Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    (се извинувам што почнувам нов пост, но кога ке сакам да продолжам одам на редактирај, и не ми се отвора простор надолу, па пишувам на слепо и после се вракам па го средувам, проштевајте)

    Еден пример за тоа колку и што можат работниците: пред 3 години во еден град во источна МК, по службена линија му кажувам на газдата што треба да направи;
    после еден месец ништо не е направено. Газдата вели нема работници. Како нема работници? Така, вели никој не сака да работи! А за колку работеле работниците ? За 300 денари дневница! Замислете 300 денари. Тој бојкот траеше 1 година. После тоа дневниците се зголемија на 600 денари! Добар успех за наши услови!
    *
    Немал газдата плата да им даде на работниците, а имал кука од 1МИЛИОН ЕУРА да ја издава на дипломати за којзнае колкава кирија! И плус акции во стрнаска фирма од екс ЈУ простори со годишна дивиденда од 400.000 еур. И плус се разбира фабрик-ичка , чисто за занимација.

    Немало пари во МК? Немало обрт, немало ова немало она...! Па откај се тие куки од по милион еура?
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    ^
    Реков за многу фирми, не реков за сите фирми, што се возбудуваш толку? И што има ти попис да им правиш на куќите и диор очилата, ако можеш да издејствуваш за поголема плата и подобри услови, бујрум.
     
  3. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345

    Во ред, ајде да ја прашаме:

    - Missboticeliuss, зошто работиш неосигурана

    - Зошто пабара одмор?
    1. да одиш некаде со другарките, па не ФБ да се фалиш?
    2. затоа што си уморна бидејки претходно си работела па имаш потреба да се одмориш?
    3. или бидејки си неосигурана, па си мислеше еден компромис (премолчано) да направите?

    :rofl: Очекував некој да опонира! :rofl:

    ЕКСПЛОАТАЦИЈА! ЕКСПЛОАТЦИЈА! -Можеш да се консултираш со кој сакаш економист и ке видиш како се создава вишок на вредност!

    Ако некој кога отворил фирма имал една излитена сукна, и после некое време како Софија Лорен се прави, а на работниците нема плата да се подели, па ке се прави попис , и тоа како!
    Ако е нормално вработените неосигурани да работа зошто тогаш има закон со казни?
     
  4. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Абе не смеело да се побара одмор кога сакаме .. Тоа само кај нас така. Јас тука каде што работам (во една од скандинавските земји) после еден месец од работа ме прашуваат кога ќе си одам за Македонија,мислам дека за Велигден беше. И јас баш истото им го реков, само што почнав со работа и не сакам да не барам одмор и ми викаат, имаме приметено за вас, земјите од југот, вие кога работите стварно работите. Не се плаши да си побараш одмор, те следуваат незнам колку .. 20тина дена и кога сакаш можеш да си ги искористиш. И така и беше, си дојдов дома. И плус тоа просечното неделно работно време им е пократко во споредба со другите земји. Ама затоа луѓето се среќни и квалитетот на животот е висок.
    А мајка ми потпишуваше празен лист, на кој потоа работодавецот им пополнуваше колку денови искористиле за одмор, а всушност одмараше само за државни празници. 10 години не можат да отидат на одмор. Се надевам дека работите ќе се сменат на подобро во иднина.
     
    На Fancy_Nency 22 и kva им се допаѓа ова.
  5. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    By the way,
    не реков и јас дека сите газди се лоши;
    кажав дека сум работела и јас неосигурана, одамна 1999 година,
    да повторам: за одмор сами ме прашаа кога, зимото ми дадоа одмор од Н.година до Божик.
    Газдарицата за роденден ми подаруваше многу добри поклони,
    еднаш и златно ланче, од оние плетените,
    ручеци за 8-ми Март, Нова Година,...

    Овде зборуваме за оние “малкуте“ исклучоци кои лошо се однесуваат кон вработените , да им дадеме подршка на послабите, да издржат додека фирмите се стабилизираат.

    *
    Имаше и некои закони колку се секавам: за мобинг, за казнување ако се најде неосигуран вработен;
    Па нели има (ше) и Сојуз на Синдикати за заштита на правата на работниците,...
    оти секој нели не може да се избори за своите права;

    Па сетете се на Англија кога се појави мануфактурното производство, прва земја каде што се формирани синдикати е Англија! Бидејки ЕКСПЛОАТАЦИЈАТА ти била “нормална“ појва.
    Сетете се зошто беше воспоставен 1-ви ли беше , 2-ри ли Мај беше, го заборавивме веке.
     
  6. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.446
    Пол:
    Женски
    Драги мои лесно е овде да се каже се о мора да признаете дека и на газдите на фирмите не им е лесно во Македонија. Пуштете ги тие приказни демек еве јас сум во една од скадинавските земји а незнае колку дена одмор и дале, наводно после само 1 месец. Да драга моја ке ти дадат после еден месец но доколку има намален обем на работа помегу двата велигдени, таму имаат колективе одмор за велиген, што значи нема сакам екам туку мораш да користиш дел од одморот. Исто така во лето се знае кога се оди на одмор и потоа се работи нема како кај нас 100 празници, пола година неработни денови. Незнам зошто сите вие кои сте толу револтирани и загрижени за работничките права не отворите фабрика и запослете ги лугето дајте им огромни плати и одмор кога сакаат па да видите дали и за колку време ке и ставите клуч на фабриката. Точно е дека има покварени газди, исто како и а запад но вие зборувате во глобала ставајки ги во ист кош. Една членка наведе убав пример со убави гестови од газдата но секако дека и они како работници се однесуваат добро кон газдата, сигурно не гледаат само да излезе газдата мобилниот на уво и бркајте си работа. На крајот на краиштата зошто не се изборите за своите права? Или ви е страв да не ве избркаат па тука се издувувате плукајки по тој ист газда на кој утре „газот ке му го лижете“ лигавејки му е како е тој супер бидејки немате храброст да му се спротиставите. Точно е дека стандардот е тука низок, но и вашиот газда ако се спореди со неговиот Германски колега колку тој заработува верувајте ми ке му се изнасмее Германецот во лице. На крајот а краиштата тука е многу поефтино за разлика од запад, на запад со нашите 200 евра не би можеле само леб да купат а камо ли да тераат цел месец. За наши услови просечната плата колку што ја кажуваат од 25000-30000 би била сосема доволна за нормален живот и да е вработеноста како а запад да работат двајцата партнери.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Не сакам многу да пишувам ке испадне се јас знам, ама провокации , не можам да одолеам ;) .
    Јас имам влезено во повеке од 200 фирми во МК.
    Мали, средни и микро претпријатија; големи се многу малку но и во такви имам влезено.
    Комуникација од врвно раководство до работник и хигиеничар.

    Во фирмите каде што се вршат интелектуални активности малку е потешка експлоатацијата;
    проблем се фирмите во кои се вршат мануелни активности каде работниците се со многу ниско образование.

    Оние кои се од Струмица, мора да ја знаат една конфекција на ГРК.
    Информирајте се малку (ако досега не сте чуле) за следново:
    ВРАБОТЕНИТЕ ОД ДОМА МОРАЛЕ ДА СИ НОСАТ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, гркот(газда) ја откажал водата од
    јавно комунално претпријатие да не прави трошок. Имало само техничка вода за хигиена.

    Струмка, а што не ми одговориш на прашањево како е можно кука во Ср, во Охрид и на Јадран?
    Возен парк на цела фамилија од АУДИ до Мерцедес, само тоа се вози. ( за 10 години)
    А на вработените плата со задоцнување, или не може да се осигурат,или нема одмор,...
    Не зафркавај Струмче ма.

    Сум била и на запад и сум работела 1 година. Е ај кажи како таму рабоницве од МК работат а кај нас „зафркаваат„? Ке ти одговора: НЕ СЕ МОТИВИРАНИ!
    Таму и одморот ми го плакаат, а бидејки не го зедов одморот дупло пари ми платија бидејки работев.
    И тоа јас немав поима, книговодствено се си беше обработено, и плус 13 плата. Абе на крај на година
    во несвест да паднеш од пари :rofl: !

    Струмка , а што не ги коментира двјцата вработени за кои сите останати вработени ( во двете фабрики)
    знаат дека починаа од преголем притисок?(млади луѓе , не дека биле пред пензија, па се исторшиле)

    *
    Експлоатација се врши и во големите корпорации,
    со намалување на бројот на вработени а не пак во малите фирмички.
    Постојат посебни обуки и техники како тоа се врши; Се викаат JIT I KAN-BAN.
    Многу софистицирани методи и техники. Какви се на замки, еден обичен работник
    никогаш нема да му текне што му се случува.
    Некој тоа му е работа. Седи , ги набљудува вработените, анализира,...итн.
    Кога 2002 година кај нас дојдоа Германците да вршат обука за овие техники, многу брзо
    сватија и коментираа: Абе вам не ви требаат овакви обуки, вие се си знаете;
    сте можеле да ги патентрате овие техники и пари да земете за нив[/
    b]!
     
  8. Babushka

    Babushka Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    5.482


    Што сакаш да кажеш со: "Постојат посебни обуки и техники како тоа се врши (експлоатација); Се викаат JIT I KAN-BAN."?? Ова се техники за управување со залихите на материјал во производни претпријатија.
     
  9. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345


    Обично не одговарам на прашања ако некој љубезно не ме замоли, но сега ке направам исклучок.
    1. Во мојот пост никаде не стои
    Постојат посебни обуки и техники како тоа се врши(експлоатација)
    туку
    експлоатација се врши и во големите корпорации,
    со намалување на бројот на вработени

    во мојот пост “Постојат посебни обуки и техники како тоа се врши“ се однесува на “намалување на
    бројот на вработени“

    2. Не би држела предавања овде, точно е дека под тоа име се користат техники кои ти ги спомена,
    но, секогаш има но :) , ... има и “подтехники“ ;) , како беше она скриени трошоци, е овде има
    скриени ефекти,... има обуки и “обуки“ нели.
     
  10. miss-bootylicius

    miss-bootylicius Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    11.019
    Договорив одмор ке ми даде сега уште нешто - платата ја земам од 1-5 секој месец а сега на одмор одам на 2ри - Како од ваков газда да побарам платата да ми ја даде на први - еден ден пред тргнување :x :sweat: (јас таа плата и си ја планирам, ако не ми даде морам да се позајмувам па после да враќам ) Совет некој? :$
     
  11. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    6.580
    Пол:
    Женски
    zdravo na site..jas imam eden problem..na ova rabotno mesto rabotam od osktomvri,a me prijavija od dekemvri..i od dekemvri imam ista plata a obvrskite mi se zgolemija..rabotis za 2 ,a plata za eden..sakam da pobaram pokacuvanje ama nemam iskustvo kako toa odi t.e. neznam kako kulturno da si pobaram :D
    i drugo me interesira kako lugeto naogaat druga rabota?eve jas bi sakala da konkuriram ama mi e strrav tamu kade sto rabotam da ne im kazat??? совет ве молам...
     
  12. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Договорив одмор ке ми даде сега уште нешто - платата ја земам од 1-5 секој месец а сега на одмор одам на 2ри - Како од ваков газда да побарам платата да ми ја даде на први - еден ден пред тргнување :x :sweat: (јас таа плата и си ја планирам, ако не ми даде морам да се позајмувам па после да враќам ) Совет некој? :$[/quote]


    Кукло, давањето плата од 1-5 е сосема ок.
    Е сега овде ти помага само:
    1. Да чекаш некој ден кога газдата е добро расположен и да му речеш вака:
    Јас бидејки сум од 2 -ри на одмор, ке ве молам ако може да ми ја дадете платата на први.

    Само толку! Немој да се правиш љубезна повеке отколку што природата тоа ти го дозволува
    или одколку што е потребно во случајов.
    И немој да дообјаснуваш ништо, без оглед каков ке биде неговиот говор на тело.

    2. Во меѓувреме мисли си |-) од кој ке позајмиш пари
    (немој да му кажуваш дека ако не ти даде плата дека ке треба да позајмуваш!)

    .... и обавезно да се јавиш да кажеш што си направила!

    Кажи што конкретно работиш и дали за тоа работно место претходно имаше
    некое искуство, па после ке се анализира проблемот.
     
    На miss-bootylicius му/ѝ се допаѓа ова.
  13. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    6.580
    Пол:
    Женски
    работам како комерцијалист во една скопска фирма и да имав претходно работно искуство од 5 г во комерција..тука кога дојдом требаше да работам 3 програми(за продажба),а сега работам и целата работа на шефот а тоа се плус 2 огромни програми,а таа си ужива// :devil:
     
  14. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Рипче,

    имаш 5 години раб. искуство?


    Вака:
    1. Сопственикот, управителот или газдата на фирмата, знае ли дека
    ги работиш програмите на шефот?
    1.1 Како се случи да ги преземеш и тие 2 програми?
    Спонтано или те праша шефот отворено?
    1.2 Шефот во каква врска(комуникација) е со газдта (управителот)?
    Дали се блиски, пијат заедно кафе, да не се пријатели или официјална е комуникацијата?
    1.3 Шефот колку време е во фирмата?

    2. Платата може си е доволна за тие 3 програми, ама тоа накалемување и на други обврски
    прашање е како дошло до тоа?

    Изанализирај ги сите овие работи и обиди се тие 2 екстра програми како дошле
    така и да одат
    .

    Во оваква ситуација, ( не мора да е 100%точно, бидејки не сум на лице место),
    но ми се чини тешко покачување да добиеш, бидејки за тоа веќе си има човек во фирмата.

    3. Имате ли систематизација, или некој стандрад ИСО во фирмата, во кој јасно се утврдени обврските
    на секој вработен
    (ова јас те прашувам, немој во никој случај тоа на некој во фаца да му го треснеш,
    освен ако не си одлучила “to be or not to be“ што не ти го советувам, уште си млада во фирмата,
    нема потреба.

    п.с.
    ако можеш да одговориш шефот колку време е во фирмата?
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. riba79

    riba79 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    1.702
    Допаѓања:
    6.580
    Пол:
    Женски
    -15 Г
     
  16. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Рибо,
    според ова што го кажуваш, уфффффф.
    Ама по се изгледа помалку и сам си крива.
    Си сакала да се докажеш, покажеш.

    Мислев да одиме на опција шеф(ицата) дали има шанси скроз да ја замениш
    кога веке ти дава своја работа; но 15 години се 15 години.

    Прва опција обиди се полека, спонтано малку помалку да ги откажуваш
    некои обврски кои ти ги дала, со изговор дека не можеш, не разбираш,
    не ти е јасно,... немаш време, треба и твојата работа да си ја завршиш;
    ова ке трае извесно време. Види за колку време ти ги наметна нејзините работи
    отприлика толку ке ти треба а враканње во првобитна состојба.

    Втора опција е директно да разговараш со неа, не можам ништо повеке
    да ти сугерирам , не ја знам каква е.

    Трета опција да одиш директно кај газдата(или управител, незнам што ви е?)
    и отворено да разговараш дека можеш да ги вршиш само твоите работи засега.
    Немој да речеш не можам јас и нејзините работи да ги работам, туку:

    Јас можам да ги работам само работие за кои се договоривме и за кои ме примивте.

    Се надевам дека бев јасна.
    Моја препорака е да одиш по редослед како што се дадени опциите.
    Се ова ти го советувам бидејки рече дека си осигурана.
    Види во фирма мора да има некој прблем, ако не е овој тогаш нешто друго ке има.
    Не е решение да ја напуштиш, пробај прво да го решиш проблемот.
    Со силна воља те уверувам дека можеш да го направиш тоа.
     
    На riba79 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    еве и јас ќе побарам совет.

    веќе се откажав да работам тука каде што сум и почнав да барам нова работа но сум нестрплива да дадам отказ.

    газдата заминува на пат утре и незнам за колку време ќе се врати ( можеби 10 дена до 2 недели).

    е сега размислував додека е на пат да му напишам меил и да го известам дека планирам да напуштам. но јас нема да напуштам додека не се врати ќе бидам фер и ќе му дадам 30 дена отказен рок да ги средам сите документи и да пренесам се што треба и нормално да разговараме кога ќе се врати.

    навистина стана безобразен и нефер и се нервирам секој ден. сакам да знае во овој период додека да се врати дека нема потреба веќе да рачуна на мене да не ми дава нови обврски туку само да си ги извршам старите. веќе не ми е гајле за неговите чуства и неговите проблеми, кога тој нема никаква почит и обзирност спрема мене што пак јас да се секирам. едноствано чуствувам товар на себе и сакам да знае дека ќе си одам тоа е се. што мислите ? искуство ?
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Искрено, мене ако ме прашаш, би почекала додека да се врати од одмор за да го информирам, а во тоа време (порелаксирано, бидејќи нема да е тука околу мене) ќе се растрчам за нова работа. Може нема да најдам одма, ама барем ќе имам почнато пред да дадам отказ...

    Знам колкав притисок може да биде целата таа околина, ама искулирај малце, намести го умот на „си одам секако“ и ќе видиш како секоја забелешка помалце ќе те боли. Види во договорот за работа, може да ти стои пократок отказен рок, не мора законскиот да го следиш. Ако е сепак 1 месец, ОК, во тој месец ем ќе ја предадеш работата, ем ќе си бараш нова, без притисоци и стресови, што е најбитно.

    Со среќа, пиши ако ти треба некаков совет за целата постапка :hug:
     
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    договорот си го знам на памет, може да си одам и порано ако сакам јас тоа не е проблем. си одам секако ставот ми е завземен ама кога ќе дојде од сабајле да ме обвинува за нешто и да ми се прави жртва е тоа не го можам ме вади од контакт. сакам пола од тоа време да помине додека не е тука и сакам да го поврредам како он мене што ми прави. едноставно имам чуство како да ме третира како будала а тоа неможам да го поднесам. кога мене ми требаа при или нешто друго он бегаше и ми пишуваше меилови, сега ќе враќам со иста мера.
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Не е проблем давањето отказ преку мејл, дури е и пожелно, зошто си имаш официјално на папиру со точна дата, да се знае :) Него јас ти велев за друго - ти си одиш што си одиш, туку да си го смениш мајндсетот *на пасење и барање нова работа* - мислам дека ништо нема да го здоболи повеќе од индиферентноста ;)
     
    На joelle му/ѝ се допаѓа ова.