Линкдин профилот си е личен, нема што од ЧР да ти наложуваат. Оди во профилот и разгледај ја видливоста, може да ти е и прилично лимитиран, но да ти стои име на претходна фирма (па конкретно ова да им боди во очи). Не мора да значи дека биле дарежливи, ако реално само она била, зoшто би ја делеле од мнозинството? Малтене се 6 месеци, излегле фер. Али кај нас колеги и колешки одма водат сметка за туѓото.
На друга колешка не и исплатија пошо работела 5 месеци и 28 дена Па се расправаше, прашуваше ама џабе. Така што,очигледно,правилата не важат исто за сите
Дали мора да се оди на Тим Билдинизи? Јас сум затворената личност и не сакам мн дружиби,а не особено со лицемери и лижачи. Знам дека е убаво да се социјализираш, ама....
Не знам во кое општеството живеам. Има една колешка, што стварно е мирна, принципелна, вчера и дадоа отказ и ќе заминува за 3 дена така и договорија. И сеа седиме колегиве, и еден и вели ти си мирна, јас да сум ко тебе, нема да им работам повеќе, нарочно ќе седам и не им ѕвонам на клиентите да и продадам. Ти се познаваат на фаца дека си наивна и мирна. Некако се навреди и и пријдов да и објаснам дека не вреди да се нервира за безвеза муабети и неизживеани луѓе. Не знам зошто само му поќути овој пат.
Тоа и велам. Ама ми вели што има да се мешаат што правам. Е па велам тоа се луѓето овде. Не смееш такава да бидеш, до толку доследна до последен ден.
Сите сме биле вакви на почеток и после кога ќе сфатиш дека фирмите си гледаат за себе, на никој не му е гајле дали ти од таа плата зависиш, едноставно те шиткаат и тоа е тоа. И после си викаш океј како они со мене така јас со нив. И јас не се замарам во отказен рок, особено кога не биле со мене фер ама баш ич. Јас враќам дупло
Не знам ни дали е за тука прашањево и не знам кај да прашам,ако некој знае да ми каже.Имам детенце во октомври полни три години и јас до тогаш имам право да не идам трета смена,дали може да ја тужам фирмата затоа што во месец јуни почнува да ме става трета смена без моја дозвола или ?
За да тужиш треба да имаш докази дека си била приморана да ја прифатиш смената. Не само на муабет, писмени докази дека ти викаат мораш да дојдеш трета смена. А можеш и сега одма да речеш заради член 164 став 2 од Закон за работни односи не давам согласност да работам ноќна смена и повеќе нема да работам ако ме ставите на распоред. Ама да го напишеш писмено, да ти го заведат архивски во фирма дека го примиле ако сакаш да имаш доказ. Си требало да одбиеш од старт, вака кога веќе си одела на работа ноќе ќе тврдат дека си прифатила. Законот вика писмена согласност, ама освен трудова инспекција да им пуштиш и казна да добијат за тоа, мислам дека со тужење нема да постигнеш многу.
Како се справувате со колеги кои не водат грижа за хигиената на работното место? Секое враќање после одмор ми е хаос. Луѓе мене ми е срам да и кажувам дека шољата после одење во тоалет се чисте и никој не е должен г*мната да ти ги чисте, работната маса после правење кафе или јадење се брише од трошки и прашина, компјутерот се забришува кога видеме дека има прашина, кое кај падне таму остане. Веќе не можам и се нервирам само, на праг сум да дадам отказ ама кога помислам заради неа ли? Не вреде. Укажано и е неколку пати ама не реагира. Не сум како неа да живеам како во свињарник и ми смета, ама џабе е. Нејзе од едно уво влезе од друго излезе
Дали ако имаш деца под 3 години ти следуваат плус 2 дена одмор ? Ако е така мене ми е скратено. Пишете ми за сигурно за да се обратам до правна служба. Одморот ми почнува од 20 и гледам 23 дена ми дале, 20 законска рамка, 3 поради сложеност на работни задачи.