Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од cindy, 27 јуни 2011.

  1. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски
    женски, се е во ред со керка ми , сањаева да и јас и го давам овој сируп Понстан бидејки и живеам во Гр, и дадов 2 пати, и навечер немаше температура воопшто, имаше 36,3 , и еве и сега нема.
    Се преплашив премногу , темпратурата вчера за пола саат и се качи од 38 на 39,5 :|
    Сега само кашла а реков ајде немора да и го ставам антибиотикот во јадење посигурно ми е вака со шприц, плаче насила е ама што да се прави. :doh:
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    На мојата ќеркичка (4 месеци) од пред 2-3 дена на стомачето и забележав топче на самата вена и е малку како потечено.Денес бевме на педијатар и тој рече дека е проширен крвен сад и дека не е ништо опасно,но нормално да го следам.Дали некоја од вас се сретнала со нешто вакво ???
     
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    На моето синче пред месец дена, му земаа крв од веничка од главчето сестрата ни рече да излеземе надвор па ке не викнела, кога влегов внатре да го фатам памучето на главчето кога почна да тече крв река, мислам дека ке ја задавев сестрата, два пати го боцкала (имаше само месец дена) душиче го изнамачила :envy: цел месец на главчето имаше топче на подолната вена, кое еве поплека го снемува , сега само малце се познава.Исто и нас педијатарот ни рече дека не е ништо страшно да го следиме.Не се секирај ке помине само по себе.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  4. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    390
    Имам внуче кое е одвај 1 месец.
    Кога спие му се случува нешто чудно, како да се штеркнува на сред спиење. Како да се плаши од нешто.
    На некоја да не и е познато ова?
     
  5. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Па веројатно на секоја која има дете :) Не е ништо страшно, рефлекси, моето и раце и нозе креваше кога ќе се штрекне во сон...
     
  6. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    390
    Добро, ќе му пренесам :) Не и е прво дете на снаа ми, но вика дека со првото не и се случувало тоа. Па затоа прашав дали на некоја друга мајка и е познато :)
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    И моето е мало уште нема месец , и исто во спиење се штеркнува . Дури и во сон знае да заплаЧе
    срце од памет ме вади ама се смирува веднаш :)
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.515
    Допаѓања:
    106.014
    Пол:
    Женски
    Се штрекнува бидејки сонува нешто. А и јас се чудев, на почетокот прво ке направеше некоја фаца намрштена pa ке почнеше да плаче и ке се смиреше. А сега во последно време почна и на глас да се смее спиејки :D значи сонуваат и убави и лоши нешта. А толку мали бебиња што може да сонуваат којзнае, дали дека некој млеко не им дава па плачат.. :D :D
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам дајте некој лек како да ја одвикнам ќерка ми од тоа да е по цел ден во раце. Знам дека ќе ме искарате дека јас сум ја научила и признавам крива сум ,ама тоа ми беше единствен лек за грчевите ,а ги имаше до 5 месеци . Пробав да ја оставам да се исплаче ,ама и по 40 минути плачење (и јас со неа ) не се смирува ,туку си продолжува. Навечер фала му на бога спие сама на кревет до мене ,ама преку ден :x . Најголем проблем ми е тоа што грбот веќе почна многу да ме боли и ми се укочува па ми е страв во некој таков момент да не ја испуштам :worried: .
     
  10. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Ако веќе имате дозвола од ортопед за седење, стави некоја подлога на земја (јас ставив подебело ќебе, па шарено детско јорганче одозгора) и стави ја да седи, нормално со потпора. И расфрлај играчки околу неа, што пошарено, тоа подобро. Или па не мора да седи, нека лежи, нека се превртува. Мене тоа ме спаси од секојдневно м'кнење на детето на раце. И мојот беше нонстоп во раце, така научен, ама ако сега, мали не ги држиме во раце - кога? :)
     
    На girl1985 и AIT им се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Нешто слично поминав и јас зашто уста не затвараше до 8-9 месеци. Што правев јас?
    Го легнував на грб и си играв со него, на под местев кебиња, го потпирав со јастуци и еден куп играчи околу него, додека сите да ги издегустира јас можев на раат кафе да пијам (играчките ги делев во кеси и на една недела му ги менував за да му бидат секогаш различни и интересни. Не му ги дадав сите одеднаш). Мал период, дали месец дена околу час-два го ставав во дубак. Имав фази кога го ставав во количка и по соба го возев и најбитно правило на околните не им давав да го земат во раце и да го држат по раце неколку часа (ако некој беше дојден на гости :$ ), па имаше фази кога сакаше само во кенгур да го носам и така заспиваше за да на крај т.е на почеток утврдам дека малиот сака нешто да му бучи по дома и му уклучував фен за коса да брмчи. Така прегорев 2 фена :!: во рок од година дена зашто постојано речиси брмчеа по дома, ама исход беше - нема во раце земање и плачење до бесвест.
    Незнам колку месеци ти е бебушот сега, ама има милон глупости како да ја забавуваш само да не ја држиш во раце.
    Ќе кажам дека се` си е до дете. Еве гледам други бебиња ако ти е жал да не го земеш во раце и помилуваш за разлика од некои :devil: душа ќе ти извадат. Утре ќе пораснат и нема воопшто да сака во раце да се држи, туку ќе сака да оди, трча, допира се по куќа....се се` тоа фази од развој.
    Немој никогаш да плачеш пред бебето, мислиш дека не разбира? Не, се разбираат и чувствуваат. Ако те почувствува нервозна и таа ќе биде, така да солзи никако пред неа.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    леле и јас со моето исто сака во раце, не многу ама гледам се поЧесто плаЧе и сака да ја држам и шетам низ стан да разгледува многу е радознала :D Свекрва ми пререкува како ја уЧам во раце , зашто цуцла и давам
    :shake:
    гледам да не ја дигам многу ама ако поЧне да вришти ништо не ја смирува
    Се мислам дали да и купиме релаксатор да ја ставам да си седи во него
    Ама темперамента е дали ке сака да седи :|

    И плус од саботата навака не фатија грЧеви секој ден во ист период 18 Ч додека не се успие , после се си е пак во ред ... :) Ама за тоа време јас мислам ке се мрднам исто и мм
    ПлаЧе детево урла многу ми пага тешко да ја гледам така а неможам да и помогнам .. Буквално се пробавме .Се
    само колиЧката не спасува , така најлесно ја успивам
    Ах мислев поедноставно ке е хехехе :D :D
     
  13. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Леле исти случај бев и јас да ти речам си плуснав пари за релаксатор немаме го во него ставено ни 5 минути,ако си е темпераментно што не сака во едно место не си ги троси парите,ние имавме и лулка и дрвено креветче исто што се лулаше и ништо не го смируваше освен раците и шетањето по собите се разбира и телевизорот со музика,не знам дали пушташ да слуша музика ние така по малце се смирувавме и од грчеви и од се друго ама пак во рацете
     
  14. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    За грчевите пробај со капки Еспумисан или чај од ким или топло крпче на стомачето.Кога мојава ептен вриштеше и ставав топломерче и ќе прднеше и малку ќе се подсмиреше. Јас лек (траен) за грчевите не најдов и секој ден од 6-8 плачеше ,а некогаш и преку ден :( Мене најлесно ми беше да ја земам во раце и да ја гушкам за да се смири,е сега што така се науци во раце е друга приказна,ама па тогаш морав нешто да правам .Сега ми малку полесно кога плаче затоа што ај да речам дека плаче од бес ,а не од мака.
     
  15. jana31

    jana31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    39
    Мене пак многу ми помага релаксаторот, за да не ми е бебето нон стоп в раце. Прв пат го ставив на околу месец дена. Прво по неколку минути , за постепено да се навикнува, и на почетокот седев до него и го занимавав, го гушкав, за да знае дека иако не е враце и кога е во него добива внимание од мене. Сега на 4 месеци може да седи и по саат и повеќе во него, ама го носам низ сите соби, за да ме гледа, дури и во бања пред туш. :D Е сега, ако е гладна, ако и се спие, или ја боли нешто, ни две минути не седи во него. Се случува и ништо да не и е и да не сака да седи, вриснува веднаш, ќе ја кренам, ќе ја смирам, па пак ќе ја ставам и така можи неколку пати , ако треба ќе поседам до неа, ќе гугаме и така ќе зачути и ќе седи :lol: Ако не сте сигурни дали вашето бебе ќе седи во релаксатор, позајмете, а ако немате од каде не купувајте го најскапиот. Јас имам еден 25 год. стар, уште од брат ми кога беше бебе и брка работа. Еве и за второво бебе врши работа. :)
     
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Па не е само да го купам и да стои така ...само да се лупнам пари
    ИнаЧе се мислам да ја ставав во транспортерот и исто така како релаксатор да го искористам , не многу да седи ама кога неке да лежи веке да ја ставам на кратко ...

    Пошто многу работи изнакупувавме и после видовме дека од никаква корист не ни се :| :|
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Јас сум исто позадоволна од транспортерот одколку од релаксаторот ,не за друго во транспортерот рекорд ни е 30 минути,а во релаксатор 5 .Имајќи во предвид дека со мало дете времето е важен фактор јас кревам два прста за транспортерот ;)
     
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Па и не е некој проблем, но што правите кога бебето ика? Сум слушнала дека им даваат сок од лимон, но моето е многу мало, страв ми е да му дадам такви работи
     
  19. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Koлку е мало?
    И јас за ова знам, и малата моја многу икаше и и` давав водичка со лажичка или пак да цица, а лимунче мислам дека и` давав таму 3-4 месец кога беше и навистина одма престануваше да ика (ама фаците кои ги правеше од лимунот се прајслессс :D )
     
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас на две недели му давав по капка до две лимон. И веднаш престануваше со икање. Сега кога е поголем му давам водичка.

    И јас да прашам нешто, зошто не сака два дена да јаде? Само сок пие, ништо друго не сака.Можеби некое запче ќе излегува па го боли? Не знам навистина. А завчера имаше и температура, а не знам од што. Грлото не му е црвено. На лекар дури во понеделник можам да го носам (не сме дома). Помош?