1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од cindy, 27 јуни 2011.

  1. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Девојки ве молам за помош!
    Веќе два дена како се мачам со син ми. Инаку има месец и нешто, ама од вчера а еве и денес си продолжи, не сака никако да спие ниту во креветчето ниту во спална. Заспива во раце, и откако ќе го оставам во креветче или на спална почнува да мафта со рачињата и ножињата ко да се брани од нешто. Така вознемирен мафта и почува да плаче. Откако ќе го земам се смирува, но секогаш кога ќе го ставам во креветче истата песна. Само вечерта околу 1 саат дека беше преморен и ненаспан заспа и спиеше три саати во креветчето. Денес од сабајле пак истата песна. Не знам што му е, не плаче секогаш кога ќе го оставам, некогаш си лежи и си мафта, ама никако не спие. Не знам дали е од топлото, ама па во раце како заспива.... Инаку и претходно заспиваше исклучиво во раце, ама откако ќе го оставев, си спиеше нормално... Не знам што да правам ама ненаспана сум и нејадена...
    Совет некој???
     
  2. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Неретко и кај нас е така :?: . Може период им е .. Или пак дека постојаано заспивале во раце :!: . Јас моето коа имаше грчеви во количка ја ставав и ја нишкав и така заспиваше
    Навечер ке си седи мирна , и после станува уморна и ја носам во соба и да ја ставам во креветче плаче , ке ја земам во раце заспива и така ке ја подржам некое време ако не е доволно заспана плаче и пак истата песна ја земам во раце и така ...
    после ке заспие и немаме проблем до сабајле :D
    Дневно си дремнува ама не многу како порано пола саат и ете будна е и незнам колку спие преку ден те спие те будна е :| :|
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    286
    крстено е бебето? ако е крстено можеш да однесеш нешто маиче негово на баеење можеби тоа ќе ти помогне :(
    а ова го научив од другарка ми која има бебе - во креветчето на малото се ставало метле бидејќи метлето претставувало другарче на малото. баба и е многу побожна жена знае такви работи. ја прашував зошто метле таа вика дека дури не е крстено доаѓаат лоши духови и му зборуваат лошо затоа бебето е немирно и демек метлето другарче му вика те лажат :)
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски

    Ми се чини дека се плаши од нешто, и син ми нешто слично правеше како мал со рацете и нозете, ама не плачеше, си лежеше и си мафташе. Обично ги држи во воздух, па му се чини дека нема потпора, можеби од тоа плаче, како да се плаши да не падне. Кога е во креветчето пуштај му смирувачка музика или пак земете од оние музички играчки што се ставаат на оградата од креветчето и се вртат - што пошарено, тоа подобро. Можеби ќе речеш, мало е, не разбира, ама во секој случај, музиката може да му делува смирувачки.
     
    На crazylady, Ferhunde-87sk и girl1985 им се допаѓа ова.
  5. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    И ние имавме таков период, ќе заспие во раце, легни ја во креветче се буди или веднаш или за некоја минута и тоа поприлично знаеше да се вознемири. Имаше период кога од жал ја оставав во раце да ми спие а јас бев целата скичмена и здрвена од држење. Потоа долг период не спиеше воопшто во креветче, исклучиво на спална и дење и ноќе. Но, почна многу да се превртува, поприлично е темпераментна и стана ризично да ја оставам и се вративме пак на креветчето. Засега спиењето ни е поприлично нормализирано. Си спие во креветче, сеуште се успива во раце, но ја учам да се успива сама, така што пред да заспие а веќе многу и се спие, ја спуштам во креветче и ја местам да си ја фаќа перничката или оградичката и така и е убаво и си се успива. Сонце :) Има секакви периоди, самите ќе откриете што сака вашето бебе, само бидете упорни, трпеливи и смирени.
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tara83

    tara83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    69
    И кај нас имаше еден таков период кој траеше некои 3-4 недели, но сега се е како што треба, стигнавме до степен да заспива сам на кревет единствено што мора да се држиме за рака се додека не заспие :) . Многу менуваат бебињата, така да период е немој да се секираш - ке помине ;)
     
  7. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Eпа истото ама не плаче секогаш, еве сега само си мафта....И делува како да е исплашен од нешто. Во моментов само што го ставив во креветче, добро беше и што не ми требаше одма трчам да го покријам... осети и се разбуди, почна да мафта.....сега си лежи не плаче, ама веќе јас не можам да издржам, немам спиено, јадено....ќе седи сега вака некое време и ќе почне да плаче од кога ќе му стане досадно. Кај мене проблемот е што вчера само еден период од три саати спиеше во креветче. После тоа уште два саати во креветче, а другите кај мене во раце. Спијам во седеччка положба за тој да спие на меше или во раце, ама веќе сум истоштена, не можам.... Ќе пробам со играчките.... Исто така и моето си мисли дека ќе падне и мафта ко да сака да се фати за нешто...
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    И нашето мафта со рацете и со нозете, ама само кога е нервозно и бара да јаде или да се смени пеленката. Ако не е ни едно од тие работи, тогаш е за цуцлата. Ќе му ја дадеме и ќе си заспие без проблем. Пробај повеќе работи, не мора да значи дека е исплашено, може е нервозно од други причини.
     
  9. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ме насмеа да пукнеш, а зошто не и пиша дека на машки деца се бае и од клинови, влакна :?: :) 8)
    Абе ајде, бабини деветини што врска немаат. Поштуем крстено дете да се замие со крстена вода ама овие други глупавштини врска немаат.

    Јас со малиот имав таков период бааги околу 7-8 месеци. Ни знаев што е ден нит знаев што е ноќ. Рекорд ни беше и на двајцата да не спиеме цели 48 часа. Фаза Е дефинитивно која ќе помине а од друга страна пак грчевите кај машките бебиња трајаат повеќе и се поинтензивни. Машките се покекави за чување :) .
    После првиот месец, бебињата ја осознајуваат својата моторика. Ес да не гледаат чисто, туку само црно-бело и препознаваат по мирис кој го земе во раце ама осознајуваат дека можат да мрдаат со раце и нозе (ќе видиш колку се смешни кога ќе си ги осознаат ушињата и носот :) ). Понекогаш рефлексивно го прават тоа а често свесно кога имаат грчеви.
    Кога го ставиш да спие сам осетува несигурност и затоа плаче. Јас за да можам да отидам до вц зашто плачеше ужасно многу му правев финти :P , кога заспие на пелена капнував малку мајчино млеко за да го мириса и да знае дека сум тука :) , некогаш палеше ама не и секогаш.
    ....да не филозофирам на крајот го најдов лекот читајќи све и свашта а тоа е ,,Фен за коса,, :) . Го заспивав со вклучен фен за коса да му брчи и така спиеше саат-два. Фенот потоа ни стана основна играчка и до втората година прегорев 2 ком :tmi: ама и спиев. На таков начин го научив да не спие со нас на спална и ден денес си спие во своја соба која е веднаш до спалната (мачно ми беше стани легни, оди....ама бев упорна)
     
  10. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    418
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341

    Палат 100% испробано ;)
     
  12. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41

    Значи јас немам проблем да го заспијам детето, напротив, туку проблемот е што тој веднаш штом го ставам во креветче, се буди.....
     
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Дури и ако е цврсто заспан, се буди? Може му фалиш ти, сака да биде во раце, така е сигурен. А овие играчките за креветче што се, може и да го успиваат, па да си заспива сам...
     
    На crazylady и AIT им се допаѓа ова.
  14. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Eве сега имам напредок.... Кога го заспивав, почекав малце, го држев подолго во раце за да заспие убаво и еве сега си спие во креветче, дури времето за јадење го помина...Значи има два моменти, мора да е убаво заспан пред да го ставам во креветче, а и не треба да го држам предолго во раце, зашто така се навикнува и одма осеќа кога го ставам во креветче....тоа е заклучокот :D
    Инаку, на оваа возраст, колку време во текот на денот е нормално да е буден???
     
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    Значи треба поцврсто да заспие, тоа е решение.

    А што се однесува до тоа колку, па треба од 24 часа да спие барем 16-18 часа, затоа што спиењето помага во растењето. Ама самото бебе ќе ти каже и покаже колку сака да спие, затоа што сите се различни. Како што ќе расте, ќе спие помалку. Ама најважно е ноќе да спие ;)
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Не е ништо страшно тоа со спиење-разбудување. И мојава така правеше дури и го зедов редот. Нормално е како растат да менуваат во спиењето, а ние научени на старите навики мислиме ќе си спие цврсто секогаш. ЈАс ја заспивам на раце сеуште, или ја нишкам 1 мин со стоење и и пеам и одма заспива. Неколку пати се случи цврсто заспана да ја ставам на креветот , а таа да се исправи и да си „зборува“ како никогаш да спиеле веќе 3 сати :) И после тоа откако ќе заспиеше и пеев и ја галев по косето уште 2-3 мин и веќе спие до 4 сабајлето. Тогаш едно шишенце млекце и малку чајче и продолжува :)
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    ^ Да, во право си, сакаме цврсто да спие секогаш. Кај нас малку е подобро... Проблемот бил што веќе немам нерви да чекам додека е во раце цврсто да заспие, па го оставам порано и тој се буди... Е сега, сфатив дека ми било грешка тоа што ако се разбуди одма, вториот пат во раце, и така преспива.... Сега, малку повеќе упорност, го оставам буден, си играме и кога ептен ќе му се приспие пак го земам и го заспивам и вториот пат е веќе цврсто спиење и си спие до терминот за јадење. Дури денес, благодарение на упорноста, успеав да го успијам на спална без држење во раце, само со гушкање! Спиевме двајцата заедно и конечно се одморив, а не се во раце, и сфатив дека е тоа моја грешка, наместо да го оставам да се измори и да му се приспие, јас трчај одма во раце, демек побрзо да го успијам, и повторно истата песна со будењето. Треба трпение во секој случај, туку кој да биде стрплив навечер кога ми се спие ми се плаче :)
    Сега имам друго прашање до вас: Уште од болница го навкнаа нон стоп на десната страна да си го врти главчето кога спие, и сега приметив дека најчесто е свртен на таа страна, и плус на таа страна му е посплескано главчето :( Јас почнав да го вртам на другата страна, ама сепак се приметува разлика... Дали со време ќе се изедначи главчето, или ќе остане така???
     
  18. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Мислам дека мора подеднакво на двете страни да спие. ЈАс го немав тој проблем и главчето и е како топче :) Арно ама, сега се се врти на лева страна, спие на страна и сама си сака така, ништо живо не сака на другата. Ама можно е и да е до тоа што и ставам перници од дете страни, а едната страна, левата е пониска и затоа натаму ја влече да се врти. Сега два вечери шишенцето и го местам од десна страна па поспива и така :)А дали ќе остане или не главчето така, јас лично не знам :(
     
  19. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^^
    Ќе се изедначи, само продолжи да го вртиш на другата страна...Моето спиеше често на грб и беше малку како сплескано главичето позади, со тек на време си дојде во нормала...
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    39.398
    Пол:
    Женски
    Во врска со спиењето дека бебињата треба да спијат од 16 до 18 часа |-) |-)
    Моето додека беше ептен мало .. спиеше цицаше и пак спиеше како да сме без бебе дома , се така првиот месец и немаше потреба да ја нишкам сама си заспиваше
    Сега скоро 3 месеци спие помалце преку ден а навечер спие од 9 до 9 со будење во 4ч за цицање.
    денес спиевме ѕаедно до 11 сабајле и после кај 12 пак сама си заспа* дремна некој пола саат*
    Сега пак се мачи од 14 ч да заспие . сега најдов нов начин и тропкам со едно тропалче и така и пагаат очињата полека :D :D :D
    Навечер си имаме ритуал кај 19 ч ја бањам (иначе обожава бањање) ја мачкам со кремце , ја облекувам во алиштенца и ја земам во раце си цица и заспива ... дреме пола саат и се буди Ајдее пак од ново во раце и така до 9 додека ептен не е преморена од плачење :D :D :D :D