Јас пак Дали е ок ако од фирма ми речат дека не можам да си го земам одморот во одреден месец, пример август, поради тоа што тогаш имало многу работа? Малку нелогично ми звучи, едвај си имаме право на некаков одмор, па сега и ова..
Да. Периодот за одмор треба да е по претходно одобрение од газдата, што и е исправно по мене. Замисли да имаш фирма, работа еден куп, а неколку вработени ти побараат одмор. Со договор ќе средите.
Во мојот случај проблемот е малку подетален. Работата која јас ја работам е за 3ца, и постојано има работа за мене. Во тој случај за било кое барање на одмор или слободен ден, мене нема да има некој да ме замени. Спомнато беше дека ќе вработат уште една за да може да се постигнува со работата, ама од тоа сеуште ништо. Јас работам вредно и гледам се да постигнам на време иако тоа е невозможно најчесто. Го разбирам јас и газдата ама мислам логично е да има барем уште една или некој кој би можел да ме замени(како што има 20 души производство, 3 дизајн, 2 транспорт итн). Или пак јас преголеми очекувања сум имала за тоа како функционираат по приватниве фирми
Мораш да имаш одмор од 24 дена, ама не кога сакаш ти, туку кога ќе се договорите. Така е и у државно.
Број на трансакциска сметка и адреса на живеење (поточно потребна е општина на живеење од лична карта)
+ Копија од лична карта заради податоците. (После ќе ја уништат.) М1/М2 од претходното работно место Потврда од пиом за стаж (ако имаш работно искуство заради процентот што се исплаќа за стаж Лекарско за вработување Здравствена книшка ( и ако се пријавува некој пр.деца и од нив книшка) Е сега, зависи која фирма каква практика има, овие се основни.
Образец М1/2 не е потребен на новиот работодавец од претходно, секако ќе има М1 кога ќе ја пријави. Од ПИОМ треба доколку фирмата им исплаќа минат труд кој законски е задолжително да се исплаќа, но има многу што не исплаќаат иако следуваат казни од трудова за ова...
Аа моја грешка, за м1/2 знам многу фирми што бараат, некои бидејќи често се случува да не се одјавени, чисто ради практични причини. Има доста работодавачи кои не запазуваат датуми, од било кои причини, ќе каже ќе го одјави денес па утре ќе го одјави и сл. И се менуваат договори, датуми, и не можеш да почнеш со работа. Добро, некои ни пола од ова не бараат.
Се е до политиката на фирмата. Некој поминува само со тие основните кои ги напишав за да може да помине пријавата. Инаку во врска со одјава/пријава во АВРМ се флексибилни, доколку денес некој однесе одјава/пријава може да го одјави/пријави лицето плус/минус 8 денови (нормално истиот датум да биде наведен во документот за пријава/одјава, потпишан и заверен од страна на работодавецот).
А откако е пријавен, дали работникот има обврска да оди во Агенцијата, да поплнува нешто или нема потреба? Дека претходно разбрав за пред пријавувањто дека треба да се оди, а уствари немаше потреба од тоа, па ме интересира сега откако сум пријавена дали треба дополнително нешто
Закаснив со рокот на пријавување во АВРМ неколку дена, ме избришаа од системот. Сега при вработување дали ќе бидам осигурана, ќе ми тече стаж? Во АВРМ ми рекоа се си останува само што ќе ги немаш активностите кои ги спроведува агецијата. Ама не ми е сигурно каква е ситуацијата
Фирмата каде што ќе се вработиш ќе те осигура и нормално дека ке ти тече стаж, но додека не си ни во биро прјавена, немаш здравствено осигурување, не дај боже да ти затреба.
Како за мене е постов исто Јас работам исто во приватен сектор, ама се е со договор со претпоставениот. Иначе и јас сум сама во мој дел на работа, а работа има секогаш. Пробај да се договориш со газдата
Пред пријавување работен однос во АВРМ од страна на работодавачот работникот има обврска да потпише покана за присуство на интервју по претходен избор од листата на баратели на работа. Доколку лицето не е во евиденција на невработени проблем е да се спроведе постапката, бидејќи основните податоци се земаат оттаму, а потоа се доставуваат документите. Ова е законската процедура за вработување во државни институции (задкулисни игри секако дека има). Немам искуство со приватен сектор и не знам дали оваа постапка се применува таму. Но знам дека едно од прашањата што ми ги поставувале на сите интервјуа беше дали се пријавувам во АВРМ. Откако е пријавен работниот однос, лицето нема потреба од дополнителни обврски во агенцијата.
@poenta Ти благодарам многу на одговорот. Да, така е за државните, но јас сум во приватна фирма и кога го прашав сегашниот шеф дали треба претходно да сум пријавена во Агенцијата, рече нема потреба. А и Даст ми објасни дека е различно за државно/приватно