1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.194
    Затоа мажите ќе имаат предност при вработување ви се допаѓало тоа или не.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Додека си на породилно фирма не ти ги плаќа доприносите и платата туку пари ти стигнуваат на сметка од државата т.е социјално ти ги плаќа. Тука да нема заблуда.
    Единстевно што останува без работник (ама си наоѓа замена, кажано си е погоре убаво).
    Туку, тука се провлекува др. прашање, по завршување на породилно воопшто да не те врати назад на раб. место затоа што му се погодила замената за тебе ( СДКаже дека си лажел за бременост па седи си дома, супер е твојата замена). Е такви работодавци има.
    Мене ми се баш тоа случи. Беше известен за мојата бременост, доведе др. девојка помлада која ја обучив па дури и ме почести 10 дена (ми ги плати а не одев на раб. а немав ризична бременост) и после 9 мес. кога отидов на раб. ми кажа дека нема потреба од мене. Ок, тогаш ќе го убиев, па биди бре човек и кажи нема очи да ти вадам, како сакаш така прави твое си е. Не дека се гледав нешто во иднина на таа работа ама многу неферски од негова страна.....( :!: си најдов јас работа после за 1мес, таман бебушот направи 10мес.).
    По Закон и на татко му следува породилно од 3 мес. - така се вика ама оди кажи таму на некој шеф или работодавец очи ќе ти извади и ќе те направи ненормален :D
     
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Сега,по закон не смее работодавецот да те избрка после породилно,можеш да го тужиш.Значи не ме фаќајте за збор ,ама мислам дека минимум 3месеца после породилно не смее спрема закон да ти даде отказ.
    Знам бидејќи во фирмата имавме една девојка,чија замена повеќе и одговараше на директорката,па не смееше да ја избрка кога се врати и и даде некоја потешка работа (инаку девојката навистина не и се работеше) па така таа не се снајде,и оваа после 3 месеца демек имаше изговор да ја избрка.

    А за ова со бременоста,навистина не оправдувам кога велите дека се во право работодавците! Не ми се верува дека читам дека оправдувате.Јас само сфаќам дека г*от им е зинат за пари а ова за бременоста што го прават е се само човечко не! Ми нема смисла тоа е природна работа,мислам ужас еј :puke:
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не бев осигурана, бев по договор на дело и тоа беше на проект за USAID
     
  5. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Нена, погрешна ти е целосно интерпретацијата на законов, тој е донесен за ФЗО да се заштити од злоупотреби на породилни отсуства од страна на работодавачите т.е. фирмите. Има практика работодавачот да ја „вработи„ некоја своја роднина, комшика и нејм ит бремена позната жена со стомак до гуша за потоа да паднат нејзините трошоци како вработена на сметка на фондот. Затоа го донесоа тој минимум од најмалку 6 месеци претходен стаж кај истиот работодавец бидејќи не знам колку ќе му се исплати да плаќа некоја фиктивно половина година само да и‘ излезе во пресрет да и заврши мала услуга бидејќи треба да исплаќа половина година бруто плата од свој џеб.

    Инаку породилното отсуство е на сметка на ФЗО и од нашите бруто плати секој месец се исплаќа придонес за здравство за да истиот фонд утре ако си бремена или болна не дај Боже ти излезе во пресрет. Значи тоа е од нас за нас и „кутриот„ работодавач не е во никој случај оштетен бидејќи тој исплаќа придонеси и персонален данок кои ти ги должи како вработен и се негова законска обврска.

    Инаку јас сум остро против мешање и на државата и на компаниите во планирањето на семејствата. Ни програми за стимулирање ни такви за намалување не одобрувам од проста причина што сметам дека никој нема право да се меша во нешто толку лично и да, интимно не може да калкулираат со репродукцијата на било кој од нас, мене лично ми е и навредливо дури. Нека си водат грижа и нека планираат за нивните сопруги и толку! Во крајна сметка сигурно било која од нас заслужува година и половина отсуство од работа колку што „чини„ донесувањето на свет 2 дечиња (земам просек значи да се разбереме) бидејќи треба да одработиме најмалку 15 години за да се стекнеме со право на пензија еден ден. И не, не е апсолутно фер кога ќе се вратиш да те пречека отказ бидејќи еј, не си направила ништо ни нелегално ни погрешно! Инаку во однос на должината на рокот верувам дека има и што би се вратиле и пред истекот на рокот макар што ако жената треба да работи три-четири децении од својот живот и тоа како има право на година и половина уживање во мајчинството пак ќе речам моја слободна претпоставка ако се одлучила за 2 дечиња! И работодавецот нема да пропадне притоа инаку до сега не знам како ќе опстоеше светот со сите породилни отсуства!

    Во однос на пролонгирањето неоправдано на боледувањата и сите злоупотреби во смисол пријавувања на ризична бременост во случај кога ја нема итн. слушнав дека ќе биде со новите измени под многу строг надзор целокупното здравство и за секоја извршена проневера ќе одговаараат и докторот и корисникот дури и со затворски казни како опција. Така да во принцип државата која мора да наоѓа начини да се штити себеси бидејќи и онака касата и‘ е вечно празна барем ќе спречи или најмалку ќе намали многу злоупотреби во сферата на здравството.
     
    На lebarka, Moira, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Малверзации имало, има и ќе има, ама тоа нема никаква врска со мојот избор да родам дете кога ЈАС сакав, а не мојот работодавец. Кажав и пак ќе кажам: ИМАМЕ ЗАКОН КОЈ ФУНКЦИОНИРА, и ако сметате дека нешто не е во ред - може да ја истерате правдата со доволно упорност, и ресурси се разбира.

    Не се согласувам со изјавата „Е затоа мажите ќе имаат предност при вработување“ - тоа може да биде правило само кај ниско-свесен и уште пониско образован шовинистички „газда“, затоа што луѓето во последно време не се делат, а и НЕ СМЕАТ да се делат, врз основа на полот, туку на нивното заложување во работата. Не дека сум жена, ама нашата емоционална интелегенција и интуиција и те како можат да бидат предност во раководењето, а станувањето мајка - борбеност до максимум :nod:
    Кој е паметен, може да го искористи тоа до максимум, а не да ме дескриминира оти 9 месеци не сум му била присутна пред очи.
     
    На srcekrsacka, Annath и eli25 им се допаѓа ова.
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Mислам дека ова е соодветната тема да побарам мислење.
    Имено, со колешката која заедно се примавме на работа, уште од самиот почеток некако не се согласувавме. Таа е некако поопуштена со колегите, дури и се гушкаат на работа, постара е од мене 1-2 години, а воопшто не се однесува така. По една година работа, сите колеги видоа која колку вреди :)
    По една година јас останав на породилно, со неа кавгите продолжуваа иако индиректно (ми оставаше писменца на работа, Бог да чува).
    На мое место примаа нова колешка, со која многу си заживеав. Ја ценам многу. Дојде време за свадба, јас од култура ја поканив и оваа што ја примаа со мене на работа. Не дојде на свадбата, со изговор дека немала пари |( ОК, јас си го завршив своето, она во мојот свет веќе не постоеше.
    Ова беше воведот. Сега главното.
    Се вратив на работа и морав да работам и со двете колешки. Еден ден со едната, друг ден со другата. Со оваа што ја примија на мое место, супер ни оди се. Почнав да се однесувам како ништо да не се случило и со онаа што не ми дојде на свадба. Ни збор ми нема споменато за свадбата (што како зошто не дошла), ниту пак јас сакам да ја отварам таа тема.
    Е сега, проблемот е што ПРОЧИТАВ со свои очи како таа се допишува со дечкото со кого одев пред да се запознаам со сопругот. Таму таа ме омаловажува, заедно ме оговараат, пишува дека не можела да ме поднесе, дека сум била глупа, таква, онаква. Оној пак соговорникот нејзин само додавал масло на оганот т.е на целиот муабет. Многу невистини се изнапишани во тој муабет. Ми падна многу криво зошто јас и покрај се, никогаш не и направив лице кога и давав совети, кога таа бара(ше) од мене. Многу пати сум и излегла во пресрет (за заменување на работа и сл), не очекував такви невистини да кажува она за мене. Не знаев дека е до толку НЕчовек!

    Не знам сега како да постапам со неа. Кажав на одговорниот дека повеќе не работам јас со неа (а и одговорниот знае дека она си има проблем во главата со мене). Дали да се соочам со неа и да и кажам дека се прочитав, дека се знам.
    Мајка ми и татко ми ми велат да не се замарам, дека такви прости имало и ќе има.

    Не знам, ептен сум запрепастена од целава ситуација.
    Дел од навредите во спојлер.

    " ne e zdrava
    opasna e samo toa moze da kazam"

    "mani ja tam globa golema e
    jas ic ne mozam da ja podnesam
    ama ic jas takvi podmukli i idiodski lica
    ne sakam
    ne mi ni treba"

    "se na se ona e edno golemo gomno"

    "ona epten bese ocajna da se zene
    ne znam so devojce ke bese
    ona uporno samo gledase nekoj da ja zeme"
    Е ова последново не знам како да го искоментирам, сум била очајна за мажење :x :fubar: мислиш јас стара мома сум била, па сум била очајна за мажење :x
     
  8. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.743
    Допаѓања:
    130.729
    Блонд, мислам дека најдобро е да не и кажуваш ништо. Мислам дека така ништо нема да постигнеш. Ако таква - таква е. Сепак, зачувај ја комуникацијата што си ја начекала, и ако се повтори во иднина, пак зачувај си ја. Едноставно кажано - почни да градиш случај. И тоа не за да и ги покажеш неа, туку на некој од претпоставените, ако има потреба од тоа. Ќе дојде момент, ќе излезе се на виделина.

    И јас сум ситуација која има сличности со твојата, па советот што го добив беше да градам случај, се да си фајлирам, зошто ќе дојде момент кога ќе ми затреба. Макар што јас немам желба воопшто да се замарам.

    Не се замарај со глупости, секаде има идиоти кои ќе се обидат да ти го загорчат животот.
     
    На blond, eli25 и RainBow им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Навистина боли кога ќе прочиташ такви работи за себе,не ми се верува какви идиотски работи прочитав :tmi: Ова е еден знак дека ти си над неа,а таа очигледно го знае тоа па веќе не знае како да се справи со љубомората.
    Јас имав таков сличен проблем-не на работа,со свекрвата и золвата.Еднаш начекав оставен компјутер-т.е. чат на ФБ меѓу мајка и ќерка во која главна тема сум јас.Избрзав и го викнав мојот и направивме драма.Требаше да си премолчам,ама ај веќе бидна.Но таа по тоа не престана со допишувањата.Т.е. и го знам пасвордот-на ФБ(случајно од ливче оставено на маса) и еднаш не можев да издржам да не се уклучам.Откако прочитав уште поголеми глпости за мене и плус за син и,се запрепастив ама решив да молчам.Значи џабе е се,некои луѓе се такви.Решив повеќе да не отварам нејзин профил.
    Муабетот ми беше дека некогаш колку помалку работи знаеме толку подобро.
    А потполно те сфаќам како си се осеќала кога си го видела тоа.А замисли,полоши работи да прочиташе од некој кој ти е во куќа-како на пример јас.
    Молчи си и не и давај до знаење дека знаеш.Не знаеш утре што ќе се смени,па сега засега задржи си ги оние колегијални односи-од твоја страна.
    Сите имаме такви подмолни колеги.
    Имам и јас.Комуникацијата е само кога таа сака,а некогаш навистина ми треба заради работата.Кога се верив,извади муабет на директорите дека сум бремена,за да они лично ме прашаат ,по колегите ширела муабети дека не сум била толку наивна колку што сум изгледала,дека сум кажувала се на директорите за нив-сум била издајница и ред други работи,на кои веќе отрпнав.Не и земам за кусур повеќе,очигледно си има проблем со самата себе,па фрустрациите ги решава преку мене-која ништо не и згреши.Дури и знам многу работи за нејзиното НЕ работење ама си молчам,а таа тоа го знае па знае дека со ме не смее да ја претера,дури некогаш се случува и да ми се јави само да ми се извини.
    Меѓутоа се си има граници.
    Се не се трпи.
    Така Блонд,едноставно игнорирај и комуницирај за работата.Мојавата колешка на почеток од такт ме вадеше,се со цел да се откажам од работата.Едноставно треба да сме силни,а такви беда луѓе имало и ќе има.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Блонд, прво ти си го направила твоето со свадбата. Уште поубаво за тебе што таква особа не ти дошла на таков ден. ;)

    И двајцата слободно може да си се фатат за рака и да се фрлат в река. :lol: СДК дека се од ист калибар.
    Таа љубоморна, завидна, злобна кон тебе (а, може таква е кон повеќето), а бившиот изгледа уште не те преболел или криво му е што си мажена и си го средила животот.
    Кај нас многу од бившите после врската знаат да зборуваат чисти невистини и да те омаловажуваат. Не е тоа ништо ново.
    Што сака нека зборуваат и колку сакаат - тој што те познава нема да им поверува! И не можат да ти го нарушат достоинството!
    Тоа озборување кажува само за нив - какви се и колку не вредат.
    Такви луѓе има и ќе има. За такви не си ги губи нервите. :^)

    Со неа имај исклучително професионален однос (ако можеш да издејствуваш да не работиш со неа, уште поубаво). Ништо повеќе освен работата. Ако те праша или подбуцне нешто, или дојде до караница, немој да се расправаш, културно кажи и дека знаеш се` што таа зборувала против тебе. Дека ја жалиш и дека не е човек. Ништо повеќе. :!:

    Гледај сложувај си се со другата колешка. :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ајде да ти кажам и јас нешто...

    Во моментов сум во ситуација малце комплицирана на работа (не почна од рекла казала, ама неизбежна е нели во подоцнежна фаза :lol: ). И јас како тебе на почетокот без запрепастена. 100 пати преиспитував во главата Зошто некој би се замарал да измислува глупости (не приватни) само за некои одлуки да им изгледаат поткрепени пред останатите вработени. И тогаш, едно сабајле, станав и ги отерав сите у 3 лепе, се дотерав, се нашминкав, си ја ставив најубавата насмевка и им дозволив да ме оговараат ОТПОЗАДИ :wasntme: И фактот што се` уште си ја терам борбата докажува дека сум во право и тоа ми е доволно :)

    Крени ја главата блонд уште повисоко - тоа што некој упорно те оговара значи дека му „сметаш“ во животот, ама од добро, не од лошо :) Тоа што госпожата најде „соговорник“ на нејзино ниво ич да не те тангира - остави ги да си ја трупаат негативната енергија во себе, ко бумеранг ќе им се врати.
    Знам дека е малце потешко да се направи отколку да се каже (го поминувам истото), ама верувај, се` е до состојбата на умот - ако ги игнорираш и успут им се смееш, ќе се јадат уште повеќе оти ќе мислат дека постои нешто што тие не го знаат и ќе тонат се` подлабоко.

    Мисли позитивно за да ти се враќа позитивно. Не ја оговарај пред надредените, не ја куди за глупости, работи си ја работата најдобро што можеш (затоа и си таму нели) и терај си го животот без нервози, имаш сонце дома на кое му требаш позитивна и смирена :) Гледај работата да ти е беспрекорна и секогаш за истата да имаш поткрепа (мејлови, пишани одлуки) за да бидеш чиста, а се` друго е небитно и јас не би го чувала како доказ, пошто само ќе те прави и ти да тонеш во нивните ср*ња....

    Со среќа и само смирено!
     
    На Adelcheto и blond им се допаѓа ова.
  12. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Ви благодарам на сите на советите.

    Сепак, има уште многу работи што се пишувани, кои се неверојатни измислици, само болен ум може да произведе такви нездрави работи.

    (сум ја тепала свекрвата, па затоа мм ме испудил од дома, па татко ми го молел 3 месеци да ме врати назад, и по долго молење ме примал мм назад :rofl: , сум го изневерувала мм, а и тој мене, ама бидејќи немало кој друг да ме земе, сум го трпела :fubar: . Само да напоменам, не е мажена, во долга (отворена :?: ) врска е, можеби од тука излегува нејзината љубомора?! )

    Како и да е, ја знаат сите на работа каква личност е она, веројатно до сега ме има оговарано и кај другите колеги, ама воопшто не се секирам, затоа што како што напоменав, сите ја знаат каква е.

    Моира, иако не ми е такви работното место за да се дотерувам и слично, ама живи здрави кога ќе се вратам на работа за еден месец, ми даде добра идеја како да се однесувам :lol: :rofl:
     
    На Moira и eli25 им се допаѓа ова.
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Блонд такви прости жени ги има секаде и така да не му се многу многу секирај само внимавај и ти да не се испровоцираш и да паднеш на нејзино ниво, да почнеш да зборуваш пред другите за неа, знаеш народот е злобен и на никој неможеш да веруваш и само можеш поголеми проблеми да си направиш. Мој совет тие игнорирај ја али дај и на знаење на индиректен начин дека знаеш за тоа што го пишувала и прави се дека не постои :)
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.001
    Допаѓања:
    11.120
    Добриот работник треба да биде добро платен, ама кај нас не е така, па што ти е гајле , штом ќе анјдеш подбра работа бегаш. Времето е пари, гајле ти е.
     
  15. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    На работа (каде сум веќе месец и половина), сум саботирана од една колешка (која е значително постара од мене). :^)
    Едноставно не ме поднесува, ме гледа како конкуренција, само ме зјапа, ми прави пречки во работата.
    Уште првиот ден кога дојдов на работа се постави така. (Значи не отпосле).

    Приметувам дека и кон другите е таква, ама кон мене најмногу, можеби зошто сум нова и `неуходана` во екипата. :?:

    Потполно ја игнорирам, ама ми има направено проблеми со претпоставениот. :fubar: Не знам за друг начин, освен за деловно комуницирање со неа и ништо повеќе...
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.654
    Допаѓања:
    121.700
    Ран е периодот,сепак дај време и види што ќе биде понатаму.Такви колешки секаде има .И кај нас има една таква,со најголем стаж е од сите,сите не гледа како потенцијална конкуренција,нон стоп клевети,ама мислам и дека директорката ја знае веќе,само ја држи зошти и го лиже га*от и заради таквото лижење работи и некои работи за кој треба да се вработи друг човек,па најверојатно и на двете им одговара.
    Отпрвин,значи исто како тебе,мислев дека само е против мене,ама како се запознавав со колешките сфатив дека со сите е таква.
    Тебе ти останува само коректно да си ја вршиш работата и да си гледаш само за себе и својата плата да си ја заработиш на најдобар начин.Таквите не ти можат ништо,ако веќе си со чиста сметка пред себе како прва,за коректноста на својата работа :)
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не е некој проблем , но се плашам дека во иднина може да настане, затоа решив да побарам мислење и совет од вас.

    Пред извесно време се вработив.
    Е сега шефот што работи одма до нас ( кој води сосема друга работа) постојано иде кај нас, а посебно кога сум јас на смена.
    Почна многу да ме нервира, од далеку се гледа дека е голем женкар, се загледува, а женет е и има семејство. :!:
    Можете да претпоставите за каков човек зборувам.
    Јас се однесувам со него како и со сите други клиенти, ништо посебно.
    Е сега откако видов каков е, многу ме нервира, а лошо е тоа што по неколку пати во денот доаѓа, за без врска демек му треба нешто и заминува. :fubar:
    Скоро ми вели сакам да зборувам нешто со тебе, му велам да кажи што е работата?
    Ми вели ама не сега, ај ако сакаш да збориме на тел, побарај ме еве го тука мојот број , јас целата :^)
    му велам ако сакаш сега прашај и зборувај ако не јас немам никаква потреба да ви се јавувам.

    Е сега не знам дали добро постапив? Што ако продолжи и во иднина со вакви работи? :worried:
    Ај ве молам некој совет, некое ваше искуство на работното место?
     
  18. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    работам во мала фирмичка,имам 2 газдарици(ортачки)и јас сум единствена вработена,и најмногу ме нервира тоа што ми се мешаат во приватниот живот,на пример кога им кажав дека се запишав на правен факултет вонредно почнаа да ми се смеат у фаца,као демек не сум доволно способна да го завршам,дека бил најглупавиот факултет што постои и што го измислиле,да сум отишла одма да се отпишам,абе тотално ме разочарија,ме утепаа,цела недела како мртовец бев,добро што мајками ми даде малку волја,ете денес доагам на работа и едната на другата и вика абе не треба веке по име да ја викаме,правничке ке ја викаме ама така ептен иронично го кажа,незнам зошто ама ич не им е кеф што се запишав,изгледа се плашат дека нема да можам да дојдам да ги заменувам секојпат кога ке им текне како што ми правеа,многупати ме имат понижувано и навредувано,секогаш јас сум крива,нема на кој на мене,повекето работи јас ги извршувам а покачување од никаде,работиме на сите празници,едната цело време се дере и паничи и секогаш е нервозна,секогаш брза и ми се меша во работата демек она се знае а работам повеке од 3 год,секој ден нешто се случува и секој ден со неа е стресен премногу ги преувеличува работите и цело време се сомнева иако мн.пати имам докажано дека нема причина за сомнеж,некогаш дури ми се тресат рацете од нервоза,многу ми влијае,татко ми ми вели да одам на друго место ама незнам прво работно место ми е
     
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Терај си го факултетот ,не се замарја со рекла казала .А и треба да научиш нешто за газдите .Сите газди се исти само телефонскиот број им е различен.Така да немој твоите приватни работи да ги споделуваш лесно со нив и секогаш држи си се на мала дистанца сепак се газди .... + потешко е кога некој ти е газада + колега полоша комбинација нема :puke: .А и еден добронамерен совет не дозволувај да те навредуваат,можеби само за професионално ниво нешто ако не е извршено како што треба ,дека не се знае се погрешило ,шега на твоја сметка за такво нешто но за лично работи дај им до знаење дека не сакаш такво нешто и све у :swear: :swear: отерај ке видиш како ке се променат.
     
    На esperansa777 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    Имаме во канцеларија една Муслиманка, која наскришно си пуши цигари.
    Кога јас со третата колешка (три сме во канцеларијата) одиме по другите канцеларии (поради работата), оваа си зема набрзина да запали цигаре.

    Значи и од нас се крие.

    Ние другите две не пушиме, ама и многу ни пречи зошто целата канцеларија се засмрдува на цигари, целата облека ја засмрдуваме, очигледно е дека внатре е пушено, а таа се прави наудрена. Честопати и ги крие отпушоците под биро, зад компјутер.

    Не знаеме како да и речиме зошто е многу лош карактер, не смее пола збор да и се приговори, на ратна нога е со цела фирма. Ама и со молчење не бива. |(

    Што би направиле вие?