Баш напротов немам никави предрасуди би работела со секакви луге без разлика на националниот вера... Јас одма профатив и не гледав ништо лошо во тоа но дечко ми вика никако таму опасно е тој е од Скопје а јас не сум. Затоа прашав за мисења
Во Чаир има доста и наши што живеат па јас колку што имам познаници од таму ништо не им фали без гајле
Претежно работата кај нотар е повеќе oд безбедна, но околината во која се наоѓа не е баш препознатлива по безбедност за разлика од другата страна на Вардар, а и моментално со COVID-19 состојбата, па Чаир и Бутел се со најмногу заразени по број на жители, па колку ќе ти биде сигурен транспортот до работа ако одиш со автобус, а и тие населби се познати по Скопје како населби ,,дива лига" па не би требало да се очекува дека практикуваат мерки за заштита од COVID-19, а пак од друга страна кај нотар влегуваат и по 100 души на ден, па јас да сум на твое место не би аплицирал баш за таму, имаш многу нотари 1/2 од вкупно нотарите во државата се наоѓаат во Скопје, имаш избор, али сепак твое е, ти си одлучуваш дали ќе преземеш ризик
Ок, тогаш дечко ти е полн со предрасуди или можда control freak. Ако сакаш кариера и напредок, предрасудите по основ на вера националност и сл. твои или на дечко ти треба да ги заборавиш. Во животот ќе се соочиш со секакви клиенти од кои ќе живееш (од парите кои ти ги плаќаат за услугата) и не смееш да ги делиш луѓето или да се сомневаш во “безбедноста” додека си на раб. место. Јас живеам во таква мултиетничка средина, работам и секојдневно соработувам со Албанци и Турци, тие ми се најголемите клиенти и здрава и жива сум. За жал, исто не знам албански, турски да, но никој никогаш не побарал од мене да го зборувам нивниот јазик туку ми се обраќале на македонски. Така што, пак ќе речам, во нотарска канцеларија нема што лошо да ти се деси.
Го знам сето тоа. Јас бев 4 години со договор на неопределено. Сама дадов отказ зошто беше цело сметководство на фирма која е средна по големина на мој грб. Ме тераше да му вадам нереални добивки, се да поддесувам по негов терк итн. Ја дадов завршната лани и си заминав на 15 Март. Во Јуни месец ме побара назад и ми ветуваше подобри услови и дека се ќе биде подобро. Тогаш потпишав договор на 9 месеци. Тоа и ми беше голема грешка. Не требаше да се вратам. Фирмата почна да запаѓа во кризава. Ги отпушти половина од луѓето. Инаку и договорот на неопределено не е кој знае каква гаранција. Те одјавува со отказ од работодавач и готово. Ништо не е сигурно.
И мене договор на неопределено ништо не ми значи, не е никаква сигурност, само што ја немаш таа обврска секој месец или на 3 да потпишуваш договор. Во приватните фирми нема никаква сигурност.
феминки, денеска потпишав договор на неопределено, па сакав да ги почастам колегите. Што ми предлагате?
Кока кола и атлантис или бајадера, сега зависи колку си блиска со колегите. Може дополнително на пијачка да ги однесеш ако ти се блиски
Можеш торта и сок да им земеш доколку сакаш. Зависи колку колеги имаш, и дали често се части за вакви и сл поводи, и дали сте блиски.
Се части да, дури и ако има роденден или именден вашето дете, а и 10души сме во мојата група... не ги частам другите смени
Некоја торта поевтинка земи барем ќе се облажите убаво. (Бар јас така мислам) Со среќа нека ти е договорот
Абе за значење не ми значи, ама знам дека частат колегите ама баш за се, и одма ми рекоа ајде колешке утре да си почастиш
Во ек на пандемија најпаметно ти е како што ти реков Бајадера и ете сок, кисела вода. За повеќе опуштање и седење без маски и частење не е времево.
Ти одговориле и предходно, нешто благо завиткано заради пандемијата и сок/минерална вода доволно ќе е. Честитки
Каде треба да се пријави работодавец кој два месеци последователно не исплаќа плата. Другарка ми се сомнева дека е одјавена пред два месеци па затоа абер си нема газдарицата да ја исплати. Постои ли некаква шанса да си ги добие парите, со тужба, било што, ич не се имотни, се нервирам, цел ден ми се гади од вакви луѓе без осет . Има пари да ја исплати, не дека не, ама и претходно така правела на други. Ќе и ја платам и тужбата и се што треба, да си го добие, затоа што неможам да трпам вакви неправди, ќе си пукнам од мака
Во АВРМ нека провери дали е уште пријавена или одјавена. Договор имала ли потпишано? Ако да, до кога и трае?