Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети во врска со пријателството

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од poppie, 21 јануари 2010.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    зошто се на мене најлошото ://

    Teшко е без друштво.
    Знам,been there.
    Ама фала богу не е ни најлошото нешто што може да се случи.
    Незнам како да ти помогнам,премногу се оптеретуваш со некои небитни работи за кои подоцна ќе се смееш во животот.
    Вистинскиот пријател ќе го најдеш кога ќе ти треба,и тој пријател нема да биде дел од он/офф друштвенца за кои ти ќе се траќаш за да бидеш дел од.
    Едноставно,уживај. Не заслужуваш да плачеш и да се нервираш за некој кој не те е*е ни два посто. :)
     
    На kate21 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    зошто се на мене најлошото ://

    Место да се сожалуваш и да мислиш како тебе на се најлошо стани и направи нешто за тоа.. искрено има и пострашни работи во светот и немој да мислиш дека ова е сега крај и дека најдобро решение ти е да се убиеш..
    Ке си најдеш друштво. ете гледаш дека идеш на фудбал, пополека. и не е толку трагично! знаеш колку нови години сум ги поминала дома па ништо не ме снашло :)
    немој толку да ги земаш при срце стварите и да мислиш дека никој не те сака. едноставно другарката ја бираш ако е иста како тебе, едноставно не си им одговарала на тоа друштво а сигурно и на тебе немаше да ти одговараат..
    Тоа со сестра ти и не е никаков проблем, ке си кажеш дека само предлог даде и дека ништо лошо не си направила. На крај краева ти не си ги убедила туку само си предложила бидејки би било подобро и за нејзе и за тебе..
     
  3. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    зошто се на мене најлошото ://

    Тоа отфрлување може да произлегува од најразлични причини кои ти не можеш ни да ги претпоставиш. :)
    Најчесто за тоа може да биде љубомората (ако ти си подобра во учење,изглед итн..). Колку се денеска распирани луѓето ехеее,допрва ќе сваќаш.Зошто да се дружат со некој подобар од нив,кога тие можат да си создадат круг еднаков на нивните квалитети.Сурово, но реално,нели? ;)

    Како за утеха и мене ми се случило нешто слично,не во смисла на отфрлување туку неоправдано лошо однесување од такви мизерни љубоморни душички кога немало ни малку потреба од тоа.Но јас не се замарам.Знам толку им сече паметот.
    И не е крај на светот ако седиш дома за Нова Година.Еве и јас ќе си седам дома и фино лепо воопшто не се замарам. Многу поубаво ќе си поминам отколку по секоја цена да одам некаде.Зошто? За кога ќе ме прашаат каде беше за Нова и јас да се `испофалам` е таму и таму бев,демек голема работа ако сум била негде на таа `страшно важна` ноќ. |( Не ја сваќај Нова како којзнае што да е.Ќе имаш уште многу такви вечери кога нема по секоја цена да бараш да одиш негде туку се ќе биде планирано и не сосила.

    А за друштвото,да тешко е,ама не им обраќај многу внимание.Стисни заби и покажи им дека не си зависна од нив.Во спротивно ако покажуваш дека си зависна,ќе постигнеш спротивен ефект, а тие уште повеќе ќе се силат. Друштво како друштво ќе си дојде само по себе.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    зошто се на мене најлошото ://

    Лелее душичка..

    Добро, одма го нападнавте девојчето, а праша само за совет. Има лоши работи на светот ама ова нема врска со текстот. (барем според мене) Сепак од лошо има полошо :/

    Според мене Кристина прво има уште две и пол недели до новата година, така да секогаш постои некоја шанса. И еве имаш шанса да одиш со сестрати, зборни со неа и објасни и.. а со тоа еве ти шанса за ново друштво.
    Тренираш фудбал, побарај некое другаче од таму или друштво, излезете за кафе или за викенд па така ке видиш дали постои шанса да одиш со нив.
    Од училиштето или факултет, сигурно има некои девојки со кои си постојано...
    Некои роднини блиски кои сте на иста возраст или неколку години разлика

    Еве ти неколку идеи од мене се надевам дека барем малку ти помогнав :) :) :)

    И многу срека :) :*
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    зошто се на мене најлошото ://

    Дај Боже полошо од ова и да не видиш. Сега си сеуште мала верувај дека за некоја година кога ќе имаш вистински проблеми, а богами до тогаш ќе стекнеш и вистински пријатели сето ова ќе ти биде смешно.
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.493
    Допаѓања:
    251.244
    зошто се на мене најлошото ://

    Како што и пишува на профил Кристина има 18 години, значи не е баш дете.
    Сама е, нема никој, се чуствува дека не ја сака никој и неможе да си најде друштво.
    Јас би рекла дека има проблем, оти е најлошо е да си сам и да нема каде да одеш на НГ.
    Ужасно е, но не е крај на свет.
    И овде не е само НГ, туку и многу други ситуации кога и е потребно друштво бидејќи сега е во таа возраст кога и е потребно и кога треба да излегува и да се забавува.

    Девојче, прво разговарај со сестра ти зошто така си предложила, второ штом девојкиве те викаат со нив тогаш те прифатиле во друштвото, па можеби и ќе ти станат и тебе другарки, а не само на сестра ти.
    Не се откажувај, оди со нив, каде и да одете. Немој да седеш дома, не размислувај дека не припаѓаш таму.
    Оди и убаво помини си ;)

    На мене попатетични ми се таканаречените љубовни проблеми за кои некои девојки паѓаат у депресии и кукаат овде на форумот, бидејќи дечко и не и ставил лајк или ја тепа, а оваа го моли да се смират |( .
     
    На Justinna и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  7. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Како да ја тестирам довербата на дургарка ми ? :)
    Вие сте ја тестирале довербата некому и како сте го направиле тоа? :)
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    ехх искрено пријателство сега тешко е да се најде...имав една другарка-најдобра,се дружевме 15 години но она премногу се измени и правеше работи што не ги оправдував...ни сега многу не верувам во искрени пријатели без корист,но има некои кои навистина ги сакам и почитувам,имам една другарка навистина посебна многу ја ценам,со неа се знаеме од мали нозе и би останала блиска и во понатамошниот живот,знам дека секогаш можам да сметам на неа,иако поретко се гледаме (обично кога стигаат порачки) јас сакам да се гледаме почесто но така ни налага времето...
    и со другите другарки сум блиска,но со нив не се знам толку долго и не мислам дека се искрени како неа,
    ги почитувам,се дружам но немам голема доверба...
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Колку време ти е другарка? Не си и кажала некоја тајна до сега? Те издала за нешто или не? Не е во ред да ја ''тестираш'' нејзината доверба, но ако веќе мораш да го направиш ова можеби ќе ти помогнам. Можеш да и кажеш некоја мала измислица(внимавај што ќе е), нешто невистинито па да видиш дали таа ќе те издаде или не. Сепак ако долго време ти е другарка треба да знаеш што треба а што не треба да и се доверуваш. :)
     
  10. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64

    Па не ми е долго време другарка,од клас ми е,јас сум 2 година,ама не се дружевме многу во прва па и сеа не нешто многу,многу е фина,една личност ми даде до знаење дека е многу добра особа па ми рече зошто не се дружиш со неа? ..Ама она не е другарка со која можеш да бидеш 24/7 бар јас така мислам..Не сака да се врзе како да кажам,сеа не сакам јас да ја врзам таман работа :D работата е дека несака само една другарка и толку до душа она си има и друштво и другарки и имам кажано некои работи ама онака што полека се дознаваат па горе доле и останатите знаат и се смета дека она не кажала..Ама зошто не ја познавам баш најдобро не сме премногу блиски сакам да и ја тестирам довербата да видам дали би ме издала или не зошто имам нешто кажано несакав ама такви беа околностите и се плашам да не каже..Е сега јас што да измислам за да ја излажам и да видам дали ќе ми каже,може да биде за една друга другарка од клас она се дружи и седи со неа и јас се дружам со неа,па јас да ја излажам нешто оваа другарка за другата да видам дали ќе и каже т.е. дали другата ќе дое кај мене за подетални информации..Ама што да измислам не ми текнува ништо можеби некој има идеја? :)
     
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Се пронајдов во ова што го кажа :) можам да кажам дека и за мене важи :D
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Мал `проблем`.
    Најверојатно за Нова Година ќе бидам дома. Мои две другарки сакаат да дојдат дома (нема каде да одат, па да не седат дома им).
    Проблемот е што лани исто тие другарки дојдоа дома околу 22:00, а јас од 18 часот бев затворена в кујна да правам свечана вечера и торта. Тие дојдоа, се налапаа, помина 1 часот и си заминаа. Испаднав јас како некоја готвачка само да им зготвам јадење.
    Друго, сите намирници за вечерата ги купив јас. Тие дојдоа празни и не платија ниту денар. :^)
    Стално доаѓаат дома и знаат да јадат дома, тоа не е проблем, но поинаку е за Нова Година. Барем јас така мислам.
    Знам дека истото ќе биде и оваа година. А, криво ми е што моментално не работам, а тие работаат и земаат солидни плати, но се многу скржави. :fubar:
    Не сакам да ги одбијам, но немам сила да им речам заедно да вложиме во јадењето, и не сакам пак да се затворам в кујна само јас да готвам по 4-5 саати.
    Од ова им дадов малку до знаење, ама се прават мутави. :@
     
  13. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Ко што ми рече “пријател“ еден, и ко шо тој уствари ми направи тест.
    ке ти го цитирам “Дај му на твојот пријател нешто што за тебе е големо, а ке наликува на мало, односно тој ке го гледа ко некое небитно мало парче. Ама дај му го, и ке видиш што ке направи со него.“

    Така и ти ;) Довери и се за некоја тајна, кажи и некој муабет, што налик ке изгледа ко небитна ствар за неа а за тебе велика. И на тој начин ке си и увидиш ;)
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Кажи им ако доаѓаат кај тебе дома секоја да донесе по нешто. Па сите спремаат и прават нешто за НГ па нема да е на одмет ако донесат бар една чинија од нешто.
    А да отидеш ти кај нив?
    Не мора да донесат на крај краева ама бар да се понудат за нешто.
    Ако не можеш да им речеш или одбиеш тогаш не се потресувај многу, многу што имаш тоа, туршија- туршија :D кажи им дека си невработена и немаш пари и тоа е тоа
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Зашто мора да се затвориш во кујна? :^)
    Кажи им или да донесе секој по нешто зашто немаш време сама да направиш се или да дојдат порано, па да спремите заедно. Многу едноставно :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Aбе јави им и кажи им да дојдат порано (сигурно тие нема да се спремаат за дома седење) и направете нешто заедно . Ем ќе ви биде интересно , ем ти нема да се мачиш и да мислиш околу јадењето .
    Сигурна сум дека така ќе им биде повкусно на сите :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29

    Оставете ја. Личностите никогаш не се менват, ова запомни. НИКОГАШ !!!
    Зборнете со неа ако несакате да ја изгубите како другарка и дајте и шанса. Ако и понатаму остани на исто, само ИГНОР :)
     
    На vrbanovic му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vrbanovic

    vrbanovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Имам(в) една другарка со која сум години години. Се знајме од 5 -6 год., а како врвеја годините станувавме се поблиски. И во еден момент се се сруши. Таја запозна нови другарки и сега цел ден е со нив, а посебно со една од нив најмногу. Кај неа спие, со неа секогаш е излезена...
    На милион начини пробав да се доближам до нив,( а посебно до мојата другарка), а таја никогашнема време за мене. Секогаш е уморна од факутет, не може ни кај мене да дојди -живеј две улици од кај мене. Кога и да ја побарам за нииз продавници неможи, и секогаш кога и да излезам ги наогам. Еднаш ме нема побарано ;( ;( ;( Ми се плачи. Имам милион пати зборнато, му имам префрлено ама се е по старо.

    Од друга страна од факултет имам нови колешки, ама и ете година има и не успевам да се вклопам. Имаат свој живот, свој дечковци.... Дајте ми некој совет.

    Дајте ми некаква идеја како да им се доближам на ова ново друштво ама и на другарка ми, која не може ни со бесплатните од вип да потроши за мене. :worried: ;( ;(
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Девојче, не знам зошто упорно ја бараш старата другарка, која очигледно не ја ни интересираш, ниту сака да се дружи со тебе!
    Сте тргнале по нови патишта, оди по новиот пат, не се врти назад.
    Сите сме имале по некој стар добар пријател, ама сме се разделиле низ животот... Тоа е живот.
    Не се врзувај толку многу за неа! Што е таа толку посебна, па да не можеш без неа???
    Ти рони солзи, а таа не знае ниту еднаш да ти се јави на мобилен??
    Остави ја, ќе си најдиш подобра и поверна другарка, која ќе го заслужува твоето другарство. ;)
     
  20. Lordi

    Lordi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    7
    Имам една другарка која ми е скоро како сестра,но..се запозна со девојче.(поголемо е од неа 3 години,на мој прв братучед е девојка,а неговиот брат го сака таа) и сега јас сум направила СЕ за нејзе,сум се карала со него само и само нешто да се деси помеѓу нив,и таа уште првиот ден и кажа СЕ за неа..всушност сега има и уште една најдобра другарка..Си пишуваат пораки,на фејсбук слики стално со неа..За нг. јас не бев тука,таа била со неа..Значи скоро секогаш е со неа и тоа почнува да ме нервира..
    И пререков за тоа што на секој му кажува СЕ,а не го знае едвај два дена но таа се лути и ја оставив ајде..Ама како може таа да го заземе моето место,можеби ќе испаднам љубоморна ама ете ..
    А и не и е прв пат,и лани вака беше,само со друго девојче.. :^)