1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако ти кажам дека многу зделки се склучуваат на кафиња и по кафани, можеби малку ќе ти влејам доверба :) . Ама ова од искуство ти го кажувам. Колку приватни работи имам склучено по ручеци, кафиња...
    Се зависи од Кодекс на етика на фирма. Ако излезеш избери некое место кое е прометно има луѓе и второ не дозволувај да те чести, сама плати си го кафето или што и да е, да не оставиш погрешен впечаток. Ако те нуди цигара не пали (незнам дали си пушач) ќе свати дека ќе земаш често пауза за пуш цигара :) и др. битно, мобилен на вибрации и во ташна.
    Ајде среќно, крши нога! ;)
     
    На tea1221 и eli25 им се допаѓа ова.
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ме интересира што мислите за еден нов „тренд„ кој го практикуваат извесни сопственици на приватни фирми?

    Имено станува збор за вршење на вакви и слични дејности за нив и во и вон работно време - правење на ручек, пречекување и испраќање на нивните деца на училиште, работење по нивните ниви и косење на тревниците, перење теписи, најновото што го чув - правење ајвар и листата продолжува до недоглед...

    Напомена - вработен си како книговодител, шанкер, продавач или било која друга професија која секако нема допирни точки со наведените дејности. И секако на почеток немаш поим дека под опис на работни задачи некој рачуна дека влегува „и се‘ останато„ по желба на робовладетелот, ова работодавачот кој смета дека треба да си ја „заслужиш„ платата.

    Напомена под реден бр.2 - примерите кои ги наведов не се фикција туку навистина постојат :!: .
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ауф, знам за вакви примери конкретно за една фирма што не сакам да ја спомнам, каде газдите ги користат вработените не само за во погон-каде што им е работното место, туку и за чистење дома, правење зимници... :x На почеток мислев дека не е можно, но кога слушнав лично од вработен, се запрепастив...И кога ја прашав зошто го работи тоа, имаше одговор кој и го очекував-страв од отказ...А и газдите некако умилкувачки ги ''замолувале'' да им помогнат ако сакаат нели, демек да не биде како наредба, а оној кој одбил, за кратко време се знае што му следува...Страшно, но реално...
     
    На tea1221 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Oткако доживев да ми побараат година време да се откажам од приватниот мој живот,и 24 часа да им бидам достапна ним и во недела и во празници,мислев дека нема да доживеам пак нешто слично.Може испаднав будала ама тогаш ја одбив работата со прилично голема плата.Не можам јас без него,без моите.Амбициозна сум,ама сигурно не сум била толку многу како што се мислев.
    Ете сега доживувам да ми кажува дека во скоро време не треба да се мажам или ако се мажам :!: да не ни помислувам на бременост.Ако сум помислувала да му кажам на време дека не ја прифаќам работата,зошто господинот не планирал мене да ме плаќа,а јас да сум седела дома.И што сега?Кога ме праша дали сте мажена-и тоа преку меил зошто заборавил на интервјуто да ме праша,му одговорив дека не сум -моментално.А фала богу,сакам. Е сега ми го пишува рефератот за бременоста уште фали клаузула в договор дека нема да останувам бремена а а ко остананм да му платам оштета!
    Отсабајле се спремам да му пишам фино лепо меил,ама цело време го гасам.
    Еј еј,не треба да ме чуди ништо веќе.
    Јас разбирам ајде приватно е ,си мисли и он на него,ама до толку во крајност одат работите.
    Ми се гади,ама искрено,изреволтирана до макс :puke:

    Едит-испаѓам дежурна на темава :tmi:
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Страшно е ова што се случува... значи им се може на газдите тоа да прават, со оглед на тоа дека денес има луѓе кои би работеле и за минимална плата, без оглед на тоа какво образование имаат, само да земаат плата. Знам дека во ова време секој денар дома е добредојден, ама некој да се изживува врз мене, да му правам зимници и ручеци и да ми диктира кога да се мажам и кога да родам дете е претерано. Ама ние Македончињата сами сме си криви. Толку се цениме себеси.
     
  6. eleni23

    eleni23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2010
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    21
    да постојат
    машиски инжињери ( машки) косат тревници и фарбаат огради, кречат и преместуваат мебел, економисти (женски) бришат прашина, мијат тањири и прозори. Работев во една фирма таква кај еден робовладетел што ем даваше мали плати ем преку недела му работис секој ден по 10 саати без пауза, а за викенд му работиш домашни работи или те праќа на викендица или неговата јахта да му ја средиш и усте ти вика ај ќе ви дадат пари за ручек да си купите ќебапи. МОЛАМ?????? и уште ми ја намали платата на 9 000
    еј 9000 а те третира ко роб и му се качив горе и му реков или ќе ми ја вратиш на старо или си одам, ми вика оди си, си отидов и сл ден ме бараше да се вратам, дека ќе ми ја покачел платата , му викам фала ринтав ко стока не ми ја покачи сега, а башка что ни каснече со плата 2 плати не ми имаче исплатено и бидејѓи не се вратив, никогач не ми ги ни исплати.подалеку од такви роболадетели

    Одмор имавме 2 недели во годината, дали е викенд или празник твој проблем имач 2 недели, па ако сакас да не ти кинат од плата чувај си ги за кога ке се разболис
    и летно време клима до даска нема ке си се потиш, а зимно со цокули на работа ќе си одис оти парно само колку да се смлачи или уопште и го нема па звчера ни пустија нема сега секој ден парно. Ова не харикирам навистина бече така
    клима и парно преку еден ден пуштање.
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ели25, па ти си во многу добра позиција - се` што тој побарал од тебе, го имаш во пишана форма - знаеш ли што се` можеш да направиш со тие мејлови? :wasntme:
    Македонија ИМА закон за вработени, и верувале или не - функционира :) Треба само нерви, трпение, и да не се потпаѓа под влијание (читај: молење, закани, „договор“). Колку да те охрабрам: само во моето опкружување знам 2 жени кои си ја истераа правдата на суд заради неоснован отказ од работа, со целосни плаќања на трошоците, придонесите, дупли плати и обештетување ;)
    Кај тебе е чист пример на дискриминација при вработување....пример за кој многу адвокати би се потепале да го добијат за да им докажат на фирмите дека не се семоќни во своето владеење, а и во последно време е „во мода“ дискриминацијата по било која основа нели :)
    На твое место би ги зачувала и испринтала сите мејлови од дотичниот господин, би му одговорила дека НЕ ЗНАМ КОГА ЌЕ МИ СЕ ПОСРЕЌИ ДА СЕ ОМАЖАМ И СЕ НАДЕВАМ ОСТАНАМ ТРУДНА, и ако ме одбие....се знае каде ќе се гледаме ;)

    Поздрав и со среќа што и да одлучиш!
     
    На tea1221, enca.69, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.714
    Допаѓања:
    122.028
    Moira,како прво премногу глупо од негова страна што ова ми го пиша на меил очигедно немаше храброст во очи.Демек заборавил на интервјуто.Сега е мое да одлучам.Зошто јас веќе работам ама ова ми е шанса за струка.Не му одговарам ништо само пишав-Моментално не сум мажена ,нека си има тој на ум дека моментално не значи засекогаш.Ако продолжи уште еднаш е и јас знам што да му кажам.И мене ми пукна веќе филмот.Ама ајде си велам некој месец искуство на струка а натаму што дал Господ.
    Еве ќе ве известам што ќе биде,оваа или почетокот на наредната недела.
    Ако не си останувам на старата работа.А таман се израдував дека ќе ја сменам |(
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Ели и јас ќе ти пишев исто што и Миора. И мене на 4-5 места ме тераа да потпишам, да да потпишам, дека нема да останам бремена како тазе мажена :o :@ . Ме заболе до срж тоа. На едниот и му кажав дека ќе го пријавам, затоа што е тоа дискриминација, ама јас немав во пишана форма. Можеш да го тужиш, и мој совет да го тужиш. Можеби после неколку добиени случаи вака, ќе им дојде памет.
    Не само што е срамота, тоа е и греота. Јас затоа и не барам друга работа, сега за сега, само тука не ме условија, и знам дека нема да ме шутнат и да останам без здравствено, ако останам бремена. Затоа, седам и покрај тоа што сега имав добри шанси да заминам, ама Мк е ова, на овие работи мора најмногу да се мисли, за жал. Тоа е.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не се обесхрабрувај ели, овој и сличните на него „Господа“ мора да научат дека постојат квалификувани луѓе, кои без разлика од која струка се, си знаат кои им се и правата и обврските во една фирма. Ти веќе имаш работа, не зависиш од него, што значи - имаш време, нерви и пари да го истуркаш ова до крај :) (ако сакаш). Ако не, секогаш можеш да му се заблагодариш, да останиш на местото на кое веќе си и никогаш повеќе да не се видиш со него....изборот е твој и сега, ти пишав и лично - искористи го моментот, консултирај се со луѓе чија работа е да ги исправаат неправдите како твојата :hug:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Ели, не знам но мене воопшто не ми паднаа чудни прашањата што ти ги поставил...Мене буквално на секое интервју ме прашувале дали сум мажена, дали имам дете и дали планирам...Им треба работник, а многу се вработуваат па после некое време остануваат трудни, земаат боледување а фирмата останува без работник...Да си веќе вработена таму, па да ти прават проблеми заради бременост тогаш-да, имаш право и да тужиш, но тоа што прашал, верувај секаде е така...Не треба да е така но...И мене кога ме прашаа реков дека не планирам во најскоро време, за да ме примат нормално, па после што ќе ми прават, сакале-нејќеле, јас заминувам :lol:
     
    На maca99 и eli25 им се допаѓа ова.
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ама во примерот на ели25 не станува збор за „само прашување“, туку директно одбивање врз основа на „идна можна бременост“ |(
    Прашањата околу брак и семејство се лични и интимни, и НИКОЈ нема право да ми се меша во истите, ниту да прашува кога што планирам. Од тој аспект, тоа „секаде е така“ - не го прифаќам, затоа што општо-прифатената пракса не значи и дека е правилна, и кога тогаш ќе мора да се искорени.
    Не ми се случило до сега на интервју да ме прашаат дали сум мажена и дали имам деца, ама ако се случи, мојот одговор ќе биде - Не гледам како е тоа релевантно со мојата квалификуваност :fubar: , па ако сака може слободно и да ме одбие, со тоа ќе ми направи голема услуга :lol:
    И дополнително: знам мајки кои работат многу и далеку повеќе саати од немажени/неженети, тоа е до карактерот и желбата за работа на индивидуата, а не до брачната состојба...
     
    На tea1221, Bozica1980 и Annath им се допаѓа ова.
  13. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    МОИРА,би била во право доколку она веќе работи таму или ја терале да потпише договор во кој стои такво нешто.Јас како што разбрав он само ја потпрашал.А таа веќе има работа,па сега да троши пари по адвокати заради тоа што ја прашале за бременост? Па скоро сите ги прашуваат тоа.Мене за поранешната работа кога бев на интервју ми видо прстен на рака а онака си носев не бев верена,и демек на смешка ми рекоа-А гледаме имате прстен ,може сте верени или мажени :^)
    Дебилно и крајно деградирачки се сложувам и јас.Ете така е во приватно.Диктираат како сакаат.Зошто еве Владата не ги охрабри сите вработени во приватни фирми ,да им даде подршка ,да олесни на некој начин.Зошто нема кампањи пример-еве ова со бременоста конкретно е крајно понижувачко ,па зошто да не се охрабрат граѓаните вработени во приватно сите тие скриени манипулации да ги пријават? Ништо не функционира во државата,и затоа секој си зема за право да ти прави што сака.Со оглед на тоа дека е голема сиромаштија,па луѓето ја оставаат својата гордост за парче леб?Сте помислиле ли на тоа.
    Лесно е некој што има да каже-Ау ќе му се понижувам па кој е он итн.......но јас што живеам со мизерна пензија и конфекциска плата од мајка ми моментално,тоа ми останува избор.А сакам?Саакам да сум понижена?Сакам да наведнувам глава да слушам наредби и слично? КАТЕГОРИЧНО ВЕЛАМ НЕ.
    И јас имам или барем имав гордост и граници.
    Еве во поранешната фирма на чистачката мажот и се разболе,пред смрт.Немаше пари за операција.Едвај и даде директорката 500 ичи 1000 евра и ние вработените дадовме по 1500.Но тие пари што и ги даде директорката не се поклонети за хуманитарност за операцијата,не не,туку тоа и го пресмета како однапред земена плата рачунајте колку години таа нема да зема плата за тие 1000евра што ги зеде да го спаси мажот? Плаче и кука секој ден на работа.И сга да зеде да ја тужи? Која логика,нејзе и требале пари нели така се сведува тоа.Плус што зеде боледување за операцијата,ја тера и недела да доаѓа да чисти а почнала да ја вика и во новата куќа на Водно.
    Не е се така како што изгледа оди тужи! Јас знам дека само на тој начин-со добивање спорови против директорите во приватно ќе се спречи нивниот монопол,иако не целосно,но секоја неможе да тужи! Јас пример немам пари за адвокат нити позади мене стои звучно име,а се знае денес како полесно се добива тужба ;)
    Јас против моќната директорка :lol: Сите адвокати и познати и се пријатели а јас ќе ја тужам,горделивата Маца.
    Само да напоменам дека да не ме сфаќате погрешно дека го подржувам она што се прави во приватното.Не го подржувам ,сум против.Сум плачела кога ми правеле неправди.Сум ги колнела.Ама едноставно сите се влезени во тој монопол а мене кој ќе ми даде подршка да сменам нешто? Сите молчат и трпат.И тоа не е фер.Не е фер животот да.
    Ама кога зависам од тие пари?
    Кога знам како е кога висев на најди работа и вработување
    Кога трчав по интервјуа,и го чекав телефонот д азазвони?Па и не ме удостујоваа да ми одговорат дека сум одбиена,тоа требаше да го претпосатавам сама.
    Алал да им е на оние кои ја истерале правдата до крај
    Ви го кажав случајот со чистачката кај нас.
    Ако не ги зедеше тие пари,може мажот и ќе умреше.Се беше во секунда.И се јавија во болница е,мора итна операција или отиде........И таа требаше ли да биде горделива и да рече-не не ги земам парите,па после да ме понижува уште толку?
    За жал така стана,голема жал.....тоа сите го знаеме а молчиме.Се правиме дека во фирмата кај што работиме не третираат ко крал.Нема шанса да се пожалиме на другарите како не третираат -зошто да ни се сити? Си знаеме ние.
    Мајка ми е образована со факултет.Самохран родител на кој никој не и злезе во пресрет.
    Владејачката само не натера да се пишеме во нивен ред,зошто едиствено на тој начин ќе ја вработеле.Хахах.Поминаа 4 години а ги вработија се знае кој.На мајка ми и остана да работи во конфекција.Знаете ли за кој пари?Срам ми е да кажам :tmi: И сега требаше и таа да биде горделива нели? Со таа мизерна плата го истерува пола месец а со мизерната пензија другиот дел од месецот.Да плати сметки и да зеде нешто храна.Нешто друго?Не,не не останува ништо.Работи некогаш и недели и за државни празници :rock: Кај да се буни што да прави.Експлоатација на човек е тоа.До крај.
    Ме заболе душата кога се враќа дома со мизерното плико пари.Знаете какво и е лицето?Полно очај и беда! Уште таму немој со 4то и 8мо ја вреѓаат и тортура до максимум! Што и вреди факултетот?До кај се спушти?
    Јас се извинувам ако ја згрешив темата.Сакав да ви доловам дека не е се така едноставно како што мислите.Кој доживеал-знае.
    А на Ели,би и рекла ако не ја тераат да потише договор да ја прифати работата.Да ја остави гордоста.аКО Е добра платата работи,па потоа здравје кога ќе дојде бременост ќе видиш што како.Може ќе налеташ на подобро не се знае.
     
    На Dgirlll, sonce777, MSkorpionka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Прашуваат за дали планирате бременост од едноставна причина што во Македонија тудничкото боледување е 9 месеци. Плус ако се познаваш со некој гинеколог уште од 3 месеци ќе те стави на режим ризична бременост и ќе си седиш дома 15 месеци. Сега немојте одма да ми се фрлите дека не е така затоа што пола од моите познанички тоа го направија.
    Па и 9 месеци за компанијата која што само што те вработила се многу богами. Во најголемиот број држави во светот боледувањето е само 3 месеци. Затоа овде на никого нема да му пречи да те прими на работа и да имаш дете после некое време. За малку време ќе те замени некој ама ако те примат и после те нема повеќе од година нема да им е сеедно. А од друга страна сите чекаат да се вработат и после дете да имаат така да на никого не му одговара тоа е.
     
  15. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    И што е лекот според тебе во тој случај?? Да неостануваме трудни само да им угодиме на фирмите каде работиме?А бе ај.
     
  16. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Немам јас решение на проблемот само сакав да кажам зошто во Македонија те прашуваат дали сакаш да имаш дете а во Германија не. Таму имаш трудничко боледување 14 недели и после си се враќаш на работа и на никого не му пречи посебно тоа што ти сакаш дете. Не сваќај лично, ова не го пишувам за да нападнам некого особено што и јас сум идна мајка. Работите треба да се гледаат реално а не само од нашата гледна точка. Еве погледни го графиков и ќе ти стане јасно за што зборувам.
     

    Прикачени фајлови:

    На nena2010 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Навистина катастрофа!
    Место нешто да се смени,сите велиме-така е во приватно.И да така е.
    Беда и мизерија :puke:
    И ајде биди патриот и сакај ја земјата кога она сама те бутка да се иселиш од неа.
    Не се удирам во гради јас веќе.
    Ми стана мизерна оваа држава.Колку и да ја сакам.Ми се оди да ги соберам моите и да ги носам некаде далеку.Само заради најблиските седам тука,зошто не би можела да поднесам разделба со нив.
    Ајт не пишувам веќе зошто ќе треба да се префрлам во темата за Грујо ;)
    Државата е некому мајка-некому маќеа!
    Од каде им се сложуваш за мизерија плати да црнчиш па и ќе те уценува :puke:
    Да не сум останела трудна :headbang: А најтрагично е што ти требаат пари,пар братче,па се сложуваш на се за да живуркаш .И ете им монопол и моќ :muscle:
    Оф оф оф
    Наредно што ќе е-да немам секс можеби,оти така се забременува :^)
    Фуј :puke:
     
  18. taznickaimilicka

    taznickaimilicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    25
    Ве молам за СОВЕТ

    Јас работам во државна администрација. Проблемот е што сега се верив и маж ми е од друг град а работата во друг град. Во тој град има регионално одделение од мојата матична служба, па моето прашање е дали некој ја знае постапката како да се префлам во тоа регионално одделение. Дали има некоја постапка која важи за сите или пак да барам врски како што за се треба во нашата држава или пак најдобро би било со директен разговор со директорот да му ја образложам ситуацијата во која се наогам па ако ми се смилува ОК ако не ке тераме некако со мажулето - виекнд шема :( Со директорот досега не сум стапила во директен контакт и малку ми е страви срам како да закажам состанок со него и да разговарам на таа тема што да му кажам, а по задачите кои ми ги даваат гледам дека тој има доверба во мене, па сега ми е страв ако барам префрлување да не се намали таа доверба. Што мислите вие како да постапам најдобро.
     
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.279
    Допаѓања:
    101.233
    Пол:
    Женски
    Потполно ја сваќам Сесилија. А сега ќе ви кажам зашто. Комапниите не се социјлани установи. Тие работат за профит а вие таму за плата. И сега на никој директор не му се исплати да те вработи и после 2 месеца оп трудна сум. И девет месеци или како што кажа 15 месеци ( и јас знам за вакви случаи кои должат боледувања до година дена кај нас ) он да ти плаќа придонеси и ти лежи лебу да те јадам?? Е затоа ми се допаѓа тоа што направија сега, да мораш да бидеш вработен минимум 6 месеци и да си пријавувам па за зимаш породилно. И според мене не се воопшто деградирачки прашањата. Газдата или директорот не ти е мајка или татко па да му е гајле за тебе како за човек, туку ти е претпоставен и тебе те гледа како работна сила која ќе му помогне да си остварува профит. Инаку и јас немам деца, планирам да ги имам и во фримата каде што работам, пожелно е да се најави бременост одма а не да се чека да се покаже стомачето, за да може да се обучи кадар за месеците кога не си тука.
     
    На cecilia му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.186
    Јас па не го сфаќам таквиот однос на газдите или директорите. Ма колку сака нека е породилното отсуство.

    ОК, треба да сме професионални, на работа да не ги носиме проблемите од дома, не знам уште што се да правиме, и да не одиме на породилно???

    Па луѓе сме! Луѓето прават деца. Природен процес што постои мноооогу пред да постои работата во денешнава форма.

    Со занемарување на човечкото во луѓето - да, краткорочно може да се оствари поголем профит, ама долгорочно се добива нездрава нација, па прави после профит...

    Ако газдата не сака да му одат на породилно вработените, нека вработи 50-годишни. Ама не, тие не се така брзи и мотивирани како младите! Е уште нешто? Да не треба да не си одиме дома за спиење?
     
    На srcekrsacka, missperfect, Moira и 6 други им се допаѓа ова.