Ве молам може ли некој подетално да објасни околу исплатата на боледување? Знам дека се исплаќа 70%. Но дали од цела плата или од дневницата од деновите кога не си бил на работа? Затоа што првото нема смисла
70% од платата во периодот во кој си била на боледување до две недели, над две недели 90%, до месец дена на терет на фирма, над месец дена на терет на Фондот (мислам дека овие ставки се непроменети).
Да знам дека е така. Кај нас на работа кратат 70% од целата плата имам таква информација. Што значи дека не го ни плаќаат. Не може на некој да му кратат 2000 ден за боледување на некои 6000. До фирмата е и непрописно работење.
Не знам како е возможно тоа, како го правдаат кратењето на цела месечна плата кога во сметководство се водат по документот за боледување од матичен лекар,. Ако имаш боледување два дена, дневница 1500 денари, значи ќе ти исплатат 70% од тие 3000 денари. Сѐ друго е непрописно, и искрено првпат слушам дека вакво нешто може да се изведе. Пс. Колку ќе скратат зависи од тоа колку е долго боледувањето, кој колкава плата/дневница зема и на колкава плата сте пријавени, а тоа може да биде различно за секој вработен.
Кај големи фирми за жал така функционира. Таму каде што очекуваш да е се законски. Работевме на празник и воопшто не ни е платен...
Здраво.. Бремена сум и од март месец сум дома прво седев дома со потврда после ме напнаа да си отворам боледување. Отворив патолошка ми следуваше зошто имам историја на претходни не успешни бремености. Ми заврши патолошката и 45 требаше пред термин да отворам породилно бев на работа прашав дали ќе ми го дадат одморт за оваа година прво ми рекоа ќе ми го дадат па после искочи дека не сакаат да ми го дадат. Одвај успеав само 5 дена да ми дадат е сега сакам да знам дали може да не ми го платат или мора. И доколку знае некој повеќе што да направам зошто крајно безобразни испаднаа башка што им враќав пари што седев дома со потврдата уште одморов да не сака да го плати
Приватите фирми секогаш прават како им одговара, закоите си стојат само така а неможеш ништо .Знам дека финансите се од голема важост, но сега фокусирај се на бебето да се роди живо и здраво и потоа ако фирмата ти прави константно вакви работи мислам дека време е да бараш нова работа.
До јуни следна година, мора да ти даде да го искористиш одморот. Пријави ги во трудова инспекција за ова.
Планирав само незнам дали сега или да чекам да ми заврши породилното башка кај и да е треба да се породам. Има и други неправилности не е само ова незнам дали сега да ја направам на големо работава или да почекам незнам стварно...
Не смее да те отпушти ако си на породилно. Слободно тужи го ако го направи тоа. Кај некои газдички вакви и само да се заканиш со трудова може да има некој ефект.
Дали ако имаш болест мораш да им кажеш на работа? На пример карцином, може во иднина ќе треба хемотерапија, операција и слично. Дали можат да дадат отказ?
Zdravo, Dali e dozvoleno da rabotish dve raboti so polno rabotno vreme? Dali ima nekoi pravila vo takva situacija?
Со сите колеги и колешки сум во контакт и имам секаков муабет, може да им помогнам, да ми помогнат, освен со една која се има испокарано со 70%. Истата е најслаба работничка и цело време следи кој што прави, намерно поминува покрај други да видат што прават муабет, во некој муабет и се вмешува, провоцира, а кога се кара о некој е тогаш се што има видено и чуено ќе го изнакаже од работа до фамилија дома. Јас сум посветена, брза и сакам се да ми е завршено на време и многу ретко се случува да заглавам нешто. Не можам да не се замарам и да се правам наудрена. Поради ситуацијата менувам уште две колешки, сама се понудив, значи работам како за 3 и плус менувам и одговорна. По што менувам и одговорна, имаше наредба да се побрза со работата и им пренесов на сите. Нели оние што најмалку работат тие најмногу реагираат е таа почна да напаѓа дека јас седам така, а таа работи цел ден. Како не. Сабајле таа пола саат покасно влезе на работно место, после цел ден разнесуваше нејзини слики да ги гледаат и оние колешки со кои се нема искарано, на мобилен зборуваше пола саат итн. Од 8 часа работни таа 5 часа има само работа и тоа неквалитетна со вртење лево и десно. Едноставно тера да се караш иако е постара од мене, а на крај таа што ни е директорка и вика на неа "Ти неа ќе ја слушаш." Или во превод не ја слушам што зборува, не е точно. Тоа е таа добра, вредна и повредена, а јас виновна што се расправав. Тоа што јас менувам и други е неважно, а можев и јас поради тоа што тие две се заразени и јас да седам дома. Не е прв пат истата да ја начекаат како се кара, ама тоа е. Ваквите треба да се избркаат од работно место. Да не пишувам и дека порано на сите колешки и има крадено пари од ташна.
Ако има некој правник, ве молам нека ме исконтактира во лична порака, ми треба мала помош и консултација. Ви благодарам.
Здраво женски. Фирмата во која што работев се затвори и сега ме интересира дали законски треба да ни исплатат к15 иако се затвори или можат да се извадат некако и да не пуштат? За плата знам мора да ни исплатат ама не знам дали мора законски и к15 или не?
Сигурно не е затворена ако мора плата да ви исплатат. Во стечајна/ликвидациона постапка е? Оваа година поради корона кризава немаат обврска да исплатат регрес ако се во загуба. А изгледа се, чим затвараат.