Девојки здраво.....Јас имам еден проблем и се надевам дека пишам во соодветната тема....Почнав на работа веќе една недела како касиерка...таа ми е добро позната работа затоа што имам 3 год искуство со каса.Е сега тука е проблемот што на ова работно место јас треба да примам роба да пуштам роба да спремам фактури промет и сл...Сето тоа го научив за овие неколку дена,но премногу сум несигурна во себе....А сепак ќе го направам тоа како што треба.Се плашам да не нешто згрешам па да им направам некаков проблем или пак се нервирам доколку за некоја работа препрашам еднаш или два пати.Се осекам како да ме гледаат како проста а тие се сите фини што треба за се се тука ништо не ми рекле ама ете јас суж таа .....Јас сакам се да знам ништо да не прашвам а од друга страна знам дека тоа не е можно.Првите неколку дена помислив и да ја напуштам работата од тие причини но си реков седи тука....Некаков совет што да преземам што да направам а имам прекрасна работа ....и некам да ја напуштам
Ќе си побараш обука. И кога ќе назначат некој вработен што ќе ти објаснува ќе си земеш нотес и ќе си ги запишеш сите финти, фактури, промет и нема по 100пати за исти работи да прашуваш или ако прашуваш тоа ќе биде вработениот кој е задолжен на почеток да те обучи. Никој не е сезнаен. На почеток и се очекува да се до-обучуваш да сакаш да научиш, ама па исти прашања по 100пати нема смисла.
Jas posle 5 god dadov otkaz i pocnav da rabotam vo dr firma,neznam dali deka e epten pocetok i sosema druga sredina drugi luge druga rabota nekako se custvuvam prazno osameno bez zelba za rab razocarano ....se nadevam da projde nekoja nedela i ke se izgubi ova grdo custvo
Смеат ли да ти дадат отказ од работа ден за ден? Нели треба да те известат како што треба да известиш бар 2 недели уназат, ако даваш отказ. Притоа си на неодредено време пријавен.
еве ме мене пак... морам да си ја олеснам душата а и да слушнам ваше мислење. Работам заедно со внукот на директорката, 8 часа ги минам со него. Постојано се пазам од него и внимавам што ќе кажам, но 8 часа неможам така да ги издржам не е еден ден. Гледам дека тој цело време следи Се и сите ги кодоши, лаже и само местенки прави, као директор да е. Денес дознав дека нешто што му кажав пренел на други, не се изненадив, но се изнервирав што незнам да си поќутам, т.е. да ќутам 8 часа НЕМОЖАМ. Што би направиле вие да сте на мое место?? Инаку со него се знам уште од факултет и преку него влегов таму, неможам да не разговарам, дрдорлива сум по природа, а и неможам постојано да ги бирам зборовите...
Истото и јас го направив.....Истото чувство го имам....искрено тоа зависи од нас дали ќе се изгуби тоа чувство или не...За жал кај мене пробав секако не се губи барем на ова работно место.....Но кој знае Господ е голем.....Тоа е
Да пробам да објаснам,склучен дог за работа со определно време од 1 месец, и после истекот на тој договор не е обновен со нов но и личноста сеуште се води вработена ...какви привилегии може да се користат во ваква ситуација ,во смисла боледување или слоб ден...
Едно прашање. Напуштам од работното место на 28.2 Ми каснат со плата еден месец значи последната плата треба да ја земам во март. Дека јас ќе бидам одјавена од 1ви дали последната плата ќе може да ми се исплати законски пошто нели веќе ќе бидам одјавена. И ми рекоа да напишам изјава дека своеволно давам отказ дали е тоа исто ок.
Ќе ти ја исплатат. Јас бев слична ситуација. Одјавена на 31.12, а на крај на јануари за декември ми пуштија плата. Нема врска што во март ќе бидеш одјавена. Ок е, ако ако е спогодбен отказот.
Здраво девојки Веке долг период имам нарушен однос со еден вработен во фирмата кај што работам ,цело време го игнорирам но постојано провоцира и со другите колеги се исмејава на моја сметка .Шефот све гледа и си кути ... Работата е што веке им реков дека уште овој месец ке одам на работа и не знам како ке ги трпам уште 23 дена ... кажете што мерки да превземам ?
Девојки ми треба совет. Сакам да си искористам зимски одмор. Работата е што единствената колешка која можеше делумно да ме замени додека не сум тука, е на боледување. Практично нема кој да работи на мое место, а не е возможно да тече работата без документации, фактури итн. Дали мислите дека треба јас да им предложам на директорот и шефот да вработат уште некој, со цел да избегнам непријатни ситуации кога ќе треба на одмор да одам? Или да си молчам па они да си се снаоѓаат како знаат?
Нека се снаоѓаат они, тоа е нивен проблем, тебе ти следува по закон две работни недели неприкинато годишен одмор во тековната година (10 работни дена + 2 работни дена од годишен одмор по твој избор и можеш да си ги поврзеш т.е. 12 работни дена и во нив не се сметаат празници, неработни денови, неделни одмори, боледување) инаку од искуство кажувам има многу работодавачи кои сакаат да го злоупотребат ова право од работен однос кое му припаѓа на работникот, затоа не им попуштајте, ова право законски ви следува секогаш барајте го тоа што законски ви следува.
Бркај си работа, не им се грижи. Во спротивно твојата грижа ќе биде злоупотребена. Кај мене луѓе кои забушаваа, испаднаа ценети. Јас еднаш ден порано се вратив од годишен одмор, затоа што не бев никаде замината, и сакав да помогнам на колеги. Ми вратија после со нафрлање туѓи обврски. Ич да не ти е грижа, нивна работа. Нека си најдат луѓе ако немаат.
Ладно, игнор, а ако не бива, кажи в лице дека се малограѓани штом озборуваат и се измеваат. Јас да сум ќе кажам дека се крајно примитивни. Еднаш колега се впушти да го коментира мојот брачен статус, му реков дека ние сме колеги, не сме другари од војска за да прваиме такви селски муабети на ручек за Нова година пред сите. Како би било јас да ги прашувам глупости, не би личело, па не личи и на нив? Ме прашува пред сите дали сум имала долги врски. Ало бе, што те засега, треба ли пред 10 души да изнесувам интимни детали. Тоа е како јас него да го прашам колку пати неделно има секс? Ако нешто е приватно е за сите. Магариња бе, без осет никаков, и ги ставив на место. Им реков јас сум сериозна, секогаш сум, и не сакам да правам глупави муабети и недолични, кои немаат врска со работа.
На боледување сун 15 ден,дали знае некој колку ке ми скратат од плата Прв пат после 11 години сум на боледување и не знам како се крати од плата
Ова е можеби малку правно прашање, но ценам секаква помош. Дали можам да тужам доколку работодавецот ме има пријавено, но воопшто нема платено надоместок за здравствено и пензиско осигурување? Дадов отказ своеволно, потпишав, но сега гледам дека немам ни ден стаж а немав ни здравствено осигурување. Да додадам, плата на трансакциска ми имаше пуштено само 2 пати.
Да. Си работела без никакво здравствено или пензиско осигурување.Фактички џабе си работела кога во стаж не ти влага, а притоа скраја да е си можела да бидеш повредена на раб. Место а не си имала никакво осигурување кое ќе го покрие тоа.
Ти благодарам. Ме доведоа до страшни нервози, и сега не се откажувам, цела година работев а ден стаж немам. Ќе се консултирам со адвокат, знам дека може да трае процедурата ама спремна сум да чекам.
Со среќа, терај си на своето до крај.Бори си се за правара и не се откажувај Денес тебе- утре на друг/а така ќе направат