Зашто штета, чим ти се допаѓа работата терај си, не се зближувај, повеќе слушај, помалце зборувај со нив и супер ќе ти биде
Тоа е супер идеја ама таа сама ми доаѓа и ми глуми паметна, намерно пред сите за да се осети супериорно. Инаку во приватно е љубезна ама штом некој друг се појави (особено клиент/мрнаџер) станува безобразна.
Точно така... Имав искуство на претходно раб. место со машки колеги, не беше така. Сега работам со жени, во принцип добро се согласуваме, ама понекогаш се неподносливи. Едната најстара, има искуство, ме обучуваше, и благдарам, ама сега рангирана е најдолу на скалилото според квалификации и плата. Па денес викање, нервоза во канцеларија ко ние да сме,другите, виновни за тоа. Не е во ред тоа што и се случи, јавно пред шефот реков, ниту сплетки правам, ниту платата нејзина ме интересира. Ама таа си продолжува со фрустрациите, јас ќе си молчам и на игнор ќе терам понатаму. Секако догодина во пензија ќе оди, здравје боже.
Луѓе дајте предлог работа и огласи кај што има повеќе машки.. неможам више. Многу се безобразни жениве ќе пукнам.
Луѓе може ќе имате некој паметен совет да ми кажете како да постапам.. имам колешка, многу повозрасна од мене, оди обично прва смена а јас втора. Додека одам накај работа скоро секој ден ми ѕвони или пишува. Не дај боже да ме фати настинка, на пола сат ми ѕвони дома. Моментално е на одмор, оттаму ми ѕвони, имам турбо работа и кога ќе си дојдам после две смени (ја мењам) сакам да одморам, она пак ѕвони. Решив еднаш да ја игнорирам, блок на се живо удрив, и замислете и рекла на една моја комшивка да ми пренесе да и се јавам кога ми ѕвони (комшивката моја работи наспроти нас инаку). Се шокирав тогаш, подосадна особа немам сретнато, и вака блиски сме, ама ајде на работа па и вака на телефон не ми се прави муабет со неа. Знае да биде и лисица, особено пред претпоставениот и не ги можам таквите дволични особи. Од култура неможам да и кажам не ми врти или нешто у тој смисол, ја толерирам колку можам сепак колешки сме, ама некогаш многу се нервирам во себе. Што да правам?
Се јавува да ти каже нешто битно или онака ? Ако не сакаш да испадниш некултурна, биди кратка во разговорите со некаков изговор
Кај секој ден битно? Многу зборлива е и радознала, информации од прва рака има Онака се јавува, до кај си да ставам кафе? Или кога сум болна на пола сат како си? Нема да умрам за пол сат Здосадува и тоа.. а онака у муабет сме зборувале, знае дека нејќам луѓе без осет, ама таква е си тера по свое.
Јас имав колешка што кога ќе ми се јавеше по 45 минути ме давеше, и тоа само таа си збореше, јас на ред не можев да дојдам. Колку пати не сум и кренала или сум и пишала дека сум излезена (а дома сум била).
Па добро,и ставањето кафе е битна работа Било што и да речиш може да се налути и да се скарате... или не кревај на секој повик или пократки разговори имајте. Кај такви особи нема разбирачка, секогаш си наоѓаат тема за муабет,ова од искуство
За последното ептен си у право. А за кафето, и сама ќе си ставам Знаеш, и не се јавувам на секој повик, ама она ѕвони...
Исто и оваа, битно е она да раскаже, еднаш и реков извини, ќе може да добијам збор.. ма кај и да сум ме гњави, еднаш пример тргнавме со маж ми до Штип на магнетна и на 15-20 мин.ѕвонеше: до кај сте, влезе на магнет? Маж ми вика у п.м Станувам од тоа коритото додека си дојдам при себе (пола сат се снимав), она ѕвони што направи, што не ми се јавиш одма
Лелее удав штом ја напуштиш смената ко на шала речи и : И не барај ме денес ќе одмарам, а и да ме бараш нема да ти кревам да знаеш Ако те бара пак,значи стварно жена без осет
Еднаш, незнам за што беше работата, ми вика ќе ти ѕвонам често да знаеш. И викам не се јавувам јас, пробав и на шала. Никако неможам да и кажам директно, на возраст ко мајка ми е.
Еве од пред малку ми ѕвонела, не се јавувам. Ми праќа видео од детето кај шлапка во водата (има мало дете), ја разбирам мерак и е. И враќам бравоо, супер . Уживајте и одмори малку од работата и од нас ајде убав одмор. Така пишав, се надевав ќе разбере.. за кратко ми стига: ќе ти ѕвонам утре, да ми се јавиш Вреди ли отказ да дадам?
Абе не кревај едноставно, на кој сака нека пише и нека те бара. Нареден ден кога ќе те праша речи се извинувам ама имам многу обврски по дома, и после неколку дена ќе сфати. Или нека крене маж ти еден ден со истиот изговор, кога ќе заврши ќе ве побара и тоа е тоа.
@KiT не вреди да даваш отказ, она пак ќе си ѕвони. Избегнувај да одговараш на повици и пораки, или како што кажа членката погоре дај телефонот на некој нека ѝ каже зафатена си, ќе ја побараш. Конкретно решение немам, не сум имала ваков проблем досега, ама можам да замислам колку енергија ти црпи ова.
Е и јас сакав да ти речам маж ти да и крени : Кит досега играше со "кит" ,се премори ,се истушира и дреми сега ....ти требаше нешто? Не ми замерувај, ама и мене ме нервираат такви особи
Многу фала што ме сфаќаш Она самата ми раскажува и за други, вели им ѕвонам не креваат. Со другарка или со мајка ми не се слушам секој ден, камоли со колешкава.. немам тема ниту време за зборење по саат време