Изгледа ке си направам голем проблем со мојов црцорко.Имаме само 10 дена и не сака да спие во неговото креветче.Кога ке го ставиме навечер ке поспие кратко време и одма почнува да плаче, ако го земиме со нас во кревет ке закенка малце ке отвори очината ке види дека сме до него ке го погалам и си продолжува да спие така едно 3-4 саати дуи не му дојде времето за доење.Ми е страв да не се навикне така после да не можам крајот да си го најдам еве веке две вечери мм спие во дневна.Не сакам да си ја изгубам блискоста со него, а не сакам ни сонцево да го оставам само.Не сум паметна, стварно не знам што да правам, дали да почекам до 40 дена бидејки е уште малечко па после да се учиме во неговото кревтче?
´Леле мадуша ла Јас мислам дека е мало и дека ја бара твојата близина и подобро е да спие со тебе сега за сега Но легнувај го поЧесто во неговото креветче и ке се научи и таму да си спие или па кога ке е во неговото креветче а почне да плаче вооопшто не го земај со себе , пробај да го успиеш така ....
Ние имаме 10 месеци и преку ден спие во креветче, а навечер со мене. Не ни е изгубена блискоста со сопругот, само дека зима не спиеме тројцата заедно на спална, туку во дневна. Тка налагаат условите. На повеќе места имам читано дека убаво додека бебето се дои или додека пие млекце навечер, да си спие со мајката. Кога ќе престане навечер да бара млекце, треба да се учи да спие само ...Сигурно е мачен процес, ама убаво ние е барем нас вака...
На друг форум една мајка имаше искоментирано дека подобро сега да се гушкаме и бакнуваме со децата, зошто кога ќе пораснат сами ќе бегаат од нас . И навистина, мислете дека на 10 години ќе сакаат да се гушкате и заедно да спиете? Така и јас го прифатив спиењето со бебето заедно како нешто нормално. Еве 8 месеци е малиот, спие во креветче ама по неколку вечери јас самоиницијативно си го земав до мене пак да спие. Можеби сум за ќотек, ама ми недостига времето што го поминувавме заедно пред да почнам со работа, па сега навечер го надокнадувам тоа
Ај да питам јас нешто. Два дена по ред мнооооогу прди и кака темно зелено. Нема нешто посебно во исхраната сменето, ниту пак има воведено нешто ново. Последниве денови јадеше полесна храна, па навистина не знам поради што прде многу. Колку да опишам колку силно прднува, сабајле кога стана цело боди му беше во кака плус цел беше извалан од нозе до глава. Си оставив чисто дете на спиење, најдов дете прекриено со какииии
Блонд, или му е настинато мешето или гравче/леќа/зелка сте дале малце повеќе Дете кое прди е здраво дете, за тоа не би берела гајле. Плус, така се ослободува нели од гасовите па нема да го боли мешето Не знам зошто каката ви е зелена.....да не пиете сируп за железо?
Не сме јаделе ниедно од горе споменатите, ниту пак пиеме сируп. А може да е измрзнат, да. Навечер спие непокриен т.е јас го покривам а тој се открива. Затоа и не го оставам да спие во креветчето туку си спие со мене.
^ Блонд сигурно ти е настинат малиот штом каката му е зелена. Велиш дека навечер се открива и спие до тебе. Погрешно многу. Мој совет ти е да му купиш врекичка за спиење. Има и зимски и летни мн убави.
Имам летна вреќичка, вришти кога го ставам да спие во неа. Пробав и на спиењето да му ја закопчам, штом осети дека не може да дига нозе и дека има нешто врз него, се обидува неколку минути со ритање да се ослободи и ако не може почнува да плаче. Е ај сеа совет
Ништо, во скафандер Блонд, ако до сега не си го научила на вреќичка, тешко дека сега ќе сака....деца што се с'клеџии секогаш ќе сакаат да се разголени. Моето босо спие откако е родено, без разлика зима / лето и никако поинаку. Пробај ако не со подебелки пижамчиња и со чорапчиња, ама не го покривај воопшто или ептен малце
Искрено така и јас мислев да направам. Чорапчињата си ги тегне па морав хулахопки да му облекувам за спиење. Овој уште од бебе сакаше гол да си е, од кога се роди па додека да залади си беше само на боди и ништо друго. Ниту широк повој трпеше. Ај не е толку ладно за скафандер, ама дефинитивно ќе носи тренерки за спиење
Аууу блонд, како ма мила хулахопки за спиење на с'клеџија дете? Ај направи експеримент една вечер, и легни го разлабавен, со тенки пижамчиња и без чорапи. Почекај да заспие, па покриј го со фротирка (на тродупло свиткано), и баш види како ќе реагира цела ноќ...
Го направив и ова . Беше радосен што е без чорапчиња и пола ноќ ја мина со нозете во вис дигнати. Јас таман ќе го покриев, оноп надоре нозете и се држи за голите стапала. А бре јас кога го заспивам, ќе заспие цврсто и сеуште го држам во раце, ќе му го покријам грпчето он одма почнува да дига раце и да бара кај е покривката да ја фрли (инаку заспива така што ме гушка и ме гали), НИКАКО ама НИКАКО не сака да е покриен. Да може гол ќе се соблече да спие. А интересно е што преку ден не го прави овој проблем, еднаш ќе се обиде да се открие, јас пак ќе го покријам и толку. Ама навечер
Срце мило, кој знае колку му е тешко со хулахопчињата, па си се изнарадувало што е босо Јас сепак не би го покривала, туку со судни маки би пробала да го научам на вреќичка - поголем раат од тоа нема, секако ќе мора пак да се поминува период на плачење и кенкање додека не ја прифати...ама одоздола никако наоблечен многу, напротив - што помалце, за да не се нервира дополнително
Последниве неколку дена моево девојче знае да го задри воздухот неколку секунди па да продолжи да диши, и така неколкупати на ден. Не знам дали си игра, или има некој проблем?
Женски ве молам помагајте керка ми е мн. болна има температура 38,8 моментално и се намали од 39,5 ја однесовме на лекар и ни рече да ои дадеме антибиотик и парацетамол во вид на сируп и кога и дава нешто плука нешто пие , може ли да и ставам во јадењето кога ке и дадам антибиотик и парацетамол , да не не врши работа?
Мое мислење... во јадење НЕ, дали ќе го изеде целото јадење? Можно е да не ја прими соодветната доза Парацетамол, па наместо после 6 часа да почне да качува Т порано, иако после поминати 4 часа ако температурата е многу висока може повторно да се даде Парацетамол. За чепче... син ми со чепче многу брзо симнува, ама и брзо повторно му се покачува.
Носето да не му е запушено, ако не му е, тогаш си игра Бруфен сируп е многу добар и брзопотезно ја спушта високата температура (пробај со овој ако парацетамол не ти врши работа). Битно е да ја замоташ во кебе за да се презнои и така брзо ќе спушти температура. Исто така добар бапски лек е да чорапчиња и намокриш во вински оцет, и ова многу брзо ја влече температурата. Малку ќе мириса цела соба ама за здравје е. Во јадење не се става ниеден лек затоа што споро се апсорбира лекот додека јадењето почне да се вари. Дека е кисел сирупот затоа плука, дај и малку да пине сируп па сокче, па пак сируп па пак сокче и така на двапати ќе го испие лажичето
Koristaki јас за температура и давам на ќерка ми PONSTAN кој го набавувам од Грција. Подобар сируп за температура нема. Ја намалува температурата и дури по 6 часа повторно се зголемува, ама тогаш веќе е време за следна доза па не е проблем. Овие другиве сирупи ќе ја намалат Т и по 2 часа веќе немаат дејство.