1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми на работа

Дискусија во 'На работното место' започната од letgo11, 8 мај 2018.

  1. letgo11

    letgo11 Нов член

    Се зачлени на:
    8 мај 2018
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите. Имам проблеми на работа и би сакала да прашам за неколку совети. Пред се, сакам да наведам дека се работи за работа со одговорност од финансиска гледна точка и постојано работење со странки на кои треба да им угодиш скоро секогаш и тоа се бара од нас. Е сега, јас сум прилично нова во фирмата (месец ипол) и сматрам дека веќе се уходив на работа и знам да си ја вршам работата, али постојано имам некои проблеми со колешките. Секогаш се незадоволни од тоа што го сработувам и работата стигна до таму шефот да мора да опомене една од нив за тоа што ми упатуваше непристојни коментари таа и сега ситуацијата е смирена али се гледа дека не сум им по кеиф и не ме прифаќаат воопшто на работа, како клан се овие колешки бидејќи сите си се знаат уште од поодамна и се дружат и приватно. Мене сега ниедна од нив не ме малтретира вербално, али не ме ни дружи ниту сакаат да излезат во пресрет и да помогнат нешто (а јас на нив може, тоа ако). Не знам зашто се однесуваат така кога воопшто не ги познавам ниедна од нив.

    Понатаму, иако се вклопив на работа, мене оваа работа не ми се допаѓа. Платата, условите и шефовите се добри и некој би рекол дека барам од пиле млеко али едноставно не ми се допаѓа каква тешка рутина е без предизвици, а за напорно, напорно е. Дали е паметно тоа што јас размислувам за промена на работното место во овие тешки услови само поради лош однос со колешките и рутина и монотоност во работните обврски или е тоа сосема нормално? Барам совет за да не си забијам во здрава нога трн и отидам некаде каде ќе биде полоша плата или лоши шефови, или па уште полоши колеги. Дали сум во право да тргнам во потрага по ново работно место или подобро да ќутам и да работам тука бидејќи апсолутно се е погодено и однос на шефовите кон нас и плата (добра за нашиот стандард) и работата не е тешка (напорна е и монотона и рутинска)?