@Ugly Duckling сум имала и негативни, не велам не. Ама почнав да си го барам своето. Сумирано, не си должна да се објаснуваш зошто ти треба ден. И да, праксите се тешки зашто реално се работи (ајде ќе си допуштам да речам) - за ич пари. Еден совет, не се нафаќај на пракса подолга од 2 месеца. Да не спамам, пиши што те интересира во лична порака.
ај и тука Како се регулира исплата на боледување кај вработен кој нема стаж од 6 месеци, а во фирмата е 4 месеци. Дали е поразлично или се третира исто?
Сакам да побарам покачување на плата, само не знам како да се поставам. Сум немала замерки за работата од страна на претпоставени, имам добри performance reviews (од кои зависи висината на бонус), година дена сум во фирмата. Генерално сум задоволна. Бев задоволна и од платата, но сега моментот што ме фрустрира е од скоро ме ставија во тренинг на нови вработени, и ако вработат некој нов ќе треба да го обучувам, а јас и новиот би ја земале истата плата со која јас почнав пред една година, што некако не ми е фер, јес да немам 100 години во фирмава, ама не сум ни истата од лани кога почнав, сметам дека барем 10% плус треба. Не дека вработуваат многу често некој нов на иста позиција и не дека ми смета да бидам дел од нивниот тренинг, ама еве и двајца годишно да се, сепак е работа плус. Кој е најдобар пристап? Има некој што побарал и добил покачување да сподели искуство?
Ако си само година дена, мислам дека нема да ти одобрат. Најмногу заради тоа што платата обично се покачува дури откако ќе појдеш левел погоре хиерархиски. За жал, во мк тоа нема врска со тоа дали обучуваш друг. Ама ти пробај секако.
Дали се случува и е нормално константо да е работодавачот незадоволен од вработените? Кај нас веќе не се трпи. Од една страна ни покачија од друга ни кратат.
Не е нормално. Ние имаме месечни состаноци за work progress и ни кажуваат каде да се подобриме и каде сме супер. Али ако вашиот главен е незадоволен од сите вас тогаш до него е проблемот.
И тоа има кај нас, но психички не малтретираат многу. Работата се завршува сепак бараат игла во сено, тензии се прават и за најмала ситница. Позитивни страни никогаш немаме слушнато од тим лидерката, се само нешто не чини. Тренинзи прават ама не третираат ко роботи.
Нема најдобар пристап но ти треба добро да се подготвиш - во смисол како си напреднала за таа година, дали ти се сголемила рабоата - које рангот на плата зза твојата позиција. Воедно можеш да го истакнеш моментот дека сега ќе треба да обучуваш друг и слично.
Епа тогаш користи годишен одмор и барај друга работа. Не ти вреди да се нервираш, џабе ти е добра плата ако веќе надвор од работното место ти влије тој стрес.
Колега се правеше операција. Боледувањето му е отворено бидејќи месец дена мора да лежи. Од ХР, секоја недела му праќаат пораки како си, дали си подобар, кога ќе го затвараш боледувањето. Добро, во кој век живееме?? Зошто ваква не терираат?
Сакам да прашам,дали следува боледување за нега на трето лице,кој е на почеток ја Ајцхамерова болест,имам мислење од специјалист.
Ај јас тука да прашам.Во новото работно место сум 3.5 години. Постојано сум под стрес,што од раководител што од поискусните колешки.Таква е институцијата ,внатрешните односи се скроз расипани,групирани по 2-3.Е вака јас кога сум под стрес тотално се губам дури спремна сум и отказ да дадам.Има ли некој правен начин да барам да ме префрлат на помирно место внатре во институцијата.Моментално сум на боледување поради тешка операција на двете нозе.И ако се вратам пак на исто место со толкав стрес не знам...Имам пробано со разговор ама не штима.Не знам веќе што да направам ,ум немам.
Не си нова, дури би рекла дека си меѓу поискусните која сигурна си ја знае работата. Не знам дали се работи за државна инситуција, но сите работни места ти се такви. Постојано некој ќе пробува да ти се наметнува, да се групираат, кодошат, едно ставно катастрофа. Мора да им покажеш заби кога си на почетокот за да не ти прават нервози понатаму. Не знам за правно дали можеш да се заштитиш, освен да добиеш упат од психолог да те префрлаат во друг оддел или самата да си бараш да си се префрлиш. Прво закрепни, па почни да бараш друга работа.
Не знам за каде е прашањето, па ајде ќе пробам тука. Дали ние во Мк имаме некој правилник за договор за работа, што смееме да напишеме во него и слично? Имено, сакаме да вработиме лица без искуство и да ги обучиме, но би сакала да има начин да ги задржам во фирма барем 2 години. Знам дека на сила не можам да ги држам ама доколку двете страни се коректни, задоволни, исполнети условите законски итн. и доколку работникот реши да ме зезне после обуката, што можам да направам? Дали можам да ставам член во договорот дека треба да ми ги врати парите од обуката, евентуално пенали? @Forca може ти ќе знаеш подобро.
Да да државна институција која за жал секој ден тоне .Како се пензионираат луѓе така се затвара работното место од 160 вработени на времето сега дали сме 70.Тоа е терет на секој вработен внатре.Па секој новодојден е мета на злоупотреба.Не ми е прво работно место на другото бев 12 год.(преселба село -град напуштив )ама никогаш не се однесував лошо кон новите.На крај краишта од џеб не се плачаме меѓусебно па тортури да правиме.Не знам колку пати се расплакав поради една лошотија која ја имаме ,ќе ти се издере на лице и ќе отиде,едвај патот до дома го наоѓав,па следеше дури и повраќање и одбивање на храна од желудникот. Не можам да верувам дека постојат толку злобни на едно место.Има и добри не велам дека нема ниедна ама поголем број ако можат ќе те згазат.Иако сме даватели на услуги верувајте нема шанси да станеме од место ,пренатрупани сме со работа .Ама пак не им чини и нивната да ја работиме за тие да пијат повеќе кафе.Јас ќе одам на психолог и ќе се обратам кај директорот па ќе видиме дали нешто ќе упејам да направам.Ако не отказот ми и во фолдер зачуван ....