Што би направиле кога колешките зборуваат лошо за вас кај надредениот? Пред некој ден случајно кроз муабет со шефицата ми вели: долго си тука од другите дознав дека имаш искуство за таа задача,јас велам само што почнав да го работам тоа,се изненади и велам еве ја старата шефица прашајте,и она о потврди дека ја зборам вистината. Не ми се е јасно какви се тоа интриги, работам само еден ден,вака спрема мене се супер,муабет,кафе, се чистиме а зад грб размислувам за отказ,ама барем да имам резервна работа вака што. Како би реагирале дали би рекле нешто или да се правам дека незнам.
Секаде има такви игри. Ако немаш друга опција, мој совет ти е да игнорираш, да се правиш како ништо никој да не кажал и што подалеку од колегите. На дистанца е подобро, а тие што сакаат нека зборуваат. Немој од одма да мислиш на отказ. Секаде има проблеми, каде и да отидеш ќе се најде некој “паметен”.
Да но јас работам еден ден во неделата,додека они се секој ден,и повеќе време се во фирмата,јас една година,нова ни е шефицата и нормално дека ќе им верува ном повеќе,јас сум на испитот но ме нервира што сум под лупа се трудам и работам,ама ќодошење, да зборуваат лошо зад грб, не мо е јасно,секако не им ја преземам работата,јас сум на испомош таму. Интриги,на никој денес да не веруваш,нема пријателство, ете такво време дојде. П.с. секако сум на дистанца,општо муабет,ни трачарам а пак најмалку имам нападнато некоја колешка,гледам да завршам работа,се трудам максимално ,ама ако ништо ми р што излезе вистината ,дека не можам ништо.
Здраво вака сега јас работам на клиника како хигиеничарка во државна болница од прв ден со решение имам 25 години се вработија неколку сестри што ме познаваат и како да се исмејуваат што тоа го работам и незнам што да направам ми оди дури отказ да си дадам .. А имам школо и факултет ама ете не успеав да се вработам по струка .. Извинете на долгиот пост ама морав да пишам ..
Нека те исмеваат ти е гајле ако ти е убаво и си задоволна од платата нема никој право да ти се меша сепак ако имаш школо и факултет можеш да побараш работа според тоа млада си 25 години има да менуваш работни места уживај да не те секира што правеле тие
По мое сфаќање тоа си е твое,каде сакаш и што сакаш ќе си работиш. А и јасно ми е во државава примаат секакви а таквите како тебе со факултет ги ставаат на последно место... Ич да не им се замараш они нивната работа а ти твојата.
И нив докторите им се исмејуваат. Што мислиш зошто се толку исфрустрирани? Човек што е сигурен во своите способности, не прави шега на сметка на друг. Ама такви сме ние овде, балканци. Не се чувствувај лошо
Мене лично ме потценувале поради дијалект. И ич не ми е галје. Ако се мислат Скопјани или ' скопјани' дек правилно зборуваат со нивното : лииилеее, уље, оноа, неќу, више, доле, муж ми и сл. Фа* дем
Во никој случај да дадеш отказ поради некои малоумни. И не се разочарувај не си единствена која не е вработена по струка за жал, нема потреба да се правдаш и објаснуваш на никој за работното место.
Во секоја фирма, каде и да отидеш, ќе наидеш на вакви идиоти. Верувај дека не е проблем позицијата. Не се дава отказ заради секој исфрустриран лик кој ќе го сретнеш на работа. Не им дозволувај да те понижуваат, брани се. Не те примиле тие на работа па да им попушташ. Немаат ни они некоја незнам каква позиција па толку да се занесуваат.
А како да зборуваме литературно ние што имаме српска жичка? И јас имав таква колешка на последното работно место. Ама од други причини дадов отказ. Девојката доста искомплексирана. Врска нема од животот. Плус тоа, во лош брак. Па мораше на работа да се истура. Од претходното работно место ја избркаа заради проблемите што ги правеше.
Што се однесува до мене може секој да зборува на свој дијалект се додека тоа е културно. Шо оти некој ќе зборува литературно ако однесувањето кон колегите му е уличарско. Мајтап и праеле за дијалектот.... Ох мори мајко
Немаш почит кон градот што те примил да живееш и кпн Скопјаните. Сите тие што зборуваат со Ч или нелитературно, тие не се од Скопје.
Мене Скопје нема што да прими. Скопје е и мој не е на Скопјани. Ко шо и Битола не е моја туку е на сите. Дали некој сака да ме прими или не сака може да кажува за во неговиот дом само. Го почитувам секој што ме почитува небитно ми е дали е од Скопје или од Благодарево. Јас не зборувам литературно, зборувам на Битолски дијалект. Исто ко што зборуваат Скопјани, на скопски дијалект, но сепак НЕ литературно. ФМП.