Јас мислам дека си паметно постапила, и си се оградила на некој начин. Си поставила граници и тоа е тоа. Ти си имаш својот стандард во работата и ако на убав начин и го посочиш, не треба да ти е гајле како она ќе реагира. Ти имај си став, и пред шефицата и пред неа и тоа е тоа. А да бара од тебе да и бидеш застапник и на нејзе за повисока плата, не ми се допаѓа, нека си бара, ако мисли дека заслужува. Знае дека си подобра во работата, па уште и се буни.
Деновиве повторно ова со колешкава беше актуелно. После таа постапка колешката му пишала груба порака на колегата во која што му кажува дека она е менаџер и гледала камери,го гледала него во колку доаѓал( блефирање) и на крајот додала лични навреди кон него. Јас се запрестив од нејзините зборови, ја имам пораката,им доказ каде она му испраќа груби навредувачки пораки. Во меѓувреме ми оставила порака на работа да и пишам ако можам. Јас и пишав разговаравме она се обидуваше да се извади на секој можен начин. На моето прашање дали гледала камери таа ми рече дека не рекла така туку дека може да се видат. Прво да појаснам пристап до камери ние немаме,имаат само CEO шефовите,а второ да се вратат е многу тешко. Јас тоа го знам многу добро ама таа мисли дека јас сум глупа и може да ме насамари. Секој нејзин збор и беше ама ти не ми веруваш,зашто не ми веруваш а како да и верувам кога имам писмен доказ што она пишувала и како постапувала. Другиот колега ми покажа како она наредбено му кажала кој во колку да доаѓа,како нејзе тоа не и одговарало бла бла на што колегата беше страшно лут. Кога дојдов на работа она си пишувала во тетратка од позади во колку доаѓал, и го натерала колегата дека нема да си оди дур не потпише. Меѓутоа тоа не е наредено од шефови него од нејзе. Утринава повторно ми пишува дека листот испарил и ме прашува каде е, јас и кажувам дека не знам каде е, на што добивам заканувачки пораки,ме обвини за ништо и како демек шефовите ќе ми се јавеле ќе сум одговарала пред нив. Јас и пишувам да се смири,да не си прави раздор меѓу колегите и да не ги замара шефовите со дебилски работи,на што она ми одговара како ќе бидеме казнети, ќе ни се јавеле шефови бла бла. Ми изнапиша глупости во кои сфатив дека она цело време блефира со шефови затоа што не е по нејзино и зашто јас и контрам, и зашто не и верувам. Она всушност се спријателила со мене од личен корист ништо повеќе. На крајот ми пиша чао еве ќе те бара шефот да ти објасни некои работи, ама еве го 15часот е никој не ми се јави. На шефот му е гајле, се дур не ескалира,јас имам писмен доказ каде она постапува грубо пред се кон работата а потоа кон колегата. Од друга страна кога бев болна ми пиша како демек сум неблагодарна што ме сменила и покрај тоа што миленчето и било болно, на што и кажувам дека јас од неа не барав да ме смени туку јас земав боледување со тоа што она нема никаква морална обврска спрема мене нешто туку спрема агенцијата и колку таа ќе ги испочитува е нејзино. На ова она мене ми враќа како демек погрешно сум ја сфатила, не сакала така да се изрази. Без коментар сум.
Ајде некој правник да ми каже дали доколку се раскине договор 3а работа од 1 месец по барање на работникот, рабитникот ќе плати пенали. Во договорот пишува дека договорите се раскинуваат со отказен рок од 2 или 3 месеци, но договорот е на 1 месец?
Здраво, ми треба мислење како да постапам. Имено, работам во фирма веќе 2 месеци (колку што ми е договорот првичен - до 12.09.2021) Во меѓувреме, си праќав СV и на други места и пред 2 дена ме исконтактираа и утре имам закажано интервју на друго место, место каде што ми се допаѓа стварно да работам и се израдував кога ми пишаа смс. Е сега, доколку ми се допадне платата и се, и ми речат да почнам од среда пример, што да направам? Како да им кажам на овие кај што работам сега или? Не знам дали да бидам искрена со овие на интервјуто утре и да им кажам дека сум во работен однос и сакам да напуштам или? Ми е страв дека ќе ме откачат ако им кажам така. Совет може? Благодарам
12.09. ене го кај е за една недела. Ретко некој баш толку брзо да те вработи. Обично има и второ интервју, па секако нема да бидеш во работен однос додека дојде до вработување. Иначе ако сепак испадне да те прашаат да почнеш од утре, објасни им дека наскоро ти завршува договорот за вработување. Нема да има проблем ако буквално само 3-4 дена причекаат. Нема потреба за толку грижа. Со среќа на интервјуто.
Здраво, Ме интересира дали следува паричен надоместок од фирма доколку истата се наоѓа во град во кој немаш постојано живеалиште односно живееш одделно од семејството? И исто, дали следува надоместок за патни трошоци доколку мора да користиш јавен превоз или сопствено возило? Прочитав по законите, но ме интересира подетално.
Да, постои надоместок за одвоен живот и патни трошоци треба да ти исплаќаат доколку местото на престој е подалеку од 2км од работното место.
Постои да, но треба со фирмата да разговараш на таа тема, не се почитуваат сите закони. Ако сакаш да земаш такви надоместоци, а фирмата не ти ги дава, ќе си го прочиташ детално законот и ќе се повикаш на точните членови, можеш и во писмена форма. пс. Два километри? Да не се дваесет? @Mikha4
Два километри се. Убаво си напиша членката. Плус постојат фирми каде што можеш да избереш дали сакаш слободна карта за јавен градски превоз или сакаш да ти исплаќаат фиксен износ за секој месец доколку патуваш со сопствен автомобил.
Искрено, тоа во приватни фирми каде сум работела досега не сум го видела, храна и превоз се дава во државна служба, а надоместок за превоз плаќаат фирмиве што се во индустриските зони.
Вака, од вторник почнувам на работа, но пред 2 месеци закажав за на специјалист за во четврток, а ми е итно. Дали да му побарам ден или да чекам уште некој месец?
Кога ти е прегледот? За секој сработен месец имаш два слободни денови од одмор, можеш да си ги користиш. Некои фирми не дозволуваат да се користат денови од одмор пред полни шест месеци, но ако е нормална фирма не би требало да ти прават проблем, сепак е здравствен преглед. Ако не така, тогаш опциите ти се да земеш неплатен ден или боледување за тој ден. пс. Видов дека е четврток. Си требала на време да кажеш дека имаш закажано преглед. Прашај си, ама не се чуди ако не ти дозволат да земеш ден
Здраво! Ми треба совет од некој кој има искуство со неплатени отсуства на работа. Работам во државно, и сакам да земам 3 месеци неплатено за пракса во Германија(која има потенцијал да се претвори во работа). Сакам да земам неплатено во случај да не ми се допадне или да не не ме примат после тоа, сепак државна работа ми е тука а и не сум 100% сигурна дали сакам да живеам во странство дури не пробам. Што мислите, дали би ми дале неплатено отсуство кога ќе им кажам дека одам за пракса и може да не се вратам? Мене ми е страв и да побарам. Ако не ми дадат планирам да дадам отказ. Морам да пробам инаку ќе ми е криво. Инаку работам во здравствен сектор.
Познавам жена што работеше во ист сектор и она така правеше - по 3 месеци одеше во Швајцарија и се враќаше, па го повлече мажот и после децата. Најдобро е да не кажуваш дека ќе одиш на пракса, туку сосема некоја друга причина што не врзува работа во приказната. А за неплатено секако тр. да ти дадат освен ако си дефицитен кадар и нема кој да те замени или има нешто наведено во договорот со кој би те обврзале да мора да работиш.
Dali nekoja aplicirala za rabotno mesto vo Nelt? Imav problem so resavanje na matematicki test. Samo sto visha matematika ne svakam za sto bi mi trebalo kako Unapreduvac za prodazba. A ako primer dobro prodavam, a sum slaba so visha matematika - wtf? Ako imate nekoe info okolu testot pisete tuka ili lp
Јас сум земала со цел да одам надвор. Не кажувај причина, измисли нешто ако мислиш дека ќе ти прават проблем. Те следува по закон и треба да ти дадат. Мене прво ми спомнаа дека ќе треба да доставам изјава во фирмата, со наведена причина зошто ќе сум отсутна, а потоа рекоа не треба.
Дали ќе можи некој во инбокс, по можност да има искуство со пракса од аврм, одмори, слободни деној и слично? Не сакам тука да пишувам.