Другарка ти изгледа не знае за верност и доверба. Наивно го зема вашето другарство, денес си ти, утре ако најде друго девојче со неа ќе се дружи. Т.е. си користи со кого и` е поубаво со него. Внимавај колку се отвораш пред неа, за да не прекажи утре нешто за тебе. Ако можеш да си најдеш друга другарка која повеќе ќе те цени и со која ќе уживаш, а нема вака само да се нервираш, подобро батали ја оваа. Сум имала и јас вакви другарки. Додека им требаш се тука, а ако не им требаш повеќе ќе си најдат некој друг за дружење.
Во основно немав некои другарки, но со тие што учев сме повторно заедно во средно. Јас се зближив со друго девојче кое што дојде од друго школо. Ми беше извадена како од сон! Совршената другарка. Таа знаеше, и знае, се за мене а мислам дека и јас знам многу за неа. Бевме неразделни. Иако живееме околу 5км разлика, кога дојде летниот распуст бевме скоро секој ден заедно. Јас на бицикла одев до кај неа, и таа ќе дојде со другарка кај мене, да не пешачела сама, викаше. Како и да е, јас бев почесто кај неа. Се дружев и со таа другарката - Е ќе ја викам. Со теков на времето во сликата влегоа А и М. Бев многу блиска и со А затоа што живееме блиску. Никогаш не ја запоставивме В (таа првата), повторно бевме заедно скоро секој ден. Но нејзе како да и пречеше тоа шт сум многу блиска и со А, често ми викаше “незна ја, одај прашај ја А’’. Дојде и новата учебна година, и сите бевме како група, зближени од прекрасното лето исполнето со музика. Јас можeби бев најдистанцирана, најверојатно муабетите потешко ми одеа кога немав гитара в рака, кога не пеев. Сепак, се трудев да се вклопам колку што можам. Како по традиција, ме зафати есенската депресија која што сеуште ме мачи, но со години работам на тоа да ја игнорирам. Имав лични проблеми, и им ги доверив, но сепак тие ме обвинија дека сум била многу затворена. Подоцна признаа дека ако тие ги имале моите проблеми, не би ги кажале никому. Пред недела дена им ја доберив на В и А најмрачната моја тајна, немам сила ниту храброст да им ја кажам на другите.. Мислам дека добија впечаток дека барам внимание. За нова година, со В одвај и си честитавме, незнам зошто! Едно момче од нашиот клас беше многу пијан и ми кажа некои ужасни мислења за В. Знаев дека се невистини, но во огромна нервоза им раскажав на А и М. Со В немав ни муабет цел распуст. Подоцна и кажав, но изоставив еден дел кој не беше ни толку важен за да не се нервира за глупости. Тој дел го дознала, и сега со мене сите се саркастични, цинични, безобразни и велат дека не само што ништо за себе не сум им каживала тук уразлични муабети на една тема на секоја сум и кажувала различна приказна што нималку не е точно! Исто така сум ги скршила сите што предходната сабота кога излеговме кога свиреше “дечкото’’ на В сум играла со едно момче кое што и се допаѓа и на В што ми е малку иронично. На крај и краева, тој ми е другар и само тој ми посвети внимание таа вечер, само тој не ме игнорираше. Мека сум, попуштам, и за жал многу емоции пред нив покажав, многу солзи пролеав. Мислам дека им е најлесно за се мене да ме обвинат затоа што знаат дека ќе простам, ќе заборавам, нема да се налутам... неможам да сфатам како можат за недозбирање грб да ми свртат!
И јас сум имала ваква другарка,ја “откачив“ веќе не се дружиме отакко јас сватив некои работи едноставно се одалечив,не сме скарани ама не се дружиме,не чекај да ти го забоде ножот во грб а толку блиску е! да ја откачиш и да останеш сама и тоа не бива,како сега ти во овие најубави години на младоста Spoiler како што велат постарите да останеш сама,туку смени си го аголот од кој гледаш на работите т.е. смени си го мислењето и понашањето кон неа.Знам дека не е лесно туку така да смениш милсење за другарка која ти значела ама подобро за тебе порано да го сториш тоа.Како што рекле не ја пуштај гранката додека не се фатиш за друга,додека не најдеш друга другарка дружи ја оваа колку да не си сама,а послем,откачи ја без око да ти трепне!
Ај и јас да си прашам нешто...имам една другарка со која многу се зближив летово,се слушавме по телефон,навечер заедно,ми беше 2ра најверна другарка...и сега после нова година,2-3 дена,се фана до едно дете и наеднаш ја снема,ни да испаднеме,ни да ми се јави,ништо.Неколку пати и реков да испаднеме она се,неможам ваму треба да одам,наму треба да одам и цел месец ја немам видено...така кон сите оладила,не само со мене,а не е проблемот што си имаше дечко,бидејќи и летото имаше ама сепак се слушавме постојано по 1 саат муабет си правевме,се гледавме за викенди и одкога заучивме...јас и кажав дека не и требаше ова,да заборави на нас, и ми вика леле вие ме заборавивте.И реков колку пати те викнав да испаѓаме,ти се неможеш.Во саботата ми пиша да сме испаднеле и и реков не можам...кога после се слушам со другарка ми и и кажувам дека ми се јавила оваа другава да испаднеме и ми вика па дечко и е на свршок,она не оди со него,па затоа може ти рекла да испаѓате (демек оти и се испаѓало,а немала друштво)...и ми пиша прееска онака 5 мин си пишувавме,и ми се јави вчера и толку беше...и сега се мислам дали утре да ја викнам на роденденот или не,бидејќи сеуште сум лута....а тоа ни беше контактот цел месец,само деновиве. И сега да ја викнам или не?
Јас мислам да ја поканиш сепак многу сте живееле, зато шо јас многу згрешив со роденденот поканив една не толку блиска другарка шо буквално цела една година заборај на нас, и от ко се скара со дечкото пак ни дојде во друштвото, а другата некој пат одеше со дечко и а некој пат идеше со нас а живеевме многу, и незнаев дали да ја поканам или не, и на крајот не ја поканив, неубо ми беше многу, и сеуште се каам заради то, заради уште една личност не е толку страшно. Јас ти дадов мое мислење, а ти размисли си
и јас имам сличен проблем. Значи бевме толку многу поврзани со другарка ми што се вели знаеше каква боја на гаки носам. Ама не значи дека ако дечко и е во Скопје она треба да олади и да не излегува од дома као во карантин да е . И пишував ама веќе немам намера. Мислам дека само кога има проблем ме бара. Мразам такви работи.
Имам другарка со која што се знам многу долго време. Имаше периоди во кои многу интензивно се дружевме, буквално секој ден, секој час... Малку се оддалечивме, затоа што не студира во Скопје, па само викенди доаѓа и тие секако ги искористува со семејството. Се видовме последен пат пред Нова година, ама не престануваме да контактираме, барем еднаш во две недели, се слушаме по телефон. И многу ми е мило, што во некој неврзан разговор, а и сама ми има кажано - дека е скроз небитно тоа што се немавме видено 5-6 месеци, а сепак ме почитува и не верува на муабети “рекла-казала’’ во врска со мене. Заради тоа, многу ја ценам!
CIA, една од најлошите и најглупавите работи што може да се направат, е да се запостави другарството заради дечко. Не ја оправдувам другарка ти ни најмалку, нејзиното однесување ми е крајно недозреано. Викни ја на роденденот, сепак сте биде ептен добри другарки, а на неа ако и е дојдено до вашето другарство, самата ќе се освести дека треба да се бори за да го задржи. Во врска со излегувањата, не и се јавувај некое време, не ја викај, ти не си тука само за да и го пополнуваш времето додека дечко и не е слободен. Се надевам дека на време ќе разбере каква грешка прави.
Mислам дека треба да ја поканиш,ако ништо друго барем да си бидеш чиста пред себе.Верувај дека не е ни прва ни последна што ги откачува другарките ради дечкото,а стварно не е фер.До вчера сте биле неразделни,а сега заборава дека постоиш.Убаво ти кажаа и девојките погоре,нека пројде роденденот и после тоа дистанцирај се малку од неа,не ја барај и сл.Доколку навистина и значи вашето другарство и те цени како другарка верувај дека секогаш ќе најде време за тебе
Хм! Да си раскажам за мене иако повеќе не ми е проблем како што ми беше на почетокот. Од бебиња бевме заедно (од 1-2 години), за после 15 години едно машко да не раздвои и да бидеме и да се однесуваме само како познанички. Бевме неразделни, секој ден заедно од сабајле до вечер. Јадевме, пиевме, спиевме (многу пати) заедно. Каде што ќе идеше она идев и јас и обратно. Секој ден се каравме од сабајле и поручек се смирувавме (кога бевме помали). Секоја тајна што ја имав ја знаеше и обратно. Пораснавме малку, тинејџерки станавме и влегувавме заедно во повеќе друштва и никогаш никој не успеа да не раздвои, а многу сакаа, поради тоа што бевме многу поврзани. Се дур не почнавме да свиѓаме машки, да се муваме, да искачаме со машки. Ама сепак и кога она или јас ќе бевме со некое машко, мораше и за другата да има друштво за да не биде сама. И после некој месец (имавме јас 15, она 14 год.) си фати таа дечко, али онака како што е љубовта во тие години, не беше нешто преозбилна. И кога искачаа они двајца заедно и јас со нив бев и за да не се осеќам глупаво имаше и друштво за мене (сепак заедно да бевме). И така помалку од една година беше, што е и нормално почнаа сами да си искачаат и се, ама ја и она сепак или денски или навечер (зависи кога они се гледаа) ние се гледавме. И не знам како она наполни 15 јас 16 почнав јас средно, прекинавме контакт (но не скрос, 3-4 пати месечно дали ќе се видиме во продавница или во маало (бидејќи 3 метра ни се одалечени зградите). Потоа, почнавме ни по маало да не се гледаме, не знам како ама не се погодувавме да се видиме и само преку фб и тоа премалку се допишувавме, а и кога се допишувавме секогаш ја прва морав да пишам. И веќе она и дечко и или се сами или со друштвото на дечко и искачаат. И кога направив друг фб прва неа ја аднав, она сигурно приметила прва ми е ако не го бројам дечко ми. И тоа е тоа, сега брзо ми има пишано она, сум и затребала за нешто, дали уште сум имала, па да и го дадам и толку. А заборавив од 7 одд (она 6то) бевме 3 другарки најдобри и таа третата во средно отиде да учи во друг град и другарка ми за која пишував се ова, ме бара само кога ќе се чуе со другата (кога таа ќе дојде во Скопје) за да искочиме сите три како некогаш што беше, ама никогаш не сме се собрале, а причини и измислици за тоа еден куп . И го пишав ова, за да поделам со вас дел од мојот живот, па може и некои одговори да ми дадете, совети, дали пак да ја побарам или слично. Иако јас мислам џабе ќе е се сега да направам таа си има свој живот, ја свој. Само би сакала ова да и го кажам, се што го пишав погоре и да свати што направила (бидејќи таа не го гледа ова на ист начин, таа сеуште ме смета за некоја иако не за најдобра другарка). И морам ова да го пишам, ако се препознае некоја нека ми пише ЛП бидејќи не знам дали таа за која пишував е член на Фемина .
Женски не ја поканив,ми ѕвонеше кај 9 саатот и јас си викам да ми честита,а она онака да ме прашала што правам...и и викам знаеш ли што е денеска? И ми вика знамм ама се скарав со дечкото И и викам а друго нешто,и ми вика па Валентин е де.И викам роденден ми е бре,и ај ми честиташе...ете она мене зошто ми се јавила,немала што да прави кога се скарала со дечкото,па мене ќе ми ѕвони. Не ми е криво што не ја поканив,а она ако има лице нека се налути,ама нема,зошто знае дека на крајот она ќе настрада,кога ќе и кажам што „другарка“ е.
Епа Циа ,веќе се е јасно што другарка ти е.Така да не вреди на неа никаква енергија да трошиш,зошто не заслужуваш таква другарка,искрено
Луѓе помагајте.. ги загубив долгогодишните пријателки. Ни самата не знам што им направиви. Едноставно престанаа да ме викаат кога излегуваат, а јас да ги викам никогаш не доаѓаат. Да се здружам со други како? Веќе се обидов но сите си имаат свои друштва не можам туку така да им се пикнам. Се обидувам,ќе викнам јас еднаш на кафе , ќе дојди следниот пат по 100 год. Што да правам? Многу сум осамена и тажна. П.С ако има некој осамен како мене на форумов нека ми пише Л.П
Прво врати си го филмот назад да не си погрешила нешто?Можеби некоја се налутила на тебе па сега се другите под нејзино внимание? Разговарај со нив,еве ова што не прашуваш нас кажи му го нив истото,разговарај
Ајде и јас да си го кажам мојот проблем Порано имав најдобра другарка со која буквално делев се, по цели денови бевме заедно, си помагавме за се и сешто, ги знаеше сите мои тајни и јас нејзините, пораснавме заедно, се дружевме повеќе од 10 години... Со текот на времето, јас на некој начин станав поуспешна од неа, во поглед на факултет, семејство, љубов, контакти... Таа полека почна да се оддалечува од мене, и на крај ја снема тотално. Јас упорно ја барав, ужасно ми недостигаше, сеуште ми недостига близината што ја имавме. Јас бев онаа старата, она се смени. Кога сфати што направила, ми се извини, ми призна дека ми била љубоморна итн итн, ме замоли да биде се како порано, и јас жива среќна продолжив ко ништо да не било. После некое време, пак исто, никаде ја нема... Многу се разочарав, но тоа е што е, знам дека таква близина нема да имам со никоја друга другарка, а да бидам искрена, не сакам да бидам повредена повторно. Во последно време, гледам дека машките се многу подобри другари од девојките, затоа сега дечко ми ми е најдобра другарка... се шалам
Имам една најверна другарка, се вика Сара. Ние се дружиме многу. Како сестри сме. Си помагаме секогаш. Но, во последно време почна да ме одбегнува. Јас секој ден ја молам да излегнеме надвор, на кафе или нешто друго, таа секугаш си наоѓа причина зошто не сака. Многу ме нервира Па секако кога таа не сака да излегне не можам јас дома да седам и да се досаѓам. Па почнав да се дружам со две други другарки. Сега повеќе доверба имам во нив. Секој ден сме заедно и тие се многу позабавни од Сара. Тие секугаш наоѓаат време за мене. Секако и јас за нив. Но Сара ми се лути. бидејќи тие три не се сложуваат многу добро. Незнам што да правам. Во главата се ми е испомешано. Да ги заборавам нив две и да продолжам со Сара? или? Или да продолжам да се дружам со сите три? Но така сара постојано ќе ми се лути. Никугаш така не се е однесувала. За се и сешто ми се лути. Како малечко дете. А и не сакам да ја изгумам. За сабота вечер ме поканија и овие две и Сара за да излегнеме. Секогаш ги лажам. За да се оправдам. Не не може така зесекогаш да остане. Би сакала сите четири да одиме но ако отидеме тие ќе се испотепаат. И сега незнам што да правам. Ве молам ПОМОШ!
Никако немој да ги откачуваш тие две! Прво имам едно прашање: дали таа Сара има и други другарки освен тебе, па излегува со нив - а тебе те одбегнува? Немој да се врзуваш за една другарка, колку и да е добра - немој! Јас сум во обратна ситуација Јас имам само една добра другарка, но таа има и друго друштво со кое нон-стоп излегува, а со мене воопшто не излегува. Летото се скаравме заради тоа, бидејки таа е со мене само кога тие не се тука и кога сме на училиште, таа вети дека нема да биде повеќе така, но еве сега гледам дека пак си тера по свое Јас уште од мала се врзав само за неа, имав и други другарки, но со нив не бев толку блиска. Сега таа повторно ме одбегнува за излегување, но сега и јас си најдов други 2 другарки со кои не сум толку блиска, но сепак имам со кого да бидам. Ако Сара и другите две другарки не се поднесуваат обиди се да бидеш и со двете. но во различно време. Тоа јас го барав од мојата другарка, но некао тешко оди На пример ако во сабота излезеш со тие две, недела излези со Сара. Така ни двете не смеат да се лутат Се надевам помогнав
Знаете ли колку е срамно и жално што на ваков начин ќе си направите муабет со некого затоа што толку сум за никаде што немам ниедна единствена другарка/другар/пријател и слично, освен дечко ми. Социјализација-нула. Немам со кого кафе да пијам, немам со кого да поразговарам за било каква тема, освен дечко ми, ама знам дека многу ќе се согласите дека не можеш само со една личност да живееш и комуницираш. Се чувствувам толку осамено и за никаде, не можете ни да знаете колку. Знам, многумина ќе кажете дека денес не постои вистински пријател или другар, дека сите се од корист, лицемерни и слично, и да, знам дека е така, ама не иде човек да остане сам поради тоа. Толку сум очајна за другарка, што може понекогаш и делувам нападно. Ќе запознаам некој, правам се што можам за да помогнам, да им покажам дека сакам да се дружам, дека можат да ми веруваат, ама наместо со пријателство, изгледам зрачам со одбивност. И пак си останувам сама, пак со дечко ми пијам кафе, и пак сум несреќна и осамена, не излегувам никаде, животот ми се врти во круг а времето поминува..... И сега ете, затоа што немам на кого, на вас вака ви се отварам..... Мислам дека ни грдото пајче не ми е рамно..... :'(
И јас си го имам тој проблем,недостик на другарки.И мене ми се случува кога ќе запознаам некој,се обидувам да се покажам во најдобро светло дека сум добра другарка на која може да и се верува дека не сум девојче без култура и слично,ама изгледа на другите им изгледам одбивно,или па сите си имаат друштво и немаат потреба од нови познанства..Или па јас не сум налетала на вистинската,верувајте во секоја нова запзнаена личност гледам другарка со која би можела да се дружам,ама после се разочарувам кога ќе ја откријам подобро ..