време не се гледаме, не се слушаме, многу ни се изладени односите. Е сега, една наша другарка ќе слави роденден и проблемот е за подарокот. Всушност не знам како да постапам, мајка ми која беше цело време против таа другарка сега ми вели дека треба со неа да купувам подарок а да го исклучам дечко ми, со кој сум година и пол заедно. И реков дека тоа нема смисла па сега муабетот е за заедно тројцата да купиме подарок. Од друга страна дечко ми ич не ја сака другаркава и он не сака заедно да купуваме подарок, и не знам како да постапам. Тој ми вели дека сега е друга приказна, дека таа не ми била баш другарка (до некаде е во право) и не знам како да постапам, ми треба објективно мислење. :)
     
  6. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Навистина се трудам да разберам кај е сега проблемот,се работи за поклон од милион долари? според мене нема поклонот никаква врска со пријателството,ако не ти е блиска не ти е и готово,пријателствата избледуваат и не е крај на свет ако ти мислис дека не ти е веќе блиска повлечи се и нема тука сто да ти казуваат мајки и дечковци,купи поклон и оди на роденден без трагедии
     
  7. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Не е за цената, него за тоа дека повеќето ќе се незадоволни од мене.
     
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Ирена , неможеш на сите да им угодиш . Некогаш треба и да бирам ..
    Колку и да се трудиш да им се допаднеш на сите - не е возможно .
    Изборот е твој , ние овде можиме само празни муабети да кажуваме за случајов оти ти најдобро си ги познаваш и дечко ти до која граница можи да попушти и другарка ти дали ќе се изнервира ако виде двајцата сами купите подарок.
     
  9. Isabeau

    Isabeau Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Драги припаднички на нашиот пол,
    дали некогаш сте останале и без најдобрата другарка? Што мислите, колку е потребно за две најдобри другарки да не комуницираат веќе?
    Имав другарка, која ми беше најдобра и како сестра. Нашето пријателство прекина, и нема да верувате, ама без никаква причина! Дали бев јас крива што лошо се однесував према неа последниот пат, не е ни битно, меѓутоа после тоа, ние 6 месеци престанавме да контактираме. Можеби таа беше крива што се нашали за некои работи што не треба, можеби јас изреагирав преостро, стварно не е битно, и двете сме криви што шест месеци оставивме тоа така да седи. Јас не можев да издржам, и веќе четири пати до сега ја барам да се видиме за да дознаеме што е всушност работата, но таа едноставно не сака, вадејќи се на ироничен изговор дека има друга обврска и дека обавезно ќе ме бара. Замислете, вашата нај најдобра пријателка ( што верувам дека сите имате таква) да ви го каже тоа! Како би реагирале? Јас сеуште не знам, а прашалници ми лебдат во воздухот. Што би ме советувале?
     
  10. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    ^ Јас повеќе од две години сум скарана со мојата најдобра другарка со која бев поблиска и од сестра ми. Буквално се делевме, бевме постојано заедно. Имавме силни причини да го прекинеме пријателството и се случи и тоа. Едноставно му ставивме точка и денес ни Здраво не си викаме.
    Ми беше тешко на почетокот затоа што изгубив блиска личност, но истата испадна дека не била онаа која се претставувала толку многу години. Јас продолжив понатаму и без неа, оформив многу нови пријателства, а од неа ми останаа само добрите спомени.
    Не знам за што сте се скарале со твојата другарка, но како и да е - штом си ја побарала неколку пати, а таа те игнорирала, очигледно сака да глуми недостижна. Не ти требаат такви во животот што за се и сешто ќе се лутат и ќе бараат причина некој да ги моли за нешто.
     
    На Justinna, maca99 и Isabeau им се допаѓа ова.
  11. klinkata

    klinkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    88
    Неможам да задржам ниедно пријателство!Прво сум среќна,сакана и во супер односи со пријателките а потоа се одеднаш се менува без причина,не сум иницијатор за карање па да се рече дека јас сум причината ....Кога се сами и кога немаат никој освен мене им значам,но кога ке се смират со децата со кои претходно не биле у добри односи јас не постојам за нив!!!(Некад се случува и да немаме за што да зборуваме :o ) А и кога ке зборам со нив зошто се случило тоа тие велат дека ‘‘ништо нема’’ и колку да настојувам дека има проблем,одговорот е ист ...
    Ве молам помогнете ми како да ги задржам тие што ми значат ;( ;(
     
  12. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    Како да се смирам со пријателот ?

    Бевме пријатели но се скаравме има веќе 3 месеци.Ме избриша од на фацебоок... но пред некој ден ми прати пријателсто јас не прифатив посто сакав да дознае дека стварно ме повреди со таквото однесување..И сега како да се смириме? :?: :?: :?: :?: HELLP ;( ;( ;(
     
  13. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Мислам дека си требала да ја прифатиш кога ти пратила покана за пријателство.... Така јас се смирив со една моја драга другарка, врсушност таа ме аддна на мсн и јас ја прифатив па почна муабетот ова она и се смиривме :) Па сега пробај ти, адднија ја па види што ке се случи :)
     
    На lusi17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.539
    Другарка моја има синче од година и нешто.Ај што муабетот со неа ми е само за него,се сведе на тоа јас само да климам со глава и да слушам за пелени и такви ствари (да речеме дека до некаде толерирам) ама она што вчера се случи е ме извади од такт!
    Дојде на гости со детенцето,и си седиме на маса имав јас спремано мезенце и дете ко дете сака да си види се.Кога почна да крши,да се качува по кревет,ми бутна со раката една убава уметничка слика која е мн скапа и се напукна дрвената рамка,оваа мува не ја лази.СИ се муабети со дечко ми,а јас трчав цело време по син и да не ми скрши уште нешто :@ Врвот беше,кога му дадов едно кутиче внатре со оние кристалите за во вазна за да си тропка и игра со него и го седнавме на маса.Но кутивчето се отворило а внатре имаше една спајалица на кое тоа си го набоде рачето и му потече крв.Почна да плаче да вика цел саат не се смири.Оваа искоментира-на мало дете не се дава се и испаднав јас крива!!! Е ми пукна филмот,зошто она не си го пазеше барем малку,да му подвикне да го скара а она си седна се размуабети ич не погледна каде е! Јас се осеќав ко гостинка што трчав по него,не она! Ќеф ми е и го сакам детенцето,ама ова вчера ме изреволтира до max! Денес и пишувам како е ,го боли ли,а она налутено ми враќа-па го боли,плачеше не ни отиде во градинка,мало дете треба да се пази :@ Па пази го бре!!!!
    Ова не е првпат.Кога и да отидам,ќе ми ја зеде ташната и ќе испреврте се од неа на земја,а оваа не му вика ништо.Си ги земам стварите а она вели остај го да не плаче нема ништо да ти направи.Аха да,ми скрши кармини два,ми искина неколку стотки дур се свртам а оваа ни извини не ми рече.И вчера ми ја скрши рамката од сликата она рече леле ќути добро што не ја скрши цела :o
    Драги девојки,ова не го пишувам за совет зошто остега не и ќутам, туку апел до идните мајки да размислат и да не дозволат вакво нешто!!!!!
     
    На enca.69 и butterfly.93 им се допаѓа ова.
  15. Afronija

    Afronija Активен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    9
    Проблеми со другаркта

    Деновиве имам голем проблем. Се дружам со едно девојче, кое е навистина добро, мајка ми вели дека таа мене ме искориатува за да се улизува на наставиниците, затоа вели да прекинам со дружењето, Некој наставници велат дека не сум иста како од 7 одд. и дека многу сум трачарела, а исум попуштила со учењето. Па затоа мајка ми ми забрани да се дружам со нејзе. Што да правам кажете??? :worried:
     
  16. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Ако тебе ти одговара со неа и ако мислиш дека не си пропуштина ништо од учењето тогаш не може никој да ти каже со кој да се дружиш, но ако навистина е лош пример за тебе тогаш одалечи се од неа. Барем така јас мислам.
     
    На Afronija му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Ми олесна малку. :D јас мислев дека ова само мене ми се случува.
    Сите, ама баш СИТЕ мајки кои доаѓаат дома со мали дечиња си го сместуваат
    газот
    на кауч, а јас мора да трчам по децата како дадилка, а децата како деца сакаат се` да видат, земат, допрат, буквално ја опревртуваат цела куќа. :!:
    Аман, бе мајки имајте осет навистина. Како одвај да чекате да се отарасите од детето и друг да ви го чува. :tmi:
    Пријателки ми се, ама безобзирни! :x
     
    На LadyNN и eli25 им се допаѓа ова.
  18. Isabeau

    Isabeau Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Јас ваквите ги нарекувам мајки што се уште не се дозреани за да раѓаат деца. Греотка за детето, ваква мајка тешко дека ќе го воспита ко што треба :worried:
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristinah

    kristinah Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    зошто се на мене најлошото ://

    Ќе бидам искрена.и ќе ви раскажам се. Бев во едно друшто таму беа 4 другарки и јас и мојата другарка се здруживме со нив. (тие 4 живеат во иста зграда и 2 се сестри, а и другите 2) Не ме сакаа мене многу во тоа друштво. одат заедно на играорна а јас поодев малце и се откажав бидејќи неам време за играорна зашто тренирам фудбал. правеа што правеа ме избркаа од друштвото. и така си останав ја сама без друштво. сега летово една моја школска најдобра другарка. излегува со братчеда и со тоа друштво и понекогаш ја излегував со нив но видов дека не ме сакаат и таму и се откажав и од нив. си останав сама
    :( со денови и ноќи плачам се чудам што имам толку згрешено па не ме сакаат нигде. Сега излегувам со сестра ми со тоа друштво. и сеа нема со кој да славам нова година. и другарка ми на сестра ми ме прашаа дали сакам со нив ја им реков нема да славам нова година ќе си седам дома. :worried: им реков несакам на никој да пречам. и сега ми пишуваа на чет дали ќе сакам да сум со нив и јас им реков епа океј. и нешто ми рекоа сестра ми несакала да иде таму во таа кафаната каде што ќе слават сега (сестра ми несака зашто картатата е 1600 денари и за нас двете ќе треба родителите да ни дадат 3200 денари) а осталом што треба да купиме алишта и тие другите работи. во еден ресторант картата е 1400 денари јаа им предложив да идеме таму бидејки пиењето е неограничено и една од нив се сложии но рече ќе ги праша другите. и ја и кажав тоа на сестра ми и таа почна да ми се дере како ти можеш да наредуваш ние каде да бидеме. што сум ти јас крива што си немаш свое друштво. кога ми ги рече тие зборови ме навреди ептен. сега незнам што да правам ве молам за ваше мислење :)
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Најлошото? Во ред сфаќам дека си во тешка ситуација поради тоа што те изневериле другарките. Но насловов навистина не се совпаѓа. Мислиш дека се најлошо на тебе ти се случува? Секој ден страдаат дечиња од глад и секакви катастрофи се случуваат. Себично е така да се каже.

    Сега да коментирам во врска со текстот. Прва работа, преиспитај се дали е до тебе или до другарките. Не те познавам за да знам што се случува. Ако е до другарките тогаш воопшто не ти требаат такви, сигурно ќе најдеш други кои ќе те ценат и почитуваат. А за сестра ти, прашај ја што е проблемот и зошто така постапила. Објасни и дека ти е многу тешко поради тоа што немаш друштво.