Јас навистина не знам од лично искуство, не ми се блиски луѓе, ама генерално не се жалат вака. Никој не кажал дека е идеално ама не ни кажуваат дека е вака тешко. Фактот е тој дека без јазик и без некое соодветно образование е многу потешко да се најде работа. Не и невозможно. И не се сите луѓе со ист карактер и цврстина. На некои им е потешко, други стегаат заби и тераат.
Дали имам законска или само морална одговорност да соопштам на работа дека сум бремена? Доволно е на претпоставениот или потребно е на директор?
Зошто на работа, покрај боледување ни бараат и извештај од специјалист? Се работи за еден ден само. Треба да идам во др град на специјалист. Кај и не можеш ден да земеш, уште и извештаи да им праќаме.
Нема причина, од специјалист се доставува ако си повеќе од 15 дена на боледување, евентуално повеќе од месец комисиски извештај. Си пишува на боледувањето опис од матичен за што е земено.
Јас кажав веднаш на директорот бидејки работата ми е таква ,состаноци,патишта за да знаат да не ме малтретираат . Од тебе зависи. Мислам дека е добро да си кажеш. Али сепак одлучи си според ситуација.
Офф, изреволтирана сум и наидов на темава па сакав да пишам и само да споделам искуство. Значи навистина не е фер, и не знам по која логика и систематизација 2 пати ми кратат процент на плата поради немање резултати, а на лица што имаат помалку или слични резултати на моите, не им скратиле. Значи, не љубоморам ниту ме интересира, ама не е фер кај едни да се крати, кај други не. Толку се осеќам понижено и навредно што веќе и губам желба за работа. Знам дека најлесно е да си дадам отказ, ама не се најдува кај нас некоја, да речеме, подобро платена работа. Стварно не можам да трпам неправди, а знам дека нема да изреагирам и ќе си молчам и во себе ќе си се нервирам оти ако се збуниш веднаш стануваш "трн во око". Како вие се справувате, трпите или си го кажувате своето мислење?
Од моето работно 9 годишно искуство до различни фирми највеќе имам постигнато ако одма кажеш, а ако ќутиш и трпиш сите бараат такво магаренце во фирма. Ем ќе работи се ем нема да го платам и затоа луѓето бегаат од Македонија поради неправда и си ги плаќаат вработените што се шуткаат и кодошат и на крај пропаѓаат. Затоа кажи си разговарај кажи дека ти мислиш дека заслужуваш повеќе плата.
Пред две недели почнав со нова работа, и работа како работа ок е. Јас сум единствено нова, и сите како да сакаат да ме местат за сѐ, кој да згреши белјата си ја префрлаат од еден на друг, и на некој начин на крај завршува врз мене. Сум пробала да укажам на претпоставениот за тоа, ама он како да ги заштитува другите. Од друга страна ме третираат ептен како потрчко, ама ај за тоа се тешам викам нова сум, можеби на сите така им било на почеток... Не знам што да правам На моменти сакам да си дадам отказ, ама па и без работа не бидува. Сите се г*о лижачи, зборуваат све и свашта, ама кога некој од шефовите ќе биде тука, одма друго вртат, шефе вака, шефе така... Ми се повраќа од тоа Недоквакани кокошки Да најдам нова работа, и веднаш си идам Ако и оваа работа едвај ја најдов, ама не се трпите повеќе, ни вие, ни тие на повисоки функции што сте... Сите сте исти
Сегде ги има не само на повисоко ниво туку и тие на најниско. Најубаво ќе се вклопиш во ново отворена фирма каде нема некој со стаж што го дудлал под биро
Како оди префрлувањето од определено на неопределено време? Што документи дава работодавецот за потпис?
Кажете ми како е во ред да работодавецот 2ри август го брои во одмор и не ни го дава како ден плус? И укажав неколку пати дека е празник а ние не работиме празници, дека се поместува денот, вика НЕ, НЕ СЕ ПОМЕСТУВА?!? Многу ме изреволтира, многу. Се прави наудрена и си тера пак по нејзино. Што можам да направам?
Многу работи можеш да направиш, во зависност од тоа до каде си спремна да одиш. Можеш да го земеш одморот од 3ти август, можеш да ја игнорираш шо збори и да си седиш колку што треба според денови или па можеш да ја пријавиш во трудова инспекција дека ти крати денови одмор.
Коректно е да кажеш на претпоставениот. Не е ништо страшно, подобро да знае како е отколку да лажеш за излегувања на лекар или слично. Јас би кажала. За да може да се организира работата зашто не е фер и професионално да треба да останеш дома и преку ноќ да те снема на подолго време.
Kolku vo prosek se pokacuva plata po zavrsuvanje na magisterski studii VII stepen, ako vo firmata ste rabotele predhodno so VI stepen?