Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. Nesigurna40

    Nesigurna40 Активен член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    Здраво на Сите

    9 години работам во јавна администрација . Како што ви е познато јавна админстрација е 1 работи за 10 души е јас ја имам таа срека да сум тој . Мегутоа не ми е тоа толку проблем јас сакам да работам. Последниве 5 години имам раководителка која нема поима од ништо ама ај што нема поима од ништо туки и си лечи комплекси. Ми дава по 15 работни задачи во исто време ме прекинува од една работа за 5 минути па ми дава друга па трета па четврта. Ке ми каже како нешто да направам погрешно па по нејзина иницијјатива ке го направам така па јас ке бидам крива. Имав болен член од семејството кој почина . Додека беше болен пред да почине после работно времеме ми се јавуваше малтене секој ден за некоја информација која неможам да ја знам на памет . Ми бараше да правам решене за комисија а не ми кажуваше за што комисија и кои членови и уште ми прави така . Записник од неодржан состанок . Прво запиисник па после дневен ред . И така такви глупости . Не ми дава доволно фотокопирна хартија па ја плакам од џеб понекогаш. Принтер ке ми се расипе сама го правам или барам приватно другари . Вика не ме интересира твој принтер.Се обратив на повисоко ниво се смири малце ради смрта ама пак го прави истото. Незнам дали да дадам отказ неможам више да издржам не ми е толку лоша финансиската ситуациа . Воедно сум и смохран родител и поради сево ова моето дете е запоствено што не е и во ред и ми влијае и на физичкото и психичкото здравје ( одев и на психолог ама џабе) . Во страв сум да не ме намести за нешто да одговарам. Поарно без пари него во затвор стварно незнам . Што би ме советувале.
     
    На Traveler91 и tina2018 им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Јас искрено не сметам дека местото на способни луѓе е во јавна администрација. Ако си амбициозна и сакаш работа, јавна администрација не е местото за било каков напредок. Не знам во која сфера си, ама сигурна сум дека ако си способна можеш да се пробаш и надвор од државно, со оглед на тоа дека имаш квалификации и искуство.

    Секако не значи дека треба да си заминеш за да бараш, но сметам дека не вреди таа сигурност на државното бабите што ни ги кажувале во денешно време, ако треба психички да те малтретираат. Баш напротив за квалификувани кадри приватните фирми нудат повеќе можности за напредок и подобри услови.
     
    На Mikha4, Nesigurna40, Цобра и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Aко е така и ако се сомневаш дека може да те намести, а ти и бркаш триста работи, а при тоа си самохрана мајка, вреди да си бараш работа приватно, и штом ќе најдеш дај си отказ. Ако си вредна како што кажуваш, ти можеби и повеќе ќе напредуваш во друг сектор или странство евентуално. Е сега зависи колку ти е големо детето? Ако е поголемко, имаш опција ако овде не ти е добро, да си бараш нешто надвор, во регионот.
     
    На Nesigurna40 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Summerbaby

    Summerbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2020
    Пораки:
    668
    Допаѓања:
    1.789
    Вака државната адимиистрација има многу предности слободни денови, празници, бенефиции и ти е сигурна, ако планираш да од држано отидеш на приватно многу ќе се разочараш бидејќи таму почнуваат проблемите.. може за без веза да те опушти даа те малтретира за денови .. не редовно да примаш пари.. проблемите се многу поголеми и нема закон кој ќе те заштити... повеќе би ти препорачала таму да гледаш колку да си олесниш а за во приватно не би ти препорачала може и 15 години добро и преку ноќ на улица ...приватните газди гледаат само за свој џеб
     
    На tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.141
    Пресметај се добро која опција ти е подобра. Види колку и што можеш да толерираш. Има вистина и во тоа погоре што е пишано дека во приватен сектор можеш да леташ од денес за утре. Не поправај принтер никако. Не купувај хартија никако. Тоа не си требала да го правиш. Пробај не се јавувај надвор од работно време да видиш како ќе реагира шефицата. Ти веројатно си била премногу вредна и фина, и на глава ти се качиле. Но, внимавај да не те намести. Не паѓај во ризици.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Со тоа што си се снашла да си го поправаш принтерот си се зезнала малце зошто знаат дека работата завршена ќе биде, ќе заштедиш време и пари и они го добиваат процентот, а ти шипки ќе добиеш. Најлесно поминуваат тие што се прават мутави. Напомена дека се подсмирила кога си се пожалила на повисоко ниво, ако треба повторно оди кажи ја целата ситуација дека почнуваш и не довршуваш работи ради нејзе или побарај покачување за сите тие работи што ги правиш ти. Приватна фирма ретко која не работи празници и викенди, најдобро седи каде што си, на приватњак не знаеш на каков човек ќе налеташ има многу од нив психичка тортура што вршат и ќе работиш 20 работи и ќе те казни. :)
     
    На tina2018, Tanjamm и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Хело

    За тие што ми ја следеа ситуацијата на раб. (страна поназад) да ве информирам, пред неколку дена ситуацијата ескалираше со однесување на еден колега, менаџерката беше сведок и не и се веруваше. Значи интуицијата ми беше во право иако неколку од вас ме нарекоа пречуствителна. Јас реално и вас ве послушав, игнорирав и си раб., не бев сеуште нс психолог, ама ете се прелеа чашата.... не смее човек да трпи и мора да се има граница
     
    На Cosmic Girl и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Јас лично би се обидела да се зближам .... пет души, треба тим да бидат...најди им заедничка црта и искористи ја за заедничка корист и подобра атмосфера.
    Направи колачи и почасти ги,на пример....организирај роденденски подарок за првиот кој има роденден....пофали ја колешката дека убаво се облекла тој ден и сл....
    Можеби звучи невозможно во такви услови , но верувај , секој сака да добие комплимент , некој да го примети и пофали за било каква ситница...потоа тој модел почнува да се шири...

    Многу е битна работната атмосфера и затоа вреди да се потрудиш.
    А колку и да сте различни ,ве споило нешто во овој момент.
    Секој од нив има зрнце добрина ,помало или поголемо.....слабост некоја за која е спремен да зборува.
    Па иако сте дојдени на работа и за плата,малку топлина не е на одмет.
    Ти почни.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  9. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    Да направи колач? Јас да се наоѓам во таква ситуација како членката ќе направам колач ама за му го треснам од глава на некој. Психички ја малтретираат и сега она треба да се труди да се зближува?
     
    На Dumbledore, Traveler91, smooch и 4 други им се допаѓа ова.
  10. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Јас поинаку разбрав.
    Дека има ладна атмосфера и зајадливост без повод.
    Точно е дека луѓето од сопствени незадоволства се повеќе стануваат зли.
    Но исто така е точно , дека умеат и да се посрамотат пред туѓа добрина.
    Ништо не ја кошта да се обиде.
    Не разбрав дали се сите здружени против неа или се натпреваруваат во лошотија сама по себе.
    Ако е второво , може да се смени.
     
  11. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    1.369
    Пол:
    Женски
    Убаво пиша, уште пред да почнат работите јас частев сокови, колачи, и муабети иницирав, комплименти, стварно се потрудив да се поврзам и да има атмосфера. Добив ладен туш и лош feedback. Не е битно веќе, си ги покажаа лицата и не се заинтересирани, дури им смета моето присуство и не сакаат на културно да соработуваме. Мило ми е што не сум јас проб и што други го гледаат тоа, но бидејќи тој најмнг што ме малтретира им е најбитен работник,ќе си ги спакувам куферите и ај чао, ми требаат пари но не смеам да трпам вакви стресови
     
    На Cosmic Girl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Девојки имам проблем со колешка од работа. Имено,се запознавме порано на еден настан и сега дојде да работи кај мене во фирма. Се зближивме нешто, јас тука доверба во никој,а во неа имав.
    Да скратам, јас сум најстара тука од сите по работење,а она само неколку месеци.
    Во последно време почна интензивно да се кара со сите, да касни на работа. Секоја смена нешто се дешава,доаѓаат шефовиве,хаос.

    Пред некој ден ми пишува нешто околу доаѓањето на работа од сабајле, како она цврсто одлучила дека сите ние треба да доаѓаме од 7 часот затоа што она немала автобус и немала намера да станува рано за нас ниту пари за такси да дава. Таа живее на десет минути од работното место.
    Тоа го кажува со таков тон без простор да остави да кажам нешто, него таа одлучила и така мора да биде.
    Јас и кажувам дека не може така да размислува,нема бус и нема да доаѓа, кога автобус има првиот е во 5часот наутро. Таа ми возвраќа дека не ја интересирало ништо, немала намера да станувс и да доаѓа.
    Јас и пишувам дека себично постапува во однос на колегите, и дека не е фер некој што живее блиску да нејќе да даде напор,а некој што живее подалеку да дава.
    Јас станувам во 5:30 и пак на време стигнувам, не е во ред јас да седам до 7 часот на работа а да пристигнувам во 20 часот дома, немам време да спремам храна за нареден ден ниту пак да се избањам.
    На што таа почна да се кара со мене,сум била безобразна,лицемерна,сум и контрала, како сум смеела да и контрам. На што јас и одговорив дека ова е смешно да го кажуваш, мислиш само на себе, на тебе да ти е добро и дека не функционира тоа така.
    Таа го дигна носот во плафон и почна да пишува глупости,на што на крајот ја блокнав.

    Денес на работа зборев со луѓево и претпоставената, и кажав и покажав разговори дека таа убедливо кажува кој во колку да доаѓа само затоа што нејзе и одговара. Кажав дека не е во ред не е ни за пола час,се работи за принцип и почит,начин на работа. Претпоставената ми кажа дека сум била во право и дека ќе разговара со неа, не смее да касни.

    Јас многу се разочарав,не очекував,бевме блиски ја дарував со поклони куп, мислев дека можам да и кажам се како на родена сестра.

    Сакав да ве прашам за мислење дали постапив во ред или сепак некаде погрешив?

    Ве молам без напаѓање.
     
  13. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Значи какви луѓе има, тоа е страшна работа. Деца во градинка знаат дека треба да се почитува редот, не е на татко и фирмата на крај краева. (facepalm)
    Нејсе, не разбирам како шефовите дозволуваат да имаат вакви вработени кои прво спрема нив покажуваат непочит и самоволие а после и кај останатите вработени. Сето ова влијае на работата на фирмата не е плукни залепи. Во ред си постапила што си ја “искарала“ зошто ако не ти, шефот другиот ден можеше директно и отказ да и даде (барем јас така би кога некој ми забушава). Таа требаше тоа да го сфати како добронамерен совет од твоја страна но секогаш ваквите луѓе си сфаќаат како што им одговара.

    Сепак, сметам дека не мораше да ја кодошиш на шефот и останатите. Не станува збор за 5 годишни деца, него возрасни луѓе, самите ќе сфатеа дека не ја бива работата, ќе најдеа начин како да се реши. Пишуваш дека сте биле блиски а впрочем не прочитав нигде дека таа ти направила тебе нешто па да се разочараш од неа, напротив ти си таа која ја изневерила. Ако не е моја фирмата зошто да ме интересира некој вработен дали доаѓа на време и редовно на работа? Макар и сестра да ми е. Си има кој да се грижи за тоа.
     
    На Traveler91, Dandra и buba4e89 им се допаѓа ова.
  14. Reina.Gitana

    Reina.Gitana Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    19.212
    Пол:
    Женски
    Убаво викаат "Дај му на човекот власт и ќе му го видиш вистинското лице". Само неколку месеци на работа, а се прави како таа да е главна и мора според нејзини правила да биде се. Навистина се однесува крајно непочитувачки и неферски спрема другите, а најмногу и спрема тебе што сте биле толку блиски. Според мене убаво си постапила, штета што на таков начин и го откри вистинското лице, ама вака само таа губи.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Не ја кодошев кај шефот ниту ја изневерив нешто. Јас кажав на претпоставената како стојат работите, бидејќи се неа не можев да се разберам. Не можам да дозволам да се почнува од 7 затоа што јас живеам 40 минути од работа, а она живее 10мин. Она ќе се врати дома исто толку затоа што има пет автобуси, а јас имам само 1.
    Освен тоа со сите се искара тука,почнувајќи од девојките собарки до колегите од ноќна.
    Се разочарав од односот и комуникацијата со мене што ја имаше.

    Ова не е административна работа, ова е обезбедување и мора да дојдеш на време,24/7 се работи.
     
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.758
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Женски
    Да те разбирам ама не ми е јасно зошто претпоставените не реагираат на ваквото однесување. Самите треба да бидат свесни кој, што, како и колку работи не да се доведуваме во ситуација да се кодошиме меѓусебно 'овој не работи, овој не доаѓа на време' итн итн.
     
    На Traveler91 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    И јас би сакала да знам.
    Но овде секогаш важи правилото за доаѓање 30минути порано на работа затоа што се прави примопредаја на смена.
    Јас ова и кажувам, и објаснувам на што таа дрско ми одговара да сум си запишувала во тетратка,видела колку сум била колегијална и не знам какви други бесмислици. Значи таа цврсто одлучила да касни.
    Ми пишуваат колеги од ноќна во слободни денови дека прави глупости на работа, касни…никој не е долже да ја чека повеќе од 7 часот.
     
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасна ситуацијава малку. Таа живее блиску и кажува дека треба да станува рано поради вас кои живеете подалеку? Грешам, при толкувањево или? Дека вака звучи многу контрадикторно.
     
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Нашето работно време е од 7 со тоа што во 6:30 треба да бидеш на работа. 30 минути порано бидејќи се прави примо-предаја на смена.
    Таа живее блиску и проблем и е да доаѓа 30мин порано.
    Јас живеам далеку и не ми е проблем да доаѓам 30минути порано.
    Меѓутоа кога треба да се смени со колега од ноќна смена,ако тој се сменил со мене 6:30 наредниот ден треба да ја чека нејзе до 7:10 часот. Што не е фер, и многу е. Таа касни речиси 40мин.
     
    На senjorita-v и venus♡ им се допаѓа ова.
  20. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Ти не си ништо виновна во целиов случај. Нема што она да диктира правила според нејзини желби. Газдата треба да си расчисти со нејзе, ако и се работи нека работи, ако не нека си седи дома, друг ќе дојде да работи на нејзино место.
     
    На senjorita-v и buba4e89 им се допаѓа ова.