Мојата мала повраќа после секое јадење, и тоа по повеќе пати. Понекогаш е како млазови, понекогаш како исплукано. Кога ја дојам осеќам во цревата како да и врие нешто и како да и кркорат цревата. Треба ли да одам на лекар? Што е тоа ГЕР? Се дијагностицира со тест некој или како? Има ли начин да знам дали е од прејаденост? Цица од прилика 10тина мин на една града (понекогаш подолго ако не заспие, до 15-20мин), па ја будам да цица на друга града. И гледам да јаде на 2ч. ама и давам и порано
Женски кажете ми дали знаете некој природен лек за гасови в цревцата на малечкото мое, 4 и пол месеци, се витка плачи и по 4-5 дена не можи да се искака
Мамички ние еве 1 недела како имаме проблеми со цицањето.Цицаме преку ден на 1ипол-2 часа, ама по многу малку 5-10 минути и заспиваме и ништо неможе да не разбуди , а навечер цицаме од 7-8 до 12-1 и тоа нонстоп.(само плачеме и цицаме. )Веќе недела дена како столицата ни е помешана со зелено, а денеска од 1 ноќва па до пред 1ипол час, пелените ни се многу лесни, значи и не е мочкан. Дали е тоа знак дека е гладен. На 8 сум на педијатар, ама ќе полудам изгледа уште овие 2 дена(и ноќи ).
Cледи ги пелените ако не се тески јас мислам дека е гладно бидејки многу малку време е 5 или 10 минути,и мојата е иста заспива на града само сто ја ставам ама пробај соблеци го само на боди кога ке го доис мене така ми успева мозам да го Ческам по нозите и така се буди
Мамички ние со синко утре правиме 2 недели ама сакам да прашам нешто си цицаме на 2,,5 или 3 саати по 20 мин. До пола саат, какаме, мочкаме ама заспиваме на цицка и после го држам за да ждригне абер нема дури и по 20 мин го држам не ждрига само ке се расони и после морам да му ставам цуцла , ја цуца 2 пати и пак заспива после ја пушта, ама иначе не можеме друкшие. И почнавме со мали грчеви, ни дадоа бекутан чајче, ама нез по колку на ден може,??? И пијам и за доилки на хип па подобри сме малку. Ајде совет за ждригањето, цуцлата и чајчето. Позз
Мамички имаме проблем со исхраната. Малечката моја има 6 месеци на Хумана сме ама некако има слаб апетит. Пие по 120 мл на 3 саати. Пробавме кашичка од јаболко со сила ја јаде, а морков одбива Незнам што да правам. Инаку се е во ред здрава си е
женски ај кажете ми по колку мл адаптирано млекце пиеја одприлика вашите малечки на возраст од 5 месеци и на колку саати?
мамиЧки моево малеЧко во последно време многу Често кива и тоа по неколку пати едно по едно,кога ја прасав патроназната ми каза дека така си го Чистела носето од повракањето,но овие 2 дена се поЧесто кива дали е настината? дали треба да се загризам и да ја носам на педијатар или нормално е??
Не мора да значи настинка, можеби не е доволно облечено и му е ладно, затоа кива. Доколку му тече носето, очињата му се црвени, не јаде и не е весело, тогаш може да настинка.
незнам за која воздраст на бебе станува збор ама моето првите 3 месеци постојано киваше и имаше мн малку секрет од носето и докторката и патронажната ми велеа дека е од повраќање се чисти носето...и дури кај 4 и пол месеци го однесов на преглед во плодност му открија бактерија во носето, Среќа што се немаше проширено на ушиња или во грлото
Kоја хумана 1 или2 ние на 6 месеци имавме еден оброк овошна каша и 6-7 пати хумана 2 на 3и пол часа по 120 мл
Здраво Мамички.. Ќерка ми има 4 ипол месеци и е на АД млеко, Аптамил пиеме. До пред некое време многу убаво си напредуваше и си пиеше по 180 мл млеко 5 пати на ден од кои една ноќна доза. И се затна носето пред некои две недели и почна да има проблем со пиење млеко бидејки не можеше убаво да диши додека пие, мрдаше со рачиња ноџиња и како да се дави. Како резултат на тоа ја намали милилитражата на 120 до 150. Е сега супер сме со носето, нема више шлајмчиња ама начинот на пиење на млеко и остана ист. Многу е немирна, како да се дави, мрда со раце нозе се нервира и пие едвај по 120 мл на 3 саати. Пробав со сите големини на цуцла на шишето да не и тече многу, да не и тече малку, ама нема некоја разлика, нејќе да пие како што пиеше и жал ми е што пиењето млеко и е многу непријатно искуство сега. Исто се секирам дека нема да ми напредне месецов ко што треба. Педијатарот ми вика да не има проблеми со варењето ама мислам дека нема, си кака по 2-3 пати на ден редовно. Имала некоја од вас ваков проблем? Некој совет? Дали е малку 120 мл на 3 саати (вкупно 6 оброци дневно) да пие на оваа возраст? Фала
sorry za latinicata, nemam mk podrzka na com... lady.luck, jas kolku sto znam vo ovoj period bebus treba da pie okolu 180ml na 4 casa AD mleko (ova ne e moe iskustvo, tuku na bratucetkami koja ima bebe na vozrast kolku moeto i tvoeto).....no se slucuva ponekogas da ispie okolu 120-150ml, no na 3 casa....i dobro napreduva..... ....drugo, da te prasam kako go sredivte noseto i slajmcinjata, zosto na malata noseto i e zatnato maltene od raganje, no sega pocna da potkasluva vlazno samo nautro....disenjeto i e pogrubo pa zatoa pie ventolin (ova ni go dadoa vo Kozle ..... inaku e na doenje a sega pocnav i da i davam kasicki...bidejki se popravila samo 260 gr za 2,5 nedeli....ili vkupno 6660 gr vo momentot tezi.....mislam deka toa e malku, iako vikaat deka vo ovaa vozrast se popravaat ok 400-600 gr mesecno vo prosek...a za noseto se sum probala, i sinomarin i vlaznenje na vozduhot i pumpica (nisto ne izleguva)...i se plasam da ne ni napravi problem...sto mu stavase ti i kako go izlecivte noseto... i da zaboraviv da kazam, ped. vika deka za brzo vreme ke izvadi zabcinja,,,bidejki kecovite, dvojkite i trojkite i se beli i nabubreni.....pa najverojatno i toa i pravi nekoj problem.....te molam za odgovor! pozdravce
Благодарам за споделеното искуство. Секое искуство ми е добредојдено сега бидејќи ме загрижува ситуацијава Во врска со носето, Синомарин и ставав 2-3 па и 4 пати дневно кога беше позатната и со аспиратор и ги вадев шлајмовите. Инаку неа самиот нос не и се затна туку шлајм имаше меѓу носот и грлото и за среќа не и се спушти до грло. Сама од себе и се поправи состојбата со шлајмчињата и сега на два до три дена еднаш и го чистам носето (со тешка борба) и излегува по малку мрсулче што мислам дека е нормално.
Lady.Luck дали направиве брис или трахијален можеби има некоја инфекција чим има толку многу секрет од носето, моето синче пие така исто немирно од 4 месеци баш... се тегни се вртка.. немирно и јас не го земав тоа како проблем мислам дека почна да разбира и му е се интересно менува.. а во врска со тоа колку мл млекце пие секое бебенце различно во завистност од метаболизмот, моето на пр е 6 месеци и пие 120мл на 3 часа а си напредува нормално како што вели др. Камбовска си ја дуплира родилната тежина. битно е дека е здрав и пргав.. не се секирај многу уживај..
И ги провери ли ушињата можно е да ја болат. После затнато носе се случува да има болка во ушињата.....
Моето бебе има 5 месеци, од почеток почна да си спие повеќе ноќе но затоа дневното спиење е мака. Спие 5 мин и се буди, плаче, па се нишаме а пак ќе заспие и се така. Плаче во сон па тогаш се буди. Од 2 месеци се лигави можно ли е од запчињата да е такво?
Лигавењето не значи дека е од запчињата. Моето дете се лигавеше на 6 месеци и престана да јаде, кога отдиовме на доктор, испадна дека има воспалено грло. Можеби нешто го мачи, па затоа дневниот сон на бебето е краток.Можеби го боли стомак, или пак е гладно, а мо=еби и не му се спие баш тогаш кога ќе го легнете.
Pomos mamicki kako da go isfrlime slajmov?????? Ima 6 nedeli i koga ce zasoie mi se zadavuva kako da nema vozduj mnooooohu mi e strab da ne zaspijam i jas da ne ja setam,a i cel den mi se ligavi nz so e izvinete za pisanoto od tel pisam