Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.845
    Допаѓања:
    17.743
    Пол:
    Женски
    Газдата ти е надреден претпоставувам.
    Разговарај со тој што ти е директно надреден. Мора со него прво да разјасниш дали ти е или не ти е обврска тоа.

    На другиот истото ќе му го пренесеш. Дека треба прво да разговараш со шефот.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, tina2018 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Би можела најкултурно да го одбиеш во смисла, имам многу обрвски, но доколку најдам сходно време ќе сработам. И не го сработувај, најверојатно самиот ќе сфати после извесно време. Сепак отворено разговарај со шефот, кои се неговите очекувања од тебе, кои се твоите примарни обврски. Само гледај по мирен пат да го решиш. За жал, работникот во Македонија покрај дадената позиција, работи и други работни задачи кои правел, не правел, иста е платата. Но, за ти да не се нервираш, ако имаш HR, прво упати се кон него, ако комуникацијата е првично со шефот, разговарај со него. Ако дозволиш некој да се качува на глава, за жал тешко понатака да искорениш некоја навика. Подобро пријави, отколку да молчиш.
     
    На SummerGirl, tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Мислам дека е најдобро учтиво да се одбие. Имам и други обврски кои со ќеф ги работам и за кои сум платена. Ако тој сака пари, и се нафатил нека работи. Мислам ако сега се нафатам, во иднина ќе ме земат на пик.
     
    На SummerGirl и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  4. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Твоето мислење е факт. Се сеќавам на првото работно место. Се докажуваш на почетокот, многу нормално и си земаш обврски за кои не си ни платен. Сето тоа после низ нос ми го извадија. Плата како за една обврска, а работиш 10 други работи. Ако одбиеш, одма не чиниш. Затоа спречи на почеток, после касно ќе биде.
     
    На raww и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.675
    Допаѓања:
    14.140
    Maкедонија и се е можно. И јас со години работам и видов дека ако работиш никој не те плаќа повеќе, туку те користи повеќе. На Запад можеби не е така, но овде е. Само си трошиш од приватното време за да друг си ужива и си го полни џебот.
     
    На темјанушка, GirlLove и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  6. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Како би постапиле во ситуација кога вработена која позициски е подредена под вас цело време се обидува да ви ја саботира работата? Имам проблем со една таква, ем не разбира ништо ем секојдневно прави инциденти, вербално напаѓа, се кара...Прикрива одредени работи, ако сакам да ја исконтролирам веднаш прави сцени. Намерно за да не откријам каде греши во текот на работењето. Газдата обично не навлегува во такви проблеми и смета дека како возрасни личности сами треба да ги решиме што според мене не е во ред. А и на него му е јасно каква е, не дека не. Очигледно е дека и е криво заради мојата позиција иако и по искуство и по образование премногу се разликуваме и незнам што очекува. Ама едноставно неможам веќе да ја поднесам кога повишува тон и влегува во расправија. Мора некако да се справам и затоа ми треба совет. Не сакам да се карам и да паѓам на нејзино ниво. Мора некако да го засечам тој однос. Да не дискутирам што се случува да игнорира наредби и своеволно да работи а на крај целата одговорност е на мене. Преправам и корегирам после неа само за да има мир. Се надевам на било каков совет.
     
    На SummerGirl и Sahlene им се допаѓа ова.
  7. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Игнорирањето излегло од рајот. Не и придавај никакво значење, буквално. Како да не постои. Самата кажа не сакаш да паѓаш на нејзино ниво. Е сега се зависи колку и како се однесува. Можеш изјава за мобинг да потпишеш. Нема врска ако си над неа, не си должна да ја трпиш и да имаш стрес на работното место. Колку повеќе влагаш во конфликт, само ќе си го исцрниш образот. Вака чиста сметка, долга љубов. Не и се обраќај никако. А доколку продолжи со исто темпо, златна изјава за мобинг.
     
    На SummerGirl, kikicat и eliesaab им се допаѓа ова.
  8. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Нема да преправаш ништо после неа. Дефинирај јасно кои се одговорностите на тимот кој е твоја одговорност и ако не се извршени на време и со очекуван квалитет, имаш право да реагираш кај тој што тебе ти е надреден, зошто ако одговороста е твоја, тогаш можеш да бираш со кој тим ќе работиш. Впрочем, јас не би прифаќала одговорност за тим кој сама не сум го одобрила.
    За сплеткароши и неработници немам толеранција воопшто.
     
    На SummerGirl, kikicat и eliesaab им се допаѓа ова.
  9. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Ќе си ставиш во глава деκа моρа таκа да биде...може таκа полесно и ќе се спρавуваш со досадата. Ќе и κажеш со убаво "немој таκа да се однесуваш, не ти личи..."ќе и понудиш соρаботκа...и ќе и κажеш се κаκо што си ја сфатила и си го изнела овдеκа...таκа...
     
    На kikicat му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Морам да контактирам заради работата. Инаку нема ни да ја погледнам. А сум помислила за таа изјава но незгодно ми е ради фирмата, ради газдата, да не испадне дека предалеку одам...
    Како и на секој газда, и на него му е битно работата да биде завршена. Ако не е, цел тим е виновен, најмногу јас нормално. Факт е дека е попустлив, затоа оваа така постапува. Да е некој друг, не би ја трпел со ваков однос.
     
    На SummerGirl и Sahlene им се допаѓа ова.
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Нема што незгодно да ти биде. Јас, здрава работна средина ја гледам онаа каде секој си ја брка својата работа, ни дружба, ништо. На работа одам за плата, имам пријатели надвор од работното место. Ќе се обраќаш само на професионален план, никако другачие. Ако игнорирањето вроди спротивен ефект, едноставно ради тебе мораш да ја потпишеш таа изјава. Мислам за тебе се работи, осум саати да трпам некој, а притоа да не си ја врши својата работа и да влага во конфликт, немам намера. Основно и средно школо се задолжителни, работното место не е. Ако нешто не и се допаѓа, може да напушти, наместо да исфрла фрустрации врз колеги. Сум имала искуство со такви ликови, за жал нема разбирање. Ама јас не седев со скрстени раце. Сакаш по твои правила да играме, сега ќе ги видиш моите рогови. Навистина не сакам дома со нервози да одам.
     
    На tina2018, SummerGirl, raww и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.222
    Пол:
    Женски
    Дали се ρаботи за добρа ρаботничκа?


    Сеκаκо доваѓа...низ неκои ρаботи тρеба само да стиснеш заби и ќе пρојдат...вρемето е леκ за се...........!
     
    На GrimTheReaper му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Ако ти така гледаш на работите, тоа не значи дека е апсолутниот и единствен начин да се работи и не значи дека и другите гледаат така на работите. Во колектив не би требало да има "исклучиви настапи", баш тоа се ситуациите во кои може да вежбаме компромис и флексибилност.
    Во однос на конкретниот проблем @kikicat , може да направиш спротивно од сите совети и пријателски и отворено да ѝ пријдеш и да поразговарате, отворено да ѝ кажеш зошто ти пречи нејзиното однесување, дека работата трпи поради тоа, трпи тимот итн. Многу ни се високи одбранбените механизми, има причина за однесувањето, ама не претпоставувај, прашај, па ќе видиш дали ќе те однесе тоа некаде. А кавги, претпоставки, кажувања на шефот, потпишување изјави и слично, секогаш може.
     
  14. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Ако си надреден, дружба не можеш да имаш со никого. Туку треба да си индиферентен према секој работник. Кој е другар овде со шефот?!? Мора да се има граница. Се насмееш, се доближиш до некого, има грбот со камшик да ти го маваат. Можеш да бидеш фин и коректен, ама другар не. Конкретно зборувам за надредени лица.
    Едит. Инаку да се надоврзам на твојот пост. Одбрамбените механизми произлегуваат од неправдите со текот на искуството. На почеток, имаш толеранција, ќе разговараш, да, меѓутоа таа толеранција има праг. А и искуството не те научило на подобро. Јас можам да си ги бирам пријателите и да разговарам со нив. На работното место, тие луѓе ми се наметнати и немам потреба да решавам криви дрини. Секогаш ќе го има моментот, не јас сум во право. А и немам ни време да се замарам со различни карактери, имам обврски пред се. Ако сакаме да се приближиме кон запад, постои првенствено HR, а потоа тие изјави и има зошто се наменети. Не сум на училиште, па ајде да разговараме, да се смириме. Има професионален пат, како тоа се изведува.
     
    Последна измена: 10 септември 2020
    На tina2018, Idedemja и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    6.692
    Пол:
    Женски
    Јас би за работно место каде што не сум многу зближена со колегите онака само на дистанца и само со работа, ако земеме да навлегуваме во иднина ке имаме многу проблеми од тоа кафиња, излегувања, мора со колеги да имаш некоја граница.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Јас сум другарка со мојот овдешен шеф (веќе бивши), се запознавме како колеги, ми стана претпоставен, но почнавме да се дружиме и дури му го кристив првото дете пред неколку години. Пријатели бевме и на работа и надвор од неа, без пречки. Ако знаеш да задржиш професионален однос, пријателството може тој однос само да го надгради, не да го упропасти. Не е чест случај, ама е далеку од невозможно.
     
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    А дали е твојот шеф пријател со сите, како со тебе. Знаеш дека останатите нема пријатно да гледаат на таа ситуација. Мене ми е мило што имаш таков однос, меѓутоа во големи фирми, другарство со шефот is a big no no. Ако шефот те сака, колегите ќе те гледаат со други очи. Ти може беспрекорно ќе си ја вршиш работата, ама секогаш ќе бидеш онаа лижи гз. Немам намера да те навредам, туку само го изнесувам своето искуство и гледање на работите.
     
  18. Idedemja

    Idedemja Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2020
    Пораки:
    3.176
    Допаѓања:
    43.104
    Пол:
    Женски
    Те читам и немој да се навредиш ама јас грешката ја гледам во тебе. Ти си и претпоставена и не си успеала да и наметнеш авторитет, а тоа се прави на ваков начин прво културно ја опоменуваш за грешка, грешното однесување, ако нема позитивен фидбек следно е дека ќе биде казнета на плата. Ако некоја во тимот не го почитува мојот авторитет и ме саботира нема да ја толерирам бескрајно и да и ги оправам грешките кои може намерно ти ги остава дека видела ти се' средуваш. Ова би го применила и би требало да профункционира освен во случај кога е директна врска и заштитена од газдата, тогаш што и да правиш џабе ти е. Видено ми е од искуство и знаење ти пишувам.
     
    На tina2018, raww, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    Пријателства меѓу "сите" не може да постои. Тоа ни во приватниот живот не постои, ние не се спријателуваме со сите луѓе што ги среќаваме во нашиот живот. За лижење гз немало потреба, тука лежи зајакот. Тоа е здравиот професионален однос кој треба да се гради. Зошто би помислила за некој дека е г*олижач ако стане пријател со претпоставен? Фирмата имаше 50-60 луѓе максимум. Ама сите беа вработени по заслуга, може затоа немале потреба да мислат дека некој друг ќе им стави "сопка".
    пс. Не се навредив, повеќе од јасно ми е дека за многумина реалноста е поинаква, сакав да кажам дека не е невозможно. Да окуражам некого можеби :)
     
    На raww и GrimTheReaper им се допаѓа ова.
  20. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.626
    Допаѓања:
    9.123
    Пол:
    Женски
    @Idedemja Во однос на казната на плата, има закон за работни односи, градација на казни. Мислам дека после трета опомена се крати од плата.