1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблеми од минатото-совет ве молам!

Дискусија во 'Канта' започната од bacbac, 1 септември 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Значи вака, драги феминки, ова е мојот проблем и ми треба ваше мислење.
    Во врска сум со прекрасен дечко кој верувам дека искрено и вистински ме сака и секако јас сум лудо вљубена во него.Проблемот е во друго, пред неколку години се имам мувано со негов другар што на почетокот не му претставуваше проблем но по некое време почнаа проблемите околу тоа.Имено, навидум се е во ред се додека во глава не му се врати филмот за сето она што неговиот другар му го има расправано за мене за тоа колку лесна женска сум била и како сум била достапна на секој.Во тој момент тој реагира многу бурно што во афект кажува работи кои многу ме повредуваат.Сето тоа трае 5мин. и потоа се кае за се што ми има речено, но тоа така се случува скоро секој ден. Искрено го сакам и го знае тоа и знае дека не сум таков лик како што му има кажано другар му,но ете моментално избувнува и неможе да се контролира.За да биде работата уште полоша сега не е проблем само другар му туку секое машко што ке ме поздрави ми е мувач.Незнам што да правам.Совет?
     
  2. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    297
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на мојот сега.Дечко ти е ист како мојот бивш.Штом почнало вака верувај дека со текот на времето ќе оладите многу и ќе ви пукне филмот и на двајцата и ќе раскинете.Мојот дечко што ми беше , пред се веруваше на другите,демек лесна сум демек вака,така и на крај ќе ме направеше мене лом и после 5 минути ќе ми се извинуваше и така секој ден.. се додека не помина една година и више ми скурчи и раскинав.Моето мислење е дека треба да ставиш инат и доколку се случи тоа пак едно 3-4 дена да му бидеш љута намерно, и не му попуштај тогаш ќе сфати дека навистина не е така.А не вака ќе се навикне и ќе му помине тоа во рутина и нон стоп нервози и расравање.Дефинитивно ќе биде најдобро едно 3-4 дена да не му попушташ да видиш до каде ќе иде и дали ќе те бара.И дај му до знаење дека доколку ти не ти верува тогаш ќе раскинете.Се најубаво.Единствената разлика е тоа што дечко ми беше од друг град,па беше малце потешко за доверба :)
     
  3. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    И лутењето не помага,пробавме и со тоа.Ти велам,тоа трае 5мин и потоа се однесува како ништо да не е било со таа разлика што јас продолжувам да се чуствувам лошо.Тој е свесен дека не е така како што велат но едноставно во одреден момент му текнува и експлодира.Ние се знаеме веќе 3 години но сме заедно 6 месеци и нема баш некоја разлика меѓу нас двете,не сме и ние од ист град.
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Ако за 3 години познатство,6 месеци врска не те запознал и не стекнал доверба во тебе,прашањето е кога?
    Сериозно разговарај со него и објасни му дека минатото е минато,и тоа било пред неколку год,и ако планира да ти пререкува околу тоа секој ден,подобро е да раскинете.
    Ако те сака како што велиш,ќе вети дека нема да го спомнува минатото.И секако,ќе го практикува тоа.
     
  5. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Седнете убаво и разговарајте, ако пак не оди и гледаш дека не може да премине преку тоа најдобро е да му ставиш ултиматум, или ќе го поправи однесувањето или ќе те изгуби тебе. Не треба да подпаднува на влијанието од другар му и најмалку што смее е да те навредува. А и ти не смееш да го дозволиш тоа. И тој ,,другарот" негов очигледно не му е другар штом го прави тоа.
     
  6. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Моја другарка се справува со тотално истиот проблем и секој ден разговараме за ова.
    Тежината на проблемот е иста, затоа што и двете трпите префрлувања кои веќе после одреден период преминуваат во психички малтретирања, зошто ти да слушаш едно те исто секој ден, работи кои се лаги и кои пред се` ти ја навредуваат личноста нормално дека ќе се запрашаш дали има иднина во таа врска, дали има надеж да се премине преку тоа и едноставно да се заборави.
    Другарка ми ми вели имам пробувано на разни начини да му објаснам дека тоа е минато, дека сеа сум со него и дека само тој ме интересира, ама исто како твојот избувнува и не сака да ја сослуша па потоа се извинува.
    Мислам дека и двајцата треба да сфатат дека вие сте имале живот и пред нив, како што имале и тие, е сега тоа што се погодило избраникот да биде нивен другар, не верувам дека е ваша грешка.

    Искрено, мислам дека и ако за овие шест месеци имате вакви проблеми, дека понатаму ќе биде далеку полошо. Сепак сеуште сте на почетокот кога се случуваат најубавите работи во врската (без разлика што имате претходно познанство од три години, врска и познанство не е исто) и место да ги трошите на подлабоко запознавање на желбите, потребите и сл. вие разглабате една те иста работа, тој ти вели лесна си и достапна за секој, а ти нели се умори од давање објаснувања?
    Не ти е дојдено преку глава да му речеш или престани или ќе ставам крај?
    И каков тип на особа подразбираш ти под тоа „лесна“? Не мислиш дека индиректно сака нешто друго да ти каже?

    Сепак ти си знаеш како се чувствуваш и колкав ти е прагот на толеранција, па затоа одлуката нормално ќе си ја донесеш сама.

    Со среќа!
     
    На bacbac му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Izaabella, веќе неколку пати му имам кажано дека ми е дојдено преку глава од неговото однесување и ставање на крај и помирување како повеќе никогаш нема да се повтори и секогаш се случува истото.
    Ме интересира, што мислиш ти дека сака да каже индирекно. До сега не сум била во ваква ситуација и вљубена како никогаш до сега.Во нормални услови ме третира како кралица, се додека не му дојдат тие фамозни 5мин. и незнам што да правам искрено.
     
  8. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Не е работата лесна не лесна , правило е дека не ти треба дечко од исто друштво со бившиот , бидејки мажите се со големо его , многу тешко ги соџвакуваат овие работи ..
    Ретко кое машко е широкоградо и нема да ти прави проблеми ..
    Не знам искрено што ги исклучува толку и ги боли машките , ама ваквите примери од мојата околина завршиле неславно..
    Штом не може да го преболи фактот , остави го сам нека си го билда егото , ако навистина те сака ќе се врати и нема ни да спомне за тоа ... Вака му даваш зелено светло дека тоа што го прави е ок .
     
    На srcekrsacka, bacbac и Glasna им се допаѓа ова.
  9. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Ова машкиве кај нас во МК сеуште како да се од турско време, што се вели.
    Сакаат да се мувнат, да си фатат газе, а после фраери се прават со оговрање.
    Е кои “корави“ фраери! Многу јако џанам.

    Една моја братучетка имаше (одамна) еден додворувач 10-тина години постар од неа,
    згоден ,образован и солидно богат. Абе типот ко се запна. Но по некое време го „откривме“, си сакал
    човекот невина девојка, а таа уште средно немаше завршено. Си имал претходно многу девојки
    и една подолга врска, арно ама кога му дошло време да се жени, ја оставил девојката бидејки
    претходно имала некој друг, да не речам не и бил прв, као долго време се борел со себе и
    на крај одлучил дека си сака невинашче :lol:. Жално за девојката што толку време му
    посветила од својот живот и што се надевала.
    Братучетка ми кога дозна за ова уште повеќе и се смачи од типов, а тој пак уште стројници дома да пратеше, ќе ја жени.

    Ништо после некое време си најде типот невина девојка, ни убава, ни образована, ни да речеш некој карактер што плени, ништо ама ништо во неа да немало. Незнам само како се догаварале, како му рекла дека е невина и пред брак ништо, како и поверувал :P .
    Ништо човекот ссреќен, пресреќеен, невина женска си зел од никој недопрена. Нозе и мие водата ја пие. Од рака и јаде. Ништо не го интересира типот.

    Е арно, може прв и бил, ама не значи дека и последен ке остане :rofl: :rofl: :rofl: .
    Кога се „договарале„ изгледа заборавил да ја праша кои и се плановите за после стапување во брак, односно за време на бракот :lol: :lol: :lol: .
    Поминува некое време, љубов, љубов (тоа ако е љубов?), дете се раѓа, се ко подмачкано. Арно ама типкава, изгледа укапирала дека не видела ништо од живот, па со колега од работа му набива такви рогови, што цел град му се смее. А да биде уште покомично, цел град знае само тој не.

    Е така завршуваат „јаките типови“ кои сакаат девојче од градинка. Ко педофили се понашат.
    Ама кој си бара ке си најде. А тие пак оговарачите, ке си го најдат и тие, ... кој што си бара тоа ке си најде.

    п.с.
    бацбац, така да може е подобро што твојов тип, и отворено си реагира, барем знаеш што му се врти у глава, што му смета. Знам дека ти е тешко, ама боље така, него да се вложуваш со години, па да му текне после, ама ти со овој одеше. Тој што си има мушички во глава, не што другар му му кажал, утре да дознае случајно кој ти бил дечко пред него, може да ти рече а-ха е тебе овој ти бил дечко.

    А плус не сте од ист град. Јас да сум на тове место ке го прашам , дали он за ове 6 месеци колку што сте заедно не се смувал со никоја? Или пак , провери, да не си „брка„ нешто, а ваму не му е лошо и со тебе, па во меѓувреме додека се осигура на другото место, додека ја зацврсти работата, полека си спрема терен со тебе за раздрмување на врската, и на крај као он не ти раскинал ти си му раскинала.
    Јас мислам дека тие се мајстори да те изнервираат и да направат база да му раскинеш/
    Понекогаш многу ми се смешни а повеке жални некои другарки кога после долги караници, повуци -потегни, она ке дојде и победнички ке ми каже дека еве му раскинав.
    А тој всушност тоа и го сакал. Тоа е моето мислење, машките кога почнат да губат интерес наоѓаат некоја рачка за дистанцирање, као врската се клима, а ваму чат пат споделуваме итнтимни моменти кога ке реши тој. Имено ке си добие тоа што сака па после ај ке се расправаме за иста работа 5 мин. па ке крши глава некаде, па ти ке му се јавиш, па ај пак уште еден обид.... и се така, а у суштина
    човеков само секс го интересира.
     
  10. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Гоцаа, сигурна сум дека е вљубен во мене, во тоа не се сомневам. Како што и претходно спомнав, во нормални услови спрема мене се однесува како кон кралица,цела негова фамилија знае за мене и секако прави планови за подалечна иднина за нас.Незнам како да му објаснам и да свати дека е единствениот што го сакам крај себе.
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    несвакам ако толку те сака зошто ти префрла за другар му со кој си се мувала?
    арно ти рече мими остави го да си го билда егото сам-не постои само тој на светов
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Туку така тој нема да сфати.И колку и да е сериозна врската,секогаш-нема ден да помине без тој да ти префрла.
    И таква врска сакаш-секој ден на некој да му збореш за тоа колку го сакаш.А тој ''да да сакаш ме''.
    Другар си е другар,и секогаш кога ќе се заедно тој ќе го потсетува дека се имате смувано,и секогаш ти ќе бидеш колатерална штета.
    Мораш да преземеш драстични мерки.
     
  13. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Да, потполно си во право само драстичните мерки всушност се дефинитивен крај на врската а јас баш тоа би сакала да го избегнам.
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Тоа е девојче.
    Имаш две опции-или да го трпеш така до недоглед или да раскинете.
     
  15. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    [quote="bacbac"Проблемот е во друго, пред неколку години се имам мувано со негов другар што на почетокот не му претставуваше проблем но по некое време почнаа проблемите околу тоа.Имено, навидум се е во ред се додека во глава не му се врати филмот за сето она што неговиот другар му го има расправано за мене за тоа колку лесна женска сум била и како сум била достапна на секој.Во тој момент тој реагира многу бурно што во афект кажува работи кои многу ме повредуваат.Сето тоа трае 5мин. и потоа се кае за се што ми има речено, но тоа така се случува скоро секој ден. Искрено го сакам и го знае тоа и знае дека не сум таков лик како што му има кажано другар му,но ете моментално избувнува и неможе да се контролира.За да биде работата уште полоша сега не е проблем само другар му туку секое машко што ке ме поздрави ми е мувач.Незнам што да правам.Совет?[/quote\\\

    Бацбац, не сакав да те плашам, ама работиве со болд горе ти ги имаш напишано.
    Ниту те знам ниту те познавам, овде сме за да си помогнеме.
    Ама види, ниту една девојка која коментирше за твојот проблем не беше оптимист.
    Размисли си бе мила.
    Разделете се на некое време , да размислите, еве така речи му.
    А тоа што и неговите те знаат, во денешно време не е некоја којзнае каква гаранција.
    И јас усм имала дечковци ме знаеле неговите, сум одела на кафе, па што?

    А у ствари , ај малку од друга страна да разгледаме. Имав една другарка па што намерно го боцкаше дечко и со еден бивш ( а тој не го осеќаш тоа), демек да го држи на штрек да знае дека таа не е за фрлање, и дека си има обожаватели и овој да си мисли колку врдена женска има.
    Па види и ти со нешто да не го мотивираш дечко ти, а? А ние тука се мачиме решенија ти изнаоѓаме :lol: .Овака енергетски преку и-нет ми изгледаш доста самоуверено, изгледа ти годи што дечково се „пука“ ;) . Понекогаш ни годи кога саканиот по малку е љубоморен и кога брзо му поминува, демек заинтересиран е за нас.
     
  16. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Гоцаа,навистина сум ви благодарна на сите за помошта и секако дека сум свесна за тоа дека ниту една од вас не гледа оптимистички на мојот проблем. А веројатно не гледам и јас поинаку,може и тоа ме има мотивирано да пишувам за мојот проблем на форумов, објективниот начин на согледување на проблемот.Знаеш како велат, кога работите ке бидат изречени на глас почнуваат да изгледаат вистинито,така е и со мене.
    Сега кога си ги читам моите коментари од погоре се прашувам дали ве уверувам вас во тоа или се убедувам себеси.
    Сепак колку и да ме боли, вистината е таа,тој нема да се промени а јас повеќе неможам а и несакам да го преживувам тоа.
    Ви благодарам многу на сите.
     
  17. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Aј со среќа;
    баба ми ме учеше секое лошо за добро е; и така е да знаеш;
    Не знаеш што среќа те чека, развесели се.
     
    На bacbac му/ѝ се допаѓа ова.
  18. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    А ти сигурна си дека е само муабет за мување? Да не си зборел тој другар уште нешто што било и небило па тоа да го боли дечко ти? Колку си била интимна со него во тој период на мување? Да не си накачува другарот? И пред колку време си имала нешто со тој дечко ? Ако е било во брзо време и си одела од еден другар на друг ни јас не би те оправдала, но доколку сето тоа е било во далечно минато дечко ти не треба да прави проблем од ништо. И колку се тие добри другари, ако се секојдневно заедно не е добро воопшто. Стави се на негово место.
    Ти посакувам среќа, ќе ти треба. :!:
     
  19. bacbac

    bacbac Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Душичка,значи со другар му се имам имаме смувано многу поодамна, со дечко ми се знаеме веке 3 години а заедно сме 6 месеци,значи цело време знае за нас.И самата на почетокот му имам кажано но тогаш као демек не му пречеше.Е сега,тој негов 'другар' му има расправано како ние сме се гледале се до минатата година што нема врска.Јас знам дека и нему не му е лесно, но знам и дека мене не ми е.Ме обвинува за работи кои не се случиле додека пак со другар му си се ок.
     
  20. dushiche

    dushiche Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    357
    Те разбирам, во тешка ситуација си, но и самата велиш било многу поодамна и плус не било врска. Ако те сака мора да ти верува, без доверба нема да успеете.
    Што и да имаш правено пред да бидете во врска треба таму да си остане исто како и тој што имал со некоја некогаш сега веќе не треба на никој да му е битно.
    Искрено се надевам дека ќе те разбере и нема веќе да има такви испади. Со среќа. :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.