Никако. Нивна работа. Ако сака и 60 дена ке и даде. Ако нејзината работа останува на тебе , мирно и аргументирано побарај да бидеш платена повеќе за недоговорена прекувремена работа тој период . Ако те одбијат, пробај да најдеш компромис .
Работата не е што и дал, туку што се е толку брзо, што работа еден куп има и нема кој да работи. Сега од нас две некој да има не дај боже смртен случај или да треба на лекар да оди, како ќе оди? Минатиот пат поради таква авантура на колешка која бев затрупана со работа и морав да се искарам и да кажам стоп, затоа што не се постига за двајца да се работи, па плус и да забелешки наоѓаат нон стоп. Сега иста песна ќе биде. Таа никого не заменува, а ние сме должни да и ја работиме работата додека ја нема. Плус ова го прави повеќе време. Не е само оваа година. Има поголема плата од нас, а мрза е. Многу лошо. Тотално ќе бидат сериозна и крута. Нека оди кај сака, нека крши глава, ама не сакам плус обврски заради забушанти. Сега викендите мора да и ги работиме ние. На што личи тоа? Фер ли е од газдите? Секако дека не. Прашаа ли дали ние имаме некакви обврски, свадба можеби или слично? Не. ова е дрскост за мене. Веќе и колешката ќе заврпи со мене за замени и слични услуги.
Те разбирам, ама вака само стрес си правиш. Сосем мирно, најмирно кажи им на газдите во соодветен момент, дека се ствара притисок со помалку луге , и дека тие треба да го изменаџираат. Како , нивна ствар. Ти работи си ја ТВОЈАТА работа, а ако треба и нејзината , побарај компензација или слободни денови. И разговарај смирено со нив.
Многу е лошо тоа што ем помалку привилегии имам, ем повече се трудам, ем си го добивам секогаш. Каква е таа колешка што си дозволува аздис од над 30 дена одмор во рок од неополни 7 месеци, па дури и деновиве ми наоѓаше забелешки за работата, пика нос надвор од работно време во мои работи за да ми најде некаква ситна грешка. И вратив дека ако е така сум видела многу нејзини грешки, па ништо, никој ништо не рекол, по што се извини таа. Ме чуди бездушноста на луѓето, безобзирни, дрски, само грабни и бегај. Да земат се што можат, ама да не бидат лојални, да не работат, и слично. Гадови се тоа во моите очи. Мизерни и газдите и таа. Плус другава колешка зема уште помала плата и од мојата, има две деца, и уште не е пријавена. Зарен е должен некој што работи на црно уште и туѓа работа да брка?
Колешката не ти е крива. Така се поставила, може и со врски е таму па затоа привилегии има, а ти нервирај се што има многу работа и нема кој да ја заврши. Како нема? Тања е тука, поштена, вредна, одговорна, лојална. Така и ќе остане додека не смениш ментален склоп и не поставиш граници или не почнеш и ти да забушаваш. Овие карактеристики може да ти донесат успех и напредување во салам фирма во која има атмосфера за такво нешто. Во твојата, колку што те читам досега, таквите како тебе се идеални за искористување максимално. Зошто ти се нервираш кој ќе работи ако една од вас се разболи или нешто друго ве спречи да дојдете на работа? Твоја е фирмата? Не. Имаш право на боледување и одмор? Да. Искористи ги.
Во право си. Газдите се криви. И душа да дадеш за нив џабе. Денеска цел ден изигруваше учителка и ни објаснуваше како треба да се работи. Па ако толку и е за работа, нека седи и работи, не да зема денови нон стоп. Ова е ужас. Ќе имам крајно ладен однос со нив, крајно сериозен. Во прва прилика ќе реагирам. Стока народ бе. Некултура е тоа за мене. И несовесност.
Извинете може не е за овде постот но незнаев каде да прашам Од утре треба да почнам со работа но малата за месец дена ке ја прават операција па ке ми бидат потребни неколку слободни денови дали би ми дале или подобро да не ни почнувам Јас секако утре ке прашам но дали некој имал слично искуство Благодарам
@blessed.an, извини немам искуство, ама јас би го спомнала тоа уште утре на работа, се надевам ќе ти дадат некој ден. Доколку газдите немаат разбирање кога се работи за детенце на операција, не би ни сакала да работам за такви луѓе.
Работам во ресторан во Скопје веќе 4 месеци не сум имала некој поголем проблем со газдите до сега , секогаш сум работела вредно и сум имала почит кон сите надредени и вработени.Сега газдата знае многу пати во текот на денот да се шегува и да се смее што навистина не можеш да определиш кога е сериозен а кога не. Вчера почна со неговите шеги и ме праша дали знам да подесувам маси затоа што имаше маса која се клатеше и таа не беше во мој реон на служење и му реков дека не знам и на шала му реков дека студирам филолошки . човекот се насмеа и после пола саат ми вика ќе те казнам за ова Му реков океј казни ме. Денес бевме поделени кој што и каде да работи и тој од инает го дал мојот реон на друг вработен само за да останам без работа и без бакшиш и да им бидам потрчко на сите останати. Се изнервирав ама на крај си реков океј ќе издржам. Типов на крај доаѓа и ми вика гледаш јас што можам , мојот збор е секогаш последен и ти неможеш со мене буквално ми се потсмеваше. Си заминав кажувајќи им дека напуштам и нема да работам веќе таму. После пола саат менаџерот ми пишува да сум седнала на разговор со другиот газда утре да ја решиме ситуацијата. Плус имам потпишано договор кој вели дека треба да ги известам 15 дена пред поднесување оставка. Што да правам кажете ми а знам дека овој нема да попуштиникогаш тежок човек е .
Ако имаш потпишано изјава за вознемирување на работно место можеш да се понесеш спрема тоа. Месец дена е обично за оставка. На каков договор си пријавена? Јас би ти рекла да покажеш малку заби ако се двајца и се газди не значи дека треба да трпиш.
Го погодило што студираш а не знаеш маса да наместиш. Законски не смее да те преместува без одредена причина. Најди го законот за работничките права на гугл од 2010 и најди го членот каде се укажува дека работодавачот не смее да дозволува вознемирување и исмевање на работното место. Испринтај го тој дел и со полека направен муабет дај му го листот,нека си прочита дебилот. И ако сакаш да си одиш мораш писмено да наведеш која е причината и да го однесеш до секторот на раководители на фирмата. Размисли си добро,прво пробај со другиот газда да ја решиш ситуацијата. Без оглед што е газда си има процедура законска што следи. На крај краева можеш да го пријавиш за вознемирување на работа ако не наидеш на разбирачка со другиот газда.
денес зборев со другиот газда он сака да најде решение ама овој не попушта така да ќе потпишам спогодбено за два саати
Каде да го пријави за вознемирување? Еве јас би за навреди мојот да го пријавам, да извадам принт скринови, ама каде да го пријавам? Никој не работи во оваа држава.
Како да се справам со колешки кои постојано ми изиграваат шефици?! Дури и од шефовите немам толку наредби.Несакам да влагам во кофликт гледам да преќутам но некогаш знам да вратам нешто кратко.Сето тоа мислам е поради тоа што не сум им "интересна" бидејќи си ќутам и си работам.
Многу ќутиш изгледа. Покажи малку заби. Така ти прават затоа што знаат дека ништо нема да им одговориш. А да знаат дека ќе се одбраниш и дека може и ќе ги засрамиш тогаш би размислиле два пати пред да ти кажат нешто. И јас сум се соочила со слични идиотки ама богами јас не попуштам ни најмалку, не да ќе се искарам и ќе се истепам ако треба. Не дозволувам да ми команда кој ќе стигне. Сега веќе немам проблеми бидејќи сум на висока позиција и од мене зависат ама од досегашното искуство само ќе ти споделам совет дека со молчење не се успева. Обично така се однесуваат тие со најмалку квалитети и најниско образование и култура, мора човек да им го покаже местото.