Означи ги колегите во посебна група кај тебе, ова во делот Пријатели, потоа во приватност подеси твоите постови да ги гледаат сите освен таа група и свиркај си
Е да и тоа може, ама па никогаш ќе сум ставала рестрикции за такво нешто. Ама искрено за било кој од колегите да е, сељачки е. Приватно кој што сака и каде сака ќе коментира.
Зборев со нив за плата ми рекоа минатиот понеделник демек ќе пуштат, еве го дојде овој понеделник нема ништо па чекам да ги видам денес и на крај краева да си дадам отказ
Дај си отказ ич не му ја мисли. Не зависиш од нив. Никој фала нема да ти рече што си работела без пари. А и со фала не се живее. Требаат пари. А не будала да те прават.
Еве сега се појави едниот газда и ќе разговарам, секако не планирам да работам за џабе и уште на се да трпам секој ден да се дере некој за негови грешки.
За ваков акт на сељачана, треба да се измисли закон. Сега Ккао шп го донесоа овој новио, може да и ова влегува таму. Нарушување на приватност е, сепак.
Па селски е. Мој профил е, што сакам ќе пишувам. Не мора тие на мој статус да прават принт скрин и да го пуштаат во група, и да стават смајли успат. „Демек еве видете што пишала“. Еднаш по новогодишна прослава, видов дека поканиле еден човек кој им е пријател и е на јака функција, директор е, а не бил женет и цело време го зезаа. Крајно некултурно. Какво е тоа пријателство и што постигнуваат тие ако го исмеваат? Тие си имаат бизнис бракови. Еве едниот газда со жена му си договараат зделки. Тоа што нив некој ги трпи за пари, не значи дека се Бог за човекот. Утредента ужасната од таа некултура која ја видов и потценување, пишав статус дека сме беден народ, мизерија, и општ беше статусот. Газдата принт скрин и во група мојот статус со коментар „некој е нервозен“. Што да кажам? За какви стоки работиме, ужасно е да се размислува.
Луѓе имам сериозен проб и веќе незз како....и овој проб ме следи на секое ново раб место (освен на едно каде што бев скоро 2 год) Значи незз како да си помогнам...Не знам како да функционирам меѓу нефункционални некултурни луѓе.. Значи сите си имаме денови разбирам ама ова е веќе карактерна особина, мнг некултурни луѓе со шали преку кои те спуштаат или ти го потценуваат трудот. И не ми е јасно, зошто за секое мое мислење мора контра да се врати, јас можам секој да ислушам ама некако не е исто кон мене...таа што не надгледува ми кажа да ги игнорирам ама јас тежината си ја носам дома...мислам да посетам психолог бидејќи на здравјето ми штети а се уморив да мењавам места ради лоша околина...
Враќај со иста мера. Најтешко е да работиш со луѓе, каде и да идеш менталитетот нема да го смениш. Таков е менталитетот тука зајадлив, гледаат да ти земат и да те заебат секаде го има. Прилагоди се спрема условите ако на шала те навредат исто и ти. Не комуницирај ако немаш потреба и така нема да си направиш нервоза. Со такви луѓе немаш ни колегијалност ниту пак можеш да се дружиш надвор од работно место.
Не сум го осетил твоето искуство, но те разбирам како ти е. Мислам дека психолог би ти помогнал, но да знаеш дека ваквите проблеми се чести на местата каде што има повеќе вработени. За жал сме такпв народ што кога гледа дека добро ти оди и напредуваш, сака да ти го расипе тоа. Се надевам дека ќе го надминеш овој проблем што поскоро.
Не сакам да враќам, мнг порано сум правела така и еве го моето искуство- враќаат дупло кога најмалку очекуваш и после може да следат и грди ситуации, едноставно не вреди Не го разбирам моментот игнорирај ги, (од менаџерката кажано) секој ден по 8 саата сме заедно... Да деф само кога треба ќе зборувам само и самите некад ме прашуваат работи и после вртат филмчиња во нивен стил.. фала за одговорот, мислам дека морам да разговарам со психолог. Некои викаат животното искуство ќе те научи да не ги фермаш ама у пм нема смисла имам 30 год, работам од мои 15 и буквално секаде истово ме следи, значи проб е исто така до мене
Јас сум иста како тебе, а повеќе од 40 години имам, така што ќе си дозволам да кажам дека си можеби малку поосетлива? Исто и јас за све се потресувам и често се прашувам зошто на небитни луѓе трошам толку енергија. Треба да бидеш индиферентна, не да враќаш и да се објаснуваш и да се докажуваш. Изгубено време и изгубена енергија и живци. Знам дека звучи невозможно, ама мораш да пробаш, заради себе. И ако си во прилика, ќе си бараш друга работа,. Помала компанија, зависи што ти е струката.
Тоа е работата, затоа мислам да разговарам со психолог за да научам да бидам индиферентна и да видиме дали сум премнг чуствителна.. да не се разбереме погрешно не е секој ден ваков, и има некои денови и да се вакви имам мнг побитни раб во мојот живот за да се потресувам за глупости ама ете денес имав потреба од човечен контакт (сепак сме 8 саати) и после се покајав 100 пати што уста отворив. пс-луѓево не викаат ни добро утро.
Само игнор. Ако се караш, навредуваш, ќе се здружат и ќе настрадаш. Биди ладна, кога ќе сфатат дека нивното мислење не ти значи, ќе се откачат.
Сѐ уште сум чувствителна, имам 40 и психолог не ми помогнал. Или да ти се посреќи и да работиш во мал колектив или индивидуално, или да игнорираш. Како ти реагираш на глупости, тоа единствено да го смениш. Ако сте поголема фирма, еден човек ти е доволен за муабет и за кафе пауза.
Сум работела во фирма со 238 луѓе и тоа ми е животно школо. Една не ме сакаше и сакаше да ги сврти сите против мене, ама и тоа се среди. Само работа и игнор.
За ова сум мнг свесна и крајно внимателна, не дозволувам да ми се чита од лице или да вратам со лошо па да паднам на нивно (тогаш со сигурно ќе знаат дека ме погодиле)