Не можам во Закон да најдам, а ми спомнаа дека сега после 2 год договор на определено, следи договор на неопределено... Имате инфо за ова?
После 5 години континуирано продолжување на договор во една фирма под дифолт следи договор на неопределено. Претходно само доколку се договорат двете страни.
Здраво сакам да прашам вака имам случај работам на определено време значи договор ми истекува на 31,12 и сега сакат да потпишам за неопределено време договор но ми велат дека треба прво да ме одјават со 31.12. а да ме пријават со 01.01 дали ќе имам прекин ? односно да нема некој трик со ова зар не може ист ден ? Фалааа ви однапред
Јас кога потпишував договори на определено, на 6 месеци или 1 година, ниту еднаш не ме одјавија и на ново да ме пријават, се си течеше со првобитната пријава во АВРМ. Ама за неопределено не знам како е. Може стварно треба прво одјава, па после пријава на неопределено. Инаку нема врска што е 1ви, можат неколку дена унапред да средат пријава со датум 1ви. Прекин нема да имаш, исто како кога ќе промениш раб. место, ако веднаш другиот ден почнеш на ново нема прекин.
Немаш прекин пошто си одма со 1ви пријавена. Прекин би имала кога би била пријавена со 2ри Јануар. Нема врска што е 1ви јануар, електронски иде пријавата.
Ај кога не знаеш нешто, остани воздржан. Не е ова тема за колку да се најдеш у муабет и да шириш дезинформации
Добро, не мора одма да ме вреѓаш. Си кажав мислење. Не мора да значи дека до моето треба да се држи. Па и ти колку информации си кажала што може не се точни, па никогаш не сум ти рекол нешто, а и другиве не ти се ибраќаат како ти со мене сега.
Секоја информација што ја имам дадено овде е точна. Твојата дезинформација може скапо да ја чини, дали е оваа или некоја наредна. И не те извреѓав.
Трик. Нема никаква врска скрос лага. Гледај на тоа вака. Работиш во една фирма 5 годинина определено и мораат да ти го продолжат договорот на неопределено после 5 години. Те одјавуваат на 4 год и 5 месеци на 1 ден, и уствари тебе не може да те заштити законот не си исполнала услов од 5 години. Не знам зошто никој не спомнал погоре, пријавувањето оди еден ден покасно. Ако одам денес во агенција за вработување, пријавена сум од утре. Не дека утре ќе те пријават. Денес ќе те пријават. Ама од утре ќе ти важи. Значи ако те пријават на 1ви, ќе ти важи од 2ри и ќе имаш 1 ден прекин. Видете си сите на вашите м1м2 образци што ви пишува, кај датум на задолжително социјално осигурување пишува еден датум (кога ви почнала да важи пријавата) а подолу кај датум на договор еден ден поназад (кога ве пријавиле во аврм)
На 31ви ако ја одјават и на 1ви ја пријават пријавата почнува да и важи од 2ри, значи 1ви ќе и биде празен. Пријавата почнува да важи ден потоа од како ќе однесеш документи во аврм.
Да, ама ако ја пријават истиот ден. Можеби и тоа сакале да и кажат, а можеби сакале да и кажат дека ќе поднесат пријава на 1ви, а членката се согласила без да знае дека пријавувањето почнува да важи ден покасно. Нека го знае ова и нека ги праша кога планираат да ја пријават. Меѓутоа ќе и кажеле ќе те пријавиме истиот ден ако мислеле така, затоа мислам дека е трик.
Ако си на определено, мора да те одјават и повторно пријават за да бидеш на неопределено. Едноставно тие се третираат како две различни работни места. А дека мора да има пауза, апсолутно не мора. Е сега бидејќи се паѓа празник не знам како тоа се води. Зошто да не те одјават на 30 и пријават на 31.12 за да се избегне овој проблем?
На 31ви ќе ја одјават кон крај на работно време на правна служба и ќе и важи пријавата како од 1ви да и почнува работен однос на неопределено. Сега се се средува со електронска пријава/одјава. @Anaouou не се грижи, нема да имаш прекин. Одјава и пријава не може во ист ден, мора последователен ден да е како што ти рекле одјава 31ви и последователен ден 1ви како нов датум за започнување на нов договор.
Може во фирмата каде што работиш имаат колективен договор каде што е наведено дека по 2години договор на определено следи договор на неопределено, така да најдобро да прашаш во правна служба дали има фирмата таков договор. Инаку точно ти одговорила @senza.parole дека по 5години договор на определено следува договор на неопределено иако следнава година би требало да има законски измени и да се намали временскиот рок на договорите за вработување на определено за да работниот однос се трансформира во таков на неопределено време. Измената ќе биде или по 1година како што бара синдикатот или по 3години како што бара организација на работодавачи па да чекаме да видиме каква ќе биде конечната промена.