1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Кога ви доаѓа шефот во канц. не приметува?

    Ако таа не го почитува законот значи и дека некој друг не го почитува во фирмата па се вади на таа карта. Колку и да има лош карактер колегијално е да се договорите сите 3. Нека пуши на прозор ако толку сака и ја мрзи да излезе надвор.
    Ако ве фати инспекција да знаете дека одговарате сите 3. Или договорите се со неа или со шефот :$
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    И тој ја знае колку тежок карактер има, и односот не им е најубав, никогаш за ништо не се разбрале.

    Тој кај нас доаѓа преретко в канцеларија, за се одиме ние кај него.
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Па зошто ја држи како вработена ако не се разбира со неа, не извршува раб. задачи и не почитува закон за пушење? Сигурно е некоја државна инст. затоа што ова приватњак не го трпи или е близок роднина на ,,газдата,,.
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    921
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Нова сум на формумов, ми треба ваша помош, коментар било што. Морам да се испразнам некаде. Работам веке 5 години тука. Пред 2 години дојде една типка,кај мене во канцеларија, веднаш почнаа да ја форсираат, патувања проекти, пари и сега стана и моја шефица. Значи има огромна позадина и има кој да ја штити. Ние најубаво најкултурно се однесуваме со неа и правев услуги, имавме ок однос. Пред некое време таа почна да не малтретира без причина да ни наметнува невистини и лаги дека не работиме, дека сме го трошеле залудно работното време.Дека задачите кои ни биле дадени не биле завршени-што не е точно. Заедно отидовме кај директорката и сите овие лаги безмислосно ги кажуваше. ЗАмилете таа ми чепкала во компјутер и ми читала приватни маилови што чат пат сме се зафркавале со еден колега. На секој начин сака да не уништи, особено мене дури и побара да ме префрлеле на друго место. Не знам што да правам.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Колку јако нејзиното ,,НЕ,, толку јако нека биде твоето ,,ДА,,. Цврсто брани си го твојот став. Очигледно лечи комплекси врз тебе и ти завидува. Работи си ја твојата задача и свиркај си. Тој шеф/директор знае дека ако ти не ја завршиш твојата работа таа сигурно нема, зашто е зафатена со изигравање на шефица на тебе.
    Прекршување на правила е ако ти чепка во приватен мејл, многу ниско а уште по јадно што те цинкарела на шефот за тоа. Ако е ферплеј директорот и не е нејзин играч т.е е.ач :wasntme: таа самата си има запишано негативни бодови што се бламира пред директорот кој има еден куп други обврски и побитни проблеми отколку неа да ја слуша што се замара со приватни работи на вработените. Ако сака да те тргне од нејзин сектор нека бара на пристоен и нормален начин а не да изиграва кловн.
    Гледај си ја твојата работа и ич да не те тангира. Кога тогаш квалитетот излегува на површина ;)
     
    На coconaut му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    вака имам едно прашање за сите феминки и се надевам ке се најде некој што ке ми одговори но ве молам побргу зошто неможам повеке да се нервирам .Е вака работев на едно место на пола работно време и сега фирмата се затвори а нас ни останаа должни по две плати значи за септември и октомври им ѕвонам на телефон ама не ми креваат.На колешката пред некој ден и се јави матичната докторка и и кажа дека не осигурана веке три недели од прилика значи ние последните недели не сме ни биле осигурани и сега сакам да ги пријавам да си платат казна и нормално да си ги земеме и ние парите е сеа сакам да прашам каде можам да ги пријавам и што треба да кажам дали е можно да неплатат казна бидејки фирмата веке е зтворена е сега незнам дали е под стечај или како благодарам од напред
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ако си била осигурана некое време оди во агенцијата за вработуванје и нека ти дадат извештај од ког адо кога си била во работен однос во таа фирма имаш опција со тој адокумент по судски пат да си ги бараш 2 плати или да ги пријавис ти ти твоите колеги во полиција кај инспектор кој е кај вас криминален или да одите кај трудовиот инспектор и да си кажете што и како е па они ке ве советуваат што и како понатаму кои се вашите права и како да си ги добиете
    ова гарант е некоја конфекција само они знаат вака да заебат :D :D :D
     
  8. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    не не е конфекција кафич е се мислев утре да одам до ссм да ми кажат што да правам или да ги пријавам на оној бројот што е за пријави неправилности не ми се оди кај трудовите бидејки имаат врски и таму сакаме да ги пријавиме дирекно во ск барем казна да си платат бидејки не излегоа луге :devil:
     
  9. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    тешко да си платат казна побргу ти би останала без твоите пари отколку да си платат казна глуп е закнот а они си го изгласаа како со им одговараше на нив оти и они се тиа што имаат фирми според мене нели помине плата до 15 секој месец одма пломба ставање бре а не ако не помине му ја блокира ујп сметката и шо фајде ако му е блокирана сметката ти пак без пари ке си останиш или пријави ги ти и башка колегите нека пријават на тој бројот што е или оди до кај трудовите инспектори онака само прашај кои се твоите права во кој правец да тераш кој закон те штити тебе и како гласи
    по судцки пат ако си ги бараш платите ке си ги бараш додека си била осигурана а велиш уназад 3 недели си одјавена со значи пшо суд ке бараш само една плата а не се исплака да плакаш адвокат и рошоци за една плата
     
  10. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за кој град се работи ако не е тајна??? :tmi:
     
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    За да оди во стечај (бидејќи има неплатени придонеси на вработени) мора од УЈП да земе потврда дека сите давачки (даноци, придонеси, фирмарина...) кон државата и се платени. А за да ја земе таа потврда прво доаѓа инспекција под дифолт и гледа како е книжено. Ако има неправилности ќе и насамари да си плати данок и камата и тек потоа да оди во ликвидација. Ако нема пари да плати тогаш од оснивачки влог се формира стечајна маса и со нејзина распродажба се подмируваат давачките. Значи, придонеси кои поминуваат преку УЈП ќе мора да си ги плати кога тогаш, само прашање е на време.
    Во меѓувреме можеш да пријавиш во инспекција во УЈП, ама мислам дека тие веќе знаат затоа што ако доцни 45 дена од уплата на придонеси праќаат прво опомени а потоа автоматски ја блокираат фирмата.
    За да знаеш дали е под стечај тоа само ако го знаеш даночен број и да прашаш во Централен регистар или УЈП.
    Ти потпиша некакво отказно решение? Ако не си потпишала тогаш илегално си одјавена т.е некој друг место тебе потпишал и за тоа можеш да се жалиш во трудова инспекција или газдата да го заплашиш со адвокат кој ќе му насамари дека кривично ќе одговара што те одјавил без твој потпис и не ти исплатил испратнина, платени придонеси.....
     
    На tea1221, mjauuuuuu и Abeja им се допаѓа ова.
  12. mjauuuuuu

    mjauuuuuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2012
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    64
    фала многу ние немаме ништо потпишано ниту јас ниту колешката сега ке одам да се распрашам да видам што можам да направам јас секако нема да можам да ги земам сите пари бидејки бев пријавена на пола а работев полно работно време ама за тие пари што нема да ги земам сакам да си плати казна :devil:
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    пред малку се изнервирав :@ кога го видов листот полн со обврски кои треба да ги завршам денес,а 13 часа сум на работа,мислам покрај тие што веке ми ги дадоа вчера има плус уште 4 работи,во последно време премногу очекуваат од мене а кратко е времето неможам ни за 20 часа да ги завршам работите ;( ,а кога тие се на работа си викаат пријателки да им прават друштво,си пијат кафенце,а кога сум јас ме потрупуваат со обврски,а ако не ги завршам чувствувам грижа на совест ми е страв и сигурно ке ми проговорат зошто не сум ги завршила,минатиот пат следниот ден дојдов порано за да ги довршам,ужас се чувствувам како пепелкашка,да се фатам за работа :|
     
  14. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање, не знам дали е за овде.

    Дали е можно фирмата да плаќа неколку месеци само придонеси на вработените, а остатокот од платата да не го исплаќа? Законски дали е ова дозволено, сите придонеси да се регулирани освен платата?

    Се надевам ќе се најде некој поинформиран да каже нешто повеќе ако знае, зашто дојде нож под грло :(
     
  15. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.991
    Колку што знам законски тоа не е можно.Тој мора да префрли бруто плата на банка од која што задржуваат придонеси,а остатокот мора да легни на сметка кај вработените.Може да не се платат допридонеси и плата,а платат не може.
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  16. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    до пред 3 години отприлика не ме факај за збор со закон беше дозволено да си поминат придонеси а плата не а потоа го споија сето заедно и сега не се дели ако плака ке плака и придонеси и плата е сега проблем мозе да испадне да ти помине многу мала плата 2000-3000 денари ке написи дека си имала 3 работни дена и ке израцина од дневница или од час и ке те помине и со 1000 денари
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    Здраво,ми треба совет.
    Најдов работа во стоматолошка орд како сестра,се се договоривме и плата и превоз,требаше само документите да му ги однесам.И кога стигнав дома ми звони докторот и ми вели-еј уште нешто заборавив да ти кажам,ќе мора да ми потпишеш дека 2 години нема да останеш бремена :o
    Му реков не фала,е сега прашањето ми е дали можам некаде да го пријавам ? Пошто го имам тоа и на меил,ми прати како отприлика ќе изгледа договорот :?:
    Или да не се замарам :(
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    мислам дека можеш во трудова инспекција таму ги заштитуваат правата на вработените, во овој случај е еде вид на дискриминација. можат да му пратат инспекција и д аго казната ко нешто има што не е во ред. друго незнам дали би можела да превземиш. само не очекувај да те примат таму на работа лол.
     
    На mima83 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mima83

    mima83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    57
    и јас си помислив на трудова,инаку не фала нема да работам кај таков дебил,само сакам да го пријавам ,пошто навистина ме изнервира :swear:
     
  20. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    незнам како да го поставам проблемот а да не звучам лошо....

    оние што ме знаат, знаат дека работам во фирмава неколку години, имам една поважна позицја и добра плата која се касни со месеци. толерирам се, прифаќам се, работам како за своја фирма и не гледам на саат. газдата ме сака ме почитува немам никаков проблем.

    е сега после толку време жената на газдава реши да се вмеша во работата и сето она што го договаравме и планиравме за бизнис планот и функционирањето на фирмата сега се промени.

    сега ќе се меша во мојата работа и сигурна сум дека ќе ми создаде милион обврски кои се непрофитабилни. како и да е кога ми соопштува одлуки поврзани со фирмава и неа коста ми се крева у вис, ама нормално ја почитувам неговата одлука. не сум љубоморна ни ништо само знам дека не ме сака одбива да кумуницира со мене а ќе мора да соработуваме. мојата нетрпеливост не ја искажувам на никаков начин фина сум, културна и професионална но се плашам за во иднина. некој да сподели искуство како да е да се работи со жената на газдата и на кои работи да се внимава ?