Pred edna nedela smeniv novo rabotno mesto. Na staroto bev 4 godini a na novoto dojdov so nadez za podobro mada i vo staroto ne bese loso ama ete covek ke se izlaze.... Sve bi dala da go vratam vremeto i da si ostanam kaj sto si bev. Site kolegi mi vikaa da ostanam deka ke zgresam. A tamo bas ostaviv cist obraz koga izlegov i se pokazav kako dobar rabotnik. Mnogu se mislam dali da mu pisam na sefot deka zgresiv.. Sto mislite vie..dali bi mi dale nova sansa?
Искрено зависи каков однос сте имале.Ако сте биле ок јас мислам дека би те вратил.Можеш да му кажеш дека луѓе сме сите грешиме,само немој да го молиш ако несака да прифати зошто после тоа ќе ти го злоупотребува тоа.Незнам јас не сум толку храбра да напуштам работа така да само си кажувам мислење не ми е ова сопствено искуство.Со среќа ако решиш да пишеш
За приватна фирма прашуваш или за администрација? Ако е приватна фирма ништо, ќе ти речат дека тие немаат потреба од магистер и дека тоа нив не им менува ништо. Единствен исклучок е ако тие имаат потреба од тоа. Пример да има нов оглас во фирмата во кој се бара магистер по таа струка, па ти да аплицираш. За администрација незнам.
Здраво не знам дали баш е прашањево за во темава, работам во групација од повеќе фирми, скоро 6 месеци договорите ни беа во една од фирмите, минатиот месец на 6 не префрлија во друга фирма од истата групација и од таму земаме плата. Вчера на сметка имавме некој мал прилив од претходната фирма по кој основ не знаеме. Ние плата веќе два месеци земаме од новата фирма каде што и се водиме во моментов како вработени. Дали можеби некој знае по кој основ би можел да биде тој мал прилив? Поздрав
Треба да е плата за деновите до 6. Ако имаш апликација на банката, види ја шифрата, ако е 101 тогаш е плата.
Како е законот за пензионерите? Дали има шанса да се продолжи со работа (бербер самостоен занаетчија) а пензијата да се стави во мирување и да се плаќат даноци и сите сметки околу дуќанот?
Имам интервју за пракса во времетраење од 5 месеци за која веројатноста дека ќе ме примат е голема. Праксата би започнала од наредна недела. Меѓутоа, уште пред еден месец аплицирав за работа која ми е по струка, а и желба. Треба да се поминат три тестирања, две поминав, за третото не знам кога би било, но ќе е за скоро. Е сега прашањето е: дали на интервјуто за пракса да кажам дека голема е можноста да треба да ја прекинам по недела/месец? Ако не спомнам, а ме примат на работа, мислам дека нема да е фер, ќе испадни да ги зафркнам. Ако спомнам можи ни на пракса да не ме примат, ни на работа, па од две можности да останам со ниедна. Ми беше опција и да ризикувам, воопшто да не одам на интервјуто, ама па пак ќе значи дека можи да си останам без ништо. Давајте совет, не знам како да постапам. *можи не е соодветна тема, не најдов друга.
Нема што да кажуваш ништо, ниту пак ќе испадни дека ги зафркнуваш. Терај си на праксата и паралелно барај си други шанси за вработување. Додека не добиеш официјална понуда од компанијата, ништо не е сигурно. Колку пати сум бил на финално интервју, веќе се готово, сите среќни-весели, "ќе те исконтактираме до крај на неделата само технички да се средиме, ќе ти пратиме понуда", и понудата никад не стига. Едни пак ми пратија понуда после 3 месеци... ако бев будала, ќе требаше толку да ги чекам.
Фала ти. И дома ист совет ми дадоа ама некако не бев сигурна како е правилно. И ова, не е глупо уште првата недела дена да барам слободен ден за да одам на интервју за друга работа? А и шо би рекла, зошто ми треба одма ден? Шо би било кога би било е работата, ама таква сум, однапред морам се' да испланирам.
Излажи. Кажи некоја друга причина, и тоа уште пред да почнеш со работа дека тој ден нема да може да бидеш присутна некое време/цел ден и дали би било проблем. Подобро е кога пред време ќе се најавиш.
Проблемот е шо нема да знам однапред, ама да уште кога ќе кажат датум ќе си најавам. Фала уште еднаш.
@Ugly Duckling има начини за прекин на праксата, прочитај го законот за практиканство. Еве дел: Член 14 (1) Договорот за практикантска работа престанува: - со истекот на рокот за кој е склучен договорот, - со спогодбено раскинување, - при намалување на бројот на вработени лица на неопределено време кај работодавачот за време на ангажирани практиканти, доколку не го надополни бројот на вработени во рок од 15 дена од денот на намалување на бројот на вработени, освен во случаите на смрт или пензионирање на вработено лице или - со вработување на практикантот. (2) Практикантот може да го раскине договорот пред да истече времето за кое е склучен, со писмена изјава без обврска за наведување на причината за раскинување на договорот, освен во случај кога раскинувањето може да предизвика штетни последици во работењето на работодавачот или на трети лица. Исто така, како практикант ти можеш да отсуствуваш ако претходно ги известиш (нема потреба да кажуваш поради која причина ти треба, а воедно не лажеш туку коректно си бараш час-два = јас би одела на ваква опција, ако станува збор за ран почеток на практиканство). Инаку и за цел ден би ти дозволиле, барем моите искуства биле позитивни. И ако нешто не е ок, дај им до знаење како е во законот за практиканство и нема зошто да се грижиш.
Да не ти е гајле кој што ќе мисли. Терај си ги работите во своја полза. Зошто да одиш на пракса цели пет месеци за без или пак за мали примања ако имаш шанса да те вработат и да си почнеш со плата веднаш? Фирмите и газдите кога треба да го зезнат нешто или избркаат некој вработен воопшто не мислат што ќе рече тој. Немораш да им се правдаш и да им ја кажеш вистината. Ми треба ден и тоа е тоа.
Во друг град е, ќе морам цел ден да отсуствувам. Моите искуства па се многу негативни, на претходното место во 6 месеци еден ден зедов и се осеќав ко душата да му ја побарав. Така е. Проблем ми е од прв ден да изгледам несериозно, одма денови да барам. А и ко шо реков, мислев не е фер да го врват и тие цел процес, а можи уште одма да напуштам па да бараат одново. Сите истото ми го велите, ако не ве послушам ќотек заслужвам.