Може некој да ми објасни повеќе во врска со стажот? Може и во дм, имам некои дилеми затоа што некои фирми не ги пријавуваат вработените, а исплаќаат поголеми плати.
Во време на пандемија испадна неработниците да бидат работници, а работниците да се неработници. Државата помогна на многу фирми за исплата на плати и на крај сите со иста плата. Фирмата исплаќа само минимална, нели нема профит. Кај сите е вака или само кај мајка ми што работи? Порано ако 100 евра е разликата помеѓу некои сектори сега нула. И цел месец редовен и 10 дена отсутен иста плата. Морало да им се исплати и на тие минимална дека било помош од државата.
Во која смисла отсутен? И дали значи дека ако некој е отсутен од работа е неработник? Ако барате помош, убаво образложете ја ситуацијата која ве мачи.
Отсутен од тип имам работа, заб ме боли, стомак ме боли, итн. По што загарантирана плата и ну чуе. Да неработник плус, мал процент на извршување има. Тие што работат и се редовни иста плата.
Чекај малце, тој што има проблем со здравје не значи дека е неработник. А ако се злоупотребува тој момент си има санкции. На секого му се случува мака во животот, многу лош ти е муабетов. Башка тоа, законот предвидува 70% односно 90% од плата за денови боледување, така што не се зима целата.
Здраво дејвојки, еве и јас со проблем на работа(до толку ми дојде што сакам да напуштам)... Работата е што јас треба да одам на контроли(за бебенце), и (секако не сум осигурана и не зимам плата како што треба)... И сега кажувам дека треба да одам на прегледи и не можам да работам плус работа што не е моја работа и добрив одговор замислете дека не треба да одам на доктор (никакво разбирање да не навлегувам во детали) И до толку ми дојде, што мислите вие би напуштиле ли после ова?
Na rabota na site po spisok maski im donesoa na mene ne a jas sum zadolzitelna da im kazan na ligjeto maska da nosat i rastojanie E toa e katastrofa nevidena
Штом не си осигурена и немаш океј примања , да сум на твое место би напуштила. Секако нема да те следува породилно а најбитно е бебчето моментално
Се прашувам зошто ова не ме чуди. Секаде има глупости од тој калибар да си знаеш. Се освен океј работи неможеш да очекуваш.
Дали бидејќи први беше неработен ден за сите, задолжително не следува уште еден слободен ден во неделата?
Би требало да е така. Ако нема пријавено работа на државен празник вчера не требало да работи, а слободен ден за оваа недела следува. А ако има пријавено можел да работи и пак за оваа недела следува слободен ден како и секогаш што користите.
Бидејќи рабтам во мол, вчера не се работеше. Ни рекоа дека тоа ни бил слободниот ден за таа недела. Па тоа ме интересира дали сега смеам да барам да ми дадат уште еден слободен како што не следува.
Законски гледано следува. Еве пример, ако користиш слободен ден недела (пошо моловите работат во недела затоа зедов пример) и оваа недела, утре, треба да си слободна. Вчера беше неработен ден за сите, а ако работевте ќе требаше да ви се исплати дупла дневница и пак во недела да си слободна. Се надевам ме разбра.
Раобтата е што дел од постарите вработени денес не дојдоа на работа, наводно им излегло нешто па им дозволиле, а на поновите ни беше кажано дека оваа недела само петок ќе ни биде слободен. Се сомневам дека на некои им е даден слободен ден а на некои не. Ви благодарам.
Им излегло, втор ден нова година да си спојат два дена. Тоа им излегло. Иначе ако не искористиш слободен ден, наредна недела можеш да користиш два последователно. И пази, Божиќ е исто неработен, да не ви ја направат истава финта.