1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од cindy, 27 јуни 2011.

  1. Ferhunde-87sk

    Ferhunde-87sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    41
    Леле јас малку се испаничив...... го вртам, ама некогаш и не, ми е страв да не се разбуди..... :| А и во раце кога го држам дека сум левак, све некако на таа страна ми се врти, а и веќе така му се направи лежиште и повеќе е на таа страна. Некогаш пак сам се врти на другата.......... :?:
     
  2. Eleonorastrumica

    Eleonorastrumica Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    196
    Моето спиеше само на страна на тилцето никако не сакаше да легне и мојата мајка беше упорна демек ќе го научи така за да му се сплеска тилчето и не успеа во тоа,супер му е главчето мислам дека тоа се глупости демек не знам каква ќе му била главата кај нас народски речено мислам дека е јамуклива ако не сум грешка,ама ајде ти се молам каква е таа глава на мене тоа ми е смешно
     
  3. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Прв пат слушам за изразот - јамуклива, ама дека се сплескува ако спие повеќе на една страна е точно (што не значи дека е трагично :) ) Додека е мало уште му се оформува главчето како ’рскавиче е хехехе. Ама слатки се секакви. Нека си спие како што му е убаво и удобно , тоа е најважно , да има мирно сонче за да биде здраво :) :)
     
  4. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Мајки да ве прашам (бидејќи секогаш за ова заборавам да ја прашам докторката, а можеби некој од вас знае или веќе прашал), колку време му треба на лекот да се апсорбира од желудничето на бебето или детето? На пр. антибиотик, линекс, или парацетамол. Ова го прашувам бидејќи ми се случило да му го дадам лекот на детето и по 10-15 мин. да поврати. И тогаш не знам дали имал веќе ефект лекот или дали повторно да му дадам? Понекогаш кога мислам дека веднаш го исповратил и лекот, му давам пак, ама пола доза од препишаната, оти ми е страв да не му останало нешто во стомачето. Благодарам за споделените искуства. :)
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Лекот сигурно се отишол во желудничето и затоа поврака . Јас не би давала повторно ништо :!: :!:
     
  6. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    ^^
    И јас секогаш сум ја имала дилемава.Со тоа што имам познавања од оваа област,иако ги знам упатствата на памет ,кога станува збор за децата,секогаш повторно ги читам и прашувам.
    Има многу фактори кои влијаат на време на ресорпција,достигнување на конц. на лекот.
    Конкретно за линекс,тој е лек кој проаѓа низ цревата и доколку го поврати,а времето од давањето на лекот не е повеќе од 15-20 мин.,дај му слободно,опасност од предозирање нема.
    За парацетамол време на ресорпција е околу 30-45 мин,зависи од организмот ,возраста..и многу други фактори.Парацетамолот сам по себе не е опасен,но штетен е неговиот секундарен метаболит(тоа е она во што се претвара).Да не ти развлекувам многу,добро си правиш,пола доза од вообичаената.И јас така сум давала.
    За антибиотици,време на ресорпција е различно,и овде исто така.Ако поврати дај му пола од дозата.

    Ако ти повраќа ,да речеме 5 мин,или 10 мин,даваш цела доза.
    Ако времето од давањето на лекот до повраќање е 30 мин или повеќе,тогаш половина од дозата.
     
  7. gerdanche

    gerdanche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    37
    Брагодарам многу за одговорот. И јас претпоставував дека времето на апсорпција на секој лек е различно. Вчера доби синот стомачен вирус и повраќаше, му давав линекс, за него знам дека само поминува низ цревата и може ако повратил веднаш да се даде друга доза, ама за антибиотиците и парацетамолот не знаев како е. Но случајов со вирусов ме потсети да прашам и за другиве лекарства. И да се разбереме детето не повраќа поради лекот, туку најчесто затоа што има шлајм и кашлица која го тера да го исфрли. Е сега тоа не знае да го исплука како нас возрасните, туку го повраќа. Тоа е добро затоа што не му останува шлајм во градите, ама се случува претходно да го испил лекот (антибиотикот или парацетамолот ако имал температура) и ако кашла баш по 5 - 10 -15 мин. да поврати.
    Уште еднаш благодарам за одговорот Орхидеја, ќе ми помогне ако имам дилема во иднина. :)
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.447
    Допаѓања:
    34.353
    Пол:
    Женски
    Малава вЧера сабајлето се разбуди со засипнат глас , многу кашлаше ..ама ептен како стар Човек
    Цел ден одбиваше јадење , изеде праски неколку и после попладневното спиење сее разбуди со температура од 38,6
    Не и дадов ништо пошто весела си беше , и се тоа
    Пред легнување во 20Ч меревме пак температура 38,6 и и дадов ЧепЧе за да не се покаЧи температурата додека спие
    А ужасно кашлаше :(
    планирав утрово да ја носам на лекар , арно ама се разбуди исто кај 01 30 и ја пипнав беше претопла , немаше снага ни да плаЧе ни да се исправи
    Меревме пак и покажа 39,8
    Толкаав страв не сум поЧуствувала до сега , ептен се потресов
    И заминавме на детска клиника на дежурен
    Ја прегледаа , грлото црвено , и ни даде ЧЕпЧе за да се смири грлото
    и сируп за температура
    денес фала богу нема температура , ама и теЧе носе ,кашла исто ама се надевам ке и биде подобро
    Денес и ставав солени капки во носе , и сируп за грлото
    Планирав и да и ставам марамЧе со пипер и малку алкохол да ја загрее
    Ова го знам од мене кога ме боли грло исто ставам ама незнам дали на малово да и ставам или ...
     
  9. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Веројатно и мојов муабет е за тука, со оглед на тоа што насловот е проблеми кај бебињата. Имам убава и неубава работа да кажам.Прво убавата конечно се одвикнавме за спиење во раце и веќе три дена спиеме преку ден сами во кревет (односно на спална)па се надевам дека многу брзо ќе почнеме и сами во свое креветче да спиеме. А неубавата работа е тоа што сабајлево бршејки му го к.рето на син ми почна да тече од него бела течност помешана со крвца и мене паника правац на лекар, и од таму ме испратија на анализи правење крв урина уринокултура па еве сега сме со кесиче на к.рето и чекаме да се наполни, бидејки првото од сабајле небеше доволно и за уринокултура и урина, па сега ќе носиме попладнево во авицена.Испадна она што прашував бело што му било околу главчето тоа да истече сабајлево и јас се сомневам на некоја инфекција -бактерија да не е , па ќе видиме попладнево ,ама скршена сум. :( ;(
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Немам машко дете, ама од тоа што ги слушав другите мајки околу мене и што читав, не мора да значи дека е бактерија. Тоа е нормална бела маст која се создава внатре во кожичката, затоа и треба редовна хигиена. Некои велат дека треба да се повлекува кожичката, други дека не, ама како и да е, ќе си постои се` додека целосно не го отворите и при секое бањање не го чистите темелно.

    Нека кажат и мајките на машки деца, ова што ти го пренесувам е искуство од 2 најблиски другарки/мајки до мене, и двете завршија на хирургија за да ја сецнат кожичката и им ги отворат курињата. И двата имаа бело, ама ниту една не ми спомна дека се работи за бактерија, туку едноставно неможност за директно чистење заради затвореност на курето.
    Знам само дека ги чистеа со камилица почесто, и пробуваа да им ги тргаат кожичките малце по малце при секое бањање, друго ништо....
     
  11. ivanovicka

    ivanovicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    227
    Ќе видиме денес попладне ама да знаеш може имаш право да е и тоа што неможело да се исчисти убаво ,а плус тоа што мм и останатите околу него постојано викаа не го пипкај до годината не треба да го влечеш туку само миење ,а јас убаво си почнав од почеток на секое преповивање потргни измиј среди ама ете од кога му рече еден педијатар (ценет од страна на мм) да не се пипа ние дома кавги па само отварање на бањање и дојдовме до ова,ама јаде да не се испукувам овде од нервозиве, се надевам дека брзо ќе се среди ова, само ме теши што синко и добро јаде и спие, и весел е , фала Богу. ФАЛА :)
     
  12. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ако е малиот расположен и нема необични кенкања - тогаш нема бактерија, таа ќе го печеше при секое мочкање :)
    За отварањето на кожичката само ќе ти кажам дека во странство не постои ни како израз - другарка ми во UK кога го прашала докторот дали да му го отвара, тој бледо ја погледнал и ја прашал „А зошто би го правела тоа?“
    Ќе се отворело само кога ќе дојдело време за тоа, се` што ќе се направи насила може само да го оштети..
     
  13. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    и ние завршивме на болница со 39.4 никако не спаѓаше.
    ни рекоја дека црвено му е грлото, ама ни кашла ни кива ништо, чудно ми е од црвено грло толку температура да крева, еве и сабајле не му е спадната како што треба 2 пати му имам дадено шируп и под 37.5 несака да спадни.
     
  14. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    557
    и јас имам слушано дека може од нечисто да се појави така бело, се надевам дека недај боже нее некоја бакртерија, скраја да е!
    инаку и јас од почеток се мислев дали да го отвараме или не, иако др ни рече после 7год, јас на секое капење му го отварам, од страв дека секое второ дете шо слушам и читам , го носат на лекар после некое време да му го отвараат куренцето :(
    и секако ке продолжам да му го отварам и понатака ;)
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Вирусот е таков, немојте да давате антибиотик само врз основ на црвено грло! Нека го следи доктор, гледајте да не случајно се спушта на гради за тогаш да реагирате, зошто и да му дадете сега џабе ќе е, зошто вирус не се лечи со антибиотик.

    И ќерка ми го фати вирусот, 3 дена и 3 ноќи беше со константна Т над 39, напати и 39,8. Без разлика што и` давав и мачкав (и парацетамол, и бруфен, и оцет, и алкохол, и туширање, и лимон со сода) неа Т не и` се симнуваше. Исто немаше никакви други симтпоми, дури ни грлото не и` беше црвено, и на крај, 4от ден изваде осип. Мислам дека вирусот се вика Розеола, мада тоа никој не може кај нас да го потврди па затоа не ни ја однесов некаде, ама битно се` помина само од себе.
     
  16. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    И јас живеам во странство и тука на почетокот првите денови кога се роди син ми, мајка ми ми викаше да му се отвара по малку курето ама сепак кога ќе одиш на прва контрола ќе ти кажат вели сигурно педијатрите и до 1 месец не го чепкавме.
    На 1 месец кога го однесовме на прва контрола и кога го прегледа докторот се до детал и чекам да ми каже сама за курето и ништо, гледам не спомнува и чекам јас да заврши со прегледот и добро се во ред ми вели супер е срцето, одлично напредува и ајде можеш да му ја облечеш пелената и јас и велам а курето да му го отвараме ли и таа ме погледна така чудно и ми вели Што да му правиш???? лелеле се засрамив и пред мм и тој како којзнае што да реков и и велам вака и вака кај нас во Мк педијатрите за машките бебиња советуваат да се отвара, а таа ми вели какво отварање нема потреба од ништо такво као прв пат да слуша од мене за таа работа :?: и толку беше и јас не се ни потрудив да му го отварам до ден денес, ете можеби навистина во странство не практикуваат многу работи како што практикуваат кај нас во Мк ама тоа е тоа.
    И после секој месец кога го носам на прегелд ни еднаш никој не ми спомнал нешто дека треба да се отвара или сл.па и јас не прашувам веќе :tmi:
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    нас ни дадоја алмацин и му давам да пие.
    јас знам (имам слушнато) дека ако има покачена Т и ако е настинато детето, дека мора да се дава антибиотик....
    да е обична настинка (има така неколку пати настинато) само му течи носето или кива не ни го носам на болница, му го чистам носето и му врви по неколку дена ама сега ми е страв со Т до го остам така да му помини.
    иначе прв пат крева толку висоа Т, незнам што му стана.... :^) :^)
     
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Не знам како класифицираш „настинка“ и „обична настинка“, пошто секоја состојба во организмот е предизвикана или од вирус или од бактерија. Настинките (cold, flu) се предизвикани од вируси, не се туку така....
    Вирусите не се лечат со антибиотик освен во случаеви кога од Х причини прават компликации (тоа треба да го одреди доктор после неколку дена), ама тоа зависи од детето и затоа треба да се следи, додека бактериите се лечат со антибиотик, меѓутоа после земен брис (грло, нос) и направен антибиограм, за џабе и од око да не се труе дете.

    Покачена Т значи дека организмот се бори, и тоа најчесто се случува кај вирусите. Бактериите работат потајно, и кај нив се видливи други симптоми - зелени мрсули, кашлање, секрет, детето може да носи бактерија, а да нема висока Т.

    Ако е тоа што го помина и ќерка ми - тогаш само треба да најдеш што му делува за симнување на Т и тоа да го фураш. Многу течности секакви, лесна храна (ориз варен) или скоро никаква, и многу одмор.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  19. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    незнам ова како да го наречам, незнам дали е преладен, болен... :^)
    значи на болница ни рекоја дека му е само грлото црвено (вчера сабајлето) тогаш имаше 38.5
    а вечерта крена 39.4 и не спаѓаше и го однесов на дежурен.
    не кива, не кашла,носето не му течи само има Т, грлото јас не мочжам да му го видам.
    се подумав дали да му го давам ширупот ама сепак му го дадов ми беше страв.
    тој треба да се пие 5-7 дена, ако престани да качва и порано ќе му го прекратам.

    јас си велев нема поќе да го трујам со антибиотици оти 3 месеци принмаше изонијазид ама ете пак му дадов :( :(
     
  20. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Ама него и онака за 3 дена ќе му помине, зошто е вирус, по 3от ден опаѓа силата и толку. 4от ден малиот ќе ти е ко препороден + може да извади и осип, ако е тој вирус, ама тоа не е страшно.
    И без сирупот ќе се избореше организмот, ама кога веќе си го почнала сметам дека не треба да го прекратиш пред 6-от ден..