Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    1.680
    Допаѓања:
    2.939
    Пол:
    Женски
    Зошто луѓето од работа кога ќе им кажеш нешто што е вистина за нив на работното место и дека нешто ми пречи и ќе ги замолам да не прават така одма се бунтуваат и се расправаат, напаѓаат? Одма ти одвраќаат за грешки што никогаш не си ги сторил, а што тие самите ги повторуваат нонстоп. Или поточно нивната вина ја префрлуваат на друг, а тој друг како којн трча за све да биде средено професионално цаком паком за да им ја олесни работата на вечно незадоволните. Ти ќе сториш се за да биде перфектно, а некој ќе ти каже ти никогаш ништо не работиш. Поради завист ли е тоа? Зошто не се цени трудот на вработените меѓусебно? Зошто се напаѓа одново и одново на тој што се труди најмногу све да е океј? Зошто тие што идат на работа ради реда и нонстоп каснат се секогаш најсилни и се повеќе ценети од персоналот и надредените наспроти оние вредните работници што од љубов си работат професионално како што треба и дават се од себе?
    Дали по секоја цена вреди да се работи во таква тензична атмосфера? Дали вреди за висока плата да дозволувате да ве манипулираат и обвинуваат за туѓи недостатоци? Дали вреди да се трудиш како луд за да одиш напред у фирмата, а никој тоа да не го гледа, цени и мотивира?
    Јас мислам дека ниедни пари нема да ми го купат мирот и спокојот, а со тоа и психичкото здравје.
    Затоа храбро дадов отказ од работата што ја сакав и заработував солидно, поради горенаведените причини. Материјалното воопшто не ми значи ако јас се осеќам лошо и демотивирано од несовесните, испривилегирани неписмени дрољи што лижат гзови на шефови и директори. Јас сакам правда, искреност и еднакво работење на сите. Ќе продолжам да барам.
     
    На Tanjamm, baby-star, Milkiway и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Јас потполно те разбирам и сваќам истото сум се прашувала и не сум добила одговор,мислам дека тие такви луге едноставно не се задоволни од нисто севични и немаат свој живот.Баш поради подмолно работење неколегијалност и мрзливост на колешка јас си дадов отказ.
     
    На IamSexyAndIKnowIt и tina2018 им се допаѓа ова.
  3. Horizonta

    Horizonta Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2019
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И ја ке си дадам само не знам кога,од цел притисок што ми се прави на работа...дека све знаат они а ја ништо не разбирам по нивно ја мразам работата премногу
     
  4. babybubu

    babybubu Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2014
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    1.102
    Имам прелоши колеги, нон стоп оговараат, нон стоп ставаат спрепки, нема ден а да не сум изнервирана. Се трудам максимално да ги игнорирам ама веќе тешко ми оди. 10 луѓе сме во иста канцеларија и стварно незнам како да не се нервирам од нив. Имате ли некој совет за ваква ситуација?
    Ќе си одам од фирмава за некој месец ама како да издржам до тогаш?
     
  5. Masnicka.5

    Masnicka.5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Jas taka si dadov fora deka ke izdrzam uste 2 meseci ama ednostavno nemozev da izdrzam i si dadov otkaz,ama probaj da se isklucis vo glava da ne gi slusas da ne obrnuvas vnimanie ednostavno rabotisija svojata rabota pa moze kw izdrzis.Srekno
     
  6. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден имав една непријатна случка. Имено моето работно место е такво да комуницирам со голем број на луѓе.Пред некој ден буквално една личност ми се ,,истури,, мене поради една моја извршена наредба зададена секако од работодавецот. Стануваше збор за пцовки,колнење,закани и ред други работи. Личноста кажа толку лоши зборови што никој нормален не би ги кажал.
    Јас не сум тип што разговара со странки на висок тон,но нејзиниот потег ме повреди,навреди,замисли...
    Како вие би реагирале да сте на мое место?
     
  7. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Зависи дали таа странка ја гледаш еднаш и никогаш повеќе. Ако станува збор за колешка што мора да ја гледаш и понатаму усно ќе ја предупредам дека на следно вакво однесување ќе поднесам тужба за мобинг. Додека во меѓувреме кога ќе побара фидбек работодавецот кој ти дал ваква наредба да и пренесеш на личноста ќе си кажеш со какви муабети била проследена таа наредба од страна на странкава кон тебе.
     
    На Veta му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Не,не ми е колешка и се надевам дека само ќе останеме на тоа едно видување затоа што инцидентот беше со мене и со мојот работодавец исто така, и ние не знаевме како да се однесуваме,затоа што првпат се соочивме со такви тешки муабети,а не сме такви ликови да повишиме тон на странки или било што. Сеуште сме запрепастени.
    Не ми текна да ја снимам со нејзините гнасни зборови.
     
  9. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Мислам дека немаш право неовластено да снимаш, за тужба ти треба само сведок дека навистина тие зборови биле изговорени.
     
  10. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Никако не ми е,се разочарав од тоа какви се не луѓе постојат.
    Дали ти еве народски кажано : ова би си го ставила ,,при срце,, ?
     
  11. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    При срце ставам само од најблиските и тие што добро ме познаваат, а од личности кои ги гледам еднаш и ниеднаш не ми е гајле. Тоа што го кажуваат е одраз на нивната култура пред се. Ако тие ја немаат што имам јас при срце да си ставам.
     
    На cresa-jagoda и Veta им се допаѓа ова.
  12. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.907
    Пол:
    Женски
    Абе во право си,ама баш и не ми беше сеедно..
     
  13. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.258
    Допаѓања:
    31.227
    Пол:
    Женски
    Пред некое време добив анекс на договорот за вработување во кој се вели дека истиот се трансформира на неопределено време. Дали треба уште нешто да побарам или тоа е тоа? Какво е тоа решение за неопределено кое често го спомнуваат? Или тоа договоров уствари? И исто така, дали нешто треба да се промени во агенцијата за вработување и ПИОМ?
     
  14. Slatkata00

    Slatkata00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2019
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    Тоа значи дека предходно си била на определено време и за тоа си потпишала договор и бидејќи сакале да те пријават на неоппределено направиле анекс кон првичниот договор... не треба ништо да бараш доволно е тоа што имаш примерок од анексот (се надевевам дека ти дале еден примерок) единствената разлика е што сега можеш да земеш кредит во банка иначе си ги имаш сите права и одговорности како и предходно
     
    Последна измена: 30 август 2020
    На Zaljubena26, tina2018 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Mногу пати сум се прашала зошто секогаш мрзливите испаѓа како повеќе да работат. Тоа е таа лоша атмосфера во Македонија. Поради такви не се напредува овде, туку се стагнира. Се ежам кога пред колегиум колешки лакираат нокти, пушат цигари, а компјутерот не го ни вклучиле. Дробат празни муабети, се фалат како се искршиле од работа, а тоа не е вистина. Се ежам при помислата дека надредената можеби зема и дупло плата од мене, за што, за дремење? Такво е тлото во Македонија, нема шанси за напредок. Ако нешто кажеш, ќе ги свртиш сите против себе. Тие се иста сорта, не е еден, повеќе се. Лошо. Во фирмата каде работам веќе 4 години и 6 месеци, три пати бев пред отказ, еднаш по вина на колешка, а два пати по вина на колега кој кодоши. Кога кажале дека „ќе ме избркаат“, скокнале две практикантки да ме бранат, демек најдобра е, како ќе ја бркате? Потоа газдата ми го кажа демек шега било, сакал да види кој што мисли, а тоа мислам дека не било шега, туку било вистина, колега сакаше да ми дадат отказ. Потоа практикантките си отидоа, а едната од нив им рекла „вие имате многу лош однос со вработените, не е до парите, но јас нема да работам за вас“. Убаво им кажала. Сигурно си мисли штом се спремни да избркаат некој постар работник за ич ништо, што останува за нас?
     
    На IamSexyAndIKnowIt и темјанушка им се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Леле. Настрана лошото искуство, стварно првпат слушам некој да се лакира и да пуши??? на работно место, освен ако не е време за пауза. Каде ова, како е можно? Во секоја фирма кај што сум влегла за штоидае, забрането е. Па и по закон се означуваат со знак "забрането пушење" просториите. Не знам кој сопственик на фирма ќе си дозволи таков башибозук. Да се пие, јаде, пуши на работно место, не.
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Се пуши на тереса. Ама едно доаѓање на работа, се фаќаат за кафе и цигари.

    Пред да дојде газдата сите лакираат нокти, ставаат маскара, пудра, итн. Лошо. Ба ме разочарува тоа. Си велам што дека сум сериозна, види со какви работам и какви луѓе сигурно земаат повисока плата од мене.
     
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Не е лесно да се одржи мотивација во таква средина. Пробај да не мислиш кој колку заработува и дали ти заработуваш помалку од другите. Висината на платата не те одредува тебе како работник, ниту како личност.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Да, знам, но општо во Македонија во повеќето фирми е така. Награден е тој што помалку работи. Како што пиша погоре една феминка.
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    И јас сега ќе побарам совет. На работа имавме еден кодош поради кој два пати за малку ќе останев без работа, а потоа си замина или го избркаа, не знам. Но, тој се уште е надворешен соработник, не многу активен. Работи проект, за кој е ангажиран тој самиот и плус нашол луѓе кои се надвор од Скопје, кои исто така ќе земат пари за соработката секако. Мене тој сега ми наложува обврска плус, за која пари плус нема да добијам, туку се смета дека јас плата земам за тоа. Но, преку глава ми е прво дека нему треба да му направам услуга, а друго, тој со минимум труд ќе стави пари в џеб, соработниците исто, епа зошто само јас да изигрувам Црвен Крст? Не сакам да кратам од моето приватно време за нечии туѓи идеи, обврски, проекти. Сметам дека ова нема да влијае на моето работно место, затоа што газдата не ми пренесе ништо, туку тој самиот. Како глатко да одбијам?Оти ако вака прифаќам, ќе си имам главоболки и следен пат.