Дали износот на нејзината плата одговара со сумата која и е наведена во договорот за вработување? Има фирми во кои ќе те вработат и пишува првично плата но со текот на времето можеби ти покачиле неколку пати, си стигнал до дупло поголема сума но не ти дале анекс на договорот. Во тој случај мислам дека може и да има проблем за да се докажеш. Ништо нема да изгубите, јавете се во трудова. Не кажувајте име, видете што ќе ви одговорат. Факт е дека има дупки во законите и дека наоѓаат финти за да се извлечат.
Не На неопределено е. На цела фирма е исплатена истата плата, а цел месец работен. Исто и за јануари.
Еве вака штотуку почнав да работам, веке сум 8 дена како има, шефот е ок со мене и добар, сеуште сум тамо нова и учам некои работи, гледам да стекнувам брзина исто колку што можам. Е сега колешките тамо што се гледаат на секој чекор новите да ги оговараат, што мене тоа највише ме нервира. И ми доага од нив да се откажам од работното место. А сегде ги има такви, една лева мора секогаш да има тоа го знам. А на крајот секој си го покажува вистинското лице. Како се справувате со нив?
Прво не си лева, туку немаш доволно искуство. Капиш?! Тоа да го разграничиш и да не дозволиш никој да влијае така врз твојата самодоверба. Ако сега се откажеш од ова работно место, утре и од ново ќе се откажеш и се така во круг. Друго - Ако раскажуваш за себе или те познаваат лично ќе има што да оговараат. Држи се на страна за почеток и ќе престанат кога нема доволно материјал. Работи си ја работата најдобро што знаеш и умееш и никој ништо не ти може.
Те разбирам како се чувствуваш. Скоро секаде има едно здружено групиче од неколку идиотки кои се навртени на сите останати. Тоа ти е злоба, страв да не напредуваш, да не станеш подобра и да не добиеш нешто повеќе од нив во иднина. Нема како да се справиш. Тие се таму повеќе време, верувај дека нивниот збор ќе биде послушан. Избегнувај ги најмногу што можеш, никакви приватни разговори со нив. Строго службено. Треба прво да се покажеш, друго е после. Кога ќе бидеш повеќе време таму и твојот збор ќе се слуша па ако постапуваат некоректно ќе можеш да се пожалиш.
Многу мразам колеги кои треба да соработуваат, да бидат тимски и да ти кажат што треба, а тие глумат дека се е ок ќе завршат тие и после гледаш се жалат на претпоставените. И тоа што ќе се пренесе сите го дознаваат. Абе кажи си на кој треба, зошто мора претпоставениот да знае или уште десет други. Па сокриј може и јас имам видено нешто што не е како што треба, па сум го прекрила. Кога им е тешко другите им се виновни. И мене ми е некогаш, ама се снаоѓам, не се жалам. Јас сум нова и сега како да гледаат нивните задачи да ги префрлат кај мене. И на крај па незадоволни.
i jas istoto go pominav na kraj mi go prekinaa dogovorot zatoa moj sovet begaj od takvi baraj si nova rab pozz
Па сега ако планираат такво нешто тоа е. Мене само за нив не ми се менува работното место ми одговараат условите. Плата на 1ви, к15, слободен викенд и празник, 4 недели годишен одмор, само мразам вакви работи, но каде и да одиш има вакви да ги наречам колеги. Сакаат нив да си олеснат, а на друг да префрлат задачи као демек нов е и негова грешка е. Тие не се безгрешни, јас им ги гледам грешките, ама си ќутам има кој да им каже, не сум јас должна.
Ме интересира дали секогаш, ама баш секогаш им се обраќате на шефовите, шефиците со Вие? Без разлика на возраст.
Зависи колку често си во контакт со нив. Ако работиш секој ден и комуницираш со нив, многу нормално дека од Вие ќе преминиш на Ти. Но ако се сретнуваш еднаш неделно тогаш Вие. Се зависи од комуникацијата.
Тоа зависи од фирмата и од луѓето со кои работиш/кои ти се претпоставени. Никогаш не сум била на Вие, секогаш на ти или со индиректно обраќање. Претпоставени ми биле и луѓе со кои многу сме се зближиле, па сме биле на "ебисиматер". До луѓето е.
Бев на едно интервју и ми спомнаа 10 саати осигурување на почеток. Па после на цело. Се работи за формирање на групи во приватно школо. И од септември демек цело раб време. Сето е знак прашалник. Каде е тоа 10 саати осигуран во закон??. Придонесот демек ќе ми го пателе тие.
10 сати неделно пријавена би била, значи неполно работно време. Полно работно време по закон е 40 часа неделно да си пријавен (пример 8 сати неделно х 5дена или распределено во различни смени). Има ставка во ЗРО за неполно работно време. Сосема е ок ако стварно 10 саати работиш во тек на една недела. А ако си пријавена на 10, а работиш полно работно време, тогаш е противзаконски.
Имаш добри услови во фирмата по ова што го пиша. Ако е така не давај отказ за будали. Дистанца само. Некогаш и оние кои ги сметаш за ок луѓе може да ти забијат нож во грб. Фактот дека неработни и неписмени бараат влакно во јајцето за да те кодошат боли. Поради такви не може човек да си напредува нормално.
Zdravo sho mislite za rabota po 12 sati od 7sabajle do 7nvecer, i drugiot den od 7 vecerta do 7sabajle,i potoa dva dena slobodni
Зависи каков живот имаш и тебе дали ти одговара работното време и пред се дали можеш да издржиш. Ако е работа што цело време треба да стоиш на нога напорно е, јас лично не би ја прифатила.