За таквите само кодошење,вреѓање и кошкање. Ајде мрш мори и ќе ќути и ќе работи. Во овие 13години стаж со идиоти научив дека рајатот е само кодошење и блискост со претпоставен.
Несакам се нервирам,она сега е подруга и се оствари желбата ме сваќаш, јас земав одмор недела дена , кажав дека не се осеќам добро, кога ќе се вратам секако нема да седам до неа бидејќи ќе дојде таа другата и после ќе почнам муабет да и правам и да се лигавам
Ова секаде е змијарник значи , колку и да сакаш да си близок со претпоставен џабе ако не те многу мириса тој или таа што е над него, а посебно ако човек е симпатичен тогаш ништо со него, само ќе го маткаат од инат
Лош менаџмент! Ко демек да си ги подобрите односите ама не ми личи така, повеќе ко сакаме уште драма и не ми е јасно зошто зборела дека не работиш ништо пред нив а ти си се повлекла (наместо да се браниш) и си рекла дека се е океј, за на крај да ти дадат повеќе работа (бидејќи нели не работиш) Не знам што работа е, но ако не постои ок комуникација помеѓу тебе и менаџмент, јас би си барала друга работа и на другата работа при исти лроблем би постапила поинаку
Јас кажав, во ред имате документација па проверете нема што да се расправам за ова кога е таква работата, комуникација добра постои но очигледно се наклонети спрема други личности
Јас не знам што се случува со лугево Ке станат шефови и мислиш Господ се Страшен мобинг се врши врз вработените,посебно во маркетите
Не знам дали е соодветно за темава и дали некој ќе прочита во скоро, но ми трееба ваше мислење/ Како што може некои виделе се пофалив дека ќе почнам на нова работа НО. работадавачот на два разговори не ми кажа на колку време ќе е договорот.(може е моја грешка не прашав) и денес кога бев да го земам договорот стоеше дека морам да работам две години во спортивно да платам казна од 1000 евра. Дали ова е дозволиво да стои во договор? И дали има важност тој договор, тоа ме интереесира
Не е дозволено да стои таква одредба во договор за вработување, противуставно и противзаконито е работодавач со сила да држи вработен на работа. Вработениот кога сака може да даде отказ и не може за тоа да плаќа казна или штета во паричен износ. Најдобро веднаш кажете на вашиот работодавач да се корегира т.е. избрише таа одредба.
Често го прават ова особено работодавците кои ги праќаат луѓето на обучување и како гаранција за нивната платена обука ги обврзуваат со договори што треба да седат 2 години во фирма во спротивно ќе треба таа сума што е дадена за нивна обука да ја исплатат што значи ако за 2 години е 1000 евра она ако седи 1 година па си замине тогаш се намалува и би изнесувала 500 евра. Ова го прават и странските компании особено во ТИРЗ Скопје.
Овде нема некое посебно обучување, ја имам истата работа работено и претходно, во ред како на секое ново место се учи да, меѓутоа финансиски за мене газдата ништо не вложува. Апсолутно 0 денари вложува во мене. Разговарано е да се тргне казната, но не можеле ми кажа сака да се заштити од менување на чест персонал...
Не може на таков начин да се заштити таа одредба е ништовна согласно закон, никој работодавач не може да држи работник со сила на работно место и особено да го казнува ако работникот сака да даде отказ, правото на отказ е законски гарантирано право и користењето на правото на отказ не носи правни последици различни од тие наведени во закон односно правото на отказ носи само правна последица престанување на работен однос, и во одредени случаи надомест на штета која треба да се докаже. Во никој случај не може да се услови со казни (глоби) правото на отказ. Штом вака ви прават уште на незапочната работа очекувајте и самите услови за работа да не се такви какви што ги презентираат.
Лелее, и јас сум во слична компанија ама е многу по релаксирано. 80 повици и 90 минути зборење минимум ни е, ама продажба. Прво работно искуство ми е и какви луѓе има ауу, eye opening.
Луѓенца, можеби помните за мојата колешка која на пола саат ми ѕвонеше, каде и да сум, па дури и се лутеше ако не се јавам. Таа истата, се жалела кај претпоставениот дека се нервира ако не и се јавувам, зошто сум ја игнорирала? Ми пукна филмот, и му одговорив нему дека ни со мајка или пак другарка не се слушам толку често, не па со колешка Изгледа, и има пренесено и сега таа цело работно време е ваква Не зборува, ако ја прашаш нешто, кратко ќе одговори, и не се јавува Ја прашав дали се има случено нешто, вели од сега ваква ќе бидам. Добро, во секој случај подобро за мене @Kasiopaja221 се сеќаваш?
Не знам зошто не ми стигна известување дека си ме тагнала,случајно видов Се сеќавам,како не очекувано е да се налути. Лошото за неа е што мораше на полош начин да дознае за ова. Зашто добриот начин очигледно го игнорираше Во секој случај,подобро за тебе. е сега, не знам каква ќе ви е работната атмосфера ,ама. ....
Мислиш добриот начин беше кога не се јавував за да сфати? Е сега можеби директно требаше да и кажам, ама таа се жалела на шефот
Какви луѓе без осет постојат, да се крстиш. Кај ти досадува, па уште и на шефот се жалела дека ја игнорираш. Овој па наместо веднаш да ја испее за немање осет, тебе те викнал.
Ваљда секој би сфатил кога некој не му крева константно,дека нешто не штима тука. А и в лице да и кажеше пак ќе беше лута ко сега. Ептен детски од неа што се пожалила на шефот. Као: ќе те кажам на тато ако не ме дружиш-испаѓа.
Работам во фирма во која до пред извесен период владееше добра работна атмосфера. Во последниот период газдата го смени односот спрема нас вработените без ниедна причина. Едноставно вели дека не задоволен од сите нас. Како и секоја работа има предности и негативности. Како добри работи би ги издвоила: солидна плата, локацијата ми е блиску, добро работно време, колегите ми се супер (никогаш немало кодошење, расправање и си помагаме). Во последен период преовладуваат само лоши работи, бидејќи газдата се има многу променето. Размислувам да си дадам отказ. Дали е паметно да си дадам отказ иако немам побарано друго работно место? Дали е подобро да останам тука додека да најдам друга работа? Од друга страна си велам којзнае како е на другите работни места и страв ми е да ризикувам да напуштам.
Не сакам воопшто да ти влијаам дали да напушташ или не, ништо не знам за тебе, твојата работа итн. Но според мене подобро е да најдеш нова работа пред да ја напушташ старата.
Немам проблем ни со колеги ни со претпоставени, одлично функционираме, се дружиме и надвор од работа. Ништо лошо против нив. Проблем ми е што лично сметам дека сум потценета од едни претпоставени, а доволно ценета од други. ( Поделени сме на три групи и сите имаат посебни претпоставени) На повисока позиција се ставени некои кои очигледно не знаат да се најдат во најосновни работи, пет пати едно исто го работат, прават, преправат и пак ништо на крај. Демек фирмата не е таква, дека на се избираат кандидати туку така, дека се препознава потенцијал кај секој. Јас не гледам потенцијал кај некои избрани. Немаат организациски способности, не учат брзо. Пример не знаат еден неделен распоред да направат. Една од најосновните работи за некој кој се смета за одговорен за еден тим. Истите веќе два месеци ништо немаат научено ништо ново, а треба да учат други. Како кога и тие не знаат? Не се правам дека се знаам и дека сум способна да научам со брзина на светлината, си викам ми е гајле така одлучиле по тоа да одат, ама тоа се рефлектира кај мене и изгледаат како да не знаат по кој пат се движат.