Ма небитно што не си најдов работа, и онака дома имам некои обврски. Таман и малку да одморам и да се соземам од ова што ми се случи. А дали доколку бев 6 месеца на работа ќе ме следува к-15 без разлика што си дадов отказ, бидејки за некои 2 недели ќе имав 6месеци?? Инаку пак ќе кажам се срамам што вака направив, којЗнае уште на колку луѓе имаат зборувано Се и сешто за мене, што се не ме имаат направено пред луѓето ...
Ти следувало к-15. И по 6месеци ти следувало целосен год.одмор,иако и при заминување на направени 5месеци ти следеле за секој месец по 2дена одмор,значи 10дена одмор требало да ти дојде како платен. Сепак се ова ќе ти следело ако добро си се договорела со газдрата. А ти си изгиграла отказ со 3дена недоаѓање на работа,експресен отказ. Со спогодбено раскинување на договор за работа си можела да се договориш со газдата еве да доработиш уште 2недели и да ти следи и к-15 и да ти исплати одмор или да те држи приавена ко за цел одмор а ти да не одиш на работа и да ти плати. Си избрзала штом 2недели биле во прашање. А секој ќе зборува за секого. Мене некој да ми зборува само од себе за друг каков работник е,во мој очи ќе губи тој што зборува,а не за оној за кого се зборува. Секој има приказна и секоја приказна има 2страни. Не треба да судиме само гледајќи ја едната страна. Инаку @Batterfly93 за кој маркет вака се потресуваш по 5месеци работа па да треба да се соземаш?
Да, но доколку останев уште две недели за 100€, таман они ќе си одеа на одмор а јас ќе работев и за нив, ии ќе им ја средев цела роба и што на крај ќе испадне, повеќе зијан него ќар. Све ќе им испаднеше како што си планираа они. А свесна сум низ што се поминав, па душа не ми дава како искористена будала да си заминам од таму. Нека ми го платат одморот кој ме следува па за к-15 да сум здрава и жива.
Ако на писмено немаш побарано дека поради заминување сакаш да си ги искористиш законските 10дена за 5месеци по 2дена одмор,џабе ти е сега откако си заминала да бараш. Веќе не ти важи тоа. Ум за друг пат. Искуство повеќе ти е ова.
Јас колку што знам тоа законски ме следува или да го искористам или да ми го платат. Нема што да се бара ако е така ни тие што работат таму нема да добијат ... Мкд и се е возможни ццц
Тие ќе добијат како и секој нов вработен по 6месеци работен однос без прекин годишен одмор откако прво усно ќе се договорат сите кој кога ќе оди на одмор и понесат барање или во правна служба ако ја имаат или кај газда. Да мкд и се е возможно,газди кои ги злоупотребуваат правата на вработени кои не ни отвориле закон за работни односи. Се има. П.С.По закон одмор не се плаќа на трансакциска,се плаќа целосно во склоп на плата додека си во работен однос. И се плаќа како најнормално да одиш на работа само што ти не одиш на работа. Според тебе на кој основ да ти исплати некој одмор кога ти своеволно не си го барала и искористила а? Да работиш уште таму и еве од утре да несакаш да одиш на работа ќе истечат 10дена и после ќе те одјават и така тој одмор ќе ти биде платен со плата како да работиш и половина од месец март. Друг пат биди попретпазлива.
Ахам. Ем работи, ем трчај како коњ и на крај ќе се молиме заслужени пари да добиеме. Кога веќе сме на тој муабет, барем платата која ме следува ќе ја добијам ли?? И какво право имаат од фирмата да повлекуваат пари од мојата сметка? ... и која е причината за да ми ги земаа тие пари, ни знам, ни имам појма??? Каде да бараме правда во мкд... можеби надвор од граници м?
Платата ти следи,но се е можно. Никој нема право да ти зема пари од трансакциска освен извршител ако си кривично осудена да плаќаш пари како казна. Прашај правник на форумов за поконкретен совет.
Плата ми следи али сеуште ја немаа. Ќе чекаме... Инаку многу се нервирам деновиве за тие пари од к-15. За две недели ќе ме следеше цела плата. Зајебала сам се.
Еве едно искуство од неодамна, може малце е подолго ама кој го интересира нека чита. Се вработив во фирма во септември минатата година. Газдата , познајник, сам ме побара да работам кај него, област енергетика , енергетска ефикасност. Плата понуди 15000 јас прифатив со цел да се надградувам во кариерата. Муабети на почетокот имаше многу, дека ќе сме земале многу пари за 1 год ќе сум стигнел до најмалку 30000 ден , дека многу проекти сме имале шо не чекаат. До нова година не ми даваше договор, користеше матна политичка ситуација во државава и ме маткаше. Исплати само 1 плата до нова година, и јас му кажав дека после НГ не ме гледа на раб, ја викна директорката која имаше спремано 30 документи да потпишам за да останам на работа, уствари со то тие сакале само да лапнет некоја пара од USAID, и да ме баталат. Успејаа да направат некако да бидам вработен 1 месец, за да ги лапнат парите, дури и мислам дека имаат и фалсификовано потписи , зошто јас никако не сакав да се потпишам на ниеден документ од понудените (тоа беа менаџерски договори и ако ги потпишеш збогум 3-5 години + фирмата крајно неодговорна а се работеше и со хазардни материјали што на крај јас ќе го кркам ако стане нешто, зошто бев вработен како одговорен инженер). На крај одам во заводот да извадам потврда дека сум невработен, пред некој ден, и ме праша вработената во која фирма бев, кога разбра , ми рече дека човекот е тежок преварант и дека и нив ги има излажано , им монтирал расипана опрема за греење и после не им се јавувал за сервис.
Ако не се појавиш може да те избришат од евиденција. Боље појави се, па можеш да наведеш причини зошто не сакаш да ја прифатиш работата.
Фирмата е "Про-Терм Јове" - Охрид. Има и уште неколку ќерки фирми кои работат на исти принципи. Неуморно работи на добивање на вакви и слични финансии од странски фондови како што се германски GIZ, USAID, IPA и други фондови. Не е ни чудо што толку малце се постигнува со странските фондови тука кај нас, изгледа се во вакви раце паѓаат проектите. Би препорачал одговорните лица за одобрување да ги подигнат стандардите и да спорведуваат подетални анализи на проектите. Само се сифонираат средства и се исплаќаат високи хонорари за одредени лица а на терен само се крпат работите да изгледаат убаво.
а се практикува тоа ?? задолжително е за работодавецот ? бидејки до сега не сум сретнала некој да го практикува ова