1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми и совети на работното место

Дискусија во 'На работното место' започната од eli25, 24 август 2011.

  1. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.013
    Пол:
    Женски
    Zdravo devojki, neznam kade da go smestam prasanjeto zatoa tuka pisuvam.
    Rabotam vo nova firma kako sestra, ovde ima I hirurski del.
    Uste na pocetokot me prasaa dali sakam da se vakciniram za hepatit.
    Ima dosta pacienti koi doagjaat I se toa, kazete mi dali ste protiv ili za vakcinata.
     
    На Min4ey му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    Ако тој што е надлежен е известен ти немаш ништо со нејзе. На такви луѓе само со Ок врати им и терај си твоја работа.
     
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Мора да постои причина зошто таа захтева од тебе да ја известуваш за твојата работа и движења, тоа не се нормални околности и обично луѓето не си дозволуваат такви работи (без разлика колку им е лев карактерот, едноставно ако нема покритие и ако не е "заштитена бела мечка" нема да ризикува конфликти и проблеми со сопственото работно место), освен ако некој од претпоставените не ѝ го дозволил тоа, не знам дали се разбираме. Наместо да се фокусираш на тоа што рекла, како рекла, седни и разговарај со неа отворено и онака полефтерно, објасни дека за сѐ што е потребно ти твојот шеф го известуваш, дека нема потреба да се секира итн.итн. Конфликт може многу лесно да ескалира, од игла може слон многу лесно да се направи, ако тоа се случи ќе ти биде пет пати полошо отколку сега. Најлесно е да се испокарате, многу коментари такви читам по темиве, ама реално, кавга нема да ти го реши проблемот, а разговор може. Ако не со неа, со претпоставените секако.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.501
    И твоево има смисла, но многу луѓе во многу фирми си даваат вака за право да се однесуваат. Денеска јас бев во слична ситуација како нејзината што значи не мора пола фирма да ме знае јас каде одам и што правам. Со оглед на тоа дека она не барала замена за смена значи дека она не зависи од нејзе тој што треба знае. А некој што си бута нос каде што не му е работа и има сезнајковци не славно завршуваат.
     
  5. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    2.115
    Пол:
    Машки
    Јас не сум против вакцини кои се 20-30 години во употреба, али сум против вакцини кои се испитувани неколку месеци пред да се пуштат во употреба на пр. за ковид вакцините, во однос на твоето прашање хепатит е сериозен вирус, и заради твоја безбедност подобро е да бидеш заштитена, иако тешко се пренесува вирусот но ако секојдневно си изложена на висок ризик подобро е да се заштитиш соодветно.
     
    На Bellaa1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Јасно ми е, но исто така свесна сум и за многу (премногу) ситуации каде што баш претпоставените се enablers на такви вработени, и тоа е посебно често кај оние малку способните кои сакаат вработените сами да си хендлаат ситуации, особено непријатни или такви од кои може да заискри конфликт. Претпоставениот не сака да си има работа со "проблематични" ситуации, бидејќи тоа е потенцијално жарче за него/нив и неговата позиција, затоа најбитно е да се биде нереактивен првично, импулсивноста не може добро да донесе во таква ситуација, малку и паметно треба да се изигра. Најважно е што не ја знаеме позадината на таквата реакција на колешката, може само жута минута или нешто банално во моментот, можеби и ветиле повисока позиција, можеби претпоставените го бараат тоа од неа, можеби и никад нема да дознаеме зошто постапила така и која ѝ била намерата. Затоа што е можно помирно треба да реагира, бар додека не се искристализира работата.
     
  7. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Да причината е што претходниот менаџер и беше близок пријател и си дала за право.. Инаку истата позиција ја имаме и нема баш никаква причина поради која би требало да биде со ваков став. Почитувам што на раб место е 3г и има искуство. Инаку и кажав дека треба да го смени пристапот на што се налути..
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Ако е бивши и ако ти пречи нејзиното однесување, претпоставувам дека имате "сегашен" и дека може да се реши ситуацијата. Не гледам стварно причина некој да се однесува како шеф, особено ако не е платен за тоа, стварно нема логика некој да глуми нешто што не е, и тоа на очиглед на сите други вработени, за да не добие ништо за возврат, во смисла на финансиска компензација. Така што јас сум сепак на мислење дека жената ништо "не си умислила", туку прави нешто што некој друг ѝ дозволил да го прави.
     
  9. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Ме замисли сега

    Од моја околина сите шо се врабитени, никој не пријавил данок на приход. Ако може да ме упатиш повеќе информации да ми пишеш, фала ти.
     
  10. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    6.683
    Пол:
    Женски
    Леле кога ве читам... Јас иначе имав проблеми на работеното место со газдарицата, она беше вака добра ама манипулаторка невидена, ако си на работа од 1, јаве се у 11 ајде дојди за пола саат, ќе одам до банка, имам мајстор, буквално многу сум премижувала, ама ми стварање тензија и стрес.. Госпожата не тераше недели да работеме, ништо околу нас не работе само ние.. Добро е што се откачив и не ми е криво..
     
  11. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Расчистивме, зборевме со менаџерот, единствено тој треба да биде известен, ми го даде неговиот број.
     
  12. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Ќе се регистрираш на страната на Ујп, има е-данок и ќе ти стигнува годишна пријава ако си пријавена преку фирма, а ако добиваш дополнителен приход го пријавуваш секој месец (доколку ти си одговорна за данокот). Искрено, колку што знам веќе фирмите не го прават ова за вработените како што беше порано бидејќи сѐ оди електронски и ти само ја потврдуваш точноста на податоците пошто пресметката е збир од месечните пресметки на плата. Уште почудно е што фирмата не ве известила за ова, електронско пријавување данок почна уште 2017 ми се чини, или нешто така. Не знам што да ти кажам, јас не познавам луѓе кои се пријавени и не се должни да ја пријават годишната пресметка, нека пише еве некој што повеќе се разбира.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Еве ја ќе ти кажам, советување со Адвокат само и крај на приказната.

    Мене лично никој не ми кажал за ова на работа
     
  14. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Ама како не знаеш, искрено и тоа ми е чудно, немаш некој во фамилија што е пријавен? Порано зашто имаше километарски гужви пред Ујп, се носеа годишните пријави и мораше во хартиена форма, пред некоја година електронски се пријавува. Порано фирмите го правеа ова за вработените, барем некои, откако е електронски, колку што ми е познато, секој си ја потврдува пријавата сам.
     
  15. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Од 2018 навака веќе не се оди во Ујп. Пред тоа фирмите обично даваа извештаи за данокот од плата, па според тоа секој си пополнуваше ујп пријава, и си чекаше ред во ујп, мислам дека имаше и рок да се пријави данокот за претходната година до тогаш и тогаш.
    После воведоа електронско, за данок од плати треба само да се логираш и да потврдиш, а ако не го направиш тоа до определениот рок (мислам дека е до мај во тековната година за данокот од претходната година) тогаш се рачуна пријавата како уредна и потврдена.
    Инаку, вака функционира електронски за плати, ако имаш приход по друг основ, сам треба да си пријавиш.
     
    На baguf4e, butterfly6223, Bezimenka90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Сите си ќутат, никој досега ниту пријавил, ниту има намера и се со изговор ако побара од нив државата, тогаш ќе плаќаат.

    Од фирмава ја не добивам ливче, како во некои шо имаат шо им даваат на вработените. Тоа сигурно го прават, ако во случај дојде до некаков спор, тогаш да немаш докази и да се прикријат некои работи. Моја претпоставка е тоа инаку ккоја би била причината да не добијам ливче?
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.842
    Допаѓања:
    17.728
    Пол:
    Женски
    @honey.11 еве убаво ти објаснила членката:

    Куцни Е-ПДД на Гугл и логирај се. Или направи прво профил и оди до УЈП да се пријавиш, ако го немаш направено тоа.
    Ко ќе се логираш во профилот ти се наоѓа годишната сметка. Ако земаш само плата и регрес, нема што да пријавуваш. Само потврдуваш и проверуваш дали е на 0 за доплата.
    Ако имаш плус приход, шо знам, пример од кирија од физичко лице, треба да го пријавиш.
     
  18. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски

    Јасно ми е тоа, само ме замисли членкава и затоа така во недоумица бев, а на крај се разбравме :)

    Исто од мене еве една информација тоа ми хо има кажано правно лице, ако во тековната година се остварат над 100.000 ден, за физичко лице ви кажувам, тогаш треба да се пријавите без разлика од шо е тој приход (кирии, хонорари, членства, приватни часови и сл.)
     
  19. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.899
    Пол:
    Женски
    Сите приходи се пријавуваат, без разлика на висината, бидејќи дополнителните приходи ги пријавуваш месечно, а не годишно, доколку си веќе вработена плаќаш само 10% данок. Доколку се водиш како непријавена, ако годишно надминеш ху, не памтам стварно колку, си плаќаш и здравствено осигурување покрај данокот, тоа се различни ставки на давачки. Пресметка на плата да, фирмата треба да ти дава зекој месец, тоа е збир на работните часови/празнични дневници/бонуси и сѐ што дополнително ти било исплатено. Да се дообјаснам, ако си пријавена, фирмата веќе има платено данок, не е тоа твоја дискрециона одлука или било чија, па УЈП ако му текне да те брка или не (а не се секирај, УЈП даваше луѓе на извршител за еден денар долг поради погрешно заокружена децимала, така што тотално е беспотребно човек да се изложува на такви стресови), пријавата служи само како потврда што било исплатено во текот на годината/или месецот.
     
    На honey.11 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    1.642
    Пол:
    Женски
    Дали може да пуштат оглас во АВРМ за една позиција и да те пријават на тој оглас, а во м12 образец да ти го пишува името на сосема друга позиција или немаат можност фирмите за таква манипулација? Ме пријавија за од први декември ама во листата на огласи гледам само еден оглас од таа фирма ама огласот е за сосема различна позиција и со многу помала плата, се сомневам да не ме пријавиле на тој оглас. А во м12 ми стои името на мојата позиција