И јас само еден договор имам потпишано, а со тек на време плата се зголемувала. Не ми ни текнало на ова. Треба на секое зголемување анекс да се прави?
Да. За да добиеш плата поголема од договорот не ти треба ништо писмено, ќе рече фирмата те наградиле плус. За да ти скрати треба да има на писмено зошто (казна за нешто, каснење на работа пример). Ако напуштиш, законски ти следува само платата што ја имаш црно на бело.
Здраво дечки. Ајде некој што имал исто или слично искуство ако сака да сподели мислење. Дечко ми се вработи на први август во фирма седиште во УК, до 1 ноември требаше да му е пробен период ама сега средина на октомври дојде тој што им е ЦЕО таму и им кажа дека ќе затвараат канцелариите во Скопје и имаат да изработат до први ноември. Другиве негови колеги што се таму по година дена скоро збореле дека им следуваат две плати за ваква ситуација, па сакам да прашам дали и на него би му следувало зошо он уште беше во пробен период или не? Имало некој закон дека чим затвара така задолжен е да им исплати две редовни плати. Фала ви однапред на споделено искуство и мислење.
Важи само ако му го прекинуваат договорот. Ако бил договорот на 3 месеци, само го известиле дека нема да го продолжат.
Мислам дека договорот му е на подолго, ама неофицијално беше дека пробен период му е три месеци. Затоа и прашувам. Инаку фирмата скроз затвара и другиве вработени што се подолго таму ќе си бараат обештетување.
Кратко прашање, ако немаш прекин во стаж ама смениш фирма, може да ти се префрлат стари денови од одмор во новата фирма, или не функционира на тој принцип? Или можеби секоја фирма си има своја политика?
И јас за истово прашував, имав една колешка, и рекоа дека ќе и даат ливче, ама не верувам дека можи новиот работодавачи да даде одмор. Ми нема логика. Ако дознаам ќе пишам.
@bookslover , има ли можност старата фирма да ги исплати? може таа солуција е подобра отколку префрлање.
Може само ако побара годишен одмор, а работодавачот не дозволи, а во меѓувреме работниот однос прекинал без вина на работникот. На друг начин не може со одлука на Уставниот суд. У.бр.200/2008-1
Правило на фирмата демек. Дечково, има 20 дена нели годишен за оваа година. Фирмата му налага, демек правило, 12 дена да користи во лето 2024, а другите после 8 да се искористат до крајот на Мај 2025. Е сеа, од тие 8 треба 2 да се искористат до декември 2024, а 6 треба да останат за до мај 2025. Коа прашал зошто така, шефот му рекол не знам зошто многу прашуваш и се налутил. Сака он да си земе уште денови до Декември 2024 Дали е ова законски? Претпоставувам, ова фирмата си праи како сака, демек за потребите на фирмата. Дали сите имале ист или сличен случај?
Не е демек правило на фирмата, законски мора 12 дена да се искористат од годишниот одмор до 31.12 од кои што 10 дена мора непрекинато во две работни недели. За останатото не е спроведено со закон ама фирмата има право да одредува кога може, а кога не може или колку дена во кој период може да се искористат. Останатите денови не треба да се искористат до крај на мај туку до крај на јуни според закон.