Во трудова инспекција се пријавува. Голема е веројатноста да е одјавена (може и воопшто не ни била пријавена). Пошто не се пушта платата поединечно за секој вработен, сите заедно одат. Па ако не е платена она, нема да е платен никој. А ако другите земале плата, она 100% не е пријавена.
Денеска ќе проба пак со убаво да разговара, па ќе видиме што ќе направи, таа е плашлива за преземање било што, јас да бев одма ќе преземев, макар и имала пари, мразам некој будала да ме прави, а освен тоа овие година дена се за многумина лоши финансиски денови..
Има ли други вработени во фирмата? Тогаш на сите им касни плата 2 месеца. Никој не се буни? Во секој случај кај и да е и од УЈП треба сметката да им ја блокираат додека не ги исплати платите. Не може да остане со неисплатена плата ако е пријавена во агенција.
Знам дека се блокира сметката ама не знаев колку точно месеци ако не се пушти плата, инаку има уште во фирмата вработени, ете и мене не ми е јасно како не се бунат, дали од страв лугето, или си велат може ќе пушти, го најдоа народот сега ептен во лошо време за жал..
Не ме земај за збор, ама мислам дека и за еден месец. Ама кај нас институциите не се најажурни. Во секој случај кога тогаш ќе мора да исплати. А да сум на местото на другарка ти, ќе си барам друга работа во меѓувреме.
Незнам дали е прашањето соодветно за во темава ама сепак ќе го пишам тука. Работам во фирма со колешки со кои што се знаеме од претходно но не сме се дружеле туку сме биле на здраво. Помали се од мене и им е прво вработување. Неколку пати ми е напоменато од нив дека јас сум била над нив ( на работно место) и убаво ми било мене и незнам дали е тоа причина што се однесуваат како да ме мразат. Незнам зошто ама нон стоп ме одбегаваат. Не прават муабет со мене така ептен ради реда, а кога си прават меѓусебе и со други колеги се нон стоп позитивни и насмеани. Се чувствувам како да не се вклопувам воопшто а сум лик што немам проблем за дружба и сакам и смеи и шали. Што мислите треба да се нервирам или да не се замарам?
Воопшто да не се замараш , на работа одиш за да заработиш пари а не за дружби. Едноставно гледај си да си сработиш тоа што треба а они дали те сакаат или не ништо не ти менува.
Да во право си ама ми смета што има неубава енергија во канцеларија. Не ме интересираат приватни работи нивни, ниту пак сакам да ми се мешаат или пак да знаат ( а они уживаат во тоа) но сепак напната атмосфера исто така не сакам да има.
Да , потполно те сфаќам и јас бев во слична ситуација едноставно си гледав да си завршам работа а они како да не постојат.
Пред некој ден имав неубаво однесување од страна на заменик шефот(прв пат да разговора со мене на неубав начин) од друга страна плус колешка што изиграва "шефица". Се мислам дали да се отворам пред шефицата и да и објаснам,но се двоумам бидејќи може да се сменат работите, или пак да видам следно кога ќе имаме заедно смена како ќе се однесува. Страшно ме погоди понижувањето. Шефицата година и пол заедно работиме не е имало никакви проблеми.
Не би било лошо да разговараш. Ама се очекувај, ако заменикот стои добро со шефицата, неговиот збор ќе биде против твојот оти скоро секогаш надредениот е во право. Каква и да е причината што ти викал, тој секако ќе ја врти работата во негова полза и тебе ќе се обиде да те направи виновна во секој случај.
Не баш...ако се понаша како да не постојат се наталожува врз тоа муабет од типот ете убаво мислевме за неа, почнуваат да сплеткарошат, да кодошат, се само да ја дискредитираат,да вадат муабети кои се пренапумпуваат, само зашто они се повеќе и појаки дека се држат заедно а она е една и не им се покорила.
Не знам дали е до мене, ама на форумов нема тема во која некој се фали од колегијалност или работно место. Какви сме станале???? пс. За потешкотиите. Ќе си ја процените ситуацијата, со некои луѓе успева да бидеш константно фин и пријатен, без разлика како тие се однесуваат. Факт е дека на работа поминуваме премногу време за да можеме постојано да занемаруваме дека нешто ни пречи или не навредува.
Нема врска , едноставно не ме занимаат и нема што да се замарам за нив. Еве јас не ми е гајле кој што ќе рече за мене јас едноставно кај мене на работата омразата беше обострана , едната од нив не ме сакаше затоа што нејзиниот бивши многу му се допаѓа и најверојатно на неа и пречело тоа а другата не ме сакаше затоа што и е другарка ете конкретно јас ништо не им згрешив , мене они ништо не ми направија нормално затоа што нема што да ми направат ама верувам дека постојано ме одговарале но тоа воопшто не ме засега мене. Едноставно не ми се допадна ниту они (поради тоа) ниту пак дел од другите затоа што постојано оговараа некого и јас си седев сама на пауза на дел од колегите им кажував здраво на дел не. Едноставно бев дојдена таму за работа со не за дремење пред канцеларија и оговарање .
Со поголемиот дел од колегите во институцијава и шефови кои што важат за баш достоинствени луѓе немам никаков проблем. Проблемот односно раздорот го прави девојче со кое што се знаеме одамна (сум била на здраво со неа, никогаш блиска) и фамилиите ни се знаат, и баш добро стојат. Но од кога работиме заедно со неа, она си го покажа лицето и и се познава дека ме мрази. Другите колеги ги врти против мене а зошто е тоа така незнаев. Е денес дознав директно од шефот кој сам ме праша зошто сум јас цело време како отсечена, му кажав што мислам. Човекот ми потврди дека кажала колешката дека ме мрази оти сум била на 2 работни позиции повисоко од неа. Му кажав и него, не ме интересира тоа е нејзин проблем. И јас неможам и вас да ве молам или да барам да ме дружите. Тука сме дојдени да работиме и јас сакам доколку се собирате и разговарате за работа да бидам таму. А ако оговарате или правите кафе муабети нема потреба да ме викате.
Од пуста љубомора, заради тоа што си подобра и надредена над неа, ги врти сите против тебе за да се чувствуваш осамено и отфрлена.
Дали може да се пријави ако за цел месец нема исплатено минимална плата? На мајка ми за март цел месец работен и исплатиле само пола.