feminki imam edno prasanje. Imam zensko bebe od pet dena i vcera zabelezav od vaginata iscedok na krv malku i koga ke ja smenime pelenata ima i malku na pelena. Dali e toa normalno? Zagrizena sum malku, dali mu se ima na nekoj sluceno? Citav na net deka e pkradi hormonite sto bilo izlozeno vo matkata ama sakam da se osuguram. Fala vi odnapred pozdrav. Ps nemam mk poddrska se izvinuvam.
Абе што ве вади од памет, па ормално е во првите денови да има крв малку на пелената и кај мене уште додека бевме во болница имаше крв малку и педијатрите кога доаѓаа на визита го видоа и рекоа така треба да биде, се чисти организмот на бебето од матката, не е страшно еве и јас немам женско бебе, машко имам па истото се случи и кај нас, без брига
Sosem normalno e ne grizi se.Jas imam zensko bebe i imavme vakvo nesto na pocetokot.Toa organizmot na bebeto se cisti od hormonite,duri go narekuvaat i 'prv menstrualen ciklus'
Здравооо...незнам каде би можела да го поставам ова прашање па решив овде во оваа тема. Проблемот е тоа што моето бебушче кое е месец и една недела и е на ад-Хипп комбиотик не често ама преку ден-два поврака и тоа во голем млаз. Но проблемот ми е што ми е страв да го ставам да спие во креветчето во нејзината соба туку сеуште спие во релаксаторот подигната во случај ако поврати....кажете ми мислења што да правам еве денес ја ставив во креветчето и се погоди да поврати лежеше на рамно и се исплашив....кажете ми некоје чаре.....
па потчукнувај го бебето по грпчето да ждригне и после нема да ти повраќа, а ако не ждригне стави го да спие странично, во случај да поврати да му истече од устето. него јас имам друг проблем: јазичето и е бело тоа треба да се чисти или така да си остане?
Дора не се секирај за повраќањето нормално е вишокот си го повраќа и јас се вадев од памет коа ке видам со голем млаз мене ми се случуваше и при ноќно доење да ми поврати па таква цела успана го исправав затоа обавезно да ждригне после јадење сега моево воопшто не ми повраќа.. baby sweet мачкај го со нистатин капки на јазичето ке помине
Дора со сличен проблем се соочуваше моја пријателка,сите испитувања ги направија и на крај по препорака на др.Олгица Николовска почнаа да му дават на бебето антирефлукс формула (има од хип и хумана), и нема воопшто повраќање. Сепак консултирај се со педијатар.
А лекче за запек за бебче од 3 недели, излегуваше еднаш на ден и тоа со плачење и викање, а сега 2 дена не извршило нужда.
незнам дали сте на вештачко млеко или на доење.меѓутоа тие што се на доење може од 7-10 дена да не какало, тоа било нормално, а за тие што се на вештачко од 5-7 дена.И мене кога ми ги кажаа бројкиве од памет се извадив. Ако е на доење пробај многу помага чајот од билна аптека што е за доилки,мајката го пие, а ако е на вештачко тогаш избегавајте го аптамилот бидејќи е збогатен со железо и тој прави опсипација.
Мамички вака. Незнам мојов проблем дали е и некој проблем ама ми треба совет од поискусните мамички. Вака ние некаде до 17-18 часот сме си супер. Си станува синчето на 2-3 саати, ќе си исцица убаво и ќе си заспие до и така до наредното будење. Ама после тоа, ќе стане ќе цицне 2-3 пати и заспива. Го кубам, му ја бутам градата со сила, несака да ја фати. Ќе си спие се додека не го легнам во креветче. И веднаш почнуваме со кенкање. Пак му давам да цица, бидејќи мислам дека е гладен. И пак ќе поцица малку и ќе пушти. И така тераме неколку часа.Моето прашање е дали да му ставам цуцла лажалка и да почекам навистина да изгладни, зошто кога е гладен немаме никаков проблем. Досега му ја имам ставено само 2 пати во навистина безизлезни ситуации и си ја сака.
Епа чим ја сака давај ја цуцлата , нема некоја штета . Кога ќе се најаде и сака да спие дај му цуцле и ке си заспие ,немора цело време да виси на гради Мој совет
Ништо не му давај, чекај само кога ќе си се искака. Може и една недела да не е какано. Само немој да му ставаш без потреба бабини лекови во газето зошто кожичката му е многу нежна и има многу нерви и капилари може несакајќи да го повредиш. И мојата ќерка какаше еднаш во неделата и никому ништо. Тоа не е запек. Запек има ако кога ќе се искака изметот му е како брбушки од коза на пример мали и тврди топчиња. Ако си кака течно и жолто немате проблем не се секирај.
баш така си кака.Сега е малце подобро,секој ден си оди по голема нужда, е сега друг проблем. Многу повраќа во млазеви некогаш,значи не секој ден. Имам приметено кога му давам да цица (бидејќи моето млеко не му стига, и на дохрана сме) повраќа. ДАЛИ Е МОЖЕБИ ОД МОЕТО МЛЕКО ИЛИ ОД ТОА ШТО МУ СЕ ПОМЕШУВА. а сакав што е можно подолго да му давам и од моето млеко.
Повраќањето може да биде од различни причини. Најчесто поради прејаденост, меѓутоа, вистинска причина е недоволното затворање на капачето меѓу хранопроводот и желудникот (народски кажано), кое фактички е мускул, и кај мали бебиња е недоволно развиен за да го спречи враќањето на храната во устата односно повраќањето. Тоа исчезнува со тек на време, поточно исчезнува кога бебето ќе почне да јаде цврста храна. Е сега, кога е таквото повраќање секојдневно, интензивно и во млазови после секој оброк, може да се работи за ГЕР, ама тоа само доктор може да го дијагностицира со соодветен преглед. Не е страшно, и тоа ќе помине после 6тиот месец, само треба да се пази бебето првите месеци, т.е да не се остава да спие на грб, најдобро на страна со горниот дел малку подигнат да не му се враќа храната што ја повраќа.
Не се учете со цуцли лажалки. Ако е гладно ќе кака зелена столица. Самото бебе ќе побара да цица кога е гладно, а овде изгледа сака да спие до тебе.
еве не нас повторно мамичи ... синчето ми е 4 недели, и секогаш кога кака многу се напнува и силно плаче. Ама тоа не е се, синоќа за прв пат ме исплаши многу.Се напнуваше за да кака, плачеше и одеднаш толку силно почна да плаче,не можеше да допре, дури и целото помодре. Душата ми излезе. Дали некоја од вас имала ваков проблем? Ако имала,или ако имате идеа што може да е ве молам пишете. Поздрав.
Истиот проблем го има и моето синче напнува кога кака и премногу плаче а јас се нервирам зошто неможам да му помогнам еве вчера и сабајле па ич не плачеше веке почнав да му го мачкам дупчето со павличева да не му е црвено а му беше црвено и еве не плачеше сабајле може и тоа има влијание и да го боли пробај и ти можеби ке му биде полесно. Јас мислам дека од што е црвено и го боли.