Само 3 кредити? Само? А колку треба, 10? Како си ги сфаќате кредитиве, ко мастика да сте позајмиле... шо се 19000 плата бе за семејство и 3 кредити...ништо.
Maла е таа плата за толку обврски. Најверојатно не лаже жената, туку нема. Сигурно и не може да земе кредит. Банките не даваат туку така кредити. Плус сега текстилот е на колена, може да останат без работа. Ако можеш да помогнеш некако помогни, најди работа, или стисни се додека не се подобри состојбата.
Ти така мислиш дека таа не се замара, но само она си знае како и е. Ке сватиш кога ќе бидеш родител. Рати за отплата на кредит по Закон може да бидат до 1/3 од плата што најверојатно ги има искористено тој лимит односно 1/3 од плата и оди на рати за кредити и затоа не и даваат нов кредит.
Девојче не живееме во времето на Југославија да пунеме фиржидер со 500 денара мајками месечно за цело семејство троши минимум 4000 5000 да ни е пун фрижидерот секако и јас имам удел во тоа, така гледаш оти не ја гледаш храната што се даваат пари и личната хигиена шампони купки, тоалети, па и маски се тоа кошта.. Оди летото работи 3 месеци еве ти ги парите за факултет.
Сите знаеме дека работата во конфекција е утепувачка и малце платена.Пари за матурска и факултет не треба да чекаш мајка ти да ти ги даде, треба да се научите дека одредени работи треба сами да си ги бркате.Денес за факултет,утре магистрација,докторат,стан,кола се ова треба да го направи родителот? Добро е кога имаш за јадење дома.
Кај мене на работа отказ дадоа две колешки што работеа иста работа и сега не сакаат да вработат друга ај да заштедат на плата, а не сакаат ни да обучат некоја веќе вработена која секако е на платен список. Според обрзование само јас сум соодветна за таму да работам и моментално повеќе седам од што работам и може да ми се даде и друга задача, ама тие сега се понижуваат и повторно и се молат на онаа едната што напушти да доаѓа да завршува работа. Некако се разочарав, немам можност да учам и напредувам. Мислам дека само оние што се заразени се заштитени. На трудници не и продолжија договори, а не пак за самоизолација. На договор си не им можеш ништо, решиле да не го продолжат и тоа е. Ако е на минималец, а може и нешто над тоа не може да изваде кредит, а веќе има три.
Стегни се оди барај работа и заработи, а не и ги број парите на мајка ти. Имаш кров над глава, имаш струја, вода, храна? Во време кога се е поскапено не ми е јасно како успева жената три кредити - што сигурно ги земала од потреба - да исплати и да јаде, па згора и бараш пари за факинг матурска. Страшно неблагодарно, себично и бесчувствително. Запрашај се каква ќерка си и прашај ја како да и помогнеш, а не да бараш пари за матурска. Во конфекција работата е далеку од лесна. Ако нема пари да те прати на факс, патот под нозе најди работа за три месеца и заштеди си. Кредитите не се free money, се враќаат со камати речиси дупло, ама ти битно знаеш да кажеш не сакаш да земе кредит.
Мислам дека со таа плата од 18 000 3 кредити не е можно да има, веројатно е еден кредит и тоа може да му зема 1/3 од плата, тоа ти е 6 илјади. Остануваат уште 12 000 што можеби повеќе од половина одат за сметки, а од другата половина има за секојдневни трошоци, па сега рачунај и ќе видиш дека е можно да и останале само 500 ден. Тебе ти требаат пари за матурска ајде во ред, ама види ја малку состојбата во цела држава и размисли дали е време за луксуз и гламур на матурска. Уствари оваа година ќе има матурски? Мислев нема бидејќи ништо не е подобро од лани...За факултет имаш време, пробај нешто најди летово и сигурно ќе собериш пари за упис. Не сакам да те вреѓам дека си неправедна и разгалена ама не е во ред да му ги броиш парите на мајка ти од нејзината скромна плата. Размисли и ќе видиш дека сум во право, разбирам дека си тинејџерка ама гледаш каква е состојбата во цела држава, а не само кај тебе дома
Зависи каков кредит. Ако најголемиот е до 2000 ден до 6000 може најмногу да има за кредити. Ако пуши и цигари и толку од платата.
Извини вака, а татко ти колку се замара за тебе? Додека учиш (највеќе до 26 години) тој има обврска да плаќа алиментација. Плаќа ли? Или ич не му е гајле за тебе? Мајка ти со 3 кредити (кои и се 1/3 од плата), успева да сврзе крај со крај со 2/3 што остануваат да плати сметки и да купи јадење. Ама ти си земаш за право да кажеш дека не се замара. Епа девојче прво запрашај се колку се замара татко ти за тебе. А не да плукаш по мајка ти која црнчејќи во конфекција тебе ти обезбедува нормален живот. Друго во оваа пандемиска состојба со Корона вирус, тебе ти дошло до аздисување, до матурски прослави. Каде ќе славиш матура, дома или во двор? Зашто очигледно е дека во оваа состојба во кафана дека нема да има прослава организирана од училиштата. Како трето факултетот не е задолжителен. Работи 3 месеци преку лето ќе заработиш пари за студирање. Па на крај краева не е крај на светот ако не успееш да се вработиш преку лето, па паузираш една година, за во тој период да заработиш.
Уште месец дена имам до породилно да отворам. Се договорив со газдата да вратам плата и придонеси. Договорот за работа ми истече на 28.02. Ако сакаше ќе ме одјавеше без проблем. Мислам и ова е добро. Работам во фирмата повеќе од 5 години. Ама коронава премногу зеде замав. Повеќе од половина од вработените добија отказ. Јас останав дека бремена сум. Ама доктор ми рече дека ми препорачува да не одам на работа. Боледувањето нема да ми го признае газдата, а и немам некоја причина зошто да не можам да одам на работа, освен близначка бременост. На комисија не би поминала за продолжување на боледувањето. Така да, ништо од тоа. Сега ќе си вратам придонеси и тоа е. Здравје
Од две зла си го избрала помалото. Нема да ти пропадне породилното. Ете ок што не те одјавил, зошто има многу такви случаи. Но дека газдата ти е шупак, шупак е. За 2 месеци нема да му пропадне фирмата, плус и ако си работиш зошто да не се стрпи уште 2 месеци? Имаш причина да не одиш на работа и без боледување, а тоа е фактот дека трудниците се ослободени од физичко присуство на работа поради короната. Но, ете те држел во раце со договорот на определно. На комисија би поминала глатко, посебно сега во услови на корона би те дале мислење за боледување без проблем.
Многу голем шутрак е 5 години да работиш во една фирма ако не те бивало немало ни првиот месец да те бива и уште вака да се однесува.Мизерија е ова нај искрено не знам колку време треба да работиш во една фирма за да добиеш договор на неопределено
Еве јас работам скоро 3 год во фирма на определено. Договорот ми беше до 15.01. Не само што ми го продолжија без проблем туку ми качија и плата. Јас не користев мерки по моја воља затоа што пробав, но не ми одеше да работам од дома. Таму бев заштитна скроз. Од кога се зголеми пак бројов на болни ми кажаа да работам од дома. Колку стигнам да сработам толку и да си го отворам боледувањето на ден на породувањето. На првата работа бев на неопредено кога останав трудна, па душава ми ја извадија од прв момент кога дознаа.Така да се зависи од човечноста на газдата...
Ne znam dali planiras da se vrajkas pak kaj istiot gazda,posle porodilnoto ( jas bi ti preporacal Ne)..i ako ne planiras fino lepo da si go tuzis gazdata zasto po zakon posle 5 god,dogovorot treba da ti pomine od opredeleno vo neopredeleno vreme,a so samoto toa ne smee da ti dade otkaz..druga rabota e sto koga rabotnik e na bilo kakvo boleduvanje,gazdata ne smee da mu dade otkaz dodeka mu trae bolovanjeto..i ne samo toa tuku i koga ke se vratis mora da te zadrzi na isto rabotno mesto uste edna godina,a vo firmata uste dve godini..i kako sto rece deka treba da se porodis so bliznaci,po zakon ti sleduvaat 15 meseci porodilno odsustvo
Има една финта што ја прават фирмите, а повеќето од нас не обрнуваат внимание на тоа.Кога потпишуваш договор на определено точно е дека после 5 години треба Да даде договор на неопределено, но само ако е со иста ставка пример 4 и пол години се водиш како Комерцијалист, после ти дава друг договор со Комерцијален службеник и тука пак треба за тој назив да чекаш уште 5 години за да добиеш неопределено.Ако сака газда да те стави на неопределено ќе те стави одма нема да чека 5 или 10 години
Леле, мислењево ти вришти од предрасуди. Шо може да ти се деси ако човекот е професионалец и бара стручен кадар за работа? Тој валјда прочитал дека не знаеш албански и му одговараш по квалификации чим ти се јавил... Сигурно нема да те убијат и вратат во црна ќеса.
И на нив им требаат Македонец вработен за да се разберат со Македонците клиентите се од сите Националности . Некогаш некои од нив се 100 пати подобри од Македонците дури и не вреди да ги споредиш