Проблеми кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од cindy, 27 јуни 2011.

  1. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.987
    Моето е 8 месеци па уште пие по 60 мл , некогаш 90 мл по оброк, 120 многу ретко, а нели по графиконот на негова возраст треба и по 200 мл да пие, ама ете мојот син пие колку сака и знае колку му е доста па никогаш не ми повраќал, така да не се водете по никаков графикон и ништо не споредувајте со други бебиња, секое бебе си е посебно и си напредува различно ;) ;)
     
    На loki.c9 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    и мојата за една недела е 8 месеци и пие 60 или 90 мака мачиме со млекото и тоа гопие само кога е заспана неможам инаку да и дадам ,кај нас проблем се теЧностите исто и со чајот е и водата,инаку друго јаде
     
  3. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    118
    ве молам за помош мојата пет месечна ќерќичка веќе два дена има пролив и тоа зеленкаста боја
    давам линекс јуниор ама ништо...еве сега од сабајле пак пролив не знам веќе што да правам
     
  4. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    Ако си напредува добро може само да е настинато, загревај му го мешето и ноџињата. Или пробај со 3дневна терапија со Пролајф ампулите- но прво консултирај се барем телефонски со педијатарот. Или продолжи уште утре со линекс може да се среди, обично четвртиот ден, после целосната терапија, знае да се смири стомачето и среди столицата. Ако е бебе весело и супер си ручка нема место за паника. Ако не напрајте испитување да не е некоја цревна инфекција.
     
  5. Yeats

    Yeats Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    67
    Мамички какво икуство имате со грчевите јас ја читав темата за грчеви ама моето бебе освен што има грчеви многу често бара да цица и ми снемува млеко. Ова го прави само кога има грчеви инаку нормално си спие , а неможам да го утешам на друг начин.
     
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.043
    Допаѓања:
    42.833
    Пол:
    Женски
    Нормални се грчевите во тој период . Во мојов случај кај малата траеа до 3от месец .
    Секој ден во исто време почнуваше да плаче и да се мачи од мешето . Кај 18ч ќе почнеше и така ке си се исплачеше , ке се умореше и ке заспиеше. Џабе и цице и нудев и чај не , одбиваше се .
    Инаку и давав од sab simplex сируп , што малце и го смируваше мешето. Плус пробајте со масажа на мешето , ставајте топла пеленка исто ... и така многу трпение
    Ама се поминува (зависи) после 3от месец
     
  7. Lillian

    Lillian Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    И јас сакав да го прашам истото. Истото ни се случува и на нас, плачеме од грчевите и единствена утеха ни е цицањето. Пробав и со топла пелена, чајче, ама освен цицање ништо друго не ја смирува, а ми снемува млеко и мене. Веќе не знам дали плаче од грчевите или тоа што не и тече млеко :(
     
  8. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Мами ние имаме проблем со какањето , само се напнува неможе и по 3 дена да се искака , бекутан чај не сака ,пробав со компотод модри сливи го пие ама пак има многу тврда столица
    совет?
     
  9. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    не само да пие, нека ги јади сливите.
    давај секој ден од сливите со друго овошје дури не се регулира, и одвреме не време со топломер провоцирај.
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    дај му малце маслиново масло, или пак масло... ќе излезе, моето беше така еден период после секој ден му давав по малце маслиново масло и се беше океј :D
     
    На pepita82 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Стефи ги јаде сливите без проблем ама џабе ,чекам 3 дена и 4от морам да и помогнам (со сардела ) и пак одвај ке се искака

    не сум пробала со маслинов зејтин може ке помогне
     
  12. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    пробај па кажи ми дали имало резулат кај тебе
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Пепита давај и водичка почесто и не се секирај мене патронажната ми реше дека ако уредно си мокри нема место за паника дури и 5 дена да не кака. Можеби е период. Ако почнавте со дохрана дај и кашичака од сливи или јаболче.

    Инаку и ние си имаме мака синко ми префати настинка оод малата,направивме брисеви испаднаа уредни.Крвната слика покажува дека му е намален хемоглобинот што не е и чудно кога и јас сум слабокрвна.темпертура имаше 2 дена и баш кога мислевме да дадеме антибиотик престана и не дадов. Кашла сеуште зрело со доста секрет во носето,вчера бевме на контрола му го видоа и грлото му било црвенко но оди кон подобро. Но мали не покажува знаци на подобрување,еве веќе 3 дена се мачи со цицање одбива и сосила му ја буткам градата. Доста е плачлив додека го успијам мака мачам а му се спие,хронично е ненаспан се буди во 3,4 поплнок со интензивно плачење се носиме од една во друга соба и се така додека не омалаксаме двајцата.Заспива по саат и се буди пак. Несмеам да мрднам морам да сум до него а ми е страв дека така само го навикувам на моето присуство и покасно ќе си имам мака. Незнам што може да биде на 11 ќе прави 7 месеци можно е да се заби ама нема никакви знаци кога напипувам на непцето. Одкако ми се настина веќе недела дена му е сменето однесувањето. Вчера шетнавме малку го изнесов надвор кога го носам во раце не приметувам дека е плачлив да речам дека е од грлото. Што би можело да биде? На мисла сум да дадам антибиотик,побудалев :worried:
     
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    ^ Мами, зошто би давала антибиотик на уредна крвна слика и брисеви? Што сакаш да постигнеш, да му го донамалиш имунитетот? Немој да ти текнало без сериозни индикации и потврди....

    Значи, 6ти месец е малиот....да не е скок во развој, штом ти одбива и цицање?
     
  15. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Незнам Моира, грлото му е сеуште црвено зато се думам,си велам да не го боли кога кашла и голта па затоа е кенкав. А крвната слика покажа намалување на хемоглобинот не е многу но ме советуваат да почнам со дохрана :?: на триста мисли сум. Ако е скок во развој би плачел ли толку на кратки интервали?
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.686
    Би плачел во сите интервали :rofl:
    Едно што памтам од тој скок (кај ќерка ми беше ептен изразен), е дека цело време сакаше кај мене во раце...дури и ги каравме бабите дека лошо ја научиле, а тоа врска немаше, за 1 недела детево си се врати на старо :)
    Црвено грлото може да е ако е изиритирано од шлајмот и кашлањето. Ако брисевите се чисти, не знам ШТО ќе лечиш со антибиотикот?
    Мој совет ти е: инхалации со физиолошки (прочитав дека сте купиле инхалатор), влечење со аспираторче, и како ќе се намалува шлајмот, така помалце ќе кашла и ќе му се иритира грлото...
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Се скренав женче а тебе до смеење ти е ја цела ноќ сум во расходка :D А ја па си мислев сум си го урочила самата :D
    Ај се надевам дека ќе помине нема да не зафати цел месец,треба да ја повторам лекцијата за скок во развој :lol:
     
  18. anata

    anata Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    40
    како што кажа моира,кога се е чисто нема што да лечите со антибиотикот,само може да го намали имунитетот
     
  19. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Мама25 нас ни помогна многу сирупот од кромид и јаболко ,носето и течеше само еден ден и почна да подкашлува ама среќа брзо помина ,инаку ја дохранувам со овошје и зеленчук што и се соодветни за возраста вие уште сте само на цицање?
    а за тоа што сака во раце разбирливо е штом не му е добро ,ние бевме така 2-3 дена ама се вративме во нормала ,ајде со помин :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.958
    Пол:
    Женски
    Да батко мој уште е само на цицка ама кај и да е изгледа ќе почнам да го дохранувам,веќе почна да бара на секој пола саат и навечер само се буди нема нормално спиење. Да се надевам дека е скок во равој и дека брзо ќе помине,дај Боже зошто стварно незнам како да му помогнам кога плаче а сиротиот се зајдува,доста често. Баш ми е мило што ви помогнал сирупот ама и кај вас не била толку алармантна ситуацијата,среќа!