1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Ве молам за совет. Веќе повеќе од година работам во фирма (угостителска дејност), во која две недели веќе сме без слободен ден, а за викенд (овај што доаѓа) и прва и втора смена ќе треба да останеме повеќе од 13h (без 1 час две смени од по 8h).
    Дали може некаква анонимна претставка до трудовата инспекција да има некакво влијание, ако не нешто друго само да имаат на знаење дека луѓево иако молчат знаат дека имаат свои права. А, таква е организацијата моментално и да и им кажат по две смени седете само зад грб зборуваат никој јавно да се побуни. И уште еден проблем има поврзан со ова за кој не ми се пишува јавно овде.
     
  2. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    Па што продолжуваш да работиш таму дади отказ побарај си нова работа.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. happygirl11

    happygirl11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2018
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Бев два дена, демек да пробам како е и сега во петокот колешка ми кажа остави број главната ќе ти се јави.
    И еве цел ден чекав нема никаков повик барем да каже да ли да одам или не. Нели е така ?
    За 2 дена како ќе процени дали ме бива за таа работа или не
     
    Последна измена: 11 август 2019
  4. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    22.587
    Пол:
    Женски
    Дечки, има фајде од пријавување за неплатена трета смена (по закон) недели, празници, хранарина и све по списак што следува со третата, или пак кој стигна се исповрза со инспекцииве?
    Исто и за неплатена целосна основна плата (онаа која е во основниот договор) без реален изговор?
     
  5. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Мене па основица ми е 12000 во договирот, така да мора да ми ја исплатат. А трета, празници и викенди, така тераат со години, мислам дека ништо не можеме.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  6. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    22.587
    Пол:
    Женски
    Идиоти значи сите по ред... ако пак праша некој зашо бега народ надвор. Чудно е што едно пишува во договор, а на сметка бајаги помалце... изговор - нареден месец ќе земеш повеќе. :?:
     
    На eliesaab, Animali и tina2018 им се допаѓа ова.
  7. TheFlashGirl

    TheFlashGirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Девојки ќе ве замолам за помош и искрено мислење. Веќе 3 години работам во фирма што се оди во смени. Со претпоставената сум во толку голем проблем што од 3 години како работам 2г мислам како отказ да си дадам. Жената едноставно со премногу врски и кај и да се обратам на луѓе што се на повисока позиција ми велат "те разбираме таква е она". Има над 3 колеги избркано од работа(местење,оговарање,лажење)и колегите ко сега јас од толку жалби видоа не видоа си заминаа. Се трудам колку можам да ја избегавам, и само службено да разговарам со неа, но таа на колегите им кажува како јас сум зборувала за нив, и дека тие не работат. Дел од нив добро ја знаат и знаат точно дека лаже, а додека другиот дел не ја познаваат толку добро и и веруваат кога измислува и лаже. Секојдневно трпам нервози и се има случено 4 дена по ред да ја пријавувам за несоодветно однесување и се го добивам тој ист одговор дека таква е она. И кога ќе разговараат со неа да си го промени однесувањето таа станува бетер. И за мене последно шо рекла е дека неможе да ме гледа и да сум се задоволела со тоа што моите родители ми овозможуваат. Овој проблем започна кога мене за кратко време ме унапредија (иако сум многу под неа) иако јас со труд и посветеност се качив едно скалило погоре, а многу подоле од нејзината позиција. Никогаш потоа немам аплицирано за нешто повеќе од тоа што сум затоа од кога ми е она претпоставена тапкам во место. Ама мене не ми е битно тоа, туку тоа што моментално го работам сакам да го работам без тоа да ме вреѓа дека не работам. И кога побарав да ме преместат кај друга претпоставена се крена врева од неа и почна на многу повисоко да влијае да ме омрази за да не ме примат во друга смена. Вредна сум и работам, паузата од 30мин сама си ја кратам на 20мин и сите обврски си ги завршувам дури и пред време, но се е залудно.Стварно ми значи работава и пред се ми треба. Од свои 18 години работам, некогаш и сезонски работи таман најдов фирма со полно работно време осигурана и здраствено се ок ама женава е премногу опседната со мене како што беше и со предходните колеги што си заминаа ради неа.
     
    Последна измена: 16 август 2019
  8. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки

    Препознавам мобинг, пријави ја за мобинг кај работодавачот, но од друга страна штом таа е блиска до работодавачот (директорот) не верувам дека ќе има ефект, туку возможно е да има контра ефект да ви го откажат договорот за вработување од деловни причини, а вам ви значи работата, затоа единствено решение е да игнорираш, или да бараш друга работа, за жал..
     
    На TheFlashGirl и Trepki им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.130
    Допаѓања:
    10.723
    Пол:
    Женски
    Затоа што веќе си пробала на правилниот начин да се справиш со ситуацијата, да ја пријавиш на надлежните, и тоа не функционирало, мојот совет е да си бараш друга работа. Дури и да се средат работите и наредните 10 години да ги поминеш во оваа фирма, колку повеќе напредуваш толку полошо таа ќе те третира. Јас сум цврст поборник на тоа дека условите на работното место се многу поважни од платата или функцијата. Ако ти е психички терор да одиш на работа, реагирај на време зошто ниедно работно место не вреди за твоето здравје.
    Барај си друга работа. Не по секоја цена да заминеш, ама верувам дека ако се посветиш неколку месеца ќе си најдеш нешто што ти одговара. Со среќа.
     
    На TheFlashGirl и Alita им се допаѓа ова.
  10. Mimmi39

    Mimmi39 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2017
    Пораки:
    1.627
    Допаѓања:
    4.146
    Пол:
    Женски
    Ако навистина си ја сакаш работата, само игнор. Смешкај и се, не покажувај дека те нервира, изгради ѕид околу себе, па што сака нека зборува.
    Паузата не си ја крати. Користи го тоа што ти следува. На вредниот никој не му кажува благодарам за сработеното.
    Биди поумна од неа.
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda и TheFlashGirl им се допаѓа ова.
  11. TheFlashGirl

    TheFlashGirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам ❤️

    Фала ти❤️

    Фала на мислењето❤️ За некое време пак ќе напишам објава да видам што ќе се случи во меѓувреме
     
    Последна измена од модератор: 16 август 2019
    На Forca и Mimmi39 им се допаѓа ова.
  12. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски
    Ќе ми биде мило ако за ситуацијава ми даде одговор некој, кој е претпоставен.

    Имам договор на 3 месеци, ми останува уште 1, дали е во ред, да зборувам отворено и да прашам каков план имаат во врска со мене, дали има шанси да останам или не, и дали е добра идејата да кажам при разговор дека сметам дека треба да останам поради тоа и тоа...да наведам на се' што имам работено досега.

    Како би изреагирале?
     
    На TheFlashGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Среќата ги прати храбрите, биди храбра и разговарај отворено, ќе знаеш на што си, и ако немаат во план да ви го продолжат договорот ќе можеш во тој еден месец што ти преостанува за работа, да си бараш друга работа, и воедно да не им посветуваш толку внимание затоа што ќе знаеш однапред дека ќе биде залудно.
     
    На tina2018, honey.11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  14. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Според закон за работни односи тие ако не планираат да те задржат треба месец дена однапред да те известат дека по тие 3месеци ти завршува работниот однос исто како што и ти треба да го испочитуваш отказниот рок(зависи во договорот колку дена ти е отказен рок) кога би сакала да си заминеш.
    Но фирмите кај нас знаат и на ден пред истек да ти кажат од утре не доаѓај ти завршува договорот. Затоа и даваат договор на такво кратко време. Инаку во деловниот свет ако следен договор ти е на 6месеци па 1година значи дека се задоволни од тебе. Ама ако ти даваат договор на 3месеци па месец, па 3, значи не те сметаат за траен вработен во фирма туку гледаат да те држат на определено во месеци за да ти даваш постојано максимум а за возврат не добиваш ништо загарантирано како договор на неопределено пример.
    Иако побарај да разговараш со претпоставен, ама ќе те насочи за таков разговор со директор/ка.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheFlashGirl

    TheFlashGirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Можеш да разговараш и да знаеш на што си :) Најпаметно би било тоа, и јас да сум на твое место така би постапила :)
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    972
    Пол:
    Женски

    како нож со 2 острици.... не знам ни ја веќе шо е и дали е правилно
     
    На TheFlashGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TheFlashGirl

    TheFlashGirl Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2019
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Знам како ти е. Они за отказ не ги информираат вработените унапред, а ние ако даваме отказ мора две недели да останеме на работа по отказот... Некаде и 1 месец...
     
    На Nigredo Odor и tina2018 им се допаѓа ова.
  18. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2017
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    86
    Совет околу одреден проблем на раб. место во inbox aко можи?
     
  19. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Здраво, распоред имам за месецов за 181 саат, 2 и 3 смена, веќе сум уморна. Плата 15000. Како да се опраам со дир и шеф кои викаат дека нема кој да работи и дека ми следуваат само 8 дена слободни и дека многу барам. Друг начин освен да си одам? А не сум само јас во таа ситуација. Позз
     
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.803
    Пол:
    Женски
    Не бараш премногу но ниту еден совет на основ на само ова напишано нема са е соодветен.
    Ете имаш 5 саати повеќе работно време,но многу зависи што работиш и што си се договорила пред да почнеш да работиш.

    Вон постот.
    Доколку некој смета дека не е соодветно платен пистои и опцијата за наоѓање подобра.
    Точно дека работодавците скршнуваат од правата на работниците и сум против тоа но доста често и истото цажи за работникот.
    Ете чист пример се членовите од
    Форум кои се по цели смени активни овде.
    Изговорите обично се деја сработиле се, или сработике повеке ид колешките.
    Па дај ако си толку голем работник, напрај договор на четири саати и нека те плака рабитидавачот за четири само. Па после оди на уште едно и таму биди вредна наместо за соодветни осум ти сработи се за летири, земи си парички како за четири и оди си.

    Денеска тешко се наоѓа добар работник. Исто и работодавач.
    А мудрувачи колку сакаш.
    Земи отвори приватно свое па седи по цел ден на интернет да те видам.
    Тогаш изговорите ќе се други.