Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од cindy, 27 јуни 2011.

  1. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Имаме 2 недели. Може ќе пробам со вода, за лимонче мислам дека сме мали.
     
  2. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Девојки ај малце хелп ве молам. На малата и излезе на грбчето нешто ко бенкичка но е црвена. Нема ни 2 месеци. Што е тоа и нормално е тоа?
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски

    Нема потреба ништо да му даваш, само ќе си престане да ика. Не му пречи, ниту му е болно, а икањето е нормална појава. Кога ќе биде поголемко, може да му пречи и да се нервира, ама во принцип, не е страшно. Јас го легнував на стомак и го тапкав нежно по грпчето.

    Лимон дадов подоцна, разблажен со вода. Не помага секогаш додуша :)


    Може да е од жешкото, види да не има повеќе такви, вруќаници ги викаат. Не е страшно. Ако се шири, ако менува боја, тогаш ќе ја носиш на лекар. Ама во принцип кај мали бебиња под три месеци, кожата сè уште се чисти.
     
  4. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Не бе срцка, само едно е и излага баш како бенка. Само е црвена боја. До сега го немаше тоа , затоа и ми е чудно :(
     
  5. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Како им ги чистите ушињата на бебињата? Со оние стапчиња специјално наменети за нив или?
     
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Може и бенка да е, никој не се раѓа со бенки (освен оние големите, младежи што ги викаат), бенките се создаваат после раѓањето и се губат со стареењето.
    Во секој случај прати ја и види како ќе се менува.
     
  7. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Јас сеуште не користам стапчиња, туку после бањање со тетра пелена. Едното увце и лачи повеќе , два-тројца во фамилијата ни се појавува алергија од стапчињата за чистење. кашлица....Засега вака, со пелената тетра и ги чистам...
     
  8. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Може да е некое пукнато капиларче и заради осетливоста на кожата се манифестира или како модричка или како црвено кругче. Бенките од она што го знам излегуваат после 2-3 година. За да не предпоставуваме (на невидено ) однеси го бебчето на педијатар за да види што е .
    Ушињата се чистат со стапче или еве пеленче или некое марамче и тоа само од надвор,а во каналот не се чисти со ништо.Чистиш само на влезот на каналот односно тоа што само излегло.Дарла кашлањето не е алергија туку тоа се јавува како последица на длабоко внесување на стапчиња во каналот и притисокот кој се јавува во увото провоцира кашлање .
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Фала за одговорите :D
     
  10. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.482
    Фала девојки :* :*
     
  11. mia9184

    mia9184 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    296
    Пол:
    Женски
    Каснам малку со одговоров ама ај да писам за секој случај.
    И кај син ми се јавуваа такви црвени "бемки " кога беше бебе. Го прашав педијатарот и ми рече дека тоа се хемагиомчиња, повеќе капиларчиња проширени ,собрани на едно место .Не е ништо страшно .Со текот на времето ќе исчезнат. Нема потреба од никаква терапија. Можат да се појават и повеќе на едно место ,како белег (син ми имаше такви на грпчето ) ,на таквите им треба повеќе време да се исчистат .Педијатарот ми рече дека таквите исчезнуваат докај третата година.
     
  12. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Почна летово и жештините и малата почна да се поти премногу во спиењето. 15 мин ен поминале откако заспана преслечена, а таа веќе во вратчето, косето, рамењата е жива вода. Лесно е облечена , само по боди и тенки летни пижамчиња долни. А во ножињата е боса, не и ставам чорапчиња...Дали можете да препорачате или совет од ваше искуство еве, на каква перница спие вашето бебе. Моментално таа шт оја користам мислам дека многу ја поти, не е памук....Каква перница вие користите за бебенцето, барем со тоа да и олеснам....
     
  13. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Колкаво е бебето? Јас читав дека до 1год. возраст не се препорачува перница. Треба да спие на рамно.
     
  14. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И мојава цуцана се поти :( И ние спиеме на перничка од мемориска пена, ама бебешка ниска со памучна навлака. Но не е тоа проблемот, едноставно е спарно и топло е и за нив исто колку и за нас... Јас не знам дали е паметно да ставиме клима уред во спалната... Совет?
     
  15. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Мислам дека не е препорачливо од алергиски причини.
     
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Koј како мисли дека е најдобро. Малиот кога се роди, беше пеколно жешко, кај нас на спрат исто како да си во сауна, ма и потопло. Буквално уште првите денови дома тој си беше на клима. Не му дуваше ептен директно, на 21-22 степени ја пуштав. Да не е климата, јас не знам како би издржале дома.
    А конкретно директно клима да ставите во спална, мислам дека не е добро. Најдобро е да е некаде каде што нема директно да дува.
    Инаку малиот спие само на боди.
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    Новите инвертер клима уреди, баш од таков тип купивме за во дневниот дел од станот, се со пласма функција за прочистување на воздухот, што баш мислам дека е добро за бебето, не знаете кои црнила се лепат по филтерот! Сето тоа е воздух што ние всушност го дишеме...
     
  18. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    Ок, истражував малку и прочитав дека се препорачуваат најмногу затоа што ја намалуваат влажноста во воздухот и спречуваат влага и мов во просторијата. Многу е важно да се одржува нормална температура таму каде што спие бебето и нормално, не треба да дува директно кон него. Освен тоа, треба да биде лесно облечено, но покриено, за свежиот воздух да не биде во директен контакт со кожата на бебето

    Овде може да се види дека препорачливо е да се одржува температура од 26-27 степени.
    http://www.ystyles.com/news/42/Air-Cond ... ealth.html
     
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Вие клима пуштате јас парно од сабајле ... па ладно е овде бре ц цц ц лето ке речеш ама не
    Сea сакав да ја бањам морав прво да заагреам да не ја прехладам

    Него друго не мачи нас
    стално си ја пика раката во уста и ја лиже онака со сласт
    незнам зошто ... :worried: свекрвата вика од забите :D :D мала е ѕа забчиња 2 ипол месеца :^)
    цуцлата ја плука и ја сстава раката
    веке неколку дена е така .
    Друго ми ја навикнаа да ја држат во раце сега иди ставија да лежи плаче а јас сум со неа по цел ден јас ке си ја имам маката да ја држам нишам и се тоа :doh:
    сега или во количкаа ја нишкам или во раце Аххх
     
  20. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.299
    Пол:
    Женски
    Сите така почнуваат со рацете во уста, уште од некаде 2-3 месеци. Не само од забите, туку тоа им е начин за осознавање на сопственото тело, а се почнува со рацете. Исто, и за сите предмети што ќе дојдат на дофат на раката - прво нешто е ставање во уста, ама за тоа, мали сте уште ;) Послатка е раката од цуцлата, и верувај, подобро е ако не ја сака.

    Што се однесува до држењето во раце - друго чаре нема освен да ја оставиш да поплаче... ако не те држи срце да ја слушаш, тешко ќе се одвикне од тоа. Ама на крајот на краиштата, ако не ја држиш сега во раце, кога? :)
     
    На girl1985 и MacenceEna им се допаѓа ова.