Не е задолжително, а и ретко кој работодавач го пресметува во плата, но има и фирми кои го практикуваат, најчесто во здравство, приватните клиники, ординации..
со вакви одговори се осекам као да сум на некој административен шалтер и административката и цел ден ке те шета од канцеларија до канцеларија
Извини го прашував маж ми, а тој шкрт на зборови е треба со клешти да му ги вадиш. Регистрирај се на pravo.org.mk таму ги има сите закони.
незнаев каде да напишам па мислам дека е содветно овде.мојот газда на мене ми кажува дека добро работам,а позади грб им кажувал на колешките дека во мене немало капацитет само сум седела и сум земала пари ништо не сум работела и не сум се замарала.мене многу ми падна тешко зошто тоа не е вистина за работно време мислам дека работам повеќе од другите и сега незнам што да правам дали да продолжам или да барам друга работа.признавам дека еднаш направив грешка и он ми викаше и јас ја прифатив грешката и сега и тоа го кажувал на колешките како да се фали јас и се дерев она се исплаши и тоа уште повеќе ме изнервира.ваше мислење би ми било добродојдено па повелете пишете.
Не дозволувај никој да ти вика без значење што си направила грешка, ако требало нека парично да те казни, но да те понижува не дозволувај, никој не е најден на улица, чувај си го достоинството, во однос дали да напуштиш размисли дали можеш да најдеш во брзо време друга работа и дали имаш се уште корист од сегашното работно место
Џабе закон за минат труд Ги прочитав мислењава и знам за што се работи. Јас имав минат труд околку 12 сати и му реков ми вика ако беше за тоа па на сите ќе требаше да им се плати некој има по 36 сати минат труд НЕНОРМАЛЕН! Исто така два месеци работевме по 10 сати секој ден и на крај 2ипол илјади ни плати Џабе е се во напава држава кога во секој закон има дупка
Минат труд се однесува на години работен стаж, а ти тоа што го пишуваш ако добро сфатив се прекувремени часови
какво боледување? породилно? акое породилно, да треба 6 месеци, а ако е друго боледување лично или за нега на дете нема врска стажот
задолжителна е исплата на минат труд според закон за работни односи член 106 од Законот за работни односи и член 25 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. по 0,5 % за секоја година работен стаж. дури и да си работела 10 години во една фирма а после во друга тој работодавач е задолжен да ти исплаќа минат труд
Сетиозно ова? Бидејки до сега не сум слушнала дека на некому му исплакаат за минат труд (освен тие што се во државни институции вработени)
Дали имам право на одмор ако имам 4 месеци работено у една фирма после дадов отказ, ме одјавија и утредента одма ме пријавија на новото раб место. Знам дека треба да имам 6 месеци за да имам право на одмор ама дали ова се рачуна ко прекини у стажот?
Имаш право на 2 дена одмор за секој месец изминат на работа кај новиот работодавач ако во тековната година не можеш да се стекнеш со право на цел годишен одмор односно после 6 месеца од засновањето на работниот однос. Ако ве интересира нешто дополнително пишете ми во порака.